ДА? Леле фала ти, си ме спасила еј на раб на солзи бев денес кога се вратив од ДМ кај беко што е, кога видов дека го нема, викам готово престанале сигурно да го произведуваат. Утре одам да проверам Искрено јас подобар туш немам сретнато од овој на Гош
Сањичка ако ти е у близина центар т.е ДМот во ГТЦ мислам дека имаше уште еден-два останати, баш денес се шлаев и гледав што роба имаат, од Гош имаа доста работи од асортиманот. Ама ако ти е узпат помини тамн ако нема таму правац Бит Пазар.
Јас во тој ДМ гледав уште од пред некоја недела и немаа.. Сепак поминато е време од тогаш па можеби донеле, ќе проверам и таму за секој случај, фала ти
Каде купувате Гош козметика? Во Космо ми рекоа дека веќе нема да држат нивни производи,а во Дм во она во Веро исто така нема. Има ли во другите Дм маркети?Ако не,која од другите парфимерии Шатци,Еликсир држат нивни производи?
Што се случува со козметикава на ГОШ? Зашто веќе не ја продаваат во Мк? Во Шатци ми рекоа веќе не држат Гош, во Дм исто не видов, а во Космо на пола рафт тоа што им останало со дел од производите на попуст. Да не знае некој што е работава со оваа марка?
И мене ме интересира зашто ги тргнаа штандовите на Gosh.....?! Дали може сеуште негде да се најде нешто од нивните производи? Ако знае кој нешто нека кажува.
Убаво си прашав и завршив со овој. Не знам дали е до мене, но очекував повеќе или до моето "мајсторство" за нанесување е... Некако малце на четчето ми се става, за да ставам многу треба подлабоко да го притиснам четчето, а толку е мал тушов. Сепак, не е лош, ама си сум изгледа со високи критериуми.
Прв пат ја гледам палетава и се заљубив. Ја има ли некој? Тргнав да купувам од единечните на артдеко, но сеа шу прајме ?
Сите производи на Gosh (моливчиња, сенки, кармини и др.), што ги имам пробано се добри, лично задоволна сум.