1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Grawe осигурување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од awl, 18 јули 2012.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја од вас лично искусво со Grawe осигурување или пак да слушнала од некој близок?

    http://www.graweskopje.com.mk/mk/index.htm

    најмногу благодарам за секој одговор
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Што те интересира во врска со ова?
     
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Па се ме интересира, дали навистина е така како што кажуваат на презентацијата, или пак штом престанеш да плаќаш ти наплатуваат камати и чуда. Иако викаат дека постои над 180 години, нема гаранција дека ќе постои уште 50, за ништо нема таква гаранција, ама барем да знам дека апла не фрлам пари во ветер. :!: Не се работи за големи пари, околу 1000 денари месечно, ми изгледа многу примамливо, па си реков да не се летам пребрзо.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Абе што да ти кажам, јас го имам 4год. а газда мој 9год (уште го немаше во МКД кога тој го плаќаше и одеше специјално во Србија).
    Убаво е, не да не ама нашиот стандард е таков да неможе баш секој да си го дозволи. Ем штедиш ем некоја мала камата ти следува и осигуран живот ти е. + наследно е, што е ок.
    Постои толку да, не лажат за тоа и овој механизам е добро познат на Запад а кај нас дури последниве 5год зема нешто замав. Целата финта им е што парите тие ги вложуваат во најсигурните банки и недвижнини. Еве со оваа криза банкротираа многу банки и фирми а тие опстанаа, значи воопшто да нема сомнеж дека ќе пропаднат (промирцај ќе ја дознаеш целата нивна филозофија).
    Се лажеш дека штедиш а ако би сакала би штедела и во банка која дава поголема камата ама оваму имаш + осигурување на живот за недај боже.
    Можеш да паузираш некоја год. ако немаш пари да платиш а сега ова им е најнова финта на рати да се плаќа. Значи ти даваш 1000ден месечно* 12мес = 12 000ден 200евра е минимален износ на осигурена сума. Велат дека парите можеш да ги повлечеш кога сакаш и можеш, но ако биде пред истек на договор зависи на колку год. си го потпишала ќе ти зарджат некој износ од парите. Ако ги земаш парите после истек на договор ок е, ќе ти дадат некоја мала камата. Ова е долгорочно штедење што од кај знаеш што ќе те стрефи на пр. за 15год.

    Кога би се прашала јас лично не сум во тој филм на штедење ама така направив тогаш како контра услуга на еден агент :devil: , не бев прелажана, јасно знаеш што и како е, па почнав да се тешам дека кога малиот ќе појде на факс ќе имам пари да го школувам :D . Јас плаќам 400евра т.е 350 + 50евра за некои си таму дополнителни осигурувања.
    Ако не се лажам, МСкорпианка ги повлече парите пред време а Ариел лани го почна- имаше една тема ваква и знам таму дискутиравме за ова.
    Ако уште нешто те интр. прашај!
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Горе- долу на овој начин размислував.... Демек школување на дете, дополнителни трошоци.... Фала ептен за деталното објаснување. Мислам дека ќе уплатам, зашто исто ко тебе не сум ич во филм на штедење, па ова ќе биде некаква утеха :) Да, тоа со ратите е ок, на 12 рати полесно е. Ако ми текне уште нешто ќе пишам пак. Енивеј тенкс алот :)
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мислам дека ти пресметуваат камата затоа што си одбрала да плаќаш на 12 рати. Јас одбрав на 2 пати да плаќам, и пак имам минимална камата...

    Како и да е, не ми е толку до штедењето, колку што сакам, во случај нешто не дај Боже да ме стрефи, да ми биде обезбедена фамилијата. Имам кредити на мое име, ако умрам барем нешто добро да оставам позади себе :lol: ....или мажот ми ќе може да ги искористи за следната свадба, здрав жив бил.

    Кај мене корисници на полисата се мажот ми и ќерка ми, а знам пример за една жена, која се скара со мажот и`, пошто како корисник го стави само син и` со зборовите „Од мажот може ќе се разведам, детето е засекогаш“, и после тоа мажот и` не и давал да ја користи неговата картица, демек „вратка“ :rofl:

    И моето уплаќање, како на славица, беше услуга за „блиска“ личност/агент, ама добро ме закрпи....јас сум на 600е + 50.....прекрасно, секои 6 месеци и` се јавувам да и` се заблагодарам што ме обезбеди во животов |(
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Ухх 600 еври некако многу ми се гледаат, за почеток си мислам со 250 евра да почнам, па ако бива со таа сума евентуално да уплатам повеќе наредните години. Човеков не го знам, така да не правам услуга.. се надевам тој мене ми прави :D За камата, има, да, 6% камата е ако се плака на 12 месеци. Утре треба да се видиме за потпишување, па ќе видиме...
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Не можеш да зголемиш, можеш само да намалиш ако сакаш, и тоа после 3 години - такво инфо имам јас.
    Можеби не се сеќавам добро....? Некој да знае?
     
  9. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Дечково објаснуваше дека можеш да зголемиш (зошто нема под 250 евра), но дека во тој случај ти се пресметува просекот. Демек првата година плакаш 250, втората 450, во третата година влегуваш со просек од 350 евра и после можеш да продолжиш со 350 евра... Денес ќе дојде пак па ќе го испрашам се :)
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Првите 3 год. неможеш ништо да менуваш а после можеш ако сакаш да го намалиш износот.
    Вака беше во мое време пред 4 год. ако сега нешто не измениле зашто во мое време немаше ни рати.
     
  11. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    бидејки сум навлезена во оваа работа, можам да ви дадам и најточни информации, полисата можеш да ја смениш после три години на повисока или на пониска сума ( но не пониска од 250 евра) Граве е доста добра фирма бидејки вложува во профитабилни работи. Инаку на 12 рати може да се прави полиса само преку фирма, а без фирма јас како што знам неможе да се прави привтна полиса.Приватно можеш да направиш на 4 месеци, 2 пати годишно или наеднаш.
    Инаку горе што ги спомна славица тие 50евра ги плака за осигурување на тело. Нејзе и е осигуран секој дел од телото( но од инвалидитет не од повреди) колку постотен ивалидитет имаш толку ке ти исплатат
    Ако имате уште нешто да прашате можете слободно да пишете. Бидејки и јас работам со тоа, само јас работам за повеќе фирми - Unica, Grave, Winer i Croacija.
     
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Агентов на Граве тврди дека може и во првите три години да се менува износот, но не и да е помал од 250 евра. Од друга страна, ме интересира дали може да се осигурам на сума од на пример 1500 евра, на 30 години, но по 10 години да побарам исплата на тие 7% „рента“ на осигурената сума. Не знам дали терминолошки сум на вистински пат, ама пари и економија ми се ептен слаба страна :)
     
  13. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Па добро не ме чуди така да кажуваат. вака секој директен агент на било која компанија граве, винер... го кажуваат истото, но сума не се менува во првите три години за договор од траење од 15 години па нагоре, за помало траење мора да се плака две години. а рентата нема да ти се исплати ( за рентата неможам детално да ти објаснам бидејки тоа со цртеж детално се објаснува, значи само лично можам да ти објаснам) во секој случај не се исплака рентата. Се надевам ке ме разбереш, или ако треба нешто слободно пиши л.п :)
    И секако браво чим си се решила на овој потег, мислам дека ова ти е многу добра инвестиција за понатака во животот. Мој совет ако веке си заинтересирана да си се распрашаш и во другите компании бидејки имаат различни добивки на крај.
     
  14. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    И јас имам полиса на GRAWE ,направив договор на 25 години со 500 евра на годишно ниво. Првите 3 години не се менува сумата,што значи дека ќе плаќам исклучиво 500 евра. Потоа мислам дека може да се намали или зголеми.
    Компанијата е доста сигурна.Тие се осигурителна компанија која е реосигурана во најпозната компанија за осигурување во Минхен,значи не може туку-така да си отиде преку ноќ.Не зборуваме за ТАТ не дај Боже,зборуваме за Австриска компанија што е проширена во светски рамки и постои со години. Инаку во Австрија па и во сите други европски држави тоа е најважен пензиски фонд,што кај нас мислам дека е како трет столб за пензиско осигурување. Парите не ти се во загуба,тие се штедат и оплодуваат во исто време. Можеш да си ги подигнеш ,но тоа не е целта нели?! Подобро е доколку може секој да си плаќа толку години како што со го направил договорот. Па потоа да си ги земеш така во готово,и да си отидеш на Малдиви во пензионерските денови:rofl: (мала шала)
    Инаку мене ми се допаѓа оваа идеја и затоа решив да си направам полиса.Посебно кога мој близок беше во странство "на диво" и се повреди човекот,па едвај некако се прибра дома колку-толку да се среди.Тоа е најважната и најголемата причина што ја имам полисата. За несреќи сум покриена целосно (освен ако не ме апне некоја ајкула на нуркање и ако не сум некој терорист,тоа не го покрива,така пишува во договорот).
    Инаку сум со план и јас да посетам некој од семинарите на GRAWE и да започнам да правам полиси.Ако има некоја феминка тука што тоа веќе го работи,нека сподели искуство доколку сака ;) Би била благодарна на секој совет.
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Јас како што реков работам во фирма која соработува со Граве, Уника, Кроација и Винер. И разликата што си сам свој газда и одлучуваш колку ке работиш, и немам обврска да направам определен број договори за еден месец, што мислам дека е услов кај осигурителните компании. За нив толку знам, такада неможам баш да ти помогнам
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Ми правеа на мене презентација, се зачленив и бев на семинар.Почнав да работам, искрено убава работа но не секој може да си дозволи вакво нешто со нашиот стандард.Одзема многу време работата, да држиш презентации, зачленуваш други, собираш поени, одиш на семинари
     
  17. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    да искрено почетокот е тежок, но секаде секој почеток е тежок, скоро секаде малтретираат на почеток а плус работиш под стрес дека ако не им се допагаш ке те избркаат. само поради тоа ја поштувам оваа работа. Во работава треба да си трпелив и да не очекуваш веднаш да станеш газда.кога ке си направиш убава структура под тебе тогаш е супер, работиш со нив кога им требаш и ти идат пари. Инаку ако си активен работник во фирмава за еден/два месеца можеш да извадиш и 35о евра и да си ја платиш полисата а можеш и да работиш и нешто друго ако сакаш. ( но овие 350 евра за месец/два ке ги стегнеш можеби после една година работа, нема веднаш :) затоа викам треба да бидеш трпелива ) А семинарите не се задолжителни само се пожелни за да ти ја зголемат мотивацијата.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Благодарам многу.Значи убаво е,да си отидам на семинар,па да видам како ќе биде! Ајде па ќе пишам пак ако го започнам ова :)
     
  19. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    за мене лично е убава работа. Но како што реков јас не работам во Граве дирекно, јас сум во WVP. Лично за нашите семинари се многу мотивирачки и постојат многу луге што наеднаш постигнаа многу. Но тоа зависи од количината на контакти и од тоа колку си веруваш во себе дека можеш да успееш. Бидејки најдобра мотивација можеш само лично ти да си дадеш, со своите мисли и цели кои ке си ги зацрташ. :) Доколку си заинтересирана за наш семинар можеш да ми пишеш лична порака и ке ти објаснам подетлано кај се одржува и.т.н :)
     
  20. Majana

    Majana Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Знае ли некој како оди со раскинување на договор за осигирување во Граве? Да речеме по 4 години. Ги земаш сите пари што си ги уплатила + камата или ти земаат дел од сумата и најважно од се колку време се чека од раскинување на договорот до повлекување на парите?