Јас дури сега видов дека си пишала. Полисата можеш да ја раскинеш по третата уплатена рата, значи третата година. Парите ти ги враќаат, пола, а пола оставаат да течат до самиот крај. Значи ако си склучила договор на 25 години, 25 година ке ти ги дадат остатокот, и плус каматата што се собрала за сите тие години. Инаку не ти земаат дел од сумата. За колку време е потребно незнам, зошто во пракса не ми се десило со осигураник, и не обрнувам внимание на тоа. Но позади во полисата би требало да ти пишува
Женски, гледам дека долго не се коментирало на темава. Ако ве интересира нешто за ова осигурување, слободно пишете ми, ќе ми биде задоволство да контактирам со вас. Поздрав
Имам неколку прашања на оваа тема, па ако има некој кој моментално се занимава со Граве осигурување, нека ми пиши лп
На колку години може да се осигураме освен 25? И пример сакам 500евра но не на 25 години. На колку можам?
Околу плаќањето може да биде годишно , на 6 месеци или пак месечно. Првите 3 години ако прекинеш со плаќање парите пропаѓаат. Имаш само штедење и плус осигурување, се доплаќаше некоја ситна сума. Осигурен си од повеќе тешки болести и повреди. Прашај ме нешто конкретно, сега ништо не ми паѓа на памет.
Јас доцнам малку со ратата требаше на крај на ноември да ја платам, ќе испадне на крај на овој месец. Ова ми е енос 3та рата, плаќам на 6 месеци. Дали знае некој какви и кои се последиците?
Здраво Ме интересира што покрива гравето. Дали некој е повеќе упатен. Дали е тоа точно : Ако ти снимаат со резонанца или имаш некои лекови после сообраќајка и лекувањето после сообраќајката ти го покрива Граве?
Доколку некој е упатен во темата нека ми пише порака, сакам да прашам нешто во врска со осигурувањето.