Здравп девојки дали некоја ги има користено проозводите на GUAM? Читам и гледам по интернет дека се многу ефикасни за целулит. Прашав една познаничка што работи во зегин ми рече дека се продавале повеќе од лековитеo но цената им е прескапа па сакав ваше мислење да прочитам или да споделите искуство
дали некој ја има користено кремата за топење масни наслаги околу стомак и струк да сподели искуство?
Искуства со калта и фанго кремата? Дали помагаат за слабеење? Колешка ги купи, па се мислам и јас да ги пробам.
Јас досега ја имам користено само кремата за гради и сум задоволна.Сакам да пробам и некој друг производ, не се сомневам во нивниот квалитет.
Што те интересира конкретно? Гуам има огромна палета на производи, за сите делови од телото. З аквалитет се одлични, нема сомнеж во тоа. Јас имам користено гуам fir кал, дима дренот од погоре и хеланки, нив додуша сѐ уште ги имам. Не се магично решение за ништо. Задолжително сум на режим и вежбам, дима дрен повремено користев во периодот на изолација во корона и да, помага да се исфрли вишок течност, да спласне стомак, ама дека кила со него се симнува, малку тешко, плус има кофеин така што не е ни здраво да се користи во континуитет. Калта исто, помага да се измазни кожата, но ако не се внимава , пак залудно се фрлени пари. Хеланките се океј, тие ми се за вежбање, иако не сум забележала никакво драстично или константно подобрување. Плус имајте предвид дека цените им се доста солени, јас од Италија ги купувам, со попуст, и пак се скапи. Може да послужат за некој quick fix, ако сте претерале со јадење за празници и слично. Ама не се трајно решение.
Одлични се и единствени што стварно намалуваат обем и мазнат кожа (ова е додуша индивидуално искуство). Јас имам користено две туби, турмалин и друата ваљда фанго, за нозе и задник. Предобри производи но многу скапи. Ако ги начекате во Зегин на некое намаление, и пак се по 1800 намалени... Кога стварно ми треба нешто видливо и брзо, ќе го купам, во меѓувреме врвам со Сатва од бршлен (исто многу добра).