Феминки,што мислите за оваа идеа. Guest book или по нашки речено книга на впечатоците. Книгата би била поставена после вечерата, и пред заминување секој од гостите ќе може да го остави својот впечаток Тоа мене ми изгледа како прекрасна и уникатна идеа. Колку само смеење би имало, а и останува како спомен.
Наместо пишанко, може снимателот да им ја гура камерата на луѓето во фаца, па да ги прашува -Убаво ви е, а а а Јас не би, свадба би правела за себе, ако си поминат убаво гостите, мило ќе ми биде, ама првенствено поважно ќе ми биде јас да си поминам убаво. Нејќам некој коментар од рандом (пијан) анонимец, што ќе истреска нешто негативно, па јас да си мислам дека не ми била убава свадбата. Побитно ми е свадбата да ми е по традиционален тек, па впечатоците со мажот и блиските ќе си ги споделуваме
Имав јас на мојата свадба и баш беше интересно,сите гости коментираа дека е интересно и знам многу често да си ја отворам и да си ги читатм пораките од моите гости
^не очекував дека некој ќе пише дека имал такво нешто. Браво!!! А како изгледаше,сама ја декорираше?Мислам на книгата... Каде беше поставена, дали после вечерата...мали детали ако може
Ја купив од странство дека тука кај нас немаше ништо,зашто кога ќе им побарав сите ме гледаа вака Стоеше пред ресторанот на пулт и кој кога сакаше можеше да си се потпише,зашто стоеше цела вечер.
Не сум стигнала до ваквите ситни детали (толку "битни"), ќе видиме дали ќе има вакво нешто. Не многу се потресувам за вакви работи сега...имам поважни работи.
Овие амерички новитети слепо се следат и кај нас, не дека е лоша идејата и сигурно ќе ти остане како мил спомен после свадбата. Гледам во нашето градче се веќе застапени ...
Идиотско ми е... Па кој ке пише у таква книга оти не била убава свадбата? НИкој книга на впечатоци се знае што е... Да пишува некој што зборело цел село после за твојата свадба ако не се збори до наредна свадба у село (па и понатаму) значи не била ко што треба.
^И мене ми е глупава оваа идеја.Веќе се мора да превземиме од "надвор"-момачки вечери,стриптизети,танчерки,guest book,деверуши,уф и свадбите веќе не личат на свадби,ами се почесто на маскембали