1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Guns N' Roses

Дискусија во 'Канта' започната од maja.kostovska, 11 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Guns N Roses (понекогаш познати само по кратенката GN’R) се хард рок бенд основан во Лос Анџелес, Калифорнија во 1985 година. Guns N Roses со нивниот уникатен стил ги соединија панкот, блузот и треш металот во уникатен стил којшто беше доминантен во тоа време - хер метал. Овој контроверзен бенд од своето основање до денес има поминато низ доста промени во составот. Има издадено шест студиски албуми и еден албум во живо за време на своето постоење. Фановите понекогаш ќе го скратат името Guns N’ Roses во the „Gunners“.

    Воспитан во работничко семејство во Индијана, Аксл Роуз веќе откажан од средно училиште додека да наполни свои 20 години веке имаше полициско досие коешто влкучуваше обвиненија за јавно конзумирање алкохол, крадење и допридонес за малолентна деликвенција. Фан на ElO и Queen, пејачот се спријателува со гитаристот Изи Стредлин и двајцата ги здружуваат силите во Лос Анџелес во раните 80ти и основаат бенд. Комбинација на името од двата бенда од кои настанува Guns N Roses претставува соединување на Hollywood Roses и L.A Guns (бенд составен од гитаристот Слеш, роден во Англија, и басистот Даф чиешто полициско досие исто така не е празно и соджи повеќе кражби на автомобили. Долгогодишниот пријател на Слеш, тапанарот Стивен Адлер jа дополнува групата и Guns N Roses какви што ги знаеме настануваат. (Aлудирајќи на нивната навика за конзумирање алкохол и хероин, нивните постери ја содржеа пораката „Addicted: Only the Strong Survive“.

    Во 1994 година се слушаа гласини дека бендот се растурил. Гилби Кларк издаде соло албум наречен Pawn Shop Guitars, а на крајот на годината Слеш го создаде својот „Snakepit“ (којшто сè уште е актуелен) и сними соло албум на којшто свиреа и членовите на Guns N’ Roses Гилби Кларк и Мет Сорум, а имаше и надворешни членови како што се Мајк Инез, од Alice in Chains и Ерик Доувер од Jellyfish којшто беше главен вокал.
    Ниту еден од овие соло проекти не привлече значајна публика од фановите на Guns N Roses и бендот полека се распаѓаше. По долги убедувања Слеш ги препиша правата на бендот и рифовите на името на Аксл Роуз, за што подоцна ќе зажали. Гилби Кларк беше отпуштен. Слеш го напушти бендот, поради несогласувања со главниот вокал Аксл Роуз и изјави дека имало многу креативни разлики во бендот и дека Аксл инсистирал на додавање на електронски елементи во музиката на Guns N Roses. Со изминувањето на годините и Мекејган и Сорум заминаа.

    http://www.youtube.com/watch?v=zRIbf6JqkNc&ob=av2e
    http://www.youtube.com/watch?v=1w7OgIMMRc4&ob=av2e
    http://www.youtube.com/watch?v=Rbm6GXllBiw&ob=av2e
     
  2. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.