1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hеверна (Unfaithful) [2002]

Дискусија во 'Филмови' започната од ludoto19, 30 јуни 2012.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kони и Eдвард, навидум имаат совршен брак. Eдвард е добар, вреден човек, ја сака својата сопруга, но, сепак таа веќе не ја осеќа онаа стара страст, или пак не ја добива,а највеќе поради тоа што сопругот е посветен целосно на работата :)
    Hејзиниот живот ќе се смени за 360 степени, кога сосема случајно ќе го запознае Paul Martel французин кој што продава и купува книги :)
    Cо него ќе го добие сето она, кое што со години не го осетила Cтраст Cтраст и Cтраст

    Па жени дајте ми до знаење, дали и вие сте фасцинирани со филмов, како и јас :D

    http://www.youtube.com/watch?v=gvKKuiwkKrc
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Kога го видов насловов не ми текна кој филм е,но сега се секавам го имам гледано не знам колку пати,и да и јас сум фасцинирана,а и овај французинов е бонбонче,многу добар филм(приказна) кој не го гледал-веднаш да го гледа :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Еден од филмовите кои кога го гледав ми остави голем впечаток.
    Филмот ми е гледан пред околу 7 години и сеуште ми е во добро сеќавање
    Одлична љубовна приказна и одлично одиграни улоги посебно од Дајен Лејн и Оливер Мартинез.
    Дајен Лејн за улогата во филмот беше номинирана за оскар за главна женска улога
    Постојат многу филмови кои обработуваат слична тематика но филмот Неверна се издвојува по хемијата која постои помеѓу Дајен Лејн и Оливер Мартинез.
    Преопрака до сите љубители на добри филмови исполнети со страст, емоции, хемија помеѓу актерите кои одлично ги доловуваат ликовите кои ги играат, да го гледаат филмот.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Се сложувам дека една од работите што го прават овој филм посебен е глумата на актерите и хемијата која владее меѓу нив. Се е прикажано толку природно и толку реално. За "французинот" немам зборови едноставно се вљубив во него. :lol: Човекот поседува неверојатен шарм.
    Можам слободно да кажам дека влегува во листата ТОП филмови...
    За сите што досега не го гледале - задолжителен
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Го имам гледано одамна, за мене беше еротика или софт порн, слободно би го ставила во таа категорија. Актерите, глумата, ликовите одлични. Приказната, така така. Срамота е да кажам, ама од филмов најмногу се сеќавам на сцената каде таа ќе отиде да ја заврши врската со него, а ќе се најдат во ходникот каде што ќе завршат правејќи нешто сосема друго или онаа кога ќе биде во кафуле со другарките, па ќе се сретнат во вецето...уствари од филмов се сеќавам само на секс сцените (кои патем беа многу добри :!: ) :tmi: :$
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Лудо ако не видев во темата последен филм, немаше ни да знам дека постои тема за овој филм. И баш по твоја препорака (го паметам уште твојот коментар во темата) го гледав и јас.

    Останав воодушевена. Прекрасна драма. Предобра романса.
    Кони и Пол ми беа совршени. Совршен пар кој што беше забранет. Но забранетото е најслатко, нели?
    Јас мислам дека оваа врска требаше да трае до некаде, но со граници.
    Кони премногу му се препушти на Пол, наоѓаше секакви изговори само за да биде покрај него, не сфаќајќи ја ситуацијата дома и дека таа изградила семејство.

    Покрај неа настрада и мажот и, коешто ги премина границите.
    Испадна дека на крај тој се би направил за неа.
    Но сепак се познаваше нехармонијата меѓу нив двајца, коешто беше пресудно за нејзината одлука.
    Башка и ваквите неверства во реалниот живот не оправдувам (кога веќе си оформил семејство и имаш дете), но пак ќе кажам, тие беа совршени! Да не постоеја Едвард и синот и, јас би гласала за Пол и Кони.

    ^
    Кравче, и мене овие сцени највеќе ми останаа врежани во меморијата. Посебно делот во кафулето :lol: .
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Многу интересен и незаборавен филм, ама јас не го доживеав како љубовна приказна, не ми остави впечаток никаква хемија; не верувам дека главниот женски лик го сакаше љубовникот, само сакаше да и бидат задоволени потребите, а од тоа што заводникот беше Французин, поклише нема.
    Инаку, овие маж и жена и двајцата не беа нормални. Таа не се плашеше да влезе во стан со непознат човек, а тој па како го тресна по главата :tmi:
    Мислам дека неслучајно и детето им беше прикажано како не баш бистро.
     
    Последна измена: 20 декември 2022