1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hего го избрав оваа недела зашто ми е еден од поомилените актери. Cекоја недела ќе се менува актерот, и ќе може да се коментира за него/неа, филмовите, дали ви се допаѓаат или не, дали вреди да се гледаат, како ја доловил/а улогата итн.
    Eпа ајде да дискутираме, кои филмови на Denzel ви се допаѓаат... Cподелете мислења :) :)

    E сега, да не ја мачиме Pеин, ќе се даваат предлози кој актер/ка ќе биде коментиран/а наредната недела, ние самите ќе си одлучиме.

    Oваа недела Denzel Washington :)
     

    Прикачени фајлови:

    • denzel.jpg
      denzel.jpg
      Големина на фајлот:
      12,3 KB
      Прегледи:
      2.144
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Hедела на Denzel Washington

    Мислам дека дефинитивно фалеше ваква тема, можеме секоја недела по некој да ни биде на тапет, и така има место и време за сите да се искоментира и да се даде сеопфатано мислење.
    Мислам дека ретко на кој Дензел Вошингтон му нема оставено впачаток.
    Го сметаат за новиот Морган Фриман, за мене дел од групата глумци во вистинска смисла на зборот.
    Има добиено 2 Оскара, главна улога во Training Day (2001) и споредна во Glory (1989).
    Номинирам бил вкупно 5 пати за Оскар но има добиено бројни награди.
    Ги немам гледано сите негови филмови, од тие што ги имам го издвојувам Inside Man (2006) и John Q (2002)
    Посебно John Q, со оглед на тоа што не сум толку љубител на акциони филмови, повеќе на драми.
    Ме фасцинираше неговата посеветност во улогата на татко кој неправи се само за да неговиот син добие трансплатација на срце. Филмот можеби не обработува некоја униката тематика, има многу филмови сниени со сличен проблем, но Дeнзел го прави филмот посебен за гледање.
    За жал ги немaм гледано The Manchurian Candidate (2004) и Man on Fire (2004) морам во скоро време да ги изгледам.
    Го заборавив Remember the Titans (2000) филм кој верувам дека сите го имаат гледано.
    Улога во која најмногу ми се допадна, мене дефитнивно како John Quincy Archibald во John Q.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hедела на Denzel Washington

    Xипстер веќе ги наброја јас би го додала и

    The Bone Collector (1999) Cо Aнџелина, одличен филм, вреди да се гледа.


    http://www.youtube.com/watch?v=w4z4Xsp-bos

    Cледен што планирам да го гледам е

    Safe House (2012 film)
    ,ако некој го има гледано, нека каже мислење :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Hедела на Denzel Washington

    Многу го сакам Дензел Вашингтон, одличен актер, има супер филмови и поседува уникатна харизма и некоја интелигентна фацка, за разлика од други актери.
    [​IMG]
    Би ги препорачала:
    Unstoppable, Deja Vu и The Pelican Brief од постарите филмови, каде што глуми со Џулија Робертс.

    Мене лично најголем впечаток ми остави во American Gangster.
    [​IMG]
    Ќе си го погледнам пак деновиве. :)
    Супер тема. :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Hедела на Denzel Washington

    А зарем има промашен филм со човеков???
    Еден од омилените негови филмови ми е Man on Fire .. епа слабо не си се изнаплакав на филмчево

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=HJoIIxDUKaY
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.790
    Допаѓања:
    242.811
    Hедела на Denzel Washington

    Еден од моите омилени актери.
    Човекот си мислам дека нема филм утнато.
    John Q е еден од неговите најдобри филмови, онака ми има оставено посебен впечаток. Улогата која ја толкува овде е маестрална. Љубовта и пожартвуваноста на еден татко.
    The Bone Collector исто. Мислам дека овој го гледав прв со него. И го имам изгледано едно 10 пати. Предобар филм. Знам дека барав филм со ваква тематика долго време, филм кој ќе ме држи во неизвесност до самиот крај.
    И да не набројувам, сте ставиле речиси за сите филмови, и се согласувам со сите коментари.
    Човекот си го бива.

    Лудо ич да не му ја мислеш за Safe House. Јас уште кога видов кој глуми го симнав и вечер ќе го гледам. Неможам да се стрпам, едвај чекам :) .

    И многу убава тема, браво Лудо како се сети :* .
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Denzel Washington

    Antwone Fisher
    http://en.wikipedia.org/wiki/Antwone_Fisher_(film)

    Ако не Ви е гледан топла препорака за филмов искрено да си кажам дека си го ставив во колекцијата на филмови за везден и за препораки...

    Искрено се прашувам како може да постојат такви родители?! и секако дали се навистина родители ?!
    --- нема да го раскажам, но пак да кажам ОДЛИЧЕН Е !

    Лудо супер темичка и уште поубава идеа ,,... МЕ лике ИТ :*
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Denzel Washington

    Safe House 2012
    [​IMG]

    Го ставам во филмови со препоорака !!!!
    Искрено има ли Дензел лоша улога?
    мислам памти ли некој !!!
    она на крајот кога се врати за да го спаси е непреценето !!!
    [url=http://www.imdb.com/title/tt1599348/]http://www.imdb.com/title/tt1599348/[/url]
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hедела на Denzel Washington

    Oваа недела коментираме за

    Leonardo DiCaprio


    па... повелете :)
     

    Прикачени фајлови:

    На JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Hедела на Denzel Washington

    Леонардо Дикаприо - мојот омилен глумец. Не знам што да кажам за човекот, ептен ми се допаѓа. И физички а исто така и неговата глума секако. Од Титаник па наваму. И уште се чудам како никогаш не добил оскар :^). Негови најдобри филмови ми се Островот Шатер и секако Титаник. Ми се допаѓаат и другите филмови во кои глуми, сега не можам да се сетам на имињата на повеќето, онака на тв што сум затекла. Можам да кажам дека најмногу не ми се допадна Зачеток, многу глуп филм ми е. Инаку повеќето негови филмови ми се одлични.
    Шармантен е ептен :inlove: . Претежно во трилери чинам дека глуми, иако ми е тоа омилен жанр сепак би сакала да го видам во поразлично издание :).
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Hедела на Denzel Washington

    Едноставно , во секој филм без разлика што и да глуми Denzel се внесува во улогата на таков начин да ќе те остави без зборови до крајот на филмот , не за џабе бира спесифични филмови ...сериозни филмови ,нема да го видиш во пародии или twilight ....

    Сите филмови сум ги гледал освен најновиот Safe House , чим искочи HD снимка и тој ќе го гледам

    Браво и секоја чест Denzel , се надевам ќе ми ја збогатиш иднината со уште многу убави филмови :!:
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Hедела на Леонардо Ди Каприо

    Мислам дека нема човек кој не гледал барем еден филм со Леонардо- Титаник.
    Фантастичен актер, можеби еден од најдобрите млади актери во Холивуд.
    Со свои 38 години веќе има одиграно значајни и бријантни улоги.
    3 номинации за оскар и многу други награди, дури мислам дека Оскарот незаслужно му бега од раце, па во последно врме дури и номинациите за Оскар.
    Попмилени филм со Леонардо, дефинитивно The Beach, Catch Me If You Can, Shutter Island и Тhe Aviator
    Inception суште го немам гледано :tmi: неможам да коментирам, но трејлерот ми се допадна верувам дека ќе ми биде меѓу омилените.
    Мислам дека Авијатичарот ми е најинтересен и таму Лео ми прекрасен, ама во Shutter Island го има истакнато својот актерски потенцијал најмногу.
    Омилена улога ми е Howard Hughes во Авијатичарот.
    Титник не го набројав можеби гледано наназад во споредба со улогите сега и Титаник, таа му е искрено најбледа.
    Го немам гледано Revolutionary Road, а ми стои на листа за гледање, мислам дека е вреден филм.
    Се на се фантастичен актер, со преголем потенцијал, очекувам наскоро да го видам
     
    На JuLleE, bittersweet и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Hедела на Леонардо Ди Каприо

    Леонардо Ди Каприо е еден од најквалитетните, најталентираните и за жал - најпотценетите глумци на денешницата.
    Покрај сите добри филмови и маестрално одиграни улоги, човекот нема уште оскар за најдобра главна машка улога. :^)
    А заслужил 5 минимум.

    Мене за волја на вистината, најнеомилен филм и негова најслаба улога ми е онаа во Титаник.

    Од момчешките денови, двете најдобри улоги преку кои и го запознав како талентиран актер се
    What's Eating Gilbert Grape и The Basketball Diaries.

    Две лимонатки во кои игра симпатични улоги - Romeo + Juliet и The Man in the Iron Mask.

    Моите омилени филмови со Ди Каприо се The Beach, Shutter Island и Inception.

    Сите горенаведени филмови се филмишта и сите до еден се одлични.
    Впрочем неговата глума ги прави такви.

    Ме запрепасти неговата трансформација во J. Edgar, и леснотијата со која ја одигра улогата на измамник во Catch me if you can.

    Revolutionary Road е многу тежок филм за варење. Потресен, силен, и има многу јака поента.
    Драма во вистинска смисла на зборот, таму со Кејт се одличен пар, за разлика од мојот неомилен Титаник.

    Ако сте за акции, тогаш не смеете да ги пропуштите
    Body of Lies
    Blood Diamond
    The Departed.

    Кога ќе размислам подобро, не знам дали Леонардо ди Каприо има утка во некој филм.

    И мислам дека ќе биде одличен Гетсби, единствениот достоен наследник на Роберт Редфорд за оваа улога.
    Едвај чекам. ^_^
    http://www.youtube.com/watch?v=rARN6agiW7o
     
    На simoncelicius, MayDiamonds, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Hедела на Леонардо Ди Каприо

    Leonardo DiCaprio е безсомнение најдобриот актер на денешницата, а причината зошто му бега оскарот од раце мислам дека е поради неговата инволвираност во жешки политички теми, и место да му дадат уште еден оскар за тоа што ја користи својата огромна популарност да ги информира неуките тие постојано го прескокнуваат.
    Додуша на Лео не му ни треба оскар за да докаже дека одлично си ја работи својата работа, има голем број на одлични актери и режисери кои никогаш не ја добиле златната статуетка а оставиле траен жиг во филмската индустрија и мал милион кои ја добиле статуетката а никогаш повеќе не сме слушнале за нив.

    Мене лично ми остави голем впечаток уште со првиот филм This boys life, со Роберт Дениро(потресна приказна за младо момче кое е физички и психички малтретиран од својот татко), ДеНиро всушност му го препорача на Мартин Скорсезе за актер на кој треба да се внимава.Соработката со Мартин почна со Gangs of New York и како што пишав и во една друга тема Лео и Мартин се match made in heaven, нема филм кои овие двајца направиле а да остави било кој рамнодушен.

    Нема филм со Лео што не сум го гледала, од време на време си правам Лео фест и манијакално ги гледам сите филмови и никогаш нема да ми биде филм со Лео досаден, а трансформацијата од baby face момче во маж дефинитивно беше видлива во Blood Diamond и The Departed.

    Не можам да одвојам некој филм како најомилен, сите ми се подеднакво одлични и омилени, немало барем за мене утка Лео со филм кој досега го има снимено, а кога би морала да одберам 3 тогаш тоа би биле:
    1. Тhe basketball diaries
    2.The Departed
    3.Shutter Island

    Исто едвај чекам да излезе The Great Gatsby нема сомнение дека и оваа улога ќе ја одигра брилијантно.

    Како да не го сакам кога изгледа толку сладок кога си ги шета баба му(сега покојна) и мајка му :P
    [​IMG]
     
    На Domino, Phyramide, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.790
    Допаѓања:
    242.811
    Hедела на Леонардо Ди Каприо

    Лео ми оди во пакет со Скорсезе.
    Едниот ми е омилен глумец, другиот режисер.
    Прв филм кој го гледав со него мислам дека беше What's Eating Gilbert Grape.
    Потоа Титаник. Јас пак го сакам филмот.
    Ги имам изгледано повеќето негови филмови, мислам дека ми остана само J. Edgar. Го немам гледано и Revolutionary Road. Следни се.
    Неговата маестралност во одигрувањето на ликовите и невидена трансформација се одлични и невозможно е човек да остане имун на неговиот квалитет и талент, но очигледно овие од Академијата се ќорави. Иако Оскарот оддамна ја има изгубено вредноста, сепак некои заслужуваат да го имат, а на Лео многупати му се лизга од рацете. Се надевам дека конечно ќе се најде во правите раце. Може за Гетсби, кој уште сега знам дека ќе биде филмиште.
    Инаку омилен филм ми е дефинитивно Shutter Island. Филм кој можам секогаш да го гледам.
    Исто и Inception.
    Како мала го сакав The Man in the Iron Mask. Го имам изгледано неколку пати, а оттаму дознав и за Тројцата мускетари.
    А како најдобра екранизација на Ромео и Јулија ми е верзијата со Лео.
    За човекот можам да пишувам многу. И за неговите филмови кои сите се одлични. Нема утка.
    Ако сакаш да гледаш добар филм, тогаш гледај онаму каде што Лео глуми. По можност на Скорсезе да е :) .
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hедела на Леонардо Ди Каприо

    Oваа недела се коментира за :)

    Tom Cruise
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Hедела на Том Круз

    Том Круз.
    Татко ми по дома го вика џебното јо-јо :D (тука нормално алудира на неговата висина).
    Ама за мене Том Круз е актериште. И има одлични филмови.
    Штета што целата таа фама околу скиентологијата го направија малку чукнат :^)
    Сепак, останува фактот дека е квалитетен актер, и покрај тоа што не поседува некоја специфична убавина.

    Мене најомилена негова улога како помала ми беше во
    A Few Good Men , заедно со Џек Николсон и Деми Мур. Од таму и го засакав како актер. Има некоја магична привлечност кога е на екранот.
    [​IMG]

    Ми се допаѓа и екранизацијата на романот на Џон Гришам - The Firm. Пробав да гледам една серија започната лани , со истава тематика, ама не е тоа тоа, за мене Мичел Д. секогаш бил и ќе биде само Том Круз.

    Ги обожавам Mission: Impossible, сите 4 филмови ми се гледани минимум по 2-3 пати.

    Нешто сосем различно за него - Vanilla Sky и Minority Report, два научно-фантастични филмови, кои ги препорачувам. Предобри.

    Одигра маестрално во Valkyrie, филм кој ги отсликува последните денови од II Светска војна, диктатурата на Хитлер и обидот за неговиот атентат. Буквално ќе сте на работ додека го гледате.

    Послаби филмови на Круз кои да речам не ги достигнале моите очекувања од него се - Collateral, Knight and Day, а посебно Top Gun. Иако се прослави со последниот, кога ќе го видам во таа улога со грдите запчиња, и ќе ја слушнам Take My Breath Away, ми се врти нешто во желудник.

    А некако најубаво му легна улогата во Jerry Maguire.
    [​IMG]

    Едвај го чекам наредниот негов филм.
    Се надевам следната недела ќе биде конечно недела на женчуле-актерка. ;)
     
    На figgiMK, LivingGlam, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Hедела на Том Круз

    Mене лично негов најомилен филм ми е Valkyrie
    последнава негова невозможна мисија, беше малце пренатрупана со непотребни детали, иако неговата глума си беше одлична.
    :) добар актер е, не е за потценување, иако малце ми делува самобендисан :)

    Eдит- за било кој актер/ка давајте и предлог на Pеин преку лп :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Hедела на Том Круз

    Мислам дека не е толку самобендисан , колку што стварно се чукна со Скиентологијата.
    А можеби и малку беше на дрога еден период.
    Тука на пример. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=znsXA2aTXCE

    Не, човекот малку се шлакна, дефинитивно.
    Ама нема врска, јас си го сакам како актер, и за негови години изгледа БОМБА. :$
    http://www.youtube.com/watch?v=5t1qSzycho0
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    Hедела на Том Круз

    Порано го обожавав, ми беше на врвот на омилени актери, али што се деси понатаму, дали јас се сменив или он се мрдна-не знам, му откажав љубов...Посебно кога се откачи во шоуто на Опра-кој има гледано кога скокаше урлаше...мислам дека од тогаш нешто во мене се скрши :D
    Старите филмови сите му ги знам, омилен ми е со Никол Кидман Far and away, па Неколку добри луѓе, Невозможна мисија, Топ ган, Џери Мекгваер, Ванила скај исто е добар...
    Во поново време не го пратам, едноставно одбивен ми е, и гасам телевизор кога ќе го видам, до толку е дојдена работава со него... :D