1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Hедела на Анџелина Џоли

    Анџа не ја сакам, многу ми е антипатична, просто ниеден нејзин филм не ми оставил голем впечаток.

    Давам предлог следната недела да коментираме за Рајан Рејнолдс и Ема Стоун. :)
     
    На kravce и Pelikuna им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Анџелина Џоли

    Антипатична ми е, ја мразам, ја презирам, одвратна man eater тикварка и глупачка.
    Не постојат подобри зборови со кои можам да ја опишам Анџелина Џоли за мој вкус.
    Не ми е убава, ниту ми е секси, па сега посебно - исушен стап, старудија.

    Но сепак, ми се допаѓа нејзината глума, нејзиното присуство, сензуалност и глас, енергична е, а во приватниот живот верувам луда и настраничава.
    Посебно кога со Били Боб Торнтон си носеа шишенца околу вратот, наводно со нивната крв, и ред други перверзии и болештини... не, не ми е јасно како имаат толку дечиња со Бред Пит, на жената ѝ треба психијатар.

    Нејсе, глумата ѝ е солидна, нејзини филмови што ги препорачувам се
    Changeling, Salt, Taking Lives, Life or Something Like It, Original Sin и дефинитивно постар, но меѓу подобрите нејзини филмови - The Bone Collector.

    Најпрославените - Girl, Interrupted и Gia мене лично не ми се допаднаа концепциски и тешко ги варам, чинам дека од нив ми стана и уште поодвратна.

    Има и едно филмче каде што глуми во младоста Hackers, онака лесно и интересно, со кратка косичка, и не е толку неподнослива.

    А последните филмови, како Турист, Г-дин и г-ѓа Смит, Небесен капетан и светот на утрешнината, Баран, ми се типично американско срање во боја. Посебно Лара Крофт, тоа филм ли е, бутур ли е - ГЛУПОСТ е. |(

    Како и да е... добро би било да се откачи од тв екраните, и медиумите воопшто. Досадна е, напорна и ќе доживее фијаско ако вака продолжи, нешто слично на глупирањето на Мадона, која не знае за доста. :^)
     
    На Hipster, lolyta777, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Анџелина Џоли

    The Bone Collector да, и овој е одличен филм, со Aнџи и дензел

    [​IMG]

    Mорам да се согласам за Tурист, поглупав филм, амин |(
    ич ама ич не ми се допадна, меѓу нејзе и дип немаше апсолутно никаква хемија, приказната без врска, да бе, така се менувало
    личен опис
    |(
    Mене ни тој Cалт па не ми е нешто посебно, што знам :^) , не сум љубител на ваквите филмови
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Анџелина Џоли

    За Џоли нема да си арчам време, толку ми е вештачка во секоја смисла и преисфорсирана, де со лепотата, де со талентот, де со ова, де со она, преку таквото од неа.
    Филмовите и се океј, има и некои стварно добри, али таа ко актерка и личност ми е неварлива.
    Штета што далеку подобри актери немаат пари и слава ко неа. :x


    Да си кажам за Ричард Гир, мојот предлог.
    Човеков ми е душа бре, душа! Значи еден од моите омилени постари актери, многу ми е ќејф кога ќе фатам некој филм со него на ТВ. :)

    Култните - American Gigolo и An Officer and a Gentleman ми се преку 5-6 пати гледани. Повеќе го сакам овој вториов, многу подобар филм ми е од Жиголото.
    Не знам што толку сите го фалат Pretty Woman, мене искрено ми е најлош филм со него, изгледа многу ги погодила приказната, отколку нешто друго. Runaway Bride ми е за нијанса подобар.
    Autumn in New York ми е добар филм, претежно ради него, а Рајдер органски не можам да ја сварам, прелигава ми е за да ја сфатам сериозно.
    First Knight - Ко мала обожавав да го гледам! Многу убав филм, прекрасен.
    Primal Fear ми е најдобриот филм со него, воедно и мојот најомилен трилер! Значи, остај што Гир е извонреден во филмов, али Едвард Нортон буквално ме акна од земја! Човекот е фантастичен актер, значи после филмов уствари го сфатив тоа. :)
    Dr T and the Women и Chicago не ми оставија посебен впечаток.
    Internal Affairs е уште еден многу добар трилер, полициски, и му одговара многу и улога на негативец.

    Останува да ги изгледам и Hachi: A Dog's Tale и Unfaithful, како и најновиот од него - Arbitrage. Очекувањата за филмовиве ми се високи, сигурно нема да се разочарам. :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Hедела на Анџелина Џоли

    Дека Анџи е одличнна глумица одлична е- ФАКТ.
    Ама како појава не можам да ја поднесам исто како Лагуерта од Декстер |( А уште повеке ја замразив од кога е заедно со Бред Пит.
    Сметам дека има поубави глумици од нејзе,но не се толку многу истакнати за жал.
    Томб Рајдер,Господин и Госпога Смит и Салт ми се целосно изгледани филмови до крај,останатите кога и да ја видев во некој филм го менував каналот.Како што кажаа над мене нема да си трошам време.

    Фала лепо. :hai:
     
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Hедела на Анџелина Џоли

    Денес се сетив на еден филм со Џоли каде што ќе глуми луда, во затвор или лудница ќе биде сместена, ама не можам да го најдам. :^) Aко се сети некој за за кој филм зборувам, нека пушти линкче.
    Улогата и беше ептен погодена, исто и Господин и Госпоѓа Смит ми се допадна со нејзе, па толку, доста е за Анџа. ;)
     
  7. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Hедела на Анџелина Џоли

    Mи се допаѓа кој што сака нека збори ;) Откако гледав документарец за неа и го сменив мислењето. Ја мислев антипатична, разгалена...но, воопшто не било така :!: Таа ја изгубила мајка си на 5 годишна возраст. Многу пати сакала да се самоубие и секогаш цртала некои содржини за убиства по школските тетратки. Имала многу дечковци и многу неуспеси. После првите 5 неуспешни филмови сите очекувале дека ќе се откаже,но не се откажала што е доказ дека е упорна во животот. Сега е успешна глумица,мајка сопруга итн. Едноставно го почитувам нејзиниот животен пресврт од мала хипица во прекрасна дама.
    П.С.Кога испила голема доза на лекови излегла од апартманот и отишла на улица. Од еден излог видела преубава бунда и рекла ќе преживеам и ќе дојдам утре да си ја купам :lol:
     
    На bluegirl7 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.085
    Hедела на Анџелина Џоли

    Мислев дека јас ќе бидам единствената која не ја сака Џоли, ама ете не имало повеќе :*
    Не знам што запнала толку со глумење на супер жена, таен агент и убиец како тоа да се единствените улоги кои се нудат.
    Ако проба да смени улога, може и ќе ја засакам, ама сега за сега не.
    Единствен филм кој ми се свиѓа од нејзе е Changeling. Ете нешто поинаку. Конечно покажа мила нежна страна и љубов. Дали беше до нејзе или општо до филмот ама ми се насолзија очите кога го гледав. А ретко плачам на филмови :!:
    За другите не сакам да коментирам.
    Ја поштувам за личноста која е во приватен живот, хуманитарна и све остало,но како глумица не.
    И не ми е некоја убавица како што ја величат. Има мал милион поубави, ама она е таа што спие со Бред Пит :D
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Hедела на Анџелина Џоли

    Не ја сакам ич, ич. Поантипатично створење нема и нема да се роди! И врз која основа се смета за најубавата жена во светот? :^) Јас никаква убавина не гледам во неа, ова не дека и љубоморам туку стварно. Вака, цртите оделно не и се лоши, си има полна уста ама целокупно кога ќе и ја погледнам фацата :puke:. Исто и престаро ми изгледа за нејзина возраст. За карактерот колку ми е антипатична пак и да не зборувам.

    Ни како актерка не е нешто посебно. Можеби е добра во одредени улоги а јас поради антипатијата која ја имам кон неа не приметувам, ама сепак не е некоја којзнае каква глумица. Има стопати подобри туку оваа е многу форсирана.

    Имам гледано некои нејзини филмови и од повеќето се разочарав колку се глупи и досадни а се најавувани како нешто феноменално само затоа што глуми Анџа |(. Пример за тоа ми е The Tourist, мислам дека филмот немаше ни да се примети ако во улогите не беа звучни имиња. Безвеза приказна, безвеза дејствие, досадни два часа. Овде и Salt би го ставила. Според мене беше глупост! Не затоа што не сакам многу акциони филмови ама ова и за акција беше некако преглупо.
    Инаку типкава глуми претежно во акции, некои акциони хероини и можеби затоа не и ги сакам баш ни филмовите. Премногу филмови од ист тип, демек семоќна жена која се живо и диво пред себе руши.

    А немам гледано многу и од оние драмите, но сигурна сум дека повеќе би ми се допаднале од овие останатите.
    Mr. & Mrs. Smith беше солиден, ми се допадна некако иако не е нешто посебно, реално.
    Е Taking Lives ми е најдобар од сите кои ги имам изгледано со неа. Баш мој тип на филм :up:.

    Имам и други гледано вака на телевизија ама некако во магла ми се, ниту знам како се викаат. Тоа оти не ми оставиле некаков посебен впечаток.

    Сепак Анџелина си е на листата на мои најнеомилени и антипатични актерки.
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Анџелина Џоли

    ^^ да додадам и јас дека сум во групата на оние кои не ја сакаат и секако не ми се ни допаѓа како глуми ... мнн мнн ми е лигава како појава и никогаш па дури ни во Џиа не ми била посебна!!
    Salt на пр ми беше пре извикан за да можам да кажам дека има некоја забава во него !!
    мислам дека само во Hackers (1995) имаше глума и улога која е ок пошто е уште не искасапана и секако мислам дека не и е удрена славата во глава.

    Во ок ги додавам и следниве наслови:
    [​IMG]
    The Bone Collector (1999), Girl, Interrupted (1999),Gone In 60 Seconds,Original Sin (2001, Beyond Borders (2003),
    Дел од оние кои за мене не ги биваше се:
    [​IMG]
    Changeling (2008) Филм кој беше гледан само заради неа можеа подобар да го направат но незнам мене ми беше доста празна приказна не доцелена со милион дупки.
    Lara Croft, Mr. & Mrs. Smith (2005) и Wanted (2008) ,The Tourist (2010)
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Hедела на Анџелина Џоли

    Факт е дека Анџелина Џоли до пред некоја година беше најсексапилната актерка во Холивуд.
    Има стил. Не можеме да ја видеме во било каков филм за разлика од Џенифер Анистон (имам впечаток дека во последно време нон стоп ја гледам во некои глупи комедии).
    И покрај се, не ми е омилена актерка можеби дека не сум секогаш расположена за акција.

    Од она што имам гледано, можам да кажам дека Taking Lives ми има оставено најголем впечаток. Содржината ми беше петка + со Ethan Hawke ми беа стварно добар пар.
    Втор, Girl,Interrupted. За овој нема потреба да објаснувам зошто. Филмот чесно си го прибра Оскарот.
    And the last but not least..... Original Sin. :D Направија БУМ со (читај Горде) Антонио Бандерас. :D
    Сега се маткам со Beowulf, не по моја желба. :!: Морам да го спремам за испит.

    Како и да е, да бидеме реални.. колку ние можеме да кажеме дека има грд карактер? Ја познаваме? :D
    За восхит е тоа што посвои толку деца и денес си ги сака како свои. :)
    Толку.
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Анџелина Џоли

    [​IMG]

    Hа барање на Kравче и Kрејзилејди, оваа недела коментираме за

    ryan reynolds
     
    На Hipster, kravce и crazylady им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Hедела на Анџелина Џоли

    Анџелина Џоли ми се допаѓа и како глумица и како изгледа. :inlove:
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Анџелина Џоли

    Рајанчо :geek: :D згоден, секси, паметен, забавен, до скоро и сингл беше :doh: одличен актер.
    Има огромна листа на филмови, во кои се има претставено на многу добар начин, па освен лоок-от што го поседува, човеков е навистина одличен актер.
    Van Wilder ми е меѓу оние ретките скул/колеџ американски комедии кои ми се допаднале. Најмногу поради Рајан. Buying the cow е во глобала смотан филм, со смотана тематика, ама ликот на Рајан беше она што сега не би го очекувале од него. Имаше една сцена што и ја пуштив на Џиле
    кој сака повеќе голотии од Рајан да види, нека го гледа филмов :D
    Па ликот на Џорџ во Амитвил, бравос. Варијации на карактери.
    Некои од моите омилени романтични драми/комедии ми се баш со Рајан. Chaos Theory и Definitely, Maybe дури и репризно ги имам гледано, стварно убави филмови, а Рајан е одличен.
    Би рекла само Change up не ми се сфиѓаше, дури не го ни догледав :worried:
    За The Proposal би рекла само дека ми се совршена двојка со Сандра Булок, ептен ми идат заедно во комбинација.
    Buried ми е можеби врв во последниве години од него. За да успееш во филм чие дејствие се одвива само во едно место, затворено, заробен, би рекла дека мора да си актер ипол. Можам да му се поклонам за глумата во Закопан.

    Ги има уште, ама некако нема крај. Го има во повеќе жанрови што навистина дава избор и потврда плус дека е одличен. Човеков поседува стварно некој посебен сексапил, онака како на гуд бој, не сакаш само авантура со него, туку сакаш и да го шеташ за раче низ град :D И подобро ми оди со Блејк отколку со Скарлет Јохансон, Скарлет дури и одбивна ми стана :puke:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Hедела на Анџелина Џоли

    Срцката мој, секси, интересен,шарамантен, духовит,........
    Едноставно го обожавам, не ми се гледани сите негови филмови,ама од тие што ги имам гледано, најголем впечаток ми оставија:
    Just friends, одлична комедија, 100 пати ми е гледан фимлов и уште не ми е здосаден.
    Oмилена сцена ми е :
    http://www.youtube.com/watch?v=HeAX1xozi_Y
    Change up просечен филм, не ми остави голем впечаток.
    Тhe proposal , се согласувам со кравче, одличен пар се со Сандра Булок, штета со раскинаја баш си одговарат.
    Buried и Safe house деновиве ќе ги гледам па ќе се вратам со коментар. :)


    Некако најдобро му лежат романтични комедии, мислам дека најдобро се вклопува во таков жанр.
    Се на се одличен глумец, освен изгледот има и друго што да понуди. :)
    Обично не сакам плави машки ама овај е исклучок, абе да го грабниш и да бегаш. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=DTridS7s3cI
    Рекламава е пресекси. :inlove:

    Добар пар се со Блејк, ама некако ми е премногу намчореста за него, мислам дека можеше подобрa да си најди, али тоа е.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Hедела на Анџелина Џоли

    Рајанчето мое значи е мило маженце!
    Маженце, секси, со стас бре, поглед, фаца, тело, туто комплето :)

    Омилен, најомилен филм со него ми е Buried.
    Свака част мајсторе, успеа од една сцена, еден лик, да направиш доста интересен и импресивен филм за кој има само добри критики.
    Мене стварно ме удри доза депресија на крај кога не преживеа, а искрено до самиот крај, се надевав и се надевав!
    Се натажив и се соживеав со филмот, а тоа многу малку филмови можат да го извадат од мене. :)

    The proposal заедно со Сандрето мое, значи ве обожавам, филмот добро ми дојде, бев даун во тој период, и знам дека многу ме расположи и насмеа.
    Филм каде глумата и на двајцата беше за пофалба, интересни сцени и уште поинтересни дијалози.
    :)

    Во Safe house исто беше одличен! Но, се на се, филмот многу не ми се допадна, имам гледано многу подобри од тој жанр, ама Рајанчо е вистинскиот мажјак во истиот.

    И да, апсолутно се согласувам со Кравче, Рајан не е за една вечер, он е да го донесиш дома на ручек кај мама и тате, да одите на кино, да јадите сладолед на плоштад и да бидеш вечна со него!!
    Мада, јас сега си иам дечко, па ќе остане само тоа за една вечер изгледа, ја ќе го искористам него дури, колку сум пафрфул а?! :rofl:
    Шала, шала :lol:
     
    На COollLady, kravce и crazylady им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.305
    Пол:
    Женски
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    Рајан ми е еден од поомилените глумци, ми глуми многу задоволително, а со Блејк ми се одличен пар, многу ми се еден за друг некако.
    Во The Amityville Horror е одличен, супер си одглуми и мислам дека го бива за било каква улога.
    Definitely, Maybe ми е омилен филм, убава драмичка и ликов на Рајан ми е ептен супер, мислам дека не можам да замислам некој друг глумец во оваа улога.
    The proposal со Сандра Булок многу ми одговараат а и филмчево ми е занимливо и смешно, онака лајт.
    Buried му е филмиште, фантастично е вклопен во улогата.
    The change up му е слаб филм, не можев да го догледам, што знам ми се здосади од ваков тип на филмов, ептен глупичок ми беше.
    На листа за гледање ми се и Just friends,Adventureland и Green Lantern, и имам очекувања за добри филмчиња :)

    И да се согласувам дека најдобро некако се вклопува во романтични комедии, ама и во хорориве не е лош :)
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    Штотуку го изгледав Buried и ептен ми се допадна, совршено се вклопува во улогата, цело време се надевав дека ќе се спаси ама ништо на крај. :(
    Јас обично сум скептик кога станува збор за вакви филмови, во кој глуми само еден лик, мислев дека ќе ми биде досаден, но овај филм ми беше далеку од досаден.
    Но, сеуште за најомилен филм од срцкава првото место убедливо го држи Just friends :)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    На барање на Џингрлакаџикица( мислам дека таа го прдложи)

    Heath Ledger

    [​IMG]


    [​IMG]
     
    На crazylady и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    Оф, браво за предлогов! :)

    Хит Леџер со гаранција беше најдобар млад актер од Холивудов. Значи да не умреше пред 4 години, со улогата на Џокерот мислам оти ќе му се отвореа уште многу подобри улоги и ќе беше уште поценет од тоа што веќе беше. Штета, уште ми е жал за него, стварно имаше некоја посебна ѕвезда.
    Многу ми беше убав, али не му се восхитував само ради тоа, туку на начин што исто на пример и на Патрик Свејзи му се восхитувам, убави, згодни, али супер актери и имаат нешто повеќе од лепотата во нив. Затоа и ќе останат запаметени нормално. :)

    Како актер, ми беше меѓу омилените, неговата глума немаше замерки.
    Имам доста филмови изгледано со него.
    Почнувајќи од 10 Things I Hate About You. Нема некој што не го гледал филмов мислам, една од најдобрите тинејџ романси - комедии. :D И да, поубав ми беше со долга коса отколку со кратка, а тоа ептееен ретко за машко го кажувам. :D
    Two Hands ми е од поодамна гледан, али не ми беше нешто особено, ради приказната, не ради него.
    Во The Four Feathers и The Brothers Grimm ми се допадна прилично.
    Monster's Ball е една таква драма, малце неварлива за мене, дека не обожавам такви филмови, али го изгледав, тој има споредна улога, али супер одиграна.
    Во A Knight's Tale ми беше многу смешен, воопшто и филмот беше таков, некоја модерна - историска - витешка приказна. :D
    Lords of Dogtown е биографска приказна за како почнал во Америка да се развива скејтбордот, за првите возачи на скејт и нивните животни патови. И тука има споредна улога.
    Brokeback Mountain. Уште не знам да го дефинирам филмов, приказната онака, али извонредна глума од Леџер и Џиленхал. Погодени беа за филмов, и двајцата супер, али сепак, Џиленхал ја нема таа некоја состојка што мене кај актериве ми се допаѓа.
    Casanova е прекрасен филм. Погодена му беше улогата на скротен заводник. :D
    И секако - неговата најдобра улога во The Dark Knight. Толку беше добар, што мене од дома ми беше страв од него! Толку беше морничав и гаден и лигав и психо, што стварно се наежував кога го гледав. Одлично одглумено од негова страна. :clap: