1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    Темава треба да ја прекрстиме во Недела на најзгодниот актер ЕВА! :)

    Ќе почнам со 10 Things I hate About You, тинејџерско романтична комедија feat Julia Stiles. Модерна екранизација на Шекспировата поема. Воедно и прв негов филм по доаѓањето во Америка.
    Мислам дека во одредени моменти и зборува со Австралиски дијалект.
    Следеќи The Patriot заедно со Gibson. Прочитав дека во овој филм за улогата на Габриел Мартин биле предложени Елаја Вуд и Џејк Гејленхел.
    Во Casanova мислам дека сите женки ги маѓепса.Мене ме остави со подзината уста. Улогата му беше погодена 10ка. :D
    Го гледав и The Brothers Grimm ама не ми остави никаков впечаток. Сега други не ми ни текнува на содржината целосно.
    Brokeback Mountain според мене беше едно од најдобрите филмски остварувања на Хит. Номиниран за 8 Оскари, од кои лапна 3. Ако ги тргнеме на страна контраверзиите, мислам дека стварно филмот беше легендарен.
    И во Candy му легна улогата на џанкер. Инаку филмот е снимен по роман.
    На крај секако The Dark Knight. Legend-w8 for it- dary!
    Озбилно заедно со Ханибал Лектор и Џокерот влегува во мојата листа на Омилени психопати.

    Голема штета што почина млад. Сигурна сум дека до својата 70та година ќе освоеше барем 4 Оскара.
    Гледав пред неколку месеци документарец за неговиот живот. Од тоа што видов, ќе кажам дека единствена грешка му била екс сопругата.

    http://www.youtube.com/watch?v=w6XGUhzfutc
     
    На kravce, Hopeful и crazylady им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Рајан Рејнолдс

    Hа барање на Mама Mиа, оваа недела коментираме за Eдвард.H :)

    [​IMG]
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Hедела на Едвард Нортон

    Мене лично ми е грдичок, а како глумец е извонреден, секоја улога одлично ја изиграл и барем мене не ми бил во сенка иако глумел со веќе докажани актери. Дефинитивно заслужува да земе еден Оскар, досега двапати беше номиниран.

    Ги препорачувам The Score, The painted veil, The illusionist, The Italian job, Primal Fear(За улогата во Primal Fear бил избран меѓу 2000 пријавени кандидати откако Ди Каприо ја одбил улогата)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Едвард Нортон

    Уф, мене Едвард Нортон ми е еден од омилените, мистериозен, одмерен, привлечен, секси, а како глуми, тоа е посебна приказна, заслужува само пофалби и овации.
    Еден од најдобрите филмови со него, не само заради него, туку општо во моите топ 5 филмови на сите времиња - Rounders, рамо со рамо со Мет Дејмон и Џон Малкович.
    Вљубена сум во филмов, глумата, тематиката, и топло го препорачувам за гледање.

    Понатаму, неприкосновениот Fight Club заедно со Бред Пит, кој ми е на задолжителната листа на филмови за постојано пре-гледување и размислување, одново и одново.

    American History X е тежок филм за варење, но моќен и квалитетен, исто како и Red Dragon .

    The Painted Veil е нежна, романтична, прекрасна љубовна драма, во која ме изненади со неговата глума и сексуалната енергија која вриеше помеѓу него и Наоми Вотс.
    И општо, пејзажите, атмосферата во филмот е предобра.

    Го препорачувам и The Incredible Hulk, за сите љубители на стриповите на Марвел и нивните екранизации, за мене беше подобар Хулк од Ерик Бана.

    Primal Fear е еден од оние филмови кои те оставаат со подотворена уста, подзината и оставен/а во прашалници.

    Едварт Нортон е сјаен глумец, и сум среќна што постои и што внимателно одбира улоги.
    Не е инстант јогурт ѕвезда, и мислам дека ќе потрае, уште долго.
    :)
     
    На kravce, Peppermint, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Едвард Нортон

    Aктеров ми е ептен фин, иако имам гледано многу малку филмови со него, а верувале или не култниот Фајт клаб го немам гледано :tmi:


    [​IMG] Aмериканската историја ми е најдобар негов филм, многу е тежок, и потресителен

    PRIMAL FEAR му е исто добар филм, го бива за психо улоги, си ја имаа таа фацка, и секако со Eнтони, во црвениот змеј,и тој е одличен филм
    Cамо толку имам гледано од него ми се чини, сепак доволно за да оформам убаво мислење за него :)
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Едвард Нортон

    Нортон ми е брилијатен. Ми има некои уникатни изрази на лице што ги прави, што те тераат да размислуваш, од кај е, што е, од добрите ли е, психо ли е... Има на моменти некоја слатка фаца, па си викаш види го, душичка. Па ќе ти се насмевне онака, подмолно и те ежи зашто знаеш дека кова нешто занимливо. Мислам дека поради Primal Fear секогаш ќе го сметам за генијалец во такви улоги.
    Во последниот негов филм, Moonrise kingdom, глуми по малку невино, добро, внимателно човече. Ептен ми се допадна, ептен. Подобро нешто не можеше да излезе од него. Одличен актер е Нортон, јас си го сакам :wasntme:
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Hедела на Едвард Нортон

    После The Painted Veil, не сакам да гледам друг филм со него за да не ја расипам магијата. Го одглуми мојот идеален тип на маж. Таков го сакам и толку.
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Hедела на Едвард Нортон

    Омилеен!
    [​IMG]

    American History X го изгледав поодамна. Тешка, но во истовремено и моќна тематика. Во Fight Club се покажа предобро. И мојот омилен цитат е токму од филмот. The Score го гледав еднаш со татко ми, многу ми е жал што не го фатив од самиот почеток. Оз направил совршен спој од актери. Во план сум повторно да го изгледам, овој пат целосно. Мој омилен со него е дефинитивно Red Dragon. Совршено го потретира ликот на агентот Грахам. Го препорачувам. За сите љубители на акција, must see- The Italian Job. Иако има некоја споредна улога, и неа и ја ’сервира’ одлично на толпата. The Illusionist вреди да биде виден. Ме воодушеви, а со Џесика ми се преубав пар.
    Планирам да ги погледнам и Pride and Glory и Stone. :)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Едвард Нортон

    Ha барање на цеца-1 оваа недела коментираме за Џим Кери

    :) :) :) [​IMG]
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Hедела на Џим Кери

    Џим Кери ако не те насмее кој друг :D Огромен квалитет има во него,особено во хумористичниот дел(најдобрите комедии се со Џим Кери),но и во посериозни улоги се снаоѓа многу добро.Најдоброто од него Глупавиот и Поглупавиот-мислам дека е комедија над комедиите и овој филм ќе остане запаметен,и двата дела :!: :D :D Кои фаци ги прави човекот и гримаси,мислам дека тоа не го може секој.Друга трансформација има исто така во Маската.Си има препознатливи движења што може да си ги патентира :D Дечкото од кабловска,Лажач лажач,Забава со Дик и Џејн,Ајс Вентура...Незаменливи комедии. :rofl: Единствено не ми се допадна Те сакам Филип Морис.Настрана комедиите добри филмови се и Бетмен засекогаш и Приказната за Божиќ.Еден,едиствен и незаменлив,светот не би бил ист без Џим Кери.Ви се верува ли дека има 50 години?Има многу интересни видеа со него на Јутуб што не се филмови
    http://www.youtube.com/watch?v=2e5qfcbtfEI :rofl: :rofl:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џим Кери

    Ha барање на Kрејзилејди оваа недела коментираме за Eма Cтоун :) :)


    [​IMG]
     
    На SimonLimon и crazylady им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Hедела на Ема Стоун

    Конечно за Ема Стоун. Една од најпрекрасните и најхарисматичните млади актерки на денешницава. Ептен слатка, ептен добро глуми, а и ептен добри улоги и доделуваат и тоа баш ме радува.
    Прв пат ја гледав во Easy A и тоа филмот случајно го начекав на ХБО, и едвај некако седнав да го гледам, но не згрешив. Мислам дека ова е улога според која ја препознаваат Ема. Предобро одглумено, предобро сработено. Ито така ми се бендисува и во филмот Zombieland каде е преслатка. Во Crazy Stupid Love допринесува филмот да ми биди еден од поомилените романтични комедии, а за во The Help и во Amazing Spider-Man мислам дека подобра актерка неможеле да најдат. Тоа е моето мсилење за Ема Стоун, инаку поубава ми е со црвена коса отколку со плава, и се надевам дека наскоро ќе си ја врати црвената боја :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Ема Стоун

    Ема, една од подобрите млади актерки што се појавија последниве години. Мене ми е ептен слатка и харизматична. И природна. Мислам дека читав во едно интервју како нема да се соблака за улогите оти од дома ја карале и учеле така :D Во пакет ми иде со Елен Пејџ, обавезно пратам што има ново филмско кај нив.
    Ја сретнав прво во The house bunny (глуп филм), ама до толку ми остави впечаток што седнав после неа да ја гуглам која е и што е. Црвена коса, беличка, убава насмевка, интересна глума... :)
    И во Пејпермен, иако акцентот беше ставен повеќе на Џеф Дениелс, одлично си изглуми. Филмот е баш убава драмичка што зборува многу за осаменоста и пријателствата.
    Во Зомбиленд ја имав подзаборавено, па пак ја гуглав, не ја препознав :tmi: Еден од подобрите зомби филмови од Холивуд.
    Easy A сигурно и е најпрепознатлив филм, а и некако ептен ми одговараше она, нејзиниот лик и цела појава со ликот на Олив. Совршено се вклопи, и нема замена тука. Одлична комедија и одлична романса. Покетл фул оф саншајн :rock: :D
    За Crazy, Stupid, Love имав големи очекувања и добро е што не бев мн. разочарана. Ема Стоун и Рајан Гослинг мислам... :inlove: :D Прекрасна беше, преубава улога, спонтано некако, одлично вклопена. Многу ми се допадна во филмчево.
    За The Help заслужува големи признанија, затоа што беше неверојатно добра, филмот е толку реален и болен и смешен во исто време. Скитер, девојката што не обожава фустанчиња, шминки, фризури нит трачеви. Борец. За други, колку и за себе. Ја обожавав во филмов, колку што ми беше и слатка и интересна и смешна на моменти. :)

    Мислам дека не очекуваат големи работа од Ема, освен ако не се повлече од актерската кариера, што би било штета затоа што е навистина талентирана. И да...и јас сакам да си ја врати црвената боја на коса :)
     
    На SimonLimon и crazylady им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Hедела на Ема Стоун

    Eма ми е омилена актерка.Ја обожавам, глуми одлично и ептен ми е срцка.И многу го ценам фактот што е млада а е толку талентирана.
    Интересно ми беше да ја видам во The House Bunny во непопуларните девојки, а глумата и е таман.
    Гледам глумела во Ghosts of Girlfriends past, aма никако не можам да се сетам што глумеше така да филмов ќе мора пак да го изгледам.На листа за гледање ми се и Zombieland и Marmaduke со неа.Во Easy A ми е совршена, улогата таман како за нејзе, си се вклопи ептен убаво и ми е омилен филм.Во Friends with Benefits и Stupid Crazy Love си беше таман, во првиот имаше ептен малечка улога ама ми го разубави филмот, а во вториот ептен ми беа пар со Рајан Гослинг.За The Help немам што да зборувам :bow: Исто многу позитивно мислење за The amazing Spider-Man.
    И за најпар ја прогласувам со Andrew Garfield, прекрасни ми се :)
    [​IMG]
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Ема Стоун

    Oваа недела на барање на лунарија коментираме за

    joseph fiennes

    [​IMG]

    :)
     
  16. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џозеф Фајнс

    Леле немојте вака за Џози,ќе го боли а многу голем фраер е,ако брат му е попопуларен :)
    Прво ќе започнам со ова- мислам дека нема кој го нема гледано Killing me softly ,која еротика чАвече :D Овој филм сум го гледала со ококорени зеници како помала :D Џозеф беше мојата фантазија, во исто време и сензуален и мистериозен, целосна загатка,како филм можеби нема некој голем успех и нема квалитет но...жени ве молам :D Филмот е доста експлицитен,битно Хедер си го направила ќефот бе,настрана што не знае да глуми
    освен да биде гола и да симулира секс
    . Сами ќе си го погледнете ако го немате погледнато мене веќе срам ми е да зборувам за филмов од малите деца што се по форумов,а сакав да нафрлам една сочна сцена,ама сепак не :D

    Случајно забележав уште одамна еден згоден типац во Прашина на Милчо Манчевски. Да,тој е тој :)

    Shakespeare in Love. Ааааwwww е ова е веќе маст си филм,ако досега не сте го гледале. Според мене најдобриот филм кој се базира на животот на самиот Шекспир,доста веќе само неговите дела се филмуваат, ,тој се бори со својата инспирација и се бори да се пробие во театарот. Се заљубува во една жена која ги сака делата на Шекспир и нејзина страст е театарот и глумата што во тоа време било понизно и срамно да се работи,подоцна ќе стане негова муза и ќе ја напише историјата за Ромео и Јулија. И Гвинет е одлична во филмот,не за џабе доби Оскар токму за оваа улога :) има 7 номинации вклучувајќи најдобар филм,музика,споредна актерка...


    Elizabeth со Кејт Бланшет,одличен филм ,во кој се работи за воздигнувањето на престолот и почетоците на владеењето на Елизабета Прва. Се задржува на напорите од страна на советниците да се врати во Католичката црква,да се омажи и да има наследник но за оној кој Советот ќе одлучи,а не за нејзиниот сакан,Лордот Роберт Дадли ( Џозеф Фајнс)

    Гледам играл и во American Horror Story- Asylum,кој има Fox ќе си ја гледа,јасќе си ја симнам серијата.


    Треба да се потсетам,а некои и да ги изгледам- Stealing Beauty,Leo Enemy of the gates со Џуд Ло и Рејчел Вајс,и уште нешто,па ќе дадам мислење и за нив. Мислам дека е доста потценет актер и е малку во сенка од неговиот постар брат,но да се надеваме дека следуваат подобри денови за ова шеќерче :D
     
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Џозеф Фајнс

    ^^
    Брат му со причина е пополуларен, извонреден актер е и иако се браќа, Џозеф од тоа што сум видела е една мала светлосна година зад него. :)
    Не ти се контрам, али тоа е мое мислење зошто е попопуларен и што Ралф добива подобри улоги.

    Инаку, и јас сметам дека е несомнено талентиран, згоден, лепота и се тоа. :D

    Во Shakespeare in Love ми беа прекрасен пар со Гвинет, одлична глума.
    Killing Me Softly ми е еден од најглупавите филмови што ги имам гледано, али на кој морав да го видам крајот, значи ми го задржа вниманието, иако не видов никаква поента на крај, или што беше поентата - Не се е*ете со странци? Не знам, нејасно ми е тоа. Е сега тоа еротските сцени си го прават своето, али сепак, пак не би го гледала, доста му беше и еднаш. :D
    Man to Man случајно ми го снимија на цд, па го гледав да видам што се работи. Не се ни сеќавам баш добро, знам дека ми беше досаден, па го вртев на некои делови, а и тематиката не ми беше по ќејф.

    Вака гледајќи му ги филмовите, се гледа дека работел доста човекот, али не се по мој вкус и не ни сакам да ги погледнам. Овие два да, The Merchant of Venice и The Very Thought of You, али другото не.

    Може и да е потценет, оти сметам дека е многу добар актер, али изборот му е според мене, не нешто сјајно, не игра некои впечатливи улоги, како Шекспир на пример.
    Не знам, ко да го нема тој шмек, тој Х фактор за голема ѕвезда.
     
  18. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џозеф Фајнс

    ^ Секако,со причина ја здобил славата,прв си го пробил патот,прв го виделе,и се понатаму е -роднина на Ралф Фајнс :) Ралф има одлична способност за трансформација на филмското платно,во секоја негова улога како да гледам нов човек а не Ралф,од лимонадичката како Мaid in Manhattan до Оркански височини,до Лорд Волдерморт. Мерак ми прават и двјцата :D
    Кога ти е брат Ралф Фајнс,или ти тешко е да се пробиеш во Холивуд поради неговата дебела сенка од која не се гледаш,или ти е премногу лесно,но некаде попат си зафркнал. Можеби,сакајќи да го препознаат како Џозеф,а не како брат му на Ралф,негде направил пропусти и сакајќи да постигне некаков ефект и да биде забележан,но кај нас бар го постигнал спротивното. Но која сум јас да му попувам,како и што да прави,си знае тој :) Има голем потенцијал,неоспорно,и жалосно би било да остане неискористен.
    Потешко е за некого да гради сам кариера и да се потруди покрај толку еминентни имиња во фамилија,голем е притисокот,сопствените очекувања,сигурна сум. Но јас верувам дека ќе ги добие своите минути на блескава слава ,wait for it.
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Џозеф Фајнс

    ^^
    Епа ете, Ралф е крив што се родил прв! :!: :D

    Шала на страна, и јас се надевам дека ќе одбере некоја повпечатлива улога понатака и како што викаш, ќе дојдат и неговите 5 минути. :)
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Џозеф Фајнс

    Џозеф Фајнс, прво на што ми текнува е FlashForward, одлична серија, одличен лик, одлична глума. Филмот ми беше многу интересен, штета што го прекинаа.
    Следно на листа ми е Enemy at the gates, меѓу најдобрите воени филмови. Иако Џад Лоу преовладуваше во филмов, ликот на Фајнс е одлично портретиран, иако во повеќето моменти ви оди некако да го мразите :)
    Во глобала му се историски ликови кои добро ги владее, иако ми се гледани одамна па тешко ми е да се сетам. Башка посимпатичен е од брат му :D Што знам, многу остри критики му дадовте. Секако дека Ралф е врвен актер, но мене Џозеф не ми е нешто многу лош :)