Hедела на Џозеф Фајнс Како мала го обожавав, на локалната тв се вртеа само негови филмчиња, а се сеќавам дека најмногу уживав во Tango & Cash, Stop! Or My Mom Will Shoot, Judge Dredd, Demolition Man, Assassins, The Specialist. Па како за тоа време многу ми се допаѓаа и не се лошо направени, искрено, пристојни и солидни акции, освен Стој, или мајка ми ќе пука, тоа е секако комедија, и не е лоша. Ама убедливо најомилен, и надвор од неговиот вообичаен жанр ми е секако http://www.imdb.com/title/tt0102603/ ОСКАР, смешно и ултра забавно филмче, го препорачувам, ме навраќа во детството. Помеѓу улогата на Роки и Рамбо, првата секогаш ми легна подобро, а и серијалот ми е поинтересен. Иако е критикуван многу поради глумата или неговата крива уста, многу ми е гајле, за мене е сосем ок типче, со интересни филмчиња, кој сам си ја направил кариерата, никој не му понудил ништо на тацна, се` со својот труд и волја.
Hедела на Џозеф Фајнс Meне Pамбо ми е Aу, Mоже да ми дојде ваков и да правиме Pататататаааааааа Mногу ми е јебозовен бе, не е убав, ама има некој шарм во него,ептен е шармантен Jа би го, ако изгледа ко пред 30 години Mада лулето му е разочарувачко, му го имам видно, во порничот негов, ама ако ќе му простам
Hедела на Џозеф Фајнс Лудо ма Олд скул си е Сталоне, кога гледавме филмови исклучиво на ТВ (и ги даваа добри ) И Оскар да, колку пати го имам изгледано ми се гледа сега пак ултра фан комедија. Јас го спомнав и Daylight во една друга тема, и тој колку пати го имам гледано Не бе, џабе оценкине на имдб, по 100 пати ќе ги гледам стариве филмови, него ли по 2пати новиве сега што излегуваат. Не дека Сталоне е толку добар, ама израснавме со него наш си е бре
Hедела на Џозеф Фајнс Омилен од тепачите. Не знам зошто ми е онака, ептен интересен, смешен ... Си има некој шарм човекот, уште од мала ги гледам неговите филмови. Over the Top ми е преку 5-6 пати гледан. Одличен филм, башка си има и драма елементи. На Stop! Or My Mom Will Shoot сум паѓала на земја од таа бабичката, многу смешна ми беше. Оценката на ИМБД му е 3,7, чиста глупост, филмот баш е добар. Assassins, Get Carter и Daylight ми се исто добри акции. Demolition Man со Весли Снајпс и Сандра Булок ми е исто доста интересен и добар филм. The Specialist ми е на едно ниво погоре, ваљда ради Шерон Стоун, која ми е згодноча невидена! Барем на времето била таква, сега веројатно не е дотолку. Многу добро си одговараа со Сталоне такоџе. 5,1 има на ИМБД, уште една катастрофа. По Rocky и Rambo мислам дека повеќето го препознаваат. Ги имам изгледано сите 6 делови од Роки, омилен серијал ми е. Се сеќавам пред некоја година ги даваа секоја сабота или недела на А1 и сите дома заедно го гледавме. Од Рамбо ми е само првиот дел гледан, другиве не, и не ми се во план, оти не верувам дека е поарен од Роки. Последниот филм од Сталоне што го гледав е The Expendables 2. Се гледа дека е веќе остарен доста, филмот и не беше нешто посебно, како се усовршува ова технологијава очигледно акциите си губат од вредноста, се оди исклучиво на специјални ефекти. И така, сметам дека му е редно време да си се пензионира. За жал.
Hедела на Силвестер Сталоне Мишел Вилијамс Феноменална актерка, комплетна личност во секој поглед. Најпрво ми остави впечаток во филмот Brokeback Mountain каде играше покрај Хит Леџер, всушност нивната романса започна од овој филм, тука се запознаа и помеѓу нив се роди љубов, плод на таа љубов е ќерката Матилда. Мишел имаше доста забележителен перформанс во филмот за кој и доби номинација за споредна женска улога, иако беше во сенка на нејзиниот партнер Хит Леџер кој заслужено ја доби номинацијата за оскар за главна машка улога и беше најсериозен кандидат за оскар таа година, но сепак оскарот го доби Филип Сејмор Хофман за извонрендниот перформанс за филмот Капоти. Почнувајќи од 2005 година нејзината кариера оди во нагорна линија, од филм во филм таа се повеќе и повеќе го манифестира својот извонреден талент. Филмот Wendy and Lucy е филм каде Мишел го демонстрира својот талент, иако филмот е нискобуџетен, на моменти спор, бавен и помалку депресивен сепак е одличен. За овој филм според мене и поголем дел од филмската критика таа заслужено требаше да добие номинација за оскар, но не ја доби, за жал како и во голем број други случаи каде врвни актерки не добиле номинација а ја заслужиле. Blue Valentine - е филм каде Мишел повторно бриљира, исто така мора да го пофалам и Рајан Гослинг за неговата улога и глума во филмот, достоен за почит актер кој има голем потенцијал и со сигурност можам да кажам дека му предстои успешна кариера. За филмов Мишел повторно добива номинација за оскар за главна женска улога, но оскарот таа година замина во рацете на Натали Портман - сосема заслужено Исто така беше одлична во филмот Shutter Island покрај феноменалниот Ди Каприо. На Мишел најповеќе и лежат тешки психолошки улоги. Својот врв го достигна со улогата на познатата икона Мерилин Монро во филмот My Week with Marilyn каде маестрално го долови и одигра ликот на Мерилин Монро, посебно онаа страна оној дел од ликот на Мерилин кој не им беше позната на пошироката јавност, нејзината ранливост, депресијата, несигурноста, празнината, наивноста, е тука Мишел беше феноменална, маестрална и сосема заслужено требаше да го доби оскарот за најдобра актерка за кој и беше номинирана, но за жал оскарот отиде во рацете на исклучителната Мерил Стрип. Годинава го гледав филмот Take This Waltz на режисерката Сара Поли во кој Мишел ја толкува главната улога, филмот ми се допадна, Мишел е одлична, заслужува номинација за оскар иако не верувам дека ќе го добие. Да сублимирам, номинациите кои заслужено ги доби, за некои беше иземена иако ги заслужи, талентот кој неспорно го има за кратко време ќе дојде до израз и конечно ќе се закити со оскар кој го заслужува а за влакно го пропушти поради политиката и игрите на американската филмска академија. Во приватниот живот ја има ќерката Матилда од врската со прерано починатиот актер Хит Леџер кој исто така беше премногу талентиран, беа одличен пар. Моментално е во врска со актерот Џејсон Сегел, и посакувам многу среќа и успех на приватен план. Се на се исклучителна актерка со огромен талент, потенцијал, квалитети, кој во иднина се повеќе и повеќе ќе доаѓаат до израз во голем број филмски проекти каде ќе земе свое учество, допрва доаѓа нејзиното време, најдобрата актерка моментално во Холивуд од помладата генерација, новата Мерил Стрип.
Hедела на Мишел Вилијамс Јас искрено бледо се сеќавам на улогите на Мишел Вилијамс. Освен на онаа во Блу Валентајн. Беше одлична, се разбира, но лично повеќе бев засегната од глумата и ликот на Рајан Гослинг на кого не му дадоа некои големи признанија за улогата. А мене и денес кога ќе се сетам на улогата, се ежам. Одличен пар беа и го изнесоа филмот многу подобро отколку што беше самата приказна. Не сум знаела дека има дете со Леџер Добра актерка е во секој случај, треба да седнам и да и ги погледнам поновите филмови, ме заинтересираа.
Hедела на Ен Хатавеј Пак јас ами како да ја одминам Ен, кога цел ден размислувам фриз како нејзе да си направам Убавица е бре Мило ми е што почна во добри филмови да глуми, да и се видат можностите. Кој би можел да ја заборави во Ѓаволот носи Прада. Па и покрај Мерил Стрип. Прекрасна. Becoming Jane -одлично. Го сакам филмов, ја сакам Ен, па и плачев Убаво филмче за животот на Џејн Остин и нејзината неостварена љубов Valentine's Day просечен американски филм. Ен, незаборавна за мене. Со импровизациите по телефончето. Бравос Колку и се чудев во Алиса во земјата на чудата. Непрепознатлива малку ми беше. И многу чудак. И ја вбројувам меѓу подобрите улоги затоа што филмот беше одличен, а белава кралица изненади Ема во Еден Ден прекраснотии. Преубав лик, одлично сработено, оди па не се соживеј да те видам Многу искрено и нежно и невино ми делуваше. Убаво Од што ми е тазе Бетмен најновиот, сите овие филмови, зачинети со истакнување на сексапилот. Уште едно изненадување. Кој и одолеал...алал да му е. Мене само ми се докажа и покажа. Иако почна бледо со некои сомнителни романтично детски улоги, некако отсекогаш ми се издвојувала по малку. Убава, природна, прекрасна насмевка, многу позитивна. Се надевам дека ја очекуваат уште многу големи проекти. Јас го имам во предвид Лес Мизераблес за следната филмска ноќ... и знам дека нема да потфрли.
Hедела на Ен Хатавеј Ааа ја обожавам Ен Хатавеј. Предобра актерка, предобро глуми а и предобро изгледа. Како и повеќето прв пат ја гледав во Ѓаволот носи прада, каде предобро глуми а и филмот е предобар, во Becaming Jane и Get Smart истот така ми е на ниво и со глума и со се, а за во Reachel Getting Married немам зборови, незаџабе е номинирана за оскар . Исто така ја бендисувам и во Bride Wars каде што глуми со Кејт Хадсон и двете ми се пресмешни. Последен филм во кој ја гледав е The Dark Knight Rieses, е тука навистина ме остави без зборови, предобро одглуми, а и предобро изгледаше. Неможам да замислам подобра жена мачка од неа. Сега уште треба да го погледнам Les Miserables, каде очекувам да видам врв од неа, а и Love and Other Drugs го немам гледано.
Hедела на Ен Хатавеј Прееска заборавив и видеава да ги ставам, колку само прекрасна личност http://www.youtube.com/watch?v=rV7ZD9Gvf_Q http://www.youtube.com/watch?v=PV-0QZ65jBs
Hедела на Ен Хатавеј Ен Хатавеј за мене е една од најквалитетните млади глумици. Прв пат ја гледав во Дневници на принцезата, мислам вака се викаше филмот, и многу си ја забендисав. Во сите филмови внесува свој шарм и истовремено одлично ја остварува улогата. Сега чекам Клетници да го видам, и се надевам нема да ме разочара. Плус многу ми е убава, види каква цурица е. Мишел Вилијамс секогаш ми е бледа. Со Мерлин Монро филмот деновиве планирам да го гледам ама во другите филмови некако ми се губи. Единствена јака асоцијација со неа ми е дека му беше жена на Хит Леџер и толку. Можеби има квалитет ама мислам треба да се истакне малку повеќе. Силвестер Сталоне ми е исто спомен од детството, еден од ретките моменти кога со татко ми го гледавме Рамбо. И после зошто се тепавме со брат ми, хмм?? Ќе си остане легенда човекот, баш ми е жал за сите несреќи што му се случија во последно време. И некако достоинствено си остаре бе, за разлика од многумина други. И Ема Стоун, уште да ја прокоментирам. Исто како и Ен Хатавеј и она си е добар претставик на оваа генерација. Во комедии одлично се снаоѓа, би сакала да ја видам и во некој посериозен филм. И во тандем со Ен Хатавеј е тоа би бил добар филм.
Hедела на Ен Хатавеј Јас ја многу сакам Ен Хатавеј. Не ми е јасно кога некој ќе каже дека му е грда, мене ми има баш убава и специфична фаца. Колку добро глуми најразлични ликови, дефинитивно има голем талент. Ја гледав прво во Bride Wars, Get Smart, Valentine's Day, во тие што се по комедии. И онака, баш ми се допадна како појава во нив, ептен симпатично глуми во комедии или таков вид на забавни филмчиња. Но ја гледав подоцна и во Rachel Getting Married и филмот ми е, не баш тоа што очекував и малку тежок за гледање ама сепак нејзината глума таму остава без зборови, сосема заслужена оскар-номинација. Секако ги имам гледано и легендарните The Devil Wears Prada и The Princess Diaries со кои се и прослави. Првиот на памет го научив, добра е многу приказната и вистинита. Во The Princess Diaries пак ми е посебно интересна, дали оти е помала таму. Се на се, и личи да глуми во такви филмчиња и таков тип на девојки. Но кога ќе видиш добро глуми и во драма и малку поозбилни ликови, и стојат различни ликови. Love and Other Drugs ме освои на прв поглед, и не е воопшто вулгарна и порнографска приказната само затоа што има секс сцени, многу е подлабок од тоа. Но најомилен дефинитивно ми останува еден од поновите One Day. Како магија да гледав во филмот, можеби затоа што е и во таков постар период сместен. Со тој глумецот имаат хемија како со никој друг, јас си паѓам на необични романтични приказни а не на клише хепи енд филмови па затоа овој ми е посебен. А како жена мачка уште не сум ја гледала. Како глумица е супер. Само кратката коса не и стои воопшто, не ми се допаѓа така.
Hедела на Џулија Робертс Anne Hathaway Една од омилените актерки. Има премногу потенцијал во неа, прекрасна ми е во секоја смисла, убава и талентирана. Единствено не ми се допаѓа со краткава коса, мислам дека не и стои многу. The Princess Diaries, The Princess Diaries 2: Royal Engagement и Ella Enchanted ми се првите филмови гледани со неа. Улогата на принцеза многу и лежеше во сите од нив, мој тип на филмови, едноставно уживав додека ги гледав. Brokeback Mountain и Becoming Jane - Филмовите не ми се допаднаа баш онака, таа си беше сосема ок. The Devil Wears Prada е култен филм мислам, нема некоја што го нема погледнато. Geт Smart е многу добра комедија со Стив Карел. Bride Wars ми е еден од најдобрите филмчиња за релаксација, плус и Кејт Хадсон, супер филмче. Во Valentine's Day ми се допадна ептен, имаше многу интересна улога. Love and Other Drugs и One Day - Тешки филмови за варење. Обично не сакам да гледам такви филмови, али дека се со Ен, предобри беа. Првиот не ми остави баш голем впечаток, не го ни помнам баш, али вториов . Прекрасен, прекрасен филм. Ретко некои актери да имаат таква хемија, али Ен и типот што глумеше беа фантастични. Само неколку филма немам гледано од нејзе, меѓу кои и најновиот што одааамна го чекам - Les Misérables, али ќе си го почекам уште малку на добра снимка. Трејлеров на филмов секогаш ме расплакува кога го гледам, мислам дека ќе биде предобар филм. Sharon Stone Најсекси актерка што постоела и ќе постои. За мене претставува еден секс симбол и сметам дека е извонредно убава и секси жена. Немам гледано ич филмови со неа, Основен инстинкт не ми е гледан, единствено The Specialist каде што глуми со Сталоне. И таму е претставена ко секси жена, затоа мислам дека цела кариера и е заснована на такви улоги. Филмов мене ми е предобар, си го имам во компјутер за некад да тепам досада. Фатив еднаш на Тв и еден филм во којшто оваа учествуваше во оргии, некој таков филм беше, али на ништо друго не ми текнува од филмот. Прекрасна жена, али нејзините филмови (со исклучоци), немам баш мерак да ги погледнам. Julia Roberts Уште една прекрасна актерка, една од најубавите според мене. Mystic Pizza и Steel Magnolias се филмовите со кои се пробива. Мене првиот ми е многу добар филм, додека вториов не ми е нешто нај. Следува Pretty Woman, каде што ми е апсолутно прекрасна, преубава ми е. Некни и дечко ми, кој што воопшто не ја сака Робертс, ич не му е убава и бла бла, го даваа филмов на Тв и си го изгледа. После тоа ми кажа дека била приказната интересна. Инаку, со Ричард Гир ми се совршен пар! The Pelican Brief и Conspiracy Theory се извонредни трилери. America's Sweethearts и My Best Friend's Wedding ми се прилично глупи филмчиња, онака за тепање време, ваљда ќе поминат, али првиов не знам дали и за тоа го бива. Notting Hill е убава романса, со порака да веруваме дека се е можно, па и обичен сопственик на книжара да се ожени со најпознатата филмска ѕвезда. Мислам, нема веза филмов, али е стварно романтичен. The Mexican и Runaway Bride се добри филмови, посебно вториов, во кој повторно глуми со Гир. Erin Brockovich е филм којшто ја запечати дека вреди за Холивуд, оти не е некоја глупа лимонатка де нели, туку е сериозен филм. Снимен по вистинска приказна, едноставно не смее да не се погледне. Ocean's Eleven и Ocean's Twelve сите ги знаеме, казина, ограбување ... немаат некоја актерска тежина. Во Valentine's Day имаше исто помала улога. Mirror Mirror и е последен филм, воедно и екстремно глуп, али таа ми е многу смешна во него. Од она што не сум го погледнала досега, единствено ме занимаат Mona Lisa Smile и Duplicity каде што би требало да глуми шпион. Уште во таква улога ја немам гледано.
Hедела на Ана Фарис Ептен ми е интересна кога глуми, не знам зошто посебно во What's Your Number? и The Hot Chick
Hедела на Ана Фарис Ана Фарис, душичка, ептен ми е слатка. Најпро како и сите тука ја гледав во Скери Муви каде што ја глуми Синди. Мене во овај серијал ми е ептен слатка и ептен смешна и криво ми е новиот дел шо ќе биде без неа. Во The Hot Chick исто така ми се допаѓа, а ми се допаѓа и нејзината глума. Мислам дека нејзе најмногу и одговарат улоги во кои е stupid или crazy како што е во Just Friends филм кој не би бил тоа што е(таква комедија) без неа. Исто така неможам да замислам друга актерка во улогата на Шели од The House Bunny каде е прекрасна. Исто така многу ми се допаѓа и во What's your number каде што со Chris Evans ми се одличен пар. Мислам дека актеркава има солидна глума во сите филмови, а со својата харизматичност и убавина би пленила секого.