Hедела на Шон Конери Темава цути! Добро е што и Лудото не заборава да смени актер/ка. Прва асоцијација за Шон Конери ми е нормално Џејмс Бонд. Тој е првиот актер што го играл Бонд, а според тоа што имам читано, за многумина е и најдобриот. Прв филм во кој што го гледав е Indiana Jones and the Last Crusade, каде што го глуми таткото на Индијана Џонс. First Knight, каде го глуми кралот Артур од Камелот. The Untouchables е еден извонреден филм, мислам оти е по вистинска приказна снимен, за фаќањето на Ал Капоне. Стварно многу добар филм, покрај Конери во него игра и Кевин Костнер. И толку имам јас погледнато, претежно дека глумел во филмови што не се од мојата генерација. Има многу голема харизма и шарм во човекот, дури и сега, кога е ептен стар. Не знам, еден од најшармантните и најкокетни актери дефинитивно.
Hедела на Шон Конери na baranje na Ane.bella ovaa nedela komentirame za Mark Wahlberg Спојлер izvinete za latinicava
Hедела на Морган Фримен Морав да го ставам видеово се изнасмеав кога прв пат го гледав http://www.youtube.com/watch?v=Ch5MEJk5ZCQ Инаку Морган Фримен е одличен актер, еден од најдобрите. И може слободно за него да се каже дека има одличен глас кој е и нататор во повеќе филмови. Иако има 75 години тој сеуште игра големи улоги. Негови филмови што имам гледано се The Shawshank Redemption кој има заслужена оценка на imdb, после Seven, Nurse Betty, Bruce Almighty, Million Dollar Baby, Wanted, The Dark Knight, RED и The Dark Knight Rises.
Hедела на Морган Фримен Морган Фримен е легенда. Мене секогаш ми асоцира на постарите филмови со сериски убијци и он е главен детектив...или спореден ама е битна фаца Дури и криво ми е што остаре, како да не се веќе исти филмовите без него, а и со него, ама поинакви улоги добива. Ама има достојно стареење во професионална смисла, сеуште игра одлични и портретира добри ликови. :up: за Фримен, феноменален е.
Hедела на Пенелопе Круз Пенелопе е актерката на моето детство! Многу ми е симпатична и харизматична, ама акцентот кој го има искрено - ме вади од такт. А нема да негирам дека порано и тоа ми беше симпатично кај неа, ама дали ми здосади и се презаситив од нејзиниот spanglish - не знам. Vanilla Sky е предобар сајнс-фикшн и топло ви го препорачувам. Го имам гледано - многу пати, ни сама не знам колку многу, зашто тоа всушност беше и мојата прва „средба“ со Пенелопето. Ми стана омилена, посакував и јас вакви сцени со хм, па не велам не за Том Круз. Баш ми се убав пар. Не беше лоша и во улога на пиратка, ама не ми беше тоа тоа. Едноставно, не ја замислувам и не можам да ја вклопам во таа улога, а филмот е прилично добар. Или беше добар за време на фамата и корнењето коси кои ги предизвика. Не е мој тип на филм - нема да коментирам. И за крај, најдоброто нешто во кое Пенелопе замешала прсти - барем според мене. Исто - не прашувајте колку пати го извртев цедето од гледање. Имам желба да го гледам Elegy, со Кингсли и се надевам дека ќе го „средам“ во најскоро време и дека ... нема да ме разочара.
Hедела на Чак Норис Сега треба да се пазиме што ќе напишеме за него, да не ни дојде ќе ни каже убаво на сите Искрено со Chuck Norris имам гледано само два или три филма. И мислам дека и толку се доста. Поише го знам од рекламите за Total Gym и од сите тие вицови и зафрканции за него
Hедела на Камерон Дијаз Cameron Diaz порано ја обожавав.Најголем впечаток ми остави во Charlie's Angels и What Happens in Vegas. Овие два филма ги имам гледано по неколку пати и мислам дека никогаш нема да ми здосадат.Во What Happens in Vegas со Ештон ми беа ептен слатки некако си одговараа како пар.Исто така го имам гледано и My Sister's Keeper но не ме воодушеви многу, незнам можеби затоа што улогата и беше таква.И Knight and Day ми се допаѓаше додека во овие новите Bad Teacher и What to Expect When You're Expecting особено Bad Teacher, многу ми беше досаден филмот едвај чекав да заврши.
Hедела на Камерон Дијаз Камерон Дијаз ми е прекрасна во секој поглед, талентирана (ниту премногу, ниту премалку) женствена, згодна и харизматична. Најдобро ѝ лежи жанрот комедија и ги препорачувам следните нејзини филмчиња: My Best Friend's Wedding The Sweetest Thing и What Happens in Vegas. Овие се едни меѓу подобрите. За жал, го немам гледано филмот со кој се прослави - There's Something About Mary, но во план ми е. Иако има споредна улога, за мене една од нејзините највпечатливи улоги ја имаше во Vanilla Sky (2001). Всушност, целиот филм е чудо, и срам да му е на оној кој не го изгледал. И не му се допаѓа. Во My Sister's Keeper конечно видовме една нејзина посериозна страна и многу ми се допадна, и ме трогна, и филмот и изведбата. Последните неколку филмчиња и беа прилична утка, безлични, глупавки и досадни. Во секој случај, никако не смее да се заборави позајмувањето на гласот на принцезата Фиона во Шрек.
Hедела на Камерон Дијаз Камерон како прво, ептен ми е нежна како појава. Кога би била машко, дефинитивно таа би била мојот омилен тип на жена, зборувам за надворешни карактеристики - убава насмевка, убави сини очи, нежно лице. Има минус за фарбата, ама поминува, дефинитивно. Најголем впечаток ми има оставено во The Mask. Мислам, не од типот да ме трогна со некаква си феноменална, фантастична изведба, ами онака ептен убаво се вклопи со лудиот Џим Кери кој ми е преантипатичен и чиј „хумор“ не можам да го поднесам. Исто, не можам, а да не ја спомнам улогата на Натали во Чарлиевите Ангели - најубав ангел ми беше, со тапија! Единствено не ми се допадна во Bad Teacher, т.е. целиот филм ми беше без врска, ама мора да има нешто и од тој калибар, нели ? И кога си ја враќам сликата за сите досегашни филмови во кои сум имала прилика да ја гледам, пак се навраќам на тоа дека и таа е некако еден тип „актерка од моето детство“. И морам да кажам дека многу ми беа симпатични додека одеа со Џастин Тимберлејк - мојата платонска и непреболена, тинејџерска (ма и денешна) љубов. Многу ми беа мили.
Hедела на Камерон Дијаз Многу, многу ми е харизматична. И убава е исто, според мене има преубави очи, насмевка. Ете на мајка ми пак ич не и се допаѓа, вели грозна била . Плава е најубава, ама и како бринета ми се допаѓа. Нози има, да и позавиди човек . Не се сеќавам прво во кој филм ја гледав. Мислам, дека вака од таблоидите почнував да ја приметувам. Кога беше во врска со Џастин. не знам зошто ама пак мене двајцата некако не ми се пар. Оделно, физички и двајцата се преубави ама заедно не ми идат некако. Во комедија е дефинитивно најдобра. Charlie's Angels, на сите ни е познат. Од ангелите секако дека таа ми падна најмногу во очи и најмногу ми се допаѓаше, иако и Дру ја сакам. There's Something About Mary исто ми е смешна комедија, ама некако не беа со Камерон најсмешните моменти. Не ми се допаѓа со кратка коса, никако не и стои ама во филмот беше слатка. What Happens in Vegas скоро го гледав. Позитивно ме изненади оти јас ептен подосаден го замислував. Можеби оти мислам дека беше за малина номиниран. Нема врска, не е воопшто толку лош. She's the One, многу кучкеста ми е таму а филмот како филм не е лош. My Best Friend's Wedding и The Mask, одамна ги имам гледано, на вториот дури не се ни сеќавам многу. My Best Friend's Wedding е добар, иако Џулија стандарт мене ми е депресивна некако кога ќе ја видам во филм, а овде беше таа главна улога. The Holiday можам да кажам дека ми е омилен од неа, кога се работи за такви романса-комедија филмчиња. Омилена ми е сцената кога конечно успеа да заплаче и како рипаше од радост после тоа . И овие стварите кога му ги фрлаше на тој бившиот од тераса . Во My Sister's Keeper и Vanilla Sky ме изненади дека и лежат одлично и поозбилни улоги. Во првиот ми беше баш како што требаше и ликот да и изгледа, заштитнички настроена мајка. Особено во таа сцената кога не дозволуваше девојчето да го однесат на плажа. Да не зборам пак колку сум плакала на филмот. Во Vanilla Sky иако има мала улога, баш е добра во таква психо улога. In Her Shoes е малку необично филмче и воглавно ми се допадна. Knight and Day ми беше баш интересен и смешен, а многу лоши коментари слушнав. Па точно, повеќето работи во филмот беа нереални, ама и таков беше, не бива се во филмовите стварно е изводливо. Баш ми се пар со Том Круз . Убедливо најлош ми е Being John Malkovich. Јас и до ден денес не ја разбрав поентата на тој глупав и безвезален филм. Во Bad Teacher Камерон ми беше единственото позитивно нешто, благо дебилен ми беше некако филмот и за комедија. А да не зборувам пак на Џастин колку крш му беше улогата. Иако женава освен со Џастин не сум прочитала нешто да е била во друга така подолга врска . Знам дека со Мет Дилан беше порано, за сега не знам со кој е.
Hедела на Том Хенкс Ех за Том Хенкс морам да прокоментирам Едни од омилените филмови ми се токму со него. Како прв ќе го наведам The Green Mile, филмот што го имам гледано од најмали години, и тоа многу пати како што поминуваше времето. На било која возраст, не можев а да не пуштам солзи. Инаку тој е чувар во еден затвор, а воедно и единствен што ќе му поверува на еден невин затвореник што е погрешно осуден на смртна казна. Том Хенкс сака да помага на оние затвореници кои им е потребно, има чисто срце. Во филмов преовладува контраста меѓу доброто и злото, а и иронијата што добар човек (со одредена моќ да исцелува) е во затвор, а пак еден чувар од затворот извира од злоба. Да не ви ја кажувам приказната сега. Секој што не го гледал, топло го препорачувам. Друг на листата ми е Forrest Gump. И ова филмче ми е од мали години гледано. Претставен како човек со потпросечна интелигенција кој седи на клупа во паркче чекајќи автобус. Со куферче полно со спомени, и бомбоњера со која ги послужува сите оние што ќе седнат до него, а воедно и го раскажува целиот свој живот. Ниту овој филм не може да те остави рамнодушен, исто го препорачувам. Трет што ќе го кажам е The Terminal. Многу ми е жален Том Хенкс во филмов, а воедно и многу смешен и комичен. Негова цел е да влезе во Америка (кој по слетувањето е задржан на аеродромот поради наеднаш неважечки пасош бидејќи Америка не го признавала постоењето на неговото родно место каде имало војна) и да земе автограм од последниот џез музичар од една слика со музичари која ја поседувал татко му, кој починал без да го земе последниот автограм. Полн е со харизма и сите вработени на аеродромот го засакуваат. Во филмов е доловена љубовта кон татко си и среќата што ја завршил мисијата негова. Секако и овој го препорачувам! П.С сега баш читајќи на Википедија открив еден многу интересен податок што не сум го приметила во филмот, срам да ми е Местото од каде потекнува се кажува како Krakozhia, и на Википедија ова го пишува: in one of the scenes, a map of Krakozhia is briefly displayed on one of the airport's television screens during a news report on the ongoing conflict. The country's borders and location are those of the Republic of Macedonia. Со самото спомнување на Том Хенкс веднаш ми текнуваат овие 3 филма. Можеби сум пропуштила некој, но овие ми се дефинитивно омилени. Полни се со емоции и совршено обмислени приказни.
Hедела на Том Хенкс Ме изнасмеа за ова со Македонија, ете ни идеа за име. Одамна немам коментирано, ама Том Хенкс не се пропушта. Дефинитивно еден од најдобрите актери и заслужува само позитивни коментари. Форест Гамп ми е еден од омилените филмови и неговата изведба таму беше фе-но-ме-нал-на. Терминалот го гледав пред некоја година, и ми остави одличен впечаток. Последниов негов филм Cloud Atlas, беше исто така одличен. Сам ли си ги бира улогите, него ли го бираат, не знам ама мислам дека лош филм човеков не прави. Во Да Винчи исто беше одличен, модерен Индијана Џонс. Му лежеше и онаа романтична страна во Sleepless in Seattle и You've got mail. Catch me if you can и таму беше одличен. Имам неколку филмови со него што уште не ми се изгледани ама ќе бидат. Еден филм на ТВ1000 мислам 100 пати го даваа ама никако не го начекав од почеток, Тhe Ladykillers морам да го гледам. И уште мал милион, ене ги ми ја полнат вачлистата на имдб.
Hедела на Кристоф Валц Ако треба да се опише со само еден збор, би рекла - ЅВЕР! Предобар актер, има толку силно присуство, дури и во споредна улога ми е неописливо моќна појава. Го забележав во Inglourious Basterds и убедливо го украде филмот. Значи никој, ни Бред Пит, ни Шошана, ама баш никој, освен Кристофер Волц. Би го препорачала Water for Elephants (прекрасно ја долови улогата на негативец и - пак ќе кажам, имаше посилни емоции и присуство од двајцата главни актери), новата верзија на The Three Musketeers каде што го игра Кардиналот Ришеље, и едно предобро, кратко, но забавно филмче, каде што игра покрај Џоди Фостер и Кејт Винслет - Carnage. Останува да го погледнам Django Unchained, кој немам сомнеж дека е предобар, и посакувам да му даваат многу подобри и поквалитетни улоги. Драма и акција му лежат најдобро според мене. Мене ми е и симпатичен.