1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Кристоф Валц

    Еден од најдобрите, најталентираните актери моментално.
    Сосема заслужено го освои вториот оскар во неговата досегашната актерска кариера, иако ќе нагласам повеќе впечаток ми остави со улогата во филмот Неславни копилиња на Тарантино.
    Ја започнува кариерата уште пред 34 години, глумејќи во австриски и германски филмови и серии, потоа има ангажмани во неколку американски филмови и серии но сето тоа без поголем успех, се до 2009 година кога е ангажиран да толкува една од улогите во филмот Неславни копилиња на легендарниот Тарантино, од тој ден почнува нов стадиум во неговата актерска кариера, доаѓа до израз неговиот талент, врвни актерски способности кои ги поседува, кое го крунисува со оскар.
    Одлично одигра и во филмот Carnage покрај исклучителните Џоди Фостер, Кејт Винслет и Џон C. Рејли.
    Наскоро ќе го гледам и филмот Water for Elephants.
    Од овој актер кој поседува огромен талент и потенцијал и во иднина очекувам поденакво добри улоги, насетувам во наредниве години да се закити со уште некоја номинација и оскар.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Кристоф Валц

    Hедела на

    audrey hepburn

    [​IMG]
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Одри Хепберн

    Ha барање на Bооmsleng недела на

    Carey Mulligan

    [​IMG]
     
  4. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Кери Мулиган

    Кери Малиган
    Што да се каже за девојкава освен екстемно, исклучително талентирана, актерка со огромен потенцијал, капацитет, девојкава поседува врвни актерски квалитети, премногу ја испофалив, можеби сум пристрасен, субјективен но јас во неа се вљубив откако го гледав филмот An Education, тотално ме освои со феноменалниот перформанс на младата, наивна, неискусна девојка Џени Мелор која падна во искушение и се вљуби во заводникот Дејвид Голдман кој е доста повозрасен од неа.
    Оваа млада британска актерка својата кариера ја започнува на свои 20 години со улога во филмот Гордост и Предрасуди на режисерот Џои Врајт играјќи покрај Кеира Најтли, Метју Мекфајден.
    Потоа игра во филм за Агата Кристи за TV
    Исто така толкува улоги во неколку серии
    Својот врв го достигнува со неповторливата, исклучителната, феноменалната улога во филмот An Education за кој и ја добива својата прва номинација за оскар за главна женска улога, филмот е одличен, препорачувам да го погледнат сите кои не го гледале, носи силни пораки и е доста поучен особено за млади, неискусни девојки кои допрва зачекоруваат во светот на возрасните и се наоѓаат пред бројни искушенија и дилеми кои им ги носи суровиот, реален свет. И покрај бројните искушенија, предизвици пред кои беше исправена Џејн, пред бројните дилеми со кои се соочуваше, беше на раскрсница, сепак на крајот преовлада разумот и донесе правилна, долгорочно позитивна животна одлука.
    Исклучителен перформанс даде и во филмот Never Let Me Go на режисерот Марк Романек, исто така во филмот ми се допадна улогата и на Ендрју Гарфилд за кој сметам дека е талентиран актер кој во филмот даде доста во позитивна смисла, ми се допадна и улогата на Кеира Најтли.
    Одлична беше во филмот Drive на режисерот Николас Виндинг Рефн, иако улогата и беше споредна сепак остави свој печат белег, играјќи покрај исклучителниот Гослинг.
    Многу ми се допадна нејзиниот перформанс во контроверзниот филм на Стив Меквин, Shame, играјќи улога на сестра на Мајкл Фасбендер кој беше исклучителен со неговата улога во филмот, според мене улогите на двајцата заслужија номинација за оскар. Препорачувам да го гледате филмот Shame, мислам дека е одличен иако на некој начин е и контаверзен, кој како ќе го доживее.
    Имаше исто така добри улоги во следните филмови Public Enemies, Brothers, Wall Street: Money Never Sleeps.
    Годинава игра во филмот Големиот Гетсби покрај Леонардо ди Каприо, Тоби Мегваер, на режисерот Баз Лурман, мислам дека филмот ќе биде голем хит, еден од најгледаните и еден од најсериозните кандидати за оскар во повеќе категории.
    Покрај Големиот Гетсби оваа година има улога и во филмот Inside Llewyn Davis на феноменалните браќа Итан и Џоел Коен, покрај одличниот Џон Гудман и Џастин Тимберлејк.
    За последниве два филма очекувам исклучителни перформанси од Кери и сигурен сум дека за еден од двата филма ќе добие номинација, но уште повеќе очекувам да го освои оваа година својот прв заслужен, долгоочекуван оскар во нејзината досегашна актерска кариера, таа 2009 година беше направена огромна неправда при доделувањето на оскарите, наместо оскарот да замине сосема заслужено во рацете на Кери, оскарот го доби Сандра Булог чиј перформанс беше далеку послаб за разлика од оној на Кери.
    Да сублимирам се работи за исклучително талентирана актерка, една од најдобрите од помладата генерација пред која стојат огромни филмски предизвици кои сигурен сум дека успешно ќе ги совлада, и предстои блескава кариера исполнета со безброј номинации и оскари.
     
    На JuLleE, Trendafilka и kravce им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Кери Мулиган

    Лудо ма, а Марионка :wasntme: :D

    Кери Мулиган мислам дека ја открив со Аn education, одлично филмче. Беше прекрасна, млада девојка заљубена во погрешниот човек. Костимографијата :up: Приказната не беше нешто невообичаена, ама Кери одлично си го одигра својот дел и навистина стави свој печат на филмот.
    Ја приметив и во Гордост и предрасуди, кој го мразам :D поради лошиот пренос на книгата, но Кери како младата Кити ми се допадна. Во сличен стил, Остиновски, ја приметив и во Northanger Abbey, лицемерната Изабела, спонзоруша :D Имаше некоја посебна енергија со која го пренесе ликот, па иако не ми се допадна филмот, сепак ја запаметив.
    Ќе го издвојам The Greatest, оти си плачев на филмов :$ а Кери повторно се издвои со својот лик од филмов и воопшто не заостана зад Сузан Сарандон. Филмот е навистина емотивен и потежок, ама Кери е некако...светлата точка со својот лик :)
    Го симнав Never Let Me Go токму поради Кери и повторно не се разочарав. Во Drive секако дека преовладуваше Гослинг, затоа што феноменално си ја заврши работата, но и Кери беше одлична.
    Ја следат успеси постојано, филм по филм, и иако е прилично млада и нова актерка мислам дека нема промашено улога. Ептен професионално работи, има впечатлив лик, убава, талентирана. Веројатно влегува во категоријата, кој филм и да е, ако е со Кери мора да е добар.
     
    На JuLleE, figgiMK, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Кери Мулиган

    [​IMG]

    Hа барање на Kравче, оваа недела коментираме за

    Marion Cotillard
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Мерион Котилард

    Тотално опседната сум со нејзиното лице. :) Ме фасцинира нејзината појава, совршена грациозна жена.
    [​IMG]
    Првпат ја забележав во Inception и ме освои сосем.
    Ми се допадна и во Midnight in Paris, а во новиот The Dark Knight Rises комплетно го украде моментот.
    Мислам дека е прекрасна и многу талентирана и посакувам да се појави во многу поквалитетни и забележливи улоги.
    Следен на листата за гледање ми е нејзиниот најпознат - La vie en rose.
    Имаше мала споредна, но интересна улога во францускиот Un long dimanche de fiançailles (A Very Long Engagement) покрај Одри Тату во главната улога, и филмот е бонбона.
    Го препорачувам за душа.
    :)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Hедела на Мерион Котилард

    Ах, Марион!

    Кој не го гледал La Vie en rose, а сака да си се поплаче фино, нека го гледа со сета своја страст.

    Актерка која покрај својата природна срамежливост и страв пред камери (ја гледав на интервју пред сесиите за Вог, душа е колку е тивка, спонтана), е толку енергетски силен лик, што конкретно, за персонифицирањето на Едит, се дала 100 %.

    Мека како памук, а силна во изразот.
    Права Европска дама. Многу ја почитувам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Мерион Котилард

    Лепотава е само за поздрав колку е супер и колку е добра во она што го прави !!!
    од мене гледам дека го нема ставено филмов кој игра заедно со сегашната љубаф ( хихих)
    Jeux d'enfants(Love Me If You Dare)2003
    [​IMG]

    Топла препорака за вас Феминки/фемини да го гледате !!
    Мислам дека уште повеќе ќе ви влезе под кожа.

    п.с. ја има и во ТАХИ хихи колку ја сакав и таму ... é треба да го изгледам пак ! :lol:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Мерион Котилард

    Марионка, прекрасна, прекрасна Марионка :)
    [​IMG]
    нежна, женствена, сексапилна, талентирана. Верувам дека никој, ама баш никој не можеше да ја пренесе Едит Пјаф како неа. Професионалност максимално, чинам совршена беше. Секој еден дел, во заљубената Едит, во љубовта кон музиката, во борба и тврдоглавост и...не знам, комплетниот лик со сите негови делови. Навистина прекрасна.
    Такси е многу далеку чинам сега, блед ми е, ама имаше енергичен лик чинам. Истото и со Love me if you dare, иако на македонски мислам дека би одговарал преводот Вистина или предизвик :) потполна спротивност на карактери, верувам со нејзиниот затоа што има толку нежна појава. Тек па во A good year со Расел Кроу. Убавина.
    Како Адриана во Полноќ во Париз одлично ми се вклопи. Токму така и би си го замислувала тој лик. Во Inception беше моќно секси. Особено и се израдував во најновиот дел на Бетмен. Потполно ме превари и по не знам кој пат се докажа како одлична актерка.
    Јас ја обожавам. И ликовите што ги глуми толку добро ги пренесува, како да се дел од неа. Заслужен оскар, тоа дефинитивно.
     
    На boomsleng и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Мерион Котилард

    Boomsleng

    Jessica Chastain

    [​IMG]
     
    На boomsleng и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џесика Частеин

    Ааааа Џесика си ја обожавам. Преталентирана актерка. Има талент и треба да ја наградат со еден оскар. Иако ја немам гледано во многу филмови, во тие во кои ја имам ми има оставено многу голем и добар впечаток. За прв пат ја видов во The Help и многу ми се допадна таму. Многу добро одглумено а воедно беше и преслатка. Потоа ја гледав и во Zero, Dark Тhirty, а дека одлично има одглумено докажува фактот дека беше номинирана за Оскар и за двата погоре споменати филмови. Сега на листата за гледање ми се Mama, Lawless(од кој имам многу големи очекувања) и The Three of Life во кои се надевам нема да ме разочара туку само ќе ми го зацврсти моето мислење што го имам за неа.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Џесика Частеин

    Марион Котилард
    Исклучително талентирана, феноменална актерка, доаѓа од Европа поточно по потекло е французинка, родена е на 30 Септември 1975 година во Париз, кариерата ја започнува пред 19 години далечната 1994 играјќи во серијата Highlander, со текот на годините следуваат ангажмани во голем број филмски проекти. Својот врв го достигна со феноменаната изведба на Едит Пјаф во автобиографскиот филм Живот во розево на славната, ненадминливата Пјаф, за кој и сосема заслужено го освои нејзиниот прв оскар за главна женска улога. Јас ја забележав во овој филм и ми остави длабок впечаток на особено талентирана актерка која блеска и како актерка но и како физикус - поседува убавина која плени, неможе да остане незабележана, просто ве освојува со својот физички изглед. Имаше исто така добри перформанси во следните филмови Public Enemies - играјќи покрај Џони Деп, Кристијан Бејл, ми се допадна нејзината улога и во мјузиклот Nine на режисерот Роб Маршал играјќи покрај Пенелопа Круз, Даниел Дел Луис, Никол Кидман, Џуди Денч, Софија Лорен, Кејт Хадсон, Ферги. Исто така имаше добар перформанс во одличниот филм Inception, ми се допадна и во филмовите Полноќ во Париз на Вуди Ален и во филмот Contagion на Стивен Содреберг, одлична беше во извонрендниот The Dark Knight Rises на маестралниот Нолан.
    Сакам сега посебно да напишам за еден филм кој го гледав пред неколку месеци и каде премногу ми се допадна улогата на Марион а тоа е филмот (Rust and Bone) - Р ѓа и Коски, за овој филм сметам дека требаше ако не друго барем да добие номинација за оскар бидејќи и го заслужи тоа.
    Препорачувам да го гледате филмот Р ѓа и Коски http://www.imdb.com/title/tt2053425/


    Џесика Честејн
    Инзворендна актерка, исклучително талентирана, за прв пат ја забележав во филмот The Debt играјќи покрај Хелен Мирен, Сем Вортингтон, Том Вилкинсон, во филмов го препознав нејзиниот талент кој го поседува, го препорачувам филмов да го гледаат сите љубители на шпиунски филмови, обработува тематика во врска со ловот на нацисти кои се сторители на тешки воени злодела во текот на втората светска војна, а кои подоцна се мета на израелската разузнавачка служба Мосад со цел да бидат детектирани и уапсени долги години по војната, на сите оние кои сакаат ваков тип на филмови топло им го препорачувам да го гледаат филмот The Debt.
    Исклучителен перформанс имаше во филмовите Take Shelter и The Tree of Life.
    Посебно би го истакнал нејзиниот извонреден перформанс во најдобриот филм во 2011 година ремек делото The Help, каде бриљира и сосема заслужено ја добива номинацијата за споредна женска улога покрај Октавија Спенсер која и го освои оскарот за споредна женска улога, и Виола Дејвис која имаше номинација за најдобра актерка.
    Ми се допадна и во филмот кој е вистинска приказна Texas Killing Fields играјќи покрај Сем Вортингтон и Џефри Дин Морган.
    Солидно одигра и во Lawless покрај Том Харди, Шија Лабуф, Гај Пирс, Миа Вашиковска, Гери Олдман на режисерот Џон Хилкот
    На крајот ќе напишам за нејзиниот врв а тоа е улогата во филмот Zero Dark Thirty на Кетрин Бигелоу за кој и доби 2012 година сосема заслужено номинација за оскар за најдобра актерка.
    Се на се се работи за исклучително талентирана актерка, една од најдобрите актерки во Холивуд пред која стојат голем број филмски проекти за кои сум сосема сигурен дека ќе остави траен белег и конечно ќе се закити со оскар кој потполно го заслужува.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џесика Частеин

    Да смениме оваа недела малку, одиме со Samuel L. Jackson, а понатаму пак се враќаме на жените, такви ми предложувате :D

    [​IMG]
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џесика Частеин

    boomsleng-

    Jennifer Lawrence

    [​IMG]
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  16. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Џесика Частеин

    Џенифер Лоренс
    Млада, убава, исклучително талентирана, актерка со огромен потенцијал и квалитети, вака јас ја доживувам една од најдобрите актерки од помладата генерација во Холивуд.
    Кариерата ја започнува доста млада на 16 години со улога во филмот Company Town потоа толкува улоги уште во неколку други филмски остварувања како Garden Party, The Poker House, The Burning Plain и други.
    Вниманието на филмската критика и пошироката јавност го привлекува со исклучителната улога во филмот Winter's Bone за кој и ја добива својата прва номинација за оскар за главна женска улога во 2010 година на свои 20 години што за нејзе преставува вистински успех но и потврда за исклучителните актерските квалитети кои ги поседува. Во филмот Winter's Bone доминира и преовладува ликот и карактерот на Ли девојка која е во потрага по својот мистериозно исчезнат татко, цврсто е решена да оди до крај во својата намера и цел да го пронајде, во филмот таа ја демонстрира цврстината на нејзиниот карактер, одлучноста, решителноста, непоколебливоста да се оди до крај без оглед на препреките на кои ќе наиде во текот на потрагата. Одличен перформанс во филмот има и актерот Џон Хокс кој игра улога на чичко на Ли (Џенифер), еден од новооткриените таленти, актер кој многу ми се допаднал во оваа но и во неколку други улоги со што ја потврди, зацврсти, забетонира неговата репутација, талент и квалитети кај филмската критика и секако најважното кај публиката која е најдобар критичар и валоризатор на филмовите и актерите, без кои филмовите се ништо. Овој актер многу ми се допадна и во следниве филмови Martha Marcy May Marlene и особено во овој филм The Sessions каде одигра феноменално покрај Хелен Хант и Вилијам Х Мејси - топла препорака да го гледате овој филм.
    Добро одигра и во филмот The Beaver (Дабар) покрај Џоди Фостер, Мел Гибсон, Антон Јелцин.
    Многу ми се допадна улогата на Џенифер во хоророт, психолошкиот трилер Куќата од крајот на улицата.
    Одлично одигра во филмот Игра на Гладните една од нејзините најдобри и највпечатливи улоги во 2012 година.
    Својот врв го достигна со улогата во филмот Silver Linings Playbook на режисерот Дејвид О Расел за кој беше номинирана за оскар за најдобра актерка и го освои оскарот сосема заслужено, во филмот Џенифер демонстрираше моќен перформанс достоен за оскар заедно со Бредли Купер кој беше неверојатно добар, доста добро и парираше во квалитетот на својата актерска изведба која мене лично ме изненади во позитивна смисла, не очекував толку многу од него.
    Во иднина очекувам подеднакво добри улоги од страна на оваа исклучително талентирана актерка, со исто така голем број номинации и оскари.
     
    На figgiMK и xxx-ba им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џенифер Лоренс

    Hа барање на Aнат

    [​IMG]

    clive owen
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Клајв Овен

    Недела на tom hardy :)
     

    Прикачени фајлови:

  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Hедела на Клајв Овен

    ^
    Типов само во Оркански височини сум го видела и толку. Многу е убав. И одлично му легна улогата на Хитклиф. Тоа од мене :D
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Клајв Овен

    Tom Hardy прво го забележав во Inception и веднаш ми влезе во очи, како секси убав маж, но и добар глумец.
    [​IMG]
    За разлика од Џерард Батлер кој ми е како прасе и некој ред нек необрусен (споредбава - зашто ги споредуваат) :D , Том Харди ми има некоја префинета жичка и мислам допрва дека доаѓа неговото време со подобри и поквалитетни улоги.
    Подоцна видов дека има и мала, споредна улога во RocknRolla.

    Ми се допадна и во Tinker Tailor Soldier Spy.

    Bronson (2008) ми го испофали дечко ми, рече дека му е најквалитетен филм досега, и Харди бил тотално непрепознатлив, а филмот малку тежок за варење, па некако му се токмам за гледање уште.

    Најутка филм му е секако This Means War со Риз Витерспун и Крис Пајн. Филмот е просто глупав, сигурно му требале пари, па си рекол - ај ќе снимам и вакво срање во боја.

    Се надевам нема да му се повтори, човекот заслужува многу подобри филмови.
    :)