Hедела на Клајв Овен Мене во DArk knight rises ми се допадна ептен,човекот гарант се соживеал со улогата чим дозволил толку да го угрдат и здебелат во this means war потајно си навивав за него многу убав маж,шармантен
Hедела на Том Харди Том Харди Солиден актер чии талент дојде до израз последниве неколку години, покажувајќи ги своите актерски способности во неколку филмски проекти. Ми остави најголем впечаток, го привлече моето внимание во филмот Воин(Warrior) играјќи покрај Ник Нолти кој беше исклучителен во филмот и Џоел Едгартон кој беше исто така доста добар. Улогата во филмот Воин му беше доста добра, но сепак би рекол дека повеќе ми се допадна филмот како приказна, концепт отколку перформансите на актерите, топла препорака до сите да го гледате филмот Warrior нема воопшто да згрешите, филмот е вистински погодок еден од најдобрите филмови за 2011 година. Исклучително добар перформанс даде во улогата на негативецот Бејн во најновиот филм на маестралниот Кристофер Нолан The Dark Knight Rises одлично завршена задача од страна на Харди со еден голем плус на неговото конто на успешно реализирани филмски улоги Имаше добра улога во филмот Tinker Tailor Soldier Spy на режисерот Томас Алфредсон, велам добра не исклучителна затоа што столбот, носителот, оној кој доминираше во филмот беше Гери Олдман со неговата феноменална, исклучителна, маестрална улога за кој според мене требаше и да го освои оскарот за главна машка улога за кој и беше номиниран таа година, Гери Олдман беше измислен за улогата на шпиунот Џорџ Смајли, да бирале не можеле да одберат подобар за оваа улога, во секој поглед ги задоволуваше најстрогите критериуми на однос, држење, став, ноншалантност, резервираност и сите особености кои треба да ги поседува еден врвен шпион од тој ков. Ми се допадна улогата на Харди и во филмот Lawless вистинска приказна, доста добро ја одигра улогата покрај исто така талентираните Шија Лабоф, Миа Вашиковска, Џесика Честејн, Гери Олдман на режисерот Џон Хилкот. Топла препорака за филмот Lawless Сум со намера да го гледам филмот Bronson колку што знам се работи за вистинска приказна, очекувам да биде добар филмот и секако добро одиграна улогата од страна на Том Харди. Воглавно тоа се филмовите кои сметам дека е вредно, значајно да се истакнат во кои Хадри даде свој печат, белег, придонесе за подобрување на квалитетот на самите филмови со својот акатерски талент и квалитет кој неспорно го поседува. Во иднина очекувам исто така добри перформанси од овој надежен, талентиран актер кој се надевам ќе даде многу повеќе, каде ќе дојде до израз неговиот талент во филмови и улоги во кои може најповеќе да даде, да придонесе, и еден ден да се закити со најпрестижната награда златната статуетка -оскарот, сон, лична сатисфакција, валоризација на талентот, вложеното од секој актер, актерка во филмската индустрија.
Hедела на Том Харди Доволно е Warrior да се погледне и да се види колку е он уствари Секси и право Мажиште
Hедела на Кирстен Данст Mojoт симпатија. Преубав ми е со тоа зелените очишта, ептен паѓам на вакви црни со џиш очи. Освен во Хари Потер, го немам гледано во ниту еден друг филм, а би требало да ги има. Мислам дека има што да покаже околу глумата, ама тешко дека тоа би излегло на виделина во ваква тематика како што ја имаше таму. Многу ми е харизматичен, на моменти ми е како недораснато глупле, ама сепак имам убаво мислење за него. Не си го давам јас така лесно симпатијата од прво одделение. Многу сакав да се спојат со Ема Вотсон, мислам дека тоа ми е една од неисполнетите желби. Прекрасни ми се заедно и мислам дека би биле добар пар.
Hедела на Бредли Купер Бредли Купер Кариерата ја започнува 1999 година играјќи, толкуваќи улога во хит серијата Сексот и градот ова го истакнувам, напоменувам како куриозитет, податок од неговата професионална биографија. Досега има ангажмани во вкупно 46 филмови и серии, доста солиден ангажман за период од 14 години, за разлика од некои доста етаблирани глумци кои истите ангажмани ги имаат во период од 30 години. Ми остави впечаток го забележав во филмот Limitless на режисерот Нил Бургер играјќи покрај Дениро и Аби Корниш, одличен перформанс, доста се истакна со улогата во филмот што неспорно му го трасираше патот за ангажмани во други филмски проекти. Стандардно добар е во улогата на филмскиот хит серијал The Hangover заедно со Ед Хелмс, и Зак Галифанакис. Имаше добра улога во трилерот, хоророт Case 39 играјќи покрај одличната Рене Зелвегер. Својот врв во досегашната актерска кариера го достигна со улогата во филмот Silver Linings Playbook на режисерот Дејвид О Расел, играјќи покрај извонредно талентираната Џенифер Лоренс, Бредли во филмот се покажа во максимално позитивно светло, се внесе во ликот, улогата ја изнесе исклучително моќно, уверливо, и парираше подеднакво добро на Џенифер, сосема заслужено ја доби номинацијата за оскар за главна машка улога. Филмот The Place Beyond the Pines е последниот филм кој го гледав каде Бредли игра една од главните улоги, исклучително квалитетна крими драма - ми остави многу добар впечаток, една од подобрите крими драми кои ги имам гледано во последниве неколку години, квалитетно направен и издржан филм, со исклучително добри перформанси од страна на Рајан Гослинг, Бредли Купер, добар перформанс од Ева Мендес, исто така ми се допадна улогата од еден млад актер кој прв пат го забележувам во филм а тоа е Дејн Дехаан мислам дека дечково има потенцијал. Да сублимирам Бредли Купер има потенцијал, квалитети кои неспорно дојдоа до израз во неколку досегашни филмски проекти каде има оставено свој печат на исклучителен актер, очекувам и во иднина добри улоги, по некоја номинација за оскар, и секако оскар што е сон и желба на секој актер /актерка во филмската индустрија.
Hедела на Бредли Купер Бредли Купер Не ми е којзнае колку убав и згоден глумецов ама го бива за глума.Не сум гледала многу филмови со него ама во Silver Linings Playbook ме воодушеви! Заедно со Џенифер ептен добра ја одигра улогата што му беше доделена, секоја чест. Првиот филм кој го гледав со него е всушност All About Steve и ме иритираше многу.Незнам можеби таква му била улогата.Најдов и еден цитат: Steve: Oh, Jesus! She's got a machete! Where the hell did she get a machete? Oh, man! She's gonna pluck my eyes out, man! She is gonna carve my eyes out and she's gonna make me eat them! Патетичен беше И тој (како и сите популарни глумци) се појави во Valentine's Day ама со многу лоша флизура. Други филмови мислам дека не сум гледала со него ама планирам да го гледам The Hangover 1 и 2 дел додека сеуште не е излегол третиот со добра снимка.
Hедела на Роберт Де Ниро Човеков го обожавам, до толку што го отворив на imdb и изгледав по ред 90% од неговите филмови и немаше еден каде што не одиграл одлично. Сите ги препорачувам