Hедела на Том Круз Искрено и после сите негови глупости, суште ми остана еден од омилените актери! (јас го предложив ) Ги имам гледано, голем дел од неговите филмови, и сум апсолутен фан на неговата глума. Но во послениве години, на професионален план искрено забушава. Прв пат мислам дека го гледав во Топ Ган, мала бев го даваа на тв и како секое мало девеојче ми беше најголем crush Aли кој не ми се заљубил во него во топ ган-фраериште беше таму Сметам дека е одличен глумец, има играно во тешки и добри улоги како во Магнолија, Rain Man, Minority Report, Eyes wide shut. Неможам да кажам дека како личност го сакам, но како глумец е неоспорно. Од поомилени филмови кои навистина сметам дека треба да се гледаат ми се-Top Gun,The Firm, Jerry Maguire, Risky Business, Rain Man, Minority Report , и Collateral. Посебно му ги сакам Rein Men и Minority Report. Најомилена улога, дефинитивно во малцински извештај-Chief John Anderton. Му се дивам во тој филм, и ми е останат одамна во паметење, иаку не сум фан на sci-fi баш. Реин Мен, има добиен 4 оскара но мисламдек во него се истакна Дастин Хофман, иако и Том не беше лош, т.е одличен беше. Јас Magnolia, Eyes wide shut и Vanila Sky ги ставам во категорија најчиди филмови кои сум ги гледала. Не ги сакам, но не ги ни мразам.Специфични ми се, некако ми се чини дека вистински му одговараат на негова личност. Е сега за фамозниот Невозможна мисија-привот ми беше ексра добар, требаше 2 пати да го гледам, за да сватам убаво што се случило,Вториот ми беше сеуште интерсен а и девојката бешемногу екстра,третиот не го ни памтам искрено,веќе од тука почна да ми се повраќа од Итан Хант. Четврртиот нема ни да го гледам,петиот иако има, исто. Незнам од кога мисли Том да го спаува светот,досаден е. Од War of the Worlds oчекував повеќе, некако мене воопшто не ми оставаи впечаток, и глума и вооптшо цел филм. The Last Samurai го гледав дури ви кино, ако бев 13-14 години и уште тогаш ми беше просечен филм.Не сум љубтел искрено на азиската кулутра, не ја ни познавам ниту сакам да гледам вакви филмови, јас искрено не би го гледала пак. Најлошото од него е Knight and Day и Коктел Коктел е жива смешка, језда е стар но е досаден филм искрено. Lions for Lambs e еден од ретките што не сум го гледала, а актерскава екипа е сон. Роберт Реворд и Мерил Стрип а толку слаба оцена, ме чуди малку, но сигурно ќе го гледам. Има еден филм Born on the Fourth of July а интересното е што на 3 Јули роден Го сакам сеуште иаку нема добар филм после Колетерал, но се недевам дека ќе се разбуди конечно веќе. За фрката со сциентологијата нема да коментирам мислам дека тука ми падна многу рејтинг и ценетост како актер. Штета, ако е малецко маже, убаво човече е и талентирано
Hедела на Том Круз Првиот M:I, беше добар, иако малку бавен и развлечен. Вториот - и мене најомилен дел ми беше Тенди Њутн, преубава, пренежна актерка, иако приказната ми беше најслаба од сите 4 делови. Многу ги фураа маските. Хипстер - скар за третиот дел. Според мене најдобриот, има таква дрим тим екипа - Том Круз, Џонатан Рајс Маерс, Меги Кју (Никита) и Филип Сејмур Хофман како негативец. Цел филм се врти околу rabbit foot, а не ни дознавме што е. И приказната е многу интересна и возбудлива, само женичката што му ја одбраа на Итан во филмот беше утка. Мене таа клот фацка ми е никаква, али нејсе. Во четвртиот имаше многу гаџети, признавам, ама пак беше интересен. И не знам искрено што се очекува од таков жанр на филмови, треба да го одржува вниманието и да е забавен. Нема логика, нема многу реалност, исто како Умри машки на времето. Наравно дека Том Круз секогаш ќе го спаси светот. Исто, многу тапа филмче. Штета. За најлошото нешто - потполно си во право, првиот не го ни догледав, за Коктел не се ни осудувам после трејлерот, ти верувам. Lions for Lambs иако има собрано одлична актерска екипа, веднаш ќе ти кажам дека тапка во место, монотон, сувопарен и без некоја особена поента. Ќе зеваш додека го гледаш. Многу просечен, накај лош.
Hедела на Том Круз ^Можеби фрката со Невозможна мисија е што не сум љубител на акции. На мајка ми многу и се свија сите и 4ртиот не сум и го пушитила ќе ме тепа Можеби затоа не го сакам баш баш, али првиот мене ми беше етен гуд Без здив го имам изгледано. Повеќе сум за драми, Rain Men го обожавам и ми е во топ 10 филмови, искрено. А како ми се пикна под кожа Малцински извештај незнам,ама заразен филм отскокнува од мојот шаблон на омилени филмови. Ветувам ќе и дадам шанса на Невозможана мисија 3ката посебно, ма да и 5ка ќе има за 2 години. И Топ ган 2 Знам дека нема да го гледаш ама да ти кажам П.с Има некој си нов дригата недела е прмиера-Rock of Ages http://www.imdb.com/title/tt1336608/ Mјузикал е, се тоа океј, ама Том Круз и те како сакам да го чујам да пее Комедии ќе биде само по себе он
Hедела на Том Круз Жими Топ Ган само. Мене Том Круз ми е крајно одбивен и по дефолт му ги рипам филмовите. Ако начекам на тв, ќе глеам, ама да симнам со цел некој филм со него...ма јок. Незнам зошто, од старт ми беше само прити фејс, така Холивуд го промовираше, а мене ич не ми се сфиѓаше...дотолку што мислам дека во секоја улога ист е, исти фаци прави, исти дијалози, погледи...некако како да нема нешто различно од него...или можеби јас не сум видела. A ете, сум го гледала и Невозможна мисија и Очи широко отворени и Небо од ванила...значи различни и добри филмови и пак истиот впечаток Па тоа насмевката кога ќе му ја видам...
Hедела на Натали Портман Омилена глумица ми е Натали. Многу добро глуми, мислам дека нема ни потреба да зборам за тоа. И многу ме чуди кога некој ќе каже дека не била баш толку добра како што ја правеле . Женската е стварно талентирана и тука нема збор. Можеби една од најталентираните актерки на денешницата, ма со сигурност. Мислам дека досега двапати беше номинирана за оскар, од кои еднаш освои. Се надевам дека ќе освои повеќе оскари во иднина, баш заслужува. Инаку што се однесува до филмовите, повеќето и ги имам гледано. Сега има некои кои не сум ги гледала и се канам веќе долго време ама кај и да е и тоа ќе биде. Омилен ми е Black Swan. Филмот е совршенство, ретко некој филм да допрел толку до мене. Да не се повторувам, ги кажав импресиите во темата за филмот. И повторно не ми е јасно кога некој ќе рече дека е преценет филмот и дека воопшто не е толку добар. Според мене гледале во празно и не го сфатиле баш филмот. Сепак за вкусови се работи ама на фанови на таков тип на психолошки трилери мислам дека не е можно да не им се допадне такво ремек дело. Глумата на Натали совршена, сосема заслужено си зема оскар. Исто од другите нејзини филмови ми се допаѓаат The Other Boleyn Girl, Brothers, Closer... Во The Other Boleyn Girl ми е особено добра нејзината глума а и доста комплексен лик играше и многу ми се допадна како го произнесе сето тоа. За Brothers не сум слушнала којзнае колку добри критики а мене пак баш ми се допадна тој филм. Дури и меѓу омилените од Натали би го ставила. Сега ми е во план The Other Women да го гледам затоа што по инсертите ми делува како ептен добар филм, дури се чудам како досега не сум го погледнала. Сакам драми па ваљда затоа и ми се допаѓа Натали како глумица, оти претежно глуми во драми и трилери. Еден од подосадните нејзини филмови ми е My Blueberry Nights. Некако воопшто не ми се допадна тој филм и воопшто не најдов некоја смисла во него. Тој би го издвоила како понеомилен. За No Strings Attached исто така немаше многу позитивни критики ама мене пак баш ми беше супер филмче. Онака за опуштање беше одличен, па и конечно во поразлично издание да ја видиме. Мене ми беше баш интересна во тој филм. Léon: The Professional филмот кој ја прослави, верувале или не го немам гледано. Или можеби го имам гледано порано, како низ магла се сеќавам. Така да и тој ми е на листата на филмови кои треба да ги погледнам. Секоја чест за Натали, таков талент е реткост во денешно време. Се надевам дека ќе има во иднина уште добри филмови од неа.
Hедела на Натали Портман имам гледано повеќе филмови со Hата, но сепак ќе го одвојам Goya's Ghosts Kако мој најомилен. и тука глумата и е совршенство. Jа сакам девојкава, зашто е нежна мила убава има некој посебен шарм, порцеланско кукле http://www.youtube.com/watch?v=bNdfelGV98M
Hедела на Натали Портман Леле, како не сум ја видела темава до сега Сум ја гледала во Brothers, Heat, The other woman, Black Swan, No strings attached, The оther Boleyn girl, Cold mountain, Closer, My blueberry nights. Има, по мене, сериозна фаца и мислам дека повеќе и лежат и сериозни и мистериозни улоги како во Black Swan, Brothers...No strings attached мислам дека е тотална утка и такви улоги треба да ги препушти на wanna be глумиците, ко Линдзи Лохан на пример За Црниот Лебед Оскарот е комплетно заслужен Се на се, имала одлични улоги, работела со докажани актери и иако ми е малку антипатична, ја сметам за одличен актер и гледам нејзини филмови.
Hедела на Натали Портман Професионалец ми е Натали, потполно така ја гледам. Мислам дека сериозно си ја сфаќа работата и не се замара многу со слава. До пред некое време ја држев на дистанца, чекав да ми се докаже , да не остане на мала слава, ради глумата во Лион аaaма тогаш се појави во V for Vendetta и ми се разреши некако дилемата. Филмот беше феноменален, а и она одлично го долови ликот на Иви. Си има свои филмски утки, не во глумата, туку во филмовите што ги одбрала или што и ги одбрале, мислам дека има заслужено да глуми во многу подобри филмови, а и секако е способна. Ама листата на, и те како добри филмови, кај неа и не е мала. Кога ја гледав во Closer на почеток не ми текнуваше која е, ама страшно многу ми се сфиѓаше. Со варијации во фризури, па дури и ќелава за ВФВ, докажува само до каде е спремна да оди за да се долови некој лик. И My Blueberry Nights, мене филмов баш ми пријаше, ама улогата како да не ми одговараше за неа. Повеќе ми е како за поневообичаени ликови, едноставни, ама со подлабоки емоции. За Black Swan заслужено доби оскар, баш ја долови соодветната напнатост, замислата и секако успеа да збуни во дистанцирањето на реалноста. Штом Аронофски ти дава улога, значи дека стварно те бива . Ама мене сепак ќе ми остане помила во V for Vendetta, како и филмот, така и таа. И да, делува стварно нежно, слатко, елегантно и убаво...и многу приземно. Спојлер Баш сега заприметив дека ја има во неколку филмови со Џад Лоу И може понатака да ја обработиме и Рејчел Вајс или Ева Грин
Hедела на Натали Портман Натали Портман е една од ретките во Холивуд што покрај убавината можат да се пофалат и со нешто друго - памет. Родена е во Ерусалим за кој изјавува дека е нејзиниот дом и онаму каде што лежи нејзиното срце. Перфектно говори 5 јазици меѓу кои и хебрејски, поседува коеф. на интелигенција од 134 и дипломирала психологија на Харвард. "Не ми е воопшто гајле ако колеџот ми ја уништи кариерата. Подобро е да бидам паметна, отколку филмска ѕвезда" - изјавила Портман. За мене е една од ретките, совршен спој на убавина, знаење и харизма. Многу е талентирана и секогаш одбира добри улоги. Првпат ја видов во Léon: The Professional (1994) и ми се допадна. Други филмови кои ми се допаднала нејзината изведба се: Star Wars - во кој ја глуми принцезата Падме Амидала. Прекрасен пар со Хајден Кристенсен (Анакин Скајвокер). V for Vendetta е супер и Натали му даде одличен печат, а во New York, I Love You иако се појавува кратко во улогата на Рифка, дава прекрасен шмек на филмот. The Other Woman е потресна драма и Натали улогата ќе ја одигра подобро од Лиса Кудроу. Едно 10 пати подобро. Всушност, целиот филм го прави Натали Портман и нејзината појава. Brothers е суров и многу тажен филм, таму е во нејзината comfort zone, зашто и лежат такви улоги. Сосем непрепознатлива е во Hesher, иако филмот е чукнат за мене, вреди да се погледне. Нејзини омилени улоги ми се - Black Swan, и сосем заслужен оскар, филмот е перфектен, а кој мисли дека е преценет или глупав... без коментар и The Other Boleyn Girl каде што апсолутно ги засени и Ерик Бана и Скарлет Јохансон со глумата. А најслабите филмови за мене се дефинитивно Тhor - таква глупост не и' требаше воопшто, филмот е просто лош и многу комерцијален, а она не е гладна за таков успех и No Strings Attached - улогата не претставуваше никаков предизвик за неа и мразам кога квалитетни глумци прифаќаат вакви улоги само за пари на бокс офисот. Останува да ги погледнам Closer, Goya's Ghosts и My Blueberry Nights.
Hедела на Натали Портман За улогата во V for Vendetta заслужуваше оскар, дефинитивно. Јас ја обожавам уште кога беше Матилда. "He's not my father. He's my lover" ми е врежано во глава. Ретко кое дете да глуми озбилна улога, а не само да биде слатко и да е перфектно добра во тоа. За Black Swan оскар и е малку, каква глума, мислам дека која и да беше друга глумица на нејзино место немаше така да го доживеам филмот. Ми се свиѓал на некој или не, е сосема друго. Ама нека смее да рече некој дека глумата не беше перфекција И иако е прекрасна, не се вади на тоа туку си работи напорно. Цела година била на строга диета и вежбала балет за лебедот. Ја ишишаа на Вендета...значи нема кај неа несакам, или неможам. Само и јас сум разочарана од No Strings Attached, незнам што и требало улога во ваков филм. Само она може да биде ќелава и прекрасна во исто време
Hедела на Натали Портман во омилените и ги бројам Léon: The Professional V for Vendetta Goya's Ghosts The other woman Black Swan The оther Boleyn girl Cold mountain не и ги сакам : Тhor No strings attached квалитетна глумица со убава перспектива и секако мислам да кажам дека е една од неколкуте кои си имаат свој ЖИВОТ незасегнат (бар сега за сега) од стегите на Холивуд ПРОБЛЕМИТЕ.. Лудо Како препорака сега за сега давам едно убаво има ... Susan Sarandon
Hедела на Натали Портман Aбе само јас ли го имам гледано Goya's Ghosts? филмов е навистина прекрасен, ама многу е тежок... http://www.youtube.com/watch?v=BUiZp6eJxpQ
Hедела на Натали Портман ^Jaс кревам рака, мене ми е омилен филм во кој таа глуми,покрај Другата Болејн девојка. Натали е перфекција од жена, ма жениште е, мене ми личи на Одри, мила, префинета, грациозна, шамантна до бескрај, паметна и пред се нели одлична актерка. The other Boleyn girl мене ми е омилен историски филм сум кажала низ темит енеколку пати.Скарлет ми е антипатична страшно, ама Натали со својата глума во ова приказна ги извлече сите негативни критики од мене за дотичната Јохансон, па немам срце да коментирам лошо за филмот.Улогата совршено и прилегаше, толку е моќна,а толку заводлива и нежна во исто време, совршенство, јас баш така и си ја замислував Ана Болејн. Потоа ја гледав во Goya's Ghosts и тука ми беше прекрасна, прво како ќерка, паметна, морална, фина, потоа како ја одглуми болката и тагата поради случувањето, неправедното обвинување и на крај како жена со пореметување, како само одглуми лудача рака и давам стварно. Black Swan за мене сеуште еден од најдобрите филмови направени во последните години,прво физички улогата и одговараше, нежна е и елегантна, слабичка баш како балерина.А потоа да не збориме за тоа колку маестрално одглуми, излишни се сите коментaри. Овие ми се топ три филмови каде таа ја има главната улога. Покрај нив ги имам гледано и The other woman и Brothers, во првиот мислам дека само нејзината глума го извлече филмот, а вториот ми се допадна, тешка приказна. No strings attached па мене не ми беше толку лош филмот онака за релаксација беше океј, мада мислам дека вакви улоги не и личат. Сега има желба за V for Vendetta ама никако да стигнам до него, не се сомневам дека и во овој филм е одлична. Е да една пд работите поради која толку ја сакам оваа актерка е нејзиниот милозвучен глас и тажното плачење, значи кога треба да глуми тага, таа како да не глуми, толку се соживува мислиш вистински е тажна.Ме остава без зоброви, секогаш. Едит:Го заборавив Closer, ова е одличен филм, не само ради неа туку и останатите актери, ама Натали посебно се истакнува со таа блесава фризура, детска наивност...убавини е филмот бе, подобра актерка не можеле да најдат.
Hедела на Хали Бери Хали Бери е една од подобрите актерки во Холивуд. Прв пат ја видов во филмот X-Man каде ја глумеше Сторм. За тоа дека Хали Бери знае да глуми доказ е и освоениот оскар за најдобра женска улога за филмот Monster's Ball. Други нејзини филмови што ги имам гледано освен серијалот X-Man се Cat Woman(2004), Gothika(2003), Perfect Stranger(2007) и други. Заборавив да напоменам дека ми е една од најзгодните природни актерки.
Hедела на Хали Бери Хали Бери за првпат ја гледав во The Flintstones, во улогата на згодна секретарица. Многу е секси, зрачи со привлечен магнетизам, но е солидна актерка. Некако ми изгледа ненаметливо и скромно, и секогаш е скоцкана на црвениот тепих. Многу ми се допаѓа еден постар филм со неа Losing Isaiah, кадешто глуми наркоманка на која ќе и биде одземен синот и даден на посвојување. Години подоцна откако ќе се излечи, ќе отиде да го побара од жената која го посвоила. Џесика Ланг ја глуми другата жена, филмот е преполн со емоции и со спротавставени чувства. Нема да знаете дали да ја саката или мразите Хали Бери во улогата, или да ја сожалувате и сочувствувате со неа. Покомерцијални филмови со неа кои ми се допаднале се X-Men, Swordfish, Die Another Day (кој може да ја заборави во тоа портокалово култно бикини?) Меѓу омилените нејзини филмови кадешто талентот навистина и доаѓа до израз се Gothika и Perfect Stranger со Брус Вилис. Двата се одлични филмови и ги препорачувам. Мислам дека жанрот психолошки трилер и лежи најдобро. Things We Lost in the Fire е потресна драма. Малку е развлечен и бавен, но има убава и силна порака. Единствено ми остана да го изгледам Introducing Dorothy Dandridge (1999). Знам за што се работи, меѓутоа не ми е погледнат досега. А како најутка улога би ја издвоила Catwoman. Филмот е бизарно глупав, не е ниту за мали деца, иако кет костумот и стоше многу секси.
Hедела на Хали Бери Хали Бери Меѓу омилените нејзини филмови кадешто талентот навистина и доаѓа до израз се Gothika Perfect Stranger со Брус Вилис. одлични филмови и ги препорачувам. Things We Lost in the Fire 2007-драма Boomerang (1992) http://www.youtube.com/watch?v=YXzHiBNgsGY Losing Isaiah(1995) http://www.youtube.com/watch?v=lCbAu_Z90N4
Hедела на Хали Бери Heдела на Will Smith п.с пишувајте ми на мене кои актери сакате да ги ставаме, зашто со Pеин не секогаш сме во исто време тука, така да, јас ќе ги ставам тие актери што ќе ми ги кажете