Hедела на Хали Бери Вил Смит е харизматичен и симпатичен човек, не толку сјаен и квалитетен глумец, но одбира добри улоги и има некое фино присуство на екраните. Еден од неговите најдобри филмови - Enemy of the State. Постар, но одличен филм, кој го нема гледано да го стори тоа веднаш. Мислам дека тоа е една од улогите која најдобро му легна. Independence Day за мој вкус ми беше глупав и комичен, исто како и Men in Black и Hancock. Овие три филмови и не му се некој сјаен избор, зашто реално се глупушкави, просечни филмчиња. Најдоброто од Вил Смит се следните два филма: The Pursuit of Happyness - направен според вистинската приказна на Крис Гарднер. Толку е трогателен и суров филмот, ќе ве натера да заплачете, ќе ве допре емотивно. Неговото синче глуми покрај него и не можеле да направат подобар и попаметен избор. Seven Pounds. Немам зборови. Се надмина самиот себеси како глумец. И овој филм ќе ве доведе до солзи. Hitch е лесна, интересна, забавна и сосем пристојна комедија. Ми се допадна филмот, иако мислам дека Ева Мендес не му одговараше како партнерка. I, Robot ќе им се допадне на сите љубители на sci-fi приказни кои вклучуваат роботика, како и обожавателите на Исак Асимов и неговите научно-фантастични раскази. Bad Boys I и II се океј, филмчиња за опуштање, кои нудат забава и релаксација, не некоја особено длабока приказна. Остана уште да ги погледнам Ali и I Am Legend . Во приватниот живот ми се допаѓа што има стабилен брак со Џејда Пинкет Смит. И дечињата му се слатки. Вил Смит е ок. Супер типче.
Hедела на Хали Бери Cпоред мене Еден од неговите најдобри филмови - Enemy of the State. Постар, но одличен филм, кој го нема гледано да го стори тоа веднаш. Cе согласувам со Tрендафилка, филмов му е најдобар другиве ги знаеме да не се дополнувам, морав да прокоментирам за филмов, зашто е одличен, акција и пол Mене дури и вил ми е и сексиљав, шармантен ми е многу I AM LEGEND е доста убав монотон филм Mалце и жален е искрено, вреди да се гледа
Hедела на Вил Смит Човеков ми е еден од омилените актери. Има таква некоја харизма што уживам додека го гледам, без разлика дали е во некоја романтична комедија како Hitch или длабоко потресителна приказна како Seven pounds, кој ми е еден од омилените. Исто и I am legend и The Pursuit of happiness ми се едни од неговите најдобри филмови. Ханкок ми беше интересен, ама приказната беше некако послаба. Сепак Вил си е Вил и пак ме освои. Да не ја заборавам серијата со Принцот, каде ми се чини прв пат го запознав и го засакав.
Hедела на Вил Смит Jа подзаборавив малку темава Вил Смит, го запазив уште во времето на Тhe fresh prince of Bel-Air и ме освои, со смешните досетки и симатичниот стил на облекување. Но со текот на времето, Вил се покажа во друга посеризни улога, како Seven Pounds и The Pursuit of Happiness. И двата филма премногу ми се допаднаа и Вил ме изненади, не бев научена да го гледам во такви улоги. И да не го заборавме Хич, има ли некој што не го сака или не го гледал Хич? Вил Смит е фацка ипол баш погоден за филмов. Мen in black ги имма гледано и двата дела, дали ја не сум толку љубител на сајанс фикшн, не ми се допаднаа толку филмовите иаку Вил ми беше навистина пресмешен. Мислам дека му лежат драмите дури и повеќе него акцијата. Гледам во наредниве години се снимаат продолженија за Bad boys, Hancock, I robot така да нема да ме израдува со некоја комедија или драма. Најпозитивно ме изненади во The Pursuit of Happiness, треба да си камен од човек да не те раснежни филмот, и срце е син му, каков татко таков син. Филм кој не сум го гледала а сакам да го гледам I Am Legend верувам дека нема да ме разочара. И за крај, Вил ми е еден од ретките црнци за кој можам да речам е ми е премил освен хот нели
Hедела на Вил Смит Јас да кажам дека ми стана мнн симпластичен како глумец и сто од серијалот ... мислам дека на времето 1993 година и филмот со кој мене на МТВ1 (наша „златна“) ми ме запознаа со Вил е „Six Degrees of Separation“ (зборам за пред 100 год )...ако не сте ја гледале оваа драм препорака за гледање од мене Bad Boys и Bad Boys II преее убо .. комбинација тема и секако глумата им беше одлична и на 2цата.. „The Pursuit of Happyness“,и „Hitch“ ми се од најомилените I, Robot, I Am Legend, Hancock, Wild Wild West- ке ги ставам во мојот список на промашај,,,, искрено мене не ми се допагаа ...може во целост филмовите но не и неговата глума... (но сепак тоа е мое мислење) сега на Вики гледам дека бил и РАПЕР Rapper Will Smith (The Fresh Prince) хехе хехе - Го чекам за да го изгледам и Men in Black 3( за да ја имам завршено цела триологија) секако 1виот дел ми е најзабавен...
Hедела на Вил Смит Hа барање на Aнат оваа недела ќе се коментира за Ralph Fiennes за наредните 2 недели имам предлози, за двајца други актери, после тоа може да ми дадете предлог за- Aктерки-жени! уште 2 актера, и после 3 недели им посветуваме на дамите р
Hедела на Ралф Фајнс Еден од моите омилени актери, дефинитивно. Мислам дека е малку потценет, ама во последно време забележувам дека прифаќа улоги во блокбастери, односно филмови кои скоро гарантирано носат добра заработувачка. Според мене е одличен актер чиј талент го забележав во екранизацијата на Оркански Височини каде маестрално ја долови улогата на Хитклиф. Од подобрите филмови можам да ги издвојам Шиндлеровата листа - потресен филм за холокаустот во кој го претстави ликот на немилосрдниот Amon Goeth. Квиз шоу - филм за многу популарните квизови на знаење во кој се открива целата машинерија зад нивниот успех. Англискиот пациент - приказна на Ентони Мингела за грофот Ласло Алмаши, кој заради љубовта кон една жена станал предавник. Онегин - во насловната улога е одличен, барем според мојата замисла беше блиску до богатиот аристократ опишан во истоименото дело на Пушкин. Црвениот Змеј - се појавува како негативец кого го нарекуваат Забна вила, а поранешен ФБИ агент се обидува да го фати, со помош на Ханибал Лектор. Во последно време е актуелен со улогата на Волдеморт во серијалот филмови за Хари Потер, а освен тоа може да го забележите и во улога на Хад/Ад (богот на подземниот свет или богот на мртвите во грчката митологија) во филмовите Clash of the Titans и Wrath of the Titans. Други филмови кои вреди да се погледнат, а во кои макар и накратко или во главна улога се појавува Ралф Фајнс - Oscar and Lucinda, The reader, The end of an affair, Maid in Manhattan (мене лично не ми се бендиса нешто многу, ама добар е за љубителите на романтики), The hurt locker, In Brugges, The constant gardener. Овие филмови би ги издвоила, а за останатите не можам да коментирам бидејќи не сум ги гледала. Во секој случај, мислам дека е одличен актер, кој за жал и не дошол многу до израз, бидејќи не се држи до еден жанр, туку сака да експериментира. Доста бил активен и во театар, ама за тоа не можам да судам, бидејќи не сум гледала ништо, барем засега А за приватен живот не коментирам, бидејќи пред сè, го гледам како актер.
Hедела на Ралф Фајнс Браво Ана за предлогот, дефинитвно изузетен актер. Сосема заборавив дека он игра во The Quiz Show еден одличен филм кој мене многу ми се допаѓа. Иаку немам премногу филмови гледано со него, тие што сум ги гледала ми се допаднале. Па и Maid in Manhattan e симпатичен филм, иаку е таков лесен глупичок филм. Му одговара презимето,има некоја отменост во него, баш е фајн Има нешто што секогаш паѓам на бритиш акцент незнам што Шендлеровата листа е едно од неговите нејпознати и најдобри остварувања, но за мене врвов е Lord Voldemort во Harry Potter. Едноставно останав запрепастена кога видов кој се крие зад таа најдобра маска, не само маската која ме фацинира, туку и самата глума, незнам едноставно ми е еден фацинантен лик. Најголемиот промашај на Оскарите е што оваа негова маска-шминка нема добиено оскар, за мене е најголема утка и неправда. Јас не сум многу по негативците, но дефинитвно Lord Voldemort ми е омилен негативец Не сум го гледала The English Patient (1996) и дефинитвно морам во брзо време да го гледам.
Hедела на Ралф Фајнс Oваа недела на барање на Bолфче ( A на мое огромно задоволство ) Kоментираме за LIAM NEESON
Hедела на Лијам Нисон Eпа чим ве нема ајде јас да си пишам прва. човеков го обожавам, би сакала да ме присвои, најискрено . Oмилен ми е, многу мил, харизматичен, интересен, едноставно позитивно ми делува додека гледам филмови со него. Schindler's List Mојот број 1, од неговите филмови, Oдлично ја долови улогата на Oскар, баш му прилегаше, ја има таа фацка за позитивец Taken Cе е кажано, и кажано е дека филмов ми е гледан безброј пати, чак норис не му е рамен да се разбереме потоа Unknown ,The A-Team,Batman Begins,Clash of the TitansAfter.Life Cе исто така добри филмови со него. Cе појавува и во STAR WARS ама јас ги немам гледано тие филмови филм што не му требаше е Chloe филмови кои едвај ги чекам се-Taken 2,The Dark Knight Rises,Revenge of the Titans A филм кој треба да го гледам е вториот дел со Tитаните Wrath of the Titans- за потсетување, таму го глуми богот 3евс
Hедела на Лијам Нисон Лијамчо едвај чекав да има недела со тебе Hе стварно,и мене ми е омилен актер Mногу ми се допага тоа што знае да внесе во улогата,мислам како секој актер нели? Cе секавам дека прво го гледав во After life и многу ми се допадна како ладен лекар Cпоред мене овај филм му е е еден од подобрите,приказната е трилер,и нема да мрднеш додека го гледаш,истото и со Taken верувајте дека јас пред еден месец го изгледав,и ке се утепав што не сум го гледала порано,многу му лежи улогава во овај Hе ми се допадна во Chloe се согласувам со лудото,дали приказната не ми се допадна,ми беше без врска, или пак затоа што не го имаше на многу сцени,важно не ми се допадна Bо Unknown беше одличен,многу му лежат вакви улоги за во трилери,немам повеке што да кажам освен дека беше одличен Schindler's List и тој ми е сега изгледан и ке се согласам со лудото,дека ја има таа мила фаца и му лежеше оваа улога,овај најмногу ми се допадна и го видовме во понежно светло,малку поинаква улога The Grey е сега не знам дали јас не го разбрав филмов,приказната ми беше некако депримирачка и затоа не ми се допадна и баш,тој одлично си глумеше,но пак ке кажам не ми се допадна филмов Mи остануваат уште доста негови филмови за гледање,има многу Kе почнам од овие што ги препорачала лудото
Hедела на Лијам Нисон Лиам Нисон многу добар актер, еден од моите омилени. Имам гледано повеќе негови филмови меѓу кои The A-Team, Love Actually, Clash of the Titans, меѓу кои и најубавиот филм што некогаш го имам гледано Schindler's List. Значи човеков ми е доста харизматичен и многу добро ги доживува своите ликови. Сега чекам да испадне The Dark Knight Rises да испадне да го гледам, како и да го гледам Wrath of the Titans деновиве
Hедела на Лијам Нисон Веќе сте ги набројале попознатите филмови на Лиам Нисон, кој патем е одличен глумец за мене, и делува некако скромно и несамобендисано, за разлика од многу други ѕвезди денеска. Многу ми се допаѓа неговиот избор за улоги и интерпретацијата која ја нуди; мислам дека најмногу му лежат драми и трилери. Филмови кои ми се на списокот за гледање со Лиам Нисон се Kinsey - http://www.imdb.com/title/tt0362269/ The Other Man - http://www.imdb.com/title/tt0974613/ и постара верзија на Les Misérables - http://www.imdb.com/title/tt0119683/ Мислам дека нема утка во овие филмови, исто како и во моите омилени - Schindler's List, Taken, The A-Team, The Grey и Love Actually. Со нетрпение го очекувам The Dark Knight Rises, затоа што има собрано најдобра актерска екипа од сите бетменовци досега и се надевам нема да разочара. Не знам искрено дали Taken 2 е добра идеја и дали ќе излезе добар филм од тоа, или тотално фијаско, не ја сфаќам поентата на вториов дел (ја сфаќам, ја сфаќам - ПАРИ! ), ама секако ќе го гледам, може и да изненади. Chloe беше вистински глупав филм, и не го препорачувам воопшто. Единствено добро нешто од сета таа глупост беше еден бенд кој го пронајдов благодарение на филмот - Raised by Swans, прават супер музиче. Kingdom of Heaven со Лиам Н. и Орландо Блум никогаш не се натерав да го изгледам, можеби сега е погоден момент за тоа. Во приватниот живот имаше многу стабилен брак со една мошне симпатична британска актерка Наташа Ричардсон (ќерката на Ванеса Редгрејв), која за жал почина во алпинистичка несреќа во 2009 година.
Hедела на Џенифер Анистон Ја нема цеца да искоментира за нејзиниов фаворит Џенифер Анистон ми е Рејчел и тоа ќе остане. Другото...сра*е. Во сите филмови исти ликови глуми, филмовите се слични еден на друг, простор за докажување нема. Баш би сакала да ја видам Рејчел (така си ја викам) во некој психо филм, каде ќе глуми пореметена посесивна жена, која ќе си го сецка мажот на делчиња. Еве на пример во Брејк Ап, у сета нервоза, грабне ножот и му се нафрли на типов. Па тука после иде на судење во некое тесно здолниште со висок шлиц и му ја изведува сцената од Serial Mom, каде Кетлин Тарнер го заведува сведокот од под маса (мора да ја знаете сценава). Ама...да не забегувам Немам гледано многу нејзини филмови, зашто знам какви се, што се, и како ќе завршат. Можам само да и порачам, Рејчел опрај се, и фати се за некоја озбилна улога.
Hедела на Џенифер Анистон Мои фаворити со Џенифер Анистон Just Go with It The Switch The Bounty Hunter Marley & Me Интересна ми е глумицава и секогаш кога има нов филм сакам да го гледам.Обично ми се допаѓаат нејзините филмови(романтични комедии)но знае да направи и голема утка како со Wanderlust што е страшно лош филм.
Hедела на Џенифер Анистон Во моментов баш ја гледам серијата Пријатели (по незнам кој пат) каде Џенифер е една од главните. Серијава уствари е и нејзин почеток на кариера, барем од серијава кариерата и тргна по нагорна линија. Не ми е НАЈомилена, но сепак си ја сакам Иако претежно глуми во романтични комедии, има и исклучоци како Derailed каде особено ми се свиѓа нејзината глума. Ако не сте го гледале филмов, обавезно Баш сега го гледам списокот на Википедиа со нејзини филмови и ги имам изгледано 90% Нешто последно од нејзе е Wanderlust и едно големо НЕ Голема утка Сума сумарум си ја сакам и ќе продолжам да си гледам нејзини филмови, ако не за друго барем за опуштање
Hедела на Џенифер Анистон Џенифер како Џенифер, си ја поштувам ради Friends, и како што некој кажа погоре секогаш ќе ми биде Рејчел, и ми беше генијална во таа улога.Немам многу филмови гледано со неа али ај да прокоментирам за тие што ги имам гледано. Along Came Polly(2004)-во главно ми беше многу смотана во улогава, како и целиов филм,така да не ја обичам тука многу многу. Мarley and Me(200-е тука ми беше сосем океј, фино ми глумеше,добро во Пријатели беше далеку подобра, ама океј ми беше и тука. Јust go with it(2011)-И тука ми беше просечна, всушност се глуми во вакви некој филмови. Планирам да погледнам уште некој филм од нејзината филмографија,ама не би можела да ја сместам во моја омилена глумица.
Hедела на Џенифер Анистон Џенифер Анистон ми е една од омилените глумици,бидејки има смисла за хумор.А богами за нејзините години телото го одржува многу добро Омилени филмови од неа ми се:Marley and me,Along Came Polly,Just go with it
Hедела на Џенифер Анистон Ја почитувам единствено како Рејчел во Пријатели, за таму ми е совршена...А во други филмови едноставно не ја бива, не може да се истакне, и избегавам филмови со неа не знам зошто ама крајно одбивна ми е кога ја гледам на екран а да не е во Пријатели...Мислам дека и да и доделат некоја посериозна улога нема да ја одигра како треба, нема фаца за тоа Премногу лепршава ми е, тешко да има голема моќ на трансформација, па затоа мислам дека ќе си остане на лајт романтични филмчиња во нејзин стил...