1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Hедела на Џенифер Анистон

    И јас моментално гледам FRIENDS, и што да се каже освен дека Рејчел е улогата на нејзиниот живот и ѝ ја одбележа целата кариера.
    Сепак ја сакам Џенифер Анистон како глумица и лик, многу ми е срцкаста, има шарм и сексапил, некако ми е пријатна и природна, и не можам да преболам што се разделија со Бред Пит ;( , дефинитивно ми треба повеќе време да се навикнам на оваа идеја отколку на неа. :D

    Меѓу нејзините омилени филмови ми се
    Rock Star заедно со Марк Валберг,
    Bruce Almighty со Џим Кери,
    Along Came Polly со тикварот Бен Стилер,
    Derailed со Клајв Овен,
    Rumor Has It... со Кевин Костнер,
    The Break-Up
    еден од моите најомилени филмови и една од нејзините најдобро одиграни улоги.

    Ми се допадна нејзината изведба и во Love Happens и He's Just Not That Into You каде што се појавува во споредна улога.
    И во Horrible Bosses ми беше супер.

    Последните неколку нејзини филмови не сум ги погледнала, иако мислам дека се чисто срање во боја според содржината.

    Жанрот што најмногу ѝ лежи е сепак тој - романтична комедија и не се може против тоа, жената си е створена за такви улогички, лимонадести и интересни.
    Плус, ја остави во наследство The Rachel haircut, тоа мора да се поштува. :D
    [​IMG]
     
    На crazylady, Phyramide, karmenka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.198
    Допаѓања:
    235.299
    Hедела на Џенифер Анистон

    Џенифер ми е една од омилените глумици, не ради жарнот на филмови во кои глуми, туку бидејќи ми е секси, поим за женско совршено тело, шарм и харизма. Филмовите со нејзе ми го имаат баш тој шарм, да ме расположат, да ме насмеат во моментите кога сакам да уживам Баш тогаш бирам филм со Џени :) . Речиси и да не постои филм кој не ми е изгледан со нејзе, освен најновиот за кој наидов на лоша критика. Останатото ми е симпатично и ми се допаѓа.
    Улогата на Рејчерл е легендарна. Всушност тоа и даде и правец во која насока треба да се движи одбирајќи улоги. Не секому му лежат филмови на сериски убијци и психопатки или ФБИ агенти.
    Јас Џенифер не би можела да ја гледам во такво издание.
    Исто како Кристина Ричи да ја гледам како the bounty hunter, а ми е тотално мрачно створение, создадено за хорор филм.

    Сум пропуштила доста.
    Па сосема кратко, да не забегам офф.
    Лиам Нисон е актер кој особено го поштујем и имам солидно мислење за него како актер, кој сосема добро одбира филмови и улоги кои му лежат, а има и одлични филмови. Омилени Taken и Unknow.
    Вил Смит ми е онака просечен, не сум му некој фан.
    Том Круз не знам дали го коментирав, не ми омиleн, ама ниту антипатичен. Ги сакам сите делови на Mision Imposible.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џенифер Анистон

    Јас за чудо не ја баш обичам Џениферката како глумица. Незнам зашто безлична ми е во улогите кои ги глумела, т.е нема некоја посебна импресија оставено кај мене како глумица во филмови, освен во Пријатели како Рејчел е незаборавна и мислам дека само по тоа и ќе остане запаметена најмногу, Добро и по Брет Пит таа нивна љубов и цели перипетии.
    Сум гледала многу филмови со Анистон и во ниеден скоро не ме фасцинирала со глачките способности.
    Од сите лимонатки во кои глумела, а и претежно во такви и глуми, го издвојувам Марли&Ме можеби како филм најмногу ми се допаѓа и па и Џенифер не е лоша таму.
    А да и интересена ми беше во Bruce Almighty и тоа веројатно заради филмот дека ми е смешен.
    Најдобра улога и како глума покажа како Рејчел, после Чедлер ми беше омилена.
    Настарана тоа многу ми е сипатична и секси, има мил лик и пријатна е за гледање, но не ме плени во актерска смисла.
     
    На 1209 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Hедела на Џенифер Анистон

    Прекрасна е, има шарм и харизма, за ногата муабет да не правиме :D и успева и најпростата улога да ја направи впечатлива.
    Штета што обично глуми во романтични комедии, ама после толку такви филмови не ни можам да ја замислам како сериски убица на пример :lol: Веројатно поради улогата на Рејчел само вакви филмови и и се нудат.

    Последно ја гледав во Horrible Bosses и беше одлична, абе омилена ми е и Бред Пит беше најголем будала што ја остави :fubar:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Hедела на Џенифер Анистон

    Kоја будала сум, дури сега ја откривам темава. :tmi:

    Џенифер ми е една од моиве топ актерки.
    Преубава ми е, а за телото да не збориме. Значи совршено тело има, буквално ја гледав ко машко додека ги гледав Friends. :D Многу ми е мила, забавна, има шарм, харизматична. Оној Бред е голема будала што ја шутна за Анџелина. Оваа јесте да е многу убава, али човече, ко машко е во тоа телото, само градите и се добри. Не можам да сфатам тоа, али ајде.

    Friends, серијава значи, ја обожавам! Ја обожавам! Сите 10 сезони ми се изгледани, и тоа некои епизоди по 3-4 пати, и уште не ми се здосадени. Најдобра серија што сум ја гледала. Џенифер не морам да напоменам дека е преодлична во улогата на Рејчел, не ми се замислува друга за оваа улога. 10 години е снимана и затоа и најверојатно цел живот сите ќе ја паметат по Рејчел.

    Rock Star ми е одамна гледан, не се ни сеќавам на филмов, али добар ми беше.

    Bruce Almighty , после Пријателите овој беше прв филм во којшто ја гледав и беше стварно добра.

    Derailed , тука ми е феноменална. Се зачудив што ја видов во ваква улога, оти некако не и стоеше баш според Рејчел профилот, али се покажа доста добро. Дури и докрај е неизвесен филмов, а мислам дека нема друг филм во кој ја има покажано актерската способност подобро од овој.

    Rumor Has It... . Не е баш комедија филмов, не знам во кој жанр би го сместила, али баш фино си одговараше со Кевин Костнер. :D

    The Break-Up ми е гледан и морам да признаам дека во тие моменти ми беше досаден. Али 15-6 години имав кога го гледав. :D Сега кога си размислив и го разлистав, ќе го изгледам пак, оти пререален ми е, иако за некои глуп, сепак мислам оти е нејзин многу добар избор. ;)

    Marley & Me , не баш еден од најдобрите нејзини филмови. Што знам, не го сакам ич Овен Вилсон, па може затоа и филмов не ми е нешто нај.

    Just Go with It, добро, добро филмче, иако Адам Сендлер прави не многу добри комедии последниве години, сепак ова беше интересно.

    Промашај чист - Horrible Bosses . Филмов ужасно ме нервираше додека го гледав, ми идеше на нерви овој глупиот американски хумор, пардон, новиве комичари :!:, кои според мене немаат блага веза од хумор. Нејзината улога беше донекаде интересна, иако ко лудача беше, али сепак, лошооо. А и овој новиов - Wanderlust , го видов трејлерот и не планирам да го гледам. :tmi:

    He's Just Not That Into You, Love Happens и The Bounty Hunter се симнати и ќе ги погледнам летово, кога тогаш.

    Се на се, сакам такви лајт филмчиња ко нејзините, и да, ако не глуми во трилери или психо филмови, па да изиграва сериски убиец, не значи дека не ја бива за актерка и дека е лоша за глума. Ме нервира такво потценување, ко демек, само трилериве вредат, се друго е глупост. Знам дека комедија нема никогаш да добие Оскар :D, али тоа е исто ко да речеш дека пример, еве Стив Мартин не го бива за глума, а човекот си е брилијантен. :)
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Hедела на Џенифер Анистон

    (пошто се пронајдов во цитатов :)
    Баш значи :) Не дека мора да глуми психо убиец, туку да излезе од шемата и да прикаже дека стварно знае да глуми и нешто повеќе од девојка која раскинува или се заљубува во типот. Зарем не и се предвидливи сите филмови? Добро, сега, да не потценувам вкусови, точно е дека се лесни и за релаксирање, ама вистинскиот актер нема да има проблем да се снајде и во друга улога. Можеби се различни сценарија, различен е текстот, ама нејзината глума во сите филмови е иста, исти фаци, слична фризура, исти емоции... Нема нешто подлабоко или поголемо за докажување. Рејчел си е влезена во шемата, постојано да глуми ист лик.
    И малце не е во ред споредбата со Стив Мартин, Стив Мартин е комичар пред се, не глуми по шаблон само во романтични комедии :) и импровизира. Рејчел никогаш нема да импровизира, не е комичар, само го следи сценариото :)
    (патем ни Стив Мартин не ми е нешто омилен)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џенифер Анистон

    Ја сакам Џенифер главно поради улогата во Пријатели. Секој лик од таму ми е посебно драг :D Мила е, симпатична, сакам да ги гледам нејзините филмови. Не е претерано интересна или смешна (со оглед на тоа што глуми најчесто во комедии) и постојат многу подобри актерки од неа, но ете, пак имам позитивни критики.
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Hедела на Џенифер Анистон

    И јас се согласувам со тебе. Дека глуми само исти ликови, дека може треба да смени нешто, не викам дека филмовите не и се предвидливи, али моето мислење е поразлично во тоа што сметам дека во овие лајт филмчиња што ги снима, она е стварно добра, и дека ако не снима нешто посериозно, дека воопшто не ја бива ни за ова. :)
    Тоа е само мое мислење, дека на некои актери повеќе и лежат вакви улоги, па затоа и ги нудат и ги одбира. Во Derailed игра поозбилна улога од овие и таму беше доста добра. Значи може да покаже и многу повеќе од романтичниве комедии, али ете, нејзин избор си се.
    За мене еден актер ако е добар во тој жанр што си го глуми е добар актер. :) Ако го бива во хорори, таму нека глуми, ако го бива во психо-драми, нека глуми таму, ако го бива за романтичниве лимонатки, нека си глуми таму. Не мора да прави миксови меѓу жанрови за да се покаже дека го бива, туку таму кајшто си се пронаоѓа повеќе, таму нека си седи. :D
    И Стив Мартин ми текна во моментот, не дека Анистон ја рамнам со него, тоа во никој случај, али сметам дека комичариве се потценети за разлика од актериве кои глумат во некои тешки драми, ко само да е тешко таму да се глуми, за таму дека требало талент. Тоа не го одобрувам само, сфаќам дека има различни вкусови, али ете, се надевам ме сфати што сакав да кажам. :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Џенифер Анистон

    ^^Иста фаца иста глума исти реплики иста фризура... незнам дали може да одвојам некој филм каде ми е посебна или каде мозжам да кажам ВООООВ за нејзината глума...
    Не ја сакам но тоа е тоа!
     
    На sesilija и kate21 им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Hедела на Џенифер Анистон

    За Џенифер прво мора да кажам дека ја запознав од Пријатели и ми стана една од омилените актерки, не знаејќи дека била омажена со Бред Пит кој пак ми беше омилен глумец од машките.Која коинциденција...Арно ама тоа малку траеше,нели,дур не излезе филмот Г-ин и Г-ѓа Смит,со кој заврши бракот меѓу Џенифер и Бред и се појави фамозната Анџелина.Заради тоа не ја сакав Анџелина и само чекам да се разделат и Бред да и се врати на Џен.Но сметам дека врската помеѓу Анџелина и Бред е само бизнис,дека и двајцата важат за најубави во својата професија,и веројатно заедно би зимале повеќе пари за ексклузивни слики или вести(што и така е :^) ),како на пример новоста за нивното прво дете и слично.Потоа прочитав нешто за Џен дека имала грчко потекло ама не сум сигурна колку е точно :| Ваљда не е.Жанрот во кој глуми таа ми е омилен,јас сакам такви комедии и евентуално драми.Хорор и слично не гледам.Инаку се сеќавам дека некој рече дека најтежок жанр е всушност комедијата,затоа што најтешко е човек да го насмееш.А за драми и трагедии е полесно да се измислуваат приказни.He's just not that into you ми е меѓу фаворитите,а она убаво глумеше според изразите на лицето и гестикулациите.Just go with it не ми се допадна толку бидејќи приказната не ми беше реална,но сепак не беше лошо.И така јас сум во клубот на комичарите најчесто,или некоја трагедија како Титаник,или драма како Грофот од Монте Карло... :?: Но пак ќе повторам,лесно е да го расплачеш или растажиш човека,најтешко е да го насмееш.
    п.с.Мислам дека знам од каде и е идејата на Пирамитка за корисничкото име.Бидејќи за аватар имаше слика од Џенифер,а нејзиниот лик е така триаголнест,па и текнало од триаголник на пирамида... :D Нека каже дали сум во право?
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Hедела на Џенифер Анистон

    ^^Хаха не е ради тоа бе Цеца :D Ме изнасмеа искрено!

    Џенифер бе! Страшно ми е срцлеста и не само заради тоа што е водолија :!: :lol:

    Но како глумица, да признаам ми шкрипи така малку. Не знам зошто упорно бира просечни, да не речам глупави филмови, ама ајде, решила да се ангажира во филмови за луфтирање на мозочни шуплини :)

    Дефинитивно најдобра и животна улога и е онаа на Рејчел во Пријатели. Направиле предобар избор со тоа што ја ангажирале неа, и не згрешиле. И легна ептен улогата и мислам дека самиот лик некако и не е далеку од она што е таа во реалноста (барем колку што успеав да видам и од оние сцените додека се снимал серискиот).

    Ми се допадна дефинитивно и во Derailed и The Break - Up. У да и во Horrible Bosses беше одлична како кучка. Ама другиве филмови, не знам, би бирала дури и да не ги гледам ама не можам да одолеам да и буљам у прекрасната коса. Ах!

    Срам да му е на Бред Пит што ја остави :devil: Нема да му простам! И дефинитивно сум Aniston Team! Е така. :D
    Ептен ми се допаѓа како лик, како старее, достоинствено без напумпани усни и силикони кај стигне, и згодна е бре ало! Сакам и јас да сум ваква на 40 и кусур. Е така, ја бирам за најсрцлеста глумица и точка. Има некој нежен поглед и како што пишаа во едно списание за неа - „Џенифер не е совршена, ниту совршено убава ама е претерано симпатична.“ Толку :)

    п.с. Туку јас темава некако ја запоставувам и сега не знам, не сум во тек...кај можам да предложам за глумец/глумица на неделата? Мислам дека фалат некои големи имиња :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hедела на Џенифер Анистон

    Hа барање на Пирамид, оваа недела коментираме за

    Sir Anthony Hopkins ( :bow: ) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • HOP.jpg
      HOP.jpg
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      335
    На Phyramide, Bozica1980 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Aјде јас да пишам прва :D леле човеков која психопатска фацка е, тоа е чудо, дефинитивно уживам да го гледам во психопатски улоги, највеќе му лежат, а жално е и штета е што нема поголема цифра на такви филмчиња :(


    The Silence of the Lambs е култ, негов врв, мислам дека е во топ 5 филмови на сите времиња, човек секој ден да го гледа, нема да му е досаден.
    Hannibal и Red Dragon (KOJ бтњ вечер ќе го има на Cител) му се исто така одлични филмови, значи пак ќе кажам мој тип на филмови плус Eнтони, нема промашај :)
    за The Rite имаше доста негативни критики филмов, ама мене па ми се допадна, што имаше добра приказна, што поради него, добар е за едно гледање :) Fracture и ова е негов екстра филм во комбинација со

    Ryan Gosling


    http://www.youtube.com/watch?v=1KQ37j6cRJM


    во моментов тие ми текнуваат :) Tака како доста добри филмови со него
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Hедела на Ентони Хопкинс

    [​IMG]
    Ентони Хопкинс за мене останува човек по кој препознавам добар филм.

    Нови филмови ретко ми се допаѓаат, но кога ќе видам дека тој е во актерската екипа не се сомневам воопшто. Човек што заслужува почит за начинот на кој си ја завршува кариерата, што не можам да го кажам за Роберт Де Ниро, на пример.

    За глумата во The Silence of the Lambs што и да кажам ќе биде премалку и недоволно.
    Покрај тој филм, кој е просто ненадминлив, одличен ми е и во The Elephant Man - исклучително доловени емоции. И верзијата на Дракула од 1992 е одлична, а му го обожавам гласот во документарните филмови каде што е наратор.

    Се’ на се’, човек што знае да даде печат на филмот. Неговите филмови се успешни во голем дел поради тоа што тој се појавува во нив. Просто не можам да замислам друг Ханибал Лектор.
     
    На Phyramide, 1209, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Еве го!
    The man! :clap:

    А бре неограничен број капи му симнувам на човеков. Го обожавам! Врв на актерите.
    Лик што се раѓа само еднаш. Каков талент има, за ужинка ги јаде помладиве од него.
    Ја има фацата на налудничав генијалец, има некој специфичен глас ко створен за нарации и просто секој филм те тера да го доживуваш ко да си таму, in medias res.

    Silence of the lambs, се знае, еден од врвовите на филмските достигнувања општо. Со каква леснотија и смешкање го доловува карактерот, секоја чест.
    Hannibal, ко секвенца, еден од моите омилени. Му лежат бре вакви улоги, не би можела друг да замислам на негово место, а толку добро да ја доловува улогата, што те тера да си на негова страна макар бил и најголемиот негативец.
    Во Nixon го личи и за претседател море. Пак му помага тука таа параноична, налудничава фацка што одлично знае да ја искористи. Алал.
    Колку само се имам жуљавено на Hearts in Atlantis, морав два пати да го изгледам Proof за да го сфатам убаво филмот, иако од прва делува нелогичен и приглуп, всушност е уште еден одличен мајндфак сервиран од Хопкинс.
    Во Alexander колку само сакав нему да му ја беа дале улогата на крал Филип. Ако е постар за таа улога, мислам дека одлично би се снашол и би му прилегала. Не дека Килмер беше лош, ама не ми беше тоа - тоа и крај. Наклонета сум кон Хопкинс, шта чеш. :lol:
    И искрено, кога не би глумел тој во Fracture и The Rite, ми се чини дека филмовите ни пола не би биле тоа што се. Им вдахнува специфичност.
    Си ја има бре човекот таа жичка да ти долови мистериозност, што те интригира да се запрашаш дали е во улога на генијалец или лудак.
    Алал! Огромен алал! :clap: :bow:

    Камо оние самопрогласени актерчиња на денешницава да имаа барем 1/4 од неговиот талент.
     
    На Mayyya и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Тежок, квалитетен и специфичен актер, од калибарот на еден Џек Николсон или Шон Конери, од таа фела ми е Ентони Хопкинс.
    За мене ќе остане засекогаш најпознат по улогата на Д-р Ханибал Лектор. Маестрално одиграно, остави вистински печат во The Silence of the Lambs, Red Dragon и Hannibal.

    Би го препорачала Surviving Picasso, постојано го начекувам на тв, го имам загледано неколкупати, а никогаш изгледано целосно од почеток до крај. Сепак ми оставил впечаток.

    Искрено не сфаќам зошто решил да се појави во Thor, мене филмот ми беше малку без врска, но сепак прави подобри избори од други актери што се пред пензионирање, како што рече ЛивингГлам.
    Ова не е сепак најлошиот избор на улога.

    Fracture е убиствено добар, тече лагано и освојува полека. И неговата глума го прави целиот филм, тоа е повеќе од јасно.

    Еден од неговите поинтересни филмови според мене е Meet Joe Black. Целата собрана екипа е некако компактна и оддава убав впечаток како целосен пакет.

    Го имам симнато The Remains of the Day , негова многу фалена улога на батлер, кој се справува со предрасудите и е доведен до ситуација каде што почнува да ја преиспитува својата долгогодишна лојалност кон семејството каде што служи.

    Не знам зошто The Rite доживеа толку негативни критики, филмчето беше сосем на место.

    Сума сумарум, одличен глумец.
    :)
     
    На kate21, figgiMK и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Hедела на Ентони Хопкинс

    ^ На сите овие што ги набројавте, јас би го додала Legends of the Fall.
    Малку постар, ама прекрасен филм.

    Тоа беше ми се чини прв филм со Ентони Хопкинс кој го гледав и буквално ме остави подзината!
    На крајните сцени, каде неговиот лик е веќе во поодминати години и зафатен од тешка болест, Хопкинс целосно го менува ликот и глумата.
    Речиси и не можете да го препознаете.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Колку ме расплака оваа сцена... Која глума човече!
    http://www.youtube.com/watch?v=y9KkqBo3xQM
     
    На LilBaby, LivingGlam и Mayyya им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Што да кажам, се' сте кажале :) Човекот е актер ипол, брилијантен во секоја смисла, и романтичар и драматичен и заводлив и психо...за сите улоги го бива.
    Сега дури забележав дека глумел и во The elephant man, бледа ми е меморијата за филмов, ама можам потполно да го видам него во ваков филм. Успех е во секој филм, се знае дека нема грешка при изборот.
    Еве едно слике од млади години :lol:
    [​IMG]

    (да не се повторувам, затоа не ги анализирав филмовите, ама да се знае дека му се :bow: на човеков :)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Ооо, Ентони Хопкинс. Ептен не иде да кажам за маж го сакам ама за дедо дефинитивно. Да ми раскажува приказни со рима како How the Grinch stole Christmas.

    Дефинитивно еден од големите актери. Го носи филмот во кој глуми, ја има фацата и ставот за се. Нема филм со него што не ми се допаднал. Во Meet Joe Black сите паѓаа на Бред Пит, јас на типчево и пол.

    Феномен и пол.


    пс. Може да предложам актерка за наредната недела? :?:
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Ha барање на Lilbaby, оваа недела коментираме Kate Hudson :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    • kate-hudson.jpg
      kate-hudson.jpg
      Големина на фајлот:
      71,7 KB
      Прегледи:
      158
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.