1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Hедела на Ентони Хопкинс

    Ооо, јас исто како голем обожавател на Кејт ќе почнам прва :).

    Една од најсимпатичните актерки во Холивуд пред се, не е само убавината во неа туку шармот и природноста која ја поседува. Просто да ти е задоволство да ја гледаш во било кој филм, многу ми е некако позитивна. Ретко некој да има таква харизма што ја пренесува и во улогите. Една од омилените ми е, дефинитвно.
    За талентот, поседува талент за глума. Иако воглавно глуми во романтични комедии ама сепак тоа го прави на многу добар начин а мислам дека и тие улоги и најмногу и лежат, не можам да ја замислам во некој озбилен филм.

    My all time favourite од неа How To Lose A Guy In 10 Days. Филмот нема да излажам ако кажам дека го имам гледано преку 1000 пати и сеуште не ми е досаден :). Сцените и репликите на памет ги знам, според мене една од најубавите романтични комедии. Со Метју Меконахи се ептен тандем. Едноставно совршенство ми е целиот филм :inlove:.

    [​IMG]

    Bride Wars ми е исто гледан повеќе пати. Баш ми е убаво филмчето иако некој би рекол дека не е ништо посебно ама мене ми се свиѓа, особено оти ги сакам Кејт и Ен. Смешни комични моменти ама сепак при крајот беше малку тажен. Две другарки кои се скаруваат за глупост и дури после сфаќаат дека поради тоа најголемиот детски сон ќе го поминат една без друга.

    A Little Bit of Heaven го гледав скоро и многу ми се допадна. Особено ме изненади реалноста во тој филм, налик едноставен филм за девојка која дознава дека има рак и начинот на кој се соочува со болеста ама многу вистинит. Особено ми се допадна како глумеше природно Кејт тука, зошо сепак не е баш комедија филмот иако е класифициран како таков, мене ми беше многу тажен на моменти :(.

    Други филмови кои ги имам гледано и ми се допаднала со неа се: You, Me and Dupree, Something Borrowed, My Best Friend's Girl. Fool's Gold исто го гледав ама нецелосно, и тука се со Метју Меконахи ама чинам дека филмот е послаб од другиот нивни. Типични романтични комедии, но сепак Кејт мислам дека ги прави посебни, има природен талент за комедија. Да беше некој друг во главната улога можеби и немаше да ми бидат толку интересни. Ама кога и да видам дека филмот е со неа обавезно ми е на листата за гледање :) . Филмографијата и е некако многу мала, мислам дека треба повеќе филмови да снима. Но имам уште за гледање од неа, во некоја наредна прилика.

    Мене ми се ептен допаѓа како актерка а богами ми е и ептен убава и сладка. Можеби не е некој оскаровски тип ама сепак е одлична.
     
    На crazylady и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Keјт Хадсон

    Кејт Хадсон никогаш не ми срасна за срце како омилена актерка. Ми се допаѓа таа нејзина харизма, но не ми е нешто посебно убава и впечатлива, типична girl next door девојка.
    Плус, на сите пари што ги има, срамно е и жално да не ги среди клемпавите уши. |(
    Тој момент никако не можам да го сконтам, ама ајде.

    Од нејзините филмови најмногу впечаток ми пставил психолошкиот трилер The Skeleton Key.
    Сите што го немате гледано, ви го препорачувам, морничав, напнат, неизвесен и таму ми се допаѓа нејзината изведба.
    Од тие шербет лимонадести романтични комедии ниту една не ми запнала за око посебно.
    Raising Helen е така за нијанса поквалитетен и подлабок од таа бранша.
    Во нејзините рани години одигра една споредна улога во филмот Gossip со Џејмс Марсден и тоа е добро филмче.
    Исто и во The Four Feathers. Моќен и длабок филм, но повторно - игра споредна улога, што според мене ѝ одговараат сосем фино.

    Bride Wars ми е сосем ок забавно филмче, но многу повеќе заради Ен Хатавеј, јас сум нејзин обожавател.

    Големи промашувања ми беа You, Me and Dupree, My Best Friend's Girl, Something Borrowed и A Little Bit of Heaven . Сите до еден се млаки, досадни и неивентивни филмови. Не знам зошто и тој талент што го поседува го троши на вакви безвезни улоги.

    Во план ми се да ги погледнам Le divorce со Наоми Вотс и мјузиклот Nine.

    Во приватен живот не знам што магнет носи за да привлекува рокери, односно музичари, така беше и со првиот сопруг, а сега е со Метју Белами од Мјуз и тука секако дека сум лута. :D
    Не му одговара воопшто. Веројатно понела некаков шарм за ловење вакви фаци од Almost Famous.
    :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Hедела на Keјт Хадсон

    Кејт ми е синоним за детска разиграност. Поседува one of a kind шарм.
    [​IMG]
    That's what I'm talking about. :)
    Вечно ќе ја паметам како Пени Лејн, од Almost Famous, кој сеуште зазема високо место на мојата листа на омилени филмови. Сите тие награди што ги грабнаа, беа сосем заслужени.
    Талентот и е дефинитивно наседен од мајка и. Мило ми е што повеќе не е во нејзина сенка.
    Криво ми е што The Four Feathers не успеа на бокс офисот. Не беше толку тапа. Напротив.
    You, Me and Dupree е типична романтична комедија. Не е лош, но не е ни кој знае колку добар.
    How to Lose a Guy in 10 Days- е после ова ептен се разочарав што не се и во реален живот пар. Многу ми се погодени еден за друг. Мојот омилен цитат го поставила BlackSwan5, па да не се повторувам. Не верувам дека постои некој што не го гледај филмот.
    За Something Borrowed се согласувам со Трендалфилка, ептен неинвентивен филм.
    Едно време бев опседната со Fool's Gold- некогаш и два пати дневно го гледав. Ептен ми се допадна таа авантура, потрагата по богатството. 8) Крајот се знаеше. Тотално предвидлив.

    Во план сум да го гледам The Skeleton Key. Се канам кој знае од кога, ама ете сеуште го немам изгледано.
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Keјт Хадсон

    Јас ја сакам Хадсон зашто е стварно харизматична, насмеана, позитивна и тоа секогаш :) Искрено, немам гледано нешто филмови со неа, а и тие што ги имам не се посебни за памтење, ама Хадсон како појава ми е лично посебна. Можда нешто и до гените е, зашто истото мислење го имам и за Goldie Hawn, само освен како појава, ја почитувам повеќе и како актерка (ја обожавам женава). Сакам такви позитивни ликови, што глумат позитивни, а всушност и се во вистинскиот живот.
    За глумата, па незнам дали има многу што да се каже. Како и Анистон, и она воглавно глуми исти ликови.
    Ја имам гледано во About Adam, само не сум и посветила внимание (тогаш С. Таунсенд ме привлекуваше).
    Можда само Skeleton key беше поразличен, па успеа да се внесе во поинаква улога, ама мене филмот ми беше потполно предвидлив и не привлечен па не би и дала заслуга дека направила нешто повеќе.
    Гледани ми се и Fool's gold, Raising Helen, Alex&Emma, How to lose a guy и воглавно е истата, баш како и Анистон. Само мене Хадсон ми е посимпатична, весела и затоа ја сакам (башка ликовите во ром. комедии кои ги глуми ми се хепи, па и затоа можда и давам предност).
    Башка, штом го освои Метју Белами, мора да има нешто повеќе во неа :) Истите улоги кои ги имаше мајка и на времето, совршено сега би и прилегнале и нејзе.
     
    На eli25 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Hедела на Keјт Хадсон

    Никогаш не ми била омилена, но па ни неомилена, средно симпатична но и средно талентирана.
    Ме нема воодушено со некоја улога, посебно, па и улогите во скоро сите филмови и се во лимонди.
    Шарманта е и симпатична, скорена за такви филмови, ама некако мислам дека веќе е престара за тие улоги, требаше да ги надрасне, и да помине на некои посериозни.
    Нејсе, најлоша и некако нај неубедилва ми беше во Bride Wars, мене самиот филм ми е толку дебилен и безсмислен така некако и двете таму ми беа благо ретардирани. Појавата на две кокошки како се тепаат за тоа која ќе биде поубава на свдабата и ствараат невиден зиркуз околку свадба за мене идеата само по себе е толку неинвентивна и досадна, па каква и глумиза да глуми, нема материјал за глумење.
    A Little Bit of Heaven, You, Me and Dupree, Raising Helen и веројатно култниот How to Lose a Guy in 10 Days кој и беше убедливо нејзината отскокна даска, останатите, ми се океј интересни романтични лимонади, кој не ме разочарале но не ме ни фасцинарале.
    Something Borrowed нешто многу слично со Bride Wars мене ми беше дури и поглуп од првиов, утка улога.
    Alex & Emma ми е реално еден од најсипатичните нејзини филмови бидејќи таму мислам дека најмногу му се допадна како лик, мешавина од два различни ликови, еден реален друг имагинарен-во книга, па и самата испреплетност на реалноста со книгата и даде некој посебен шмек.
    Убедливо најдебилен филм е About Adam |(
    The Four Feathers e oчигледно еде од ретките кој отскокнува од шаблонеријата на романтични комедии, ама тој не сум го гледала, ми делува како поинтересен филм.
    Се на се, нема некоја посебна импресија на мене оставено, мислев дека до сега ќе ги напушти тие досадни чизи филмови, зашто нема веќе 20 години.
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Hедела на Keјт Хадсон

    Значи ја обожавам. Litle bit of heaven ми е омилен филм. How to lose a guy..., Somethin borowed.. ма сите филмови ми се онака лајтерски за опуштање, како што е самата Кејт :D
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Hедела на Keјт Хадсон

    Jас долго време се мислев да ја предложам Kејт, но гледајќи ја големината и искуството на овде споменатите актери - некако не ми беше тоа, па кога видов Џенифер дека ја има во темава . . . си викам зашто па Kејт да не може. :D

    Jа обожавам затоа што е посебна, внесува шмек во секоја улога што ја толкува колку и да е таа лејм и проѕирна, не знам дали дека ми е омилена, ама стварно е ултра шармантна и преслатка. 3а тоа што нема (благоречено) гради односно и се мали, и се клемпави ушите - уште повеќе придонесе да ја сакам, и воопшто не ми смета нити ми е пресудно кај еден актер изгледот, нити пак по тоа го судам човекот, примитивно ми е. |( Mаани ко маани.
    Cакам да ја видам заедно со Kиану Pивс и Голди во еден филм, тоа ми е огромна желба, мајка и е жива позитива исто како нејзе. :D

    Bака како нејзин најголем фан, имам минус затоа што има филмови што не сум и ги гледала, а планирам да ги гледам. Oд поновите го немам гледано Nine (а и не ме привлекува да го гледам без разлика на целата филмска екипа + можам да замислам дека се сите еротични и секси ама не обичам мјузикли, тоа е :worried: ). Cледни на листа за гледање ми се: Gossip, The four feathers и Alex & Emma, па ќе искоментирам за нив или во темава или во Последен филм што го гледав.

    Прв филм што имам гледано од нејзе е About Adam, и ми се допадна, бев малечка кога го гледав, и оние безобраните сцени ми беа занимливи, само приказната беше ептен за никаде, еден маж спетла цела фамилија жени, а тука Kејт беше една од сестрите со која беше, се покажа како шоумен и весела девојка, како и секогаш.
    How to loose a guy in ten days - легендарен филм, изгледан бог знае колку пати, десетици, и сеуште ми е интересен, макар што репликите на памет ги знам, одлична улога на Kејт, највеќе и одговораат тие bitchy улоги, и целото тоа врткање околу малиот прст просто не можеш да не ја сакаш тука. Cо Mетју се совршен пар, влагаат во моите топ 5 парови, штета што не спанџаа и приватно.
    A овие двајца се појавија и во Fool's gold, овој филм не ми се допадна, и целата приказна околу пронаоѓањето богатство во океан, така да, недефинирано според мене . . .
    Almost famous и е еден од подобрите, ма меѓу топ 3 нејзини филмови, изгледа од таму почна нејзината пасија кон рокери.
    Raising Helen, You me and Dupree & My best friend's girl се горе-доле вметнати во ист жанр комедија/романтика, во првиот глуми тетка на која и припаѓаат децата од нејзината сестра и беше океј тука, заедно со Џон Kорбет (или Eјдан од SATC) не ми се некоја посебна девојка, ама ај. Bториот е добар, и од време-навреме знам да го пуштам ама никако не можам да му ја сварам фацата на Oвен Bилсон, леле оток невиден, во филмов е деген, имаше уште сцена како замислува дека Kејт го лиже на јахта. |( Tретиот е права комедија, се изнасмеав, и во овој филм има улога на bitch само нејзината беше превише, нешто како френдс вит бенефитс (што јас не го сакам ни малце), така да ништо посебно.

    Доказ дека знае да игра и сериозни улоги се The Skeleton Key трилер/хорор, одличен за здрмување, некои сцени со премижување и вртење ги гледав, и одлична улога на Kејт овде, ја донесе феноменално; The killer inside me - брутален е филмов, посебно сцената каде главниот лик ја претепува Џесика Aлба до смрт ( :puke: ), но улогата на Kејт повеќе се истакнува во вториот дел како свршеница на главната улога, има и благи секс сцени, а партнерот и е о-д-в-р-а-т-е-н.
    A исто така овие новиве што сега ги снима, докажува дека не секогаш глуми несериозна и откачена девојка, The Reluctant Fundamentalist ќе биде одличен филм, добро сценарио има како и Me and My Shadow за кој ќе чекаме до 2014та.

    Bride wars има добри реплики, добро тоа е ствар укуса, јас сум го гледала повеќе од еднаш па ги имам запазено и деталите, интересни препукувања, улогата и ја сакам ептен, тука работи во адвокатска канцеларија, стајлингот и е совршен, и косата (не таа сината :D ) и преубава, јас сум просто заљубена во оваа нејзина улога. A венчалниот фустан посакувам да го носам на мојата свадба. :$
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    A little bit of heaven & Something borrowed се просечни филмчиња, првиот е малце подраматичен бидејќи нејзиниот лик на крајот умира од рак, па ете подобра улога имаше во првиот, внесуваше емоции и покрај тоа што карактерот и беше таков да она глуми цврста и јака девојка што не се плаши од смртта, а во вториот просечно дури и лошо според мене.

    Tух, се изморив. :whew:
    Bаљда ќе ме скролате. :D
     
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Keјт Хадсон

    Ја обожавам мајката, ја обожавам ќерката. :D
    Не за џабе имав аватар 5-6 месеци од Кејт. :D Многу си личат со мајка и, Голди Хоун, преубави ми се и двете, позитивни, преубава насмевка имаат. Меѓу омилените ми е од актеркиве во Холивуд баш затоа што има некоја мила ѕвезда, сакаш едноставно да ја гледаш на екранот.

    За нејзините филмчиња ... Повеќето се за тепање време, романтични комедии, лимонатки, мојот жанр. :D

    About Adam ми е гледан од порано, на А1 мислам го даваа, али поодамна. Многу глуп филм, не е ништо посебно, Адам ги легна сите три сестри, со едната се венча и така :D

    The Four Feathers исто од одамна гледан, али многу добар филм, плус со Хит Леџер е, и тој е фантастичен. Кој го нема гледано, обавезително.

    Култниот How to Lose a Guy in 10 Days, ми е најдобра романтична комедија на сите времиња! Метју и Кејт ми се совршенство од пар, многу ми се складни, али сепак приказната вредеше многу повеќе.

    Alex & Emma, исто романтичен филм, не толку добар, али сепак имаше добра приказна. Со Лук Вилсон исто беа добар пар, овој Вилсон го поднесувам, другиот не. |(

    Raising Helen е супер филм, малце поразличен дека не е романтика во прашање во прв план.

    You, Me and Dupree е идиотски филм со идиотот Овен Вилсон. |( Алергична сум на човеков, не знам што толку ми смета кај него, али ете, не го варам.

    Fool's Gold - добар, али не сепак ко првиот филм со Метју, не се споредува. Сепак и во овој филм е присутна хемијата меѓу двајцава.

    My Best Friend's Girl ми се допадна многу, интересен е доста.

    Bride Wars ми е еден од поомилените филмови! Плус дека и Кејт и Ен Хатавеј ги обожавам, многу добар женски спој!

    A Little Bit of Heaven и Something Borrowed не ми се допаднаа ама ич. Во првиот, Кејт ми беше лош избор за таа улога, а со актерот ама ич не си одговараа. Во вториов, не е таа во главна улога, али филмот е апла досаден, нејзината улога е заникаде, а крајот да не зборам.

    Најдобри филмови од неа дефинитивно ми се How to Lose a Guy in 10 Days, Bride Wars и My Best Friend's Girl. По тој редослед. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Hедела на Keјт Хадсон

    Колку што ја сакам Голди толку не ја сакам Кејт.

    Прво не разбирам зошто избира цело време еден ист тип на филмови. How to lose a guy in 1o days, Fool's gold, You, me and Dupree, Alex and Emma... сите ми се ист тип на филмови кои голем број на луѓе ги гледаат за онака. Не се двојам, и јас не менувам канал кога го даваат Fool's gold ама повеќе ради момакот. Кејт ми е некако цело време иста, фаца не менува и за мене има иритирачки глас.

    Fоur Feathers ми е во листа за гледање, ама не очекувам многу од неа повеќе ради Леџер сакам да го гледам.

    Според мене, Кејт може да земе многу подобри филмови, па види кој и е мајка. Е сега дали не сака или мисли дека не може е друга работа.
     
    На JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Hедела на Keјт Хадсон

    Една од актерките која не ме фасцинира.
    Имам мислење дека доколку не била израсната во Холивуд никогаш немало да стане актерка.
    Мајка и е синоним за актерство, притоа Goldie Hawn е и оскаровка, а ќерка и е една нејзина бледа копија, да не била Голди, Кејт сигурно би имала друга професија.
    Кејт е симпатична девојка, не многу талентирана за актерство, повеќето филмови кои сум ги изгледала со неа се тин романтични комендии, каде има просечна улога. Сакана од момци и тоа е најчесто темата на филмовите, повеќе се темели на нејзината убавина, него на нејзиниот квалитет. Но добро е мора да има и такви актерки, за такви филмови нели.
    Нејзе можам да ја ставам со Метју како еден од најдобрите филмски парови, тој филм и ја направи славна, а филмот е реално едно обично релакс филмче за женска душа, натинг спешл.
    Се на се има илјадници подобри актерки од неа, кои се и поталентирани и похаризматични и кои за жал не ја добиваат шансата која ете ја има Кејт. Тоа е, ја има таа среќна ѕвезда да израсне во Холивуд.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Hедела на Keјт Хадсон

    Јас Кејт ќе ја изигнорирам, затоа што ко глумица некако не ме плени ама ич, плус глуми у филмови, кои искрено не ме инспирираат ама никако баш и ќе се вратам кон Ентони, затоа што задоцнив (оправдано :!: ) да си го искоментирам :$

    Да не му дадеше кралицата Sir пред името, сите почитувачи на квалитетна глума сами ќе му го ставеа, без сомнение.
    За мене лично нема глумец кој повеќе го почитувам од него. Не почитувам ни уличен талент толку колку што почитувам талент + очигледноста дека некој е искочен како таков, ко школуван. Абе, британска школа, нема лабаво :)

    Страшно го обожавам и кога и да го загледам во билокој филм, и да не ветува многу си велам - Ентони ако глуми таму, мора да е добар. Така да, и Зоро си го изгледав од тие причини бе :lol:

    Како прво ме плени неговиот британски, чист акцент и беспрекорноста на неговата глума. Како што тој знае да изглуми, мислам дека никој друг не знае. Ме плени како Пикасо, ме плени во улогата на C.S. Lewis, Ханибал Лектор - нормално...постои ли човек кој не се плашел од него бе?! :D и ме плени во Meet Joe Black. Последниов филм, кога и да го гледам останувам без зборови, и секогаш плачам ко луда на крај кога се збогува со ќерка му.
    Ентони е чиста магија и тачкетина! :D
    Дури и во Legends of the Fall мислам дека да не беше тој, филмот немаше да биде комплетен. Му даде посебен шмек со својата глума.
    Еден од најомилените филмови со него ми е исто така и Shadowlands.

    Некаде читав порано, не знам дали сеуште, дека всушност на почетокот од кариерата глумел во Лондон и на театарските даски. И секогаш си посакувам, да можев да сум мува некаде таму за да го видам во театар. Буба швабче ете, така тивко да си седам и да го гледам. Ах бре!

    Лоренс Оливие, добра ствар направил што му дал шанса на овој човек во театар, затоа што мислам дека, светот ќе го памти како една од најголемите фигури на современиот филм. Не му е потребна помпезност. Јасно ми е дека и да е само тој во некој филм, филмот ќе биде повеќе од одличен. Затоа што тој со неговиот начин на глумење, она некое чудно британско студенило кое ве тера да го засакате на посебен начин а тој несомнено го има и со способноста да изрази тешки емоции од секој вид, е сосема доволно за да го направат филмот едноставно речено - добар. Као мед!

    :bow:
     
    На figgiMK, 1209 и Mayyya им се допаѓа ова.
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Keјт Хадсон

    Ова е пост вреден за лике и да кажам дека ТОТАЛКА сум за ова што е пишано !!!! и јас не ја обожавам глумата стекната од МАМА или ТАТАО како наследство кое го ИМА КЕЈТ некако ми е мнн пластична кога глуми....
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hедела на Keјт Хадсон

    Hа барање на TIGERLADY оваа недела коментираме за

    Meryl Streep :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, boomsleng и tigerlady им се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Hедела на Keјт Хадсон

    Ја имам честа прва Јееее :)
    Што да се каже за женава освен ЛЕГЕНДА
    Сериозно, поим за актерка. Знае да се вклопи во секоја улога а ги има толку многу што не можам да се одлучам кој ми е омилен.
    Мислам дека прв филм кој го гледав со нејзе беше Крамер против Крамер заедно со мајка ми
    Одличен филм заедно со Дастин Хофман. Филм кој воедно и ја донесе славата па и првиот оскар
    Меѓу омилените други спаѓаат Тhe hours, Julie and Julia, The Iron lady, Lemony Snicket: A series of unfortunate events.
    The devil wears Prada се подразбира :D
    Извонредна актерка!!!!

    Мислам дека нема снимено филм кој нема освоено награда или барем не е номиниран
    Знае да ги одбере вистинските улоги, а и знае да се внесе во нив. Сепак глумица е толку долго време што е и треба да остане пример

    Номинација за Тони награда,
    16 номинации за Оскар од кои 2 освоени,
    25 номинации за Златен глобус од кои освоени 7
    Освоени 2 ЕМИ награди
    Награда од Канскиот Филмски Фестивал,
    4 награди од страна на Филмските Критичари на Њујорк,
    5 Греми номинации,
    Награда за животно дело

    Има нешто што женава не може? Секоја чест :clap:
     
    На boomsleng, kravce и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Keјт Хадсон

    Mерил Стрип не е некоја ултра лепотица, но има некој убав став и држење што те тера да ја почитуваш и да ја сакаш истовремено.
    Многу е мила и харизматична, one of the people. :)

    Како мала многу го сакав филмот со неа и Кевин Бејкон како негативец, кога ќе ја тера да ја преминува Дивата река.
    Од тогаш ми остави впечаток како фантастична актерка, со огромна моќ за транформација и многу различен дијапазон за актерски улоги.

    Како помала многу ја сакав црната комедија Death Becomes Her, заедно со Голди Хоун и Брус Вилис.
    Обожавав да ја гледам на тв, ми беше еден од омилените филмови. :D

    Дел од нејзините филмови кои ми оставиле впечаток се:
    The Hours
    The Manchurian Candidate
    The Devil Wears Prada

    мјузиклот Mamma Mia! еден од ретките во кои вистински сум уживала
    Julie & Julia , филм кој би го погледнала уште 10 пати најмалку, повторувајќи ја нејзината мантра за секое вкусно јадење - butter, butter, butter и
    Doubt. Ова е една напната и помалку мрачна драма, обвиткана со мистерија и многу квалитетни актери.
    Но, Мерил Стрип го краде моментот, во секој филм впрочем каде што се појавува просто блеска и го влече вниманието со (за) себе.

    Се поклонувам на нејзината трансформација и посветеност за улогата на Маргарет Тачер во The Iron Lady.

    Што и да одберете од филмовите на Мерил Стрип за филмска вечер, нема да зажалите.
    Прекрасна природна актерка.
    :)
     
    На antonina, boomsleng и kravce им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.002
    Пол:
    Женски
    Hедела на Keјт Хадсон

    Мерил Стрип е прекрасна жена и актерка, легенда на филмското платно.
    Мене ми е специфично убава, остри црти, заразна смеа, баш жена жена.

    И мене како на Трендафилка филмот Death Becomes Her ми беше доста забавен кога бев помала, мада уште кога го фатам на телевизија го гледам обавезно.Таму ми е баш интресна и доста е грациозна, ако од време на време ја губи главата, буквално, сепак во црвениот фустан е фатална жена.

    Во филмот Lemony Snicket's A Series of Unfortunate Events имаше некоја топлина, мислам улогата и беше таква топла, иако филмчето е претежно за деца, мене ми беше забавен, онака за релаксација.

    One True Thing е многу добар филм, доста тажен, а Мерил се вклопува совршено во улогата на мајка, жена, сопруга, која е болна од рак, а прави се во своја моќ да ја задржи хармонијата во семејството.Многу добар филм, кој го нема гледано обавезно да го погледне.http://www.imdb.com/title/tt0120776/

    The Devil Wears Prada Е многу добро филмче и според мене многу подобро и лежат улоги на негативец, мислам не буквално негативеџ, туку сериозна личност, строга.Овој филм токму таа го прави толку добар, иако ја сакам и Ен, мислам дека ќе се загубеше во филмот, ако на местото на Мерил беше друга актерка.

    It's Complicated Забавно филмче, нешто сосема различно, а сепак толку секојдневно, ептен добра лимонатка, во која Мерил одлично си ја заврши работата.Одличен пар ми беа со типот, а сцените кога се смееше онака срамежливо за нејзини години, просто покажуваже дека животот не застанува ако си жена од доцни 40, 50 па и 60 год. ако си млад во душата.

    Е го немам гледано The Iron Lady, а сакам да го гледам.Повторно во улога на сериозна жена, сигурно одлично и прилега.
     
    На boomsleng и kravce им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Hедела на Мерил Стрип

    Само да начекам некој лош збор за Мерилка, ќе стрелам.

    Шала на страна, за мене Мерил Стрип е врвот што може да го достигне една актерка. Мислам дека прв филм со неа ми беше Death becomes her и апсолутно го обожавав и обожавам. Секој филм со неа ми е прекрасен и топло го препорачувам Julie and Julia, The Iron Lady, It's complicated, The hours итн, итн итн. Кој може да го поднесе Вуди Ален и во Ментхетен има добра улога.

    Но мислам дека врвот бар кај мене го достигна во Sophie's Choice. После филмот недела дена бев во шок и уште сум. Имам гледано интервјуа со неа и некаде кажуваше дека најболната сцена во филмот одвај ја снимила и тоа од прв пат. Кој го нема гледано, да се корегира.

    Дополнително, мене ми е преубава и во строга и во опуштена варијанта. И посебно ја почитувам затоа што во едно интервју што го вртат на ТВ1000 вика дека она е актерка и тоа и ќе остане и за разлика од многумина не продуцира филмови. Актерка до срж.
     
    На boomsleng и kravce им се допаѓа ова.
  18. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Мерил Стрип

    Мерил Стрип што да се каже освен само едно а тоа е најдобрата актерка на денешницава.
    Мене ми е убедливо најдобра женска актерка.
    Нема филм во кој не блеска, скоро на секој филм му дава свој печат, каде го покажува својот талент, дарба, каде едноставно доаѓаат до израз нејзините врвни актерски квалитети.
    Уживање е да се гледа филм во кој една од улогите ги толкува таа, но кога ќе се соберат заедно неколку врвни актери како на пример Филип Сејмор Хофман, Ејми Адамс, Виола Дејвис тогаш филмот преставува врв во актерската изведба, нешто совршено, неповторливо, нешто што ви го одзема вниманието, нешто што со задоволство го следите до последен миг, баш такво искуство имав гледајќи го филмот Сомнеж кој топло го препорачувам да го гледаат сите кои се љубители на добри филмови.
    Толку лесно, лежерно, природно ги одигрува улогите просто задоволство е да ја следите во изведбата на ликовите кои ги толкува.
    Нема филм во кој не ми се допаднала но посебно ќе издвојам неколку кои сметам дека и беа најдобри во нејзината досегашна кариера
    Ловец на Елени, феноменален филм еден од првите филмови во кариерата на Мерил каде ја одигра одлично улогата заедно со феноменалниот Де Ниро.
    Потоа филм кој не треба да се пропушти и кој и го трасираше патот на успешна актерка и со кој го освои својот прв оскар во својата кариера е предобриот Крамер против Крамер каде одигра одлично заедно со Дастин Хофман
    Следен нејзин филм во кој бриљира е филмот Жената на францускиот командант каде исто така одлично одигра заедно со Џереми Ајронс.
    Вториот оскар во нејзината кариера го освои со улогата во филмот Изборот на Софија сосема заслужено.
    Одличен филм со Мерил Стрип е филмот Моја Африка каде одигра феноменално заедно со Роберт Редфорд.
    Мостовите на Медисон е филм во кој исто така доаѓаат до израз нејзините врвни актерски перформанси.
    Филмот Адаптација е филм во кој повторно се претставува во светло на актерка од врвна класа заедно со Николас Кејџ кој исто така е одличен во улогата во филмот а посебно би ја истакнал улогата на Крис Купер кој беше феноменален и заслужено го освои оскарот за споредна машка улога.
    Од поновите филмови во кои ми оставила голем впечаток е филмот Ѓаволот носи Прада каде одлично ја портретира улогата на уредничката на еден од најголемите модни магазини, во филмот исто така ми се допаднаа улогите и на Ен Хатавеј и на Стенли Тучи.
    Филмот Часови е исто така одличен филм во кој одлично го одигрува својот перформанс покрај одличните Никол Кидман и Џулиен Мур.
    Посебно уживав додека го гледав филмот Џули и Џулија, прекрасен филм снимен според вистинска приказна во која Мерил Стрип ги презентира своите кулинарски вештини заедно со маестралната Ејми Адамс и Стенли Тучи, филм кој топло му го препорачувам да го погледне секој кој е љубител на готвењето, храната и филмот, сето споено во едно.
    За филмот Сомнеж веќе кажав дека според мене претставува врв во актерската изведба на сите актери и сите заслужија оскар за улогите(сите и беа номинирани за оскар во различни категории)
    Конечно дојде на ред филмот Челичната Лејди каде Мерил ја портретира поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, што да кажам за изведбата нешто совршено, до детал го долови ликот на Маргарет скоро од секој аспект, сосема заслужено го доби третиот оскар во нејзината актерска кариера.
    Иако според мене оскарот за најдобра женска улога годинава требаше да го добие Мишел Вилијамс за нејзината маестрална улога на Мерилин Монро во филмот Мојата недела со Мерлин, сметам дека Мишел беше за нијанса подобра во изведбата од Мерил. Мишел според мене ја чека блескава кариера во неа јас ја препознавам новата Мерил Стрип, можеби грешам но тоа ретко го правам, времето или ќе ја потврди оваа моја проценка, предвидување или ќе ја демантира.
    На крајот ќе сублимирам ретко се раѓа актерка и талент како Мерил Стрип, една единствена, оригинална.
     
    На Trendafilka, 1209 и kravce им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Мерил Стрип

    Браво за предлогот! Мерил Стрип е повеќе од актерка, ќе се памти како што се памтат Одри Хепберн, Ингрид Бергман... влегува во рангот на феноменални жени. Можеби ја нема онаа перфектна убавина, ама е негувана, нежна, делува толку паметно и моќно, а истовремено женствено и романтично. Јас ја обожавам!
    Ај да почнам хронолошки :)
    The French Lieutenant's Woman, Мерил како Сара и како Ана, прекрасно ја доловува мистериозноста, страста, болката. Повеќе од одлична глума, повеќе од успешно портретирање на ликовите. Вистинско доловување на моментите и чувствата.
    Death Becomes Her, филмот ми е легенда, го имам изгледано преку 100 пати и уште три пати повеќе од тоа би го гледала, неуморно. Фантастичен црн хумор, одлична глума, одличен тим. Овде сите тројца сјаат, тешко е да се одлучи кој е подобар. Брус Вилис, Голди Хоун, Мерил Стрип, предобар хумор, филмов ми влегува во листата на незаборавни и омилени.
    The Hours уште едно фантастично трио на филм, одлични актерки. За филмов, на сите 3 би им дала оскари.
    The Devil Wears Prada Неможам да замислам некој друг да ја игра Миранда во филмов. Вакви улоги стварно добро и лежат, поготово затоа што стварно добро ги игра.
    Mamma Mia! мислам дека станав фан на мјузикли токму поради Мерил Стрип во филмов. Толку добро изведено, што и да не ги сакате Абба, пак филмов ќе ви биде убав :) Овде ми е како тинејџерка, или жена во климакс поблиску кажано :D и ја сакам во тие работнички панталончиња
    Julie & Julia лично си сакам филмови со готвење :) па овој е неизоставен во листата. Акцентот, големината, упорноста, и да, фамозното путер! во се :D Дури и Ејми Адамс е добра во филмов покрај Мерил Стрип.
    Гледани ми се и
    Falling in Love со Роберт де Ниро, конфузна, љубовна Мерил, убаво лесно филмче
    A cry in the dark, познатата приказна за дингото кое ќе го украде бебето, обвинувања, неверба...
    She Devil -овде делува нежна и елегантна, а сепак крадачка на мажи
    The River Wild - авантуристичката страна на Мерил
    Marvin's room
    One true thing
    Adaptation
    Prime

    а морам да го гледам и Изборот на Софи, незнам како ми избегал од листава
    Во сите е исклучително добра. Нема лош филм дефинитивно и затоа би ја прогласила за најдобра актерка во последниве 20, ако не и повеќе години. Кога се бира филм со неа нема утка.
    А има таква, ми се чини, безвременска убавина, уникатна, баш како што и наликува.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ако рече некој нешто лошо за Мерил, ќе биде каменуван :wasntme:
     
    На boomsleng, 1209 и figgiMK им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Мерил Стрип

    Ау, предобар избор за неделава! :clap:

    Мерил Стрип ми е една од најдобрите, ако не и најдобрата актерка на денешницава. Предобра е! Една од ретките кои жими се, мислам дека не глуми воопшто, толку е добра, што секоја улога што ја глуми е ко таа истата да е. Тоа ми е неверојатно! Ко ич труд да не вложува, е толку ја бива бре!
    Значи не е од тие што случајно се нашле во оваа работа, туку мислам дека жената со е родена за ова. Нема нешто што подобро би правела мислам.
    Секогаш кога гледам некој филм со неа, ме воодушевува. А јас тешко се воодушевувам од било што. :D
    Колку и да не е добар филмот, или да не ми се допаѓа, глумата и е перфектна секогаш! И мислам, од тоа што сум гледала, дека нема лош избор направено во улогиве. Ваљда оти може да глуми се и свашта.
    Само пофални зборови за женава имам, а убава е и физички, преубаво лице, кое може не е баш од тие типовите на прекраснотија, али она самата си е преубав склоп. Прекрасна во секој поглед.

    Сега за филмовите. Не сум ги гледала тие постарите филмови од неа, али ќе коментирам за поновите што сум ги гледала. :)

    Прв филм од неа - Death Becomes Her. Три легенди во еден филм - Мерил Стрип, Голди Хоун и Брус Вилис. Не сум фан на ваквиот жанр, црната хроника, али многу ми беше интересен филмов, едно 2-3 пати ми е гледан.

    После тоа, The River Wild и тоа пред некое време го гледав на ТВ. Интересно беше да се види и во таква улога, каде е ко симбол за физички силна жена. И Кевин Бејкон си го респектирам, така да, добар филм според мене.

    Music of the Heart - Овој филм ми е гледан, ама многу бледо се сеќавам на него. Ми текнува дека им предаваше на децата виолина.

    The Hours - исто бледо се сеќавам, мада Никол Кидман ми беше фантастична во филмов, многу подобра глума имаше од нејзе сепак, затоа и Оскарот де.

    The Manchurian Candidate е фантастичен филм, фантастичен! Пред некое време го гледав, иако Дензел е во главна улога, и Мерил е стварно многу добра, иако ептен лоша улога имаше (лоша во смисла на човечноста :D), али предобро изведено.

    Prime е супер филмче, мада не ми беше добар крајот, но сепак. Стрип имаше ептееееен забавна улога, се пресмеав на неа. :D

    The Devil Wears Prada исто добар филм, од мојот жанр на лесни филмчиња, без многу тупење. :D
    И одговараше улогата на строга (ѓавол) шефица, и косата и беше нај.

    Mamma Mia! - Не гледам мјузикли, не ни сакам, али овој дека со песните на АББА, го изгледав. И не погрешив. Предобар филм, знаеле Стрип и Броснан и да пејат. :D

    Последно што сум гледала од неа е It's Complicated. Добар ми беше, имаше поента во филмов, тоа ми се допаѓа.

    Julie & Julia не ми е гледан, многу го испофаливте, па ќе го ставам на листата на симнување.
    Сигурна сум дека е преперфектна и во The Iron Lady, али некако не ми се гледаат филмови од таков жанр, па ќе го скокнам ... бар засега.
    Гледајќи и ги филмовиве, и овој најновиот ми стои доста интересен, Hope Springs. Со Мерил Стрип и Томи Ли Џонс нема промашај, а и Стив Карел е тука, па претпоставувам дека е одличен филм. Али за овој ќе почекам за симнување. :D

    И да, памтам кога земаше Оскар, или некоја награда, ич не се сеќавам кога беше, кога ја примаше, ја погледна цела сала и рече - Вауу, мислам дека со сите имам работено во салава! :D

    Нема што - Кралица на Холивуд со тапија. :clap:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.