1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Мерил Стрип

    Плус ги додавам
    Крамер против Крамер/Kramer vs. Kramer (1979), Го додавам како филм со кој Мерлин јас ја запознав во мојата младост ... епски преубав филм .
    Falling in love **класика **http://www.youtube.com/watch?v=X2k3GC5P-iw
    She-Devil*** некадд на МТВ го даваа закон беше ако го немате гледано сакате да се смеет Бујрум препорака ***http://www.youtube.com/watch?v=L5tYnyl9eXw
    Adaptation. (2002)
    Rendition [2007]
    Lions for Lambs 2007 заедно со Tom Cruise и Robert Redford
    ова е листата јас кои ги имам гледано и паметам колку била супер... дај боже да ја гледаме и да и се восхитуваме на улогата уште долго време..
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hедела на Мерил Стрип

    Oваа недела на барање на BLACKSWAN5 коментираме за Jude Law
    п.с бидејќи имам еден куп предлози, чим видам дека никој веќе не коментира, ќе кратам за ден-два, зашто навистина ми се изнасобраа предлози за наредниве 10 недели :)
     

    Прикачени фајлови:

    • jude.jpg
      jude.jpg
      Големина на фајлот:
      40,6 KB
      Прегледи:
      301
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Hедела на Мерил Стрип

    П.С лудо те молам немој да кратиш денови за глумците, барем не сега во лето, зашто некогаш од немање време не успеава да се коментира за актерите и актерските.
    Има време мислам за сите актери да ги поминеме по ред, секоја недела еден, за една година ќе ги поминеме повеќето од актерите и актерките.
    Пред Џуд Ло, сакам да кажам некој збор за прекрасната Мерил.
    Ако некој нема гледано ниту еден филм со Мерил Стрип, е подеднакво како да нема гледано ни еден филм.
    Ретко на кој не му е омилена и кој не и се восхитува на телентот и умешноста со која ги донесува улогите.
    Можеби ги немам гледано сите нејзини филмови, но повеќето ми се гледани и тоа повеќепати.
    Веќе сте ја исчешлале детално, само ќе кажам дека омилени филмови со неа ми се,
    Kramer vs. Kramer, She-Devil, Death Becomes Her, Marvin's Room, The Hours, The Devil Wears Prada, Julie & Julia, The Iron Lady.
    Знае одлично да се снајде во улога на злочка, силна и способна жена, и тоа е нешто што најмногу ми се допаѓа во нејзината глума. Прекрасни улоги,значјани, тешки и вредни со кој било кој актер би се гордеел.
    Ми звучи многу интересно новиот нејзин филм Hope Springs.
    _
    Џуд Ло, никогаш не ме фасцинарал ништо посебно.
    Прва улога која ми текнува и филм кој ме асоцира на него е Алфи.
    Ми се допаѓа и филмот A.I. Artificial Intelligence, но најдобар според мене е The Talented Mr. Ripley.
    Глумеше мала улога во Авијатичарот,во Хуго.
    Тhe Holiday е симпатичен лимонадест филм, но ништо посебно да ми остави впечаток,.
    Според мене совршено му стои улогата во Алфи, како да му се совпаѓа со неговиот карактер.
    Сloser го имам симнато но го немам гледано сеуште,а ми изгледа како интересен филм.
    Незнам каков е во Шерлок, некако неможам да формирам мислење заа тој филм, па да решам дали да го гледам или не.
    Предностите кај Џуд Ло е што е шармер, заводник, па во такви улоги е прилично убедлив и заводлив.
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hедела на Мерил Стрип

    Aбе ако пропуштите нешто за предходниот актер, искоментирајте си и после зашто да не :D
    ќе испозаборавам и предлози и од кој и што и зашто, по грешка ги избришав сите пораки |(
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Hедела на Џуд Ло

    Џуд Ло би ми дошол нешто како омилен глумец. Го обожавам и физички, иако порано повеќе, сега некако оладив :wasntme:.

    Sherlock Holmes беше филмот каде што го заприметив најмногу, претходно не бев гледала чинам воопшто филмови со него. Гореспоменатиот ми е еден од омилените филмови. Не сум гледала многу филмски адаптации на приказната за Шерлок Холмс ама филмот ми беше ептен добар, возбудлив, авантуристчки, смешен во многу моменти. Не сум ја читала книгата па не можам да кажам дали се во филмот е добро прикажано ама мене како Шерлок и Вотсон секогаш ќе ми се во глава Роберт Дауни Џуниор и Џуд Ло, прекрасна хемија имаат заедно, мислам дека тоа и го прави филмот толку посебен и интересен. Се се канам да го гледам и вториот дел, толку го чекав да излезе ама никако да најдам време :) .

    Што се однесува до другите негови филмови, имам изгледано доста, можеби и сите :), добро со исклучок на некои. Alfie ми е исто еден од поомилените. Убедливо улога која му лежи најмногу, шармер, заводник, женскар. Го имам филмчето неколку пати гледано и дефинитивно е доста длабок филм, иако наизглед е нешто како комедија/романса сепак некако драматично завршува. Иронијата на животот. Знам дека е римејк, оригиналниот филм е од 1966 ако не се лажам ама искрено не добив желба да го гледам оригиналот затоа што, па добро не игра во него Џуд Лоу :D.
    The Talented Mr Ripley, нема потреба да зборувам за овој филм, нешто што мора да се погледне. Еден од подобрите трилери воопшто. Ваков жанр на филмови најмногу сакам па и овој би го ставила како еден од најомилените од него. Тука одлично ја изглуми улогата, иако имаше споредна покрај Дејмон, но ликот како лик ми беше малку глупав. Дали оти беше нешто како типичен разгален богаташ, некако беше лигава улогата. Иако и овде женскар :!:.

    The Holiday е убаво романтична комедија филмче кое би го ставила на повисока скала од морето романтични комедии, едноставно имаше некаква божиќна магија. Closer исто ми се допадна, иако е малку депримирачки, ама сепак доста чувства и емоции се прикажани во тој филм.
    Breaking and Entering е задоволителен ама кастингот на глумиците беше очаен, никаква хемија немаше меѓу нив. My Blueberry Nights е онака добар за едно гледање ама ништо невидено, дури на моменти ми беше и малку досаден. A.I. Artificial Intelligence се сетив дека како мала го имам гледано и многу го сакав дури откако скоро го затекнав на телевизија, ми беше доста тажен и некако чуден филм а и сеуште ми е.

    The Imaginarium of Doctor Parnassus и I Heart Huckabees се убедливо најдебилните и глупи филмови кои ги имам гледано воопшто. Дури и ми беше чудно како може на такви филмови некој да потроши пари, или можеби јас не ја сфатив поентата :^) ако воопшто имаше. Не знам зошто и воопшто прифатил да игра такви дебилни и глупи улоги, додуша во овој првиот имаше ептен мала улога.

    Repo Men по некое чудо ми се допадна иако не сум воопшто фан на акции ама овој ми беше одличен, дури и повеќе пати го гледав ама можеби оти на една телевизија што ја имав се емитуваше постојано. Мислам дека вакви акциони улоги доста му лежат, би требало да снима повеќе во иднина. Contagion е исто мошен добар, додуша веќе малку видена приказна ама сепак реализацијата на филмот многу ми се допадна и не очекував воопшто таков крај на некој начин.

    Enemy at the Gates го дават доста на телевизија ама никако да најдам време да седнам и да го гледам а сигурна сум дека е одличен филм, а и сакам такви воени филмови од Втората Светска Војна, па тој ми е следен на листа за гледање :).

    Цел реферат изнапишав :tmi:, ама го сакам доста овој актер. Па и британскиот акцент, нема потреба да зборувам колку ми е секси :).
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Џуд Ло

    Џуд Ло не го сакам многу, би се рекло ни воопшто ко актер.
    Има некои глупи улоги според мене, кои мене не ми се по ќејф, иако тој добро глуми, али ете, ко појава не можам да го проголтам некако.
    Премногу ми е лигав, а јас на британски акцент не паѓам. Да речеме дека ми е еден од актерите што така помалце ме иритираат, оти има некои што ептен ме иритираат.
    За приватниот живот и да не зборам, понестабилна врска од таа неговата со Сиена Милер немам читано низ медиумиве, катастрофа.

    Имам гледано само неколку филмови, и тоа не тие побитните што би се рекло, па може и затоа не го сметам за нешто посебно.

    Sky Captain and the World of Tomorrow - со Гвинет Палтроу и Анџелина Џоли. Одамна ми е гледан, не се ни сеќавам баш, али онака, баш интересен филм, имаше интересна слика, баш ко стрип ми беше. :D

    Closer - Мене не ми се допадна филмов, може не му обрнав многу внимание, али сепак, не ми беше добар.

    The Holiday - ми е најдобар филм со него. Може дека ги сакам ваквите филмови, а и актерите беа погодени. И ми се допадна и неговата улога во филмов.

    My Blueberry Nights - уште еден филм којшто мене не ми се допадна баш многу. Нора Џонс ми беше предобра, знаела да глуми, Портман онака, лоша улога за неа, а за Ло, па не ми беше многу сјаен.

    На листата за гледање е Sherlock Holmes, и тоа во набрзо време се надевам и вториот дел, засега само првиот го симнав.

    Се на се, сметам дека е добар актер, али јас не го сакам од некои си и за мене необјасниви причини.
    Извинение до фановите. :)
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Hедела на Џуд Ло

    Џуд Ло си го сместувам во листата Мило ми е што го има, ама можам и без него

    За почеток ептен ми е секси типот, кај го има телото па и гласот ми е врв. Лемони Сникет делумно го прегледав ради него како наратор. My blueberry nights ми е многу симпатичен филм, ама реално тука не е некој вавававум лик.
    Според мене му ги погодуваат улогите. Во Шерлок си се спариле фино со Дауни, ама не е тоа некоја незнам каква хемија, на моменти дури ми е и извештачени. Во Holiday беше симпатичен, ама повеќе физички него карактерно. И така во секој филм што ми е досега изгледан со него. Одамна имам гледано еден фил I love you, I love you not ама толку му го мразев ликот таму тоа чудо некое. Се на се, без посебен став за него.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hедела на Џуд Ло

    Hа барање на 1209 оваа недела е посветена на Charlize Theron :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Hедела на Џуд Ло

    Прва помисла за Шарлиз Терон е Чудовиште
    Кога го гледав филмот просто не ми се веруваше дека тоа е Шарлиз. Што ти прави шминка значи
    Ваква лепотица да се претвори во ова
    Wow
    Глумата исто така извонредна! Заслужен оскар

    Ми се свиѓа и Sweet November.
    Убава, нежна приказна за љубовта. И доказ дека животот може да ти се смени само ако дозволиш.
    Кој е љубител на романтични филмови нека го погледне.

    Не ми се свиѓа Young adult. Има реална приказна да, ама пак да го гледам :shake:
    Незнам како како успеа филмот да добие толку номинации за награди. Може само заради Шарлиз :?:

    Italian Job многу ми е познат, може го имам гледано, но сум го заборавила. Ако го најдам ќе го пуштам деновиве пак.
    А исто го чекам snow white and the huntsman на убава снимка. Валјда ќе биде добар.

    Да се тргне глумата на страна, многу ми е убава. Има таква нежна фаца, слатка мила да ти е мерак да ја гледаш.
     

    Прикачени фајлови:

    • index.jpg
      index.jpg
      Големина на фајлот:
      37,5 KB
      Прегледи:
      172
    • MonsterBWP_468x413.jpg
      MonsterBWP_468x413.jpg
      Големина на фајлот:
      36,8 KB
      Прегледи:
      172
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.002
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џуд Ло

    Eпа ајде ред е да прокоментирам.
    Според мене актеркава е совршенство жена, поседува шарм, сексипилност и природна, нежна убавина, а и доста е талентирана.

    Шерлиз Терон во улога на Гилда во филмот Head in the clouds.
    [​IMG]
    Токму поради неа филмот ми е на највисоко место во најдобри филмови.Улогата во овој филм совршено и одговараше.Облечена во модата од тоа време, која ја правеше уште попрекрасна мислам дека на филмот му дава посебен сјај и убавина.
    Таа е млада девојка, која потекнува од богато семејство, оди на забави, има богат дечко и однесување без цензура.Случајно налетува на помлад дечко од неа во кој се заљубува и почнува брканица со него во годините што следуваат па се до војната каде што таа умира.
    Во филмот има улога на независна, моќна, жена, која остварува се што замислува, нема никави предрасуди, го живее животот како што си замислува и не дозволува ништо да и се испречи на патот, па дури ни љубовта, а тоа ја уништува.Може да се рече и дека на моменти е себична, по ниедна цена не сака да остане сама, па поради тоа ги повредува двете личности што ги сака најмногу, нејзиниот љубовник Гај и нејзината пријателка и привремена љубовница Миа.Значи живее во љубовен триаголник, без никаков срам, таа ги сака и двајцата и нема намера да прави поинаку.Шерлиз одлично ја толкува улогата, поседува квалитети кои се вклопуваат во сликата на фатална жена.Поседува интелигенција и шарам и тоа и е најмоќно оружје кое доста добро го користи.Значи толку различни емоции прикажа во филмот, просто не ми се веруваше дека и успева.

    Во Sweet November ми се допаѓа затоа што е совршена во пар со Keanu Reeves.Толку убаво заедно ја доловија љубовта, убавини за очи беа.Тука сметам дека многу добро се справи со улогата на жена која е болна, а сепак волна за живот.Дури и со гласот ги искажува емоциите, тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај неа.

    Тhe Devil`s advocate одличен филм, мислам дека скоро сите го имаат гледано.Јас прво не ја ни забележав во филмот признавам, ама кога го гледав втор пат, сфатив каква грешка имам напрвено.Овде ја сакам од истата причина, бидејки е пар со Keanu.

    Snow White and the Huntsman е чист промашај како филм, јас со душа го чекав и кога го гледав добив ладен туш.Иако нејзината глума овде не е воопшто за фрлање.Како и одговара улога на негативец, тоа е страшно.Значи после филмот добри 5-6 дена во глава ми се вртеше нејзиниот глас кога вели „Мироу, мироу он тхе воол...“ :D Многу многу, добро одглуми и сите добри критики сметам дека само таа ги заслужува.

    Кога сме кај негативните улоги.Во Monster не ми се веруваше дека на крајот во каст, го прочитав нејзиното име, цело време го гледав филмот со внимание и едно време и мислев дека е таа, ама не ми се веруваше,зошто личеше баш на чудовиште.Значи многу заслужен оскар доби за улогава.

    Ги немам гледано Young adult и ни не планирам да го гледам.Не ми е воопшто јасно зошто ја прифатила улогата во ова сра*е и Prometheus, иако филмов има одлична актерска екипа, едноставно толку фантастика неможам да сварам.

    Има женава многу филмови, јас повеќето ги имама гледано, ама одамна и не би сакала да коментирам зошто не се ни сеќавам каква била.Овие ми се така поомилени и затоа ги искоментирав.
    Според мене Шерилиз е една од подобрите актерки на денешницава.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Шарлиз Терон

    Amen. :)
    Сепак неоспорно квалитетен глумец. Ми има некоја чудна привлечност додека го гледам, нешто како Кејт Мос - знам дека не е лепотица, ама додека оди на писта не одлепувам очи од неа. Така нешто.

    Од неговите филмови ги издвојувам
    Alfie, освојува со шармот и ноншалантноста, иако беше искритикуван дека не го доловил ликот онака како Мајкл Кејн во оригиналот. Мене ми беше сосем допадлив, сум го изгледала неколкупати, секогаш со подеднакво уживање.
    A.I. Artificial Intelligence - тука дефинитивно се надмина себеси. Општо овој филм е прекрасен, ама кастингот е толку на место, што не би замислила ниту еден друг во улогата на роботот.
    The Talented Mr. Ripley. Врв. Невозможно е да не ве привлече овој филм, има драма, мистерија, напнатост. Улогата на размазено богаташче ја одигра сосем природно и неизнасилено.
    The Holiday е слатка и романтична комедија и Џуд Лоу тука беше повторно уверлив како самохран родител на две мали дечиња.

    Ми се допаѓа фактот што може да одигра ладнокрвен тип подеднакво добро како што може да биде пријатно мил и фин, топол човек.

    Во врска со Sherlock Holmes искрено мислам дека требало да им ги сменат улогите на Роберт Д. Џуниор и Џуд Лоу. Вториов требало да биде Шерлок, со мали модификации на неговиот стајлинг. Не знам зошто така ми доаѓа поприродно.

    Repo Men e несекојдневна, нетипична, но одлична сај-фај акција. Ја препорачувам, со голем пресврт и изненадување на крајот.

    Со душа чекам искрено да го видам Џуд Лоу во новата екранизација на Ана Каренина. Баш да видам што ќе понуди.
    Добар тип.
    ~~~~~~~~~~~~~~~~~

    Шарлиз Терон за мене е совршена, паметна, слатка, секси и многу талентирана.
    Пресече 10 годишна врска со Стјуарт Таунсенд и око не ѝ трепна, мајке ми, ич не се фрли во депресија.
    А нема ни потреба реално, може да го има кого сака. ;)

    The Italian Job таму ја забележав најпрвин, ме освои сосем со изгледот и глумата.
    Нежна, софистицирана и гламурозна е нејзината појава.
    Мислам дека воопшто не ѝ беше потребна улогата во Hancock со Вил Смит, филмот е детски и малку глупав, но сепак...
    Во Æon Flux плени со нејзината фигура и фризурата која ѝ стои беспрекорно. Од тогаш имам мерак за таква фризура. [​IMG]За сите љубители на екранизации на стрипови и супер херои, топло го препорачувам овој интересен филм.

    Young Adult е просечно интересна драма, но да беше која било друга актерка во филмот ќе го исплукав со сигурност. Шарлиз го извади колку-толку филмот и му даде достоен шмек.

    Останува да ги погледнам Snow White and the Huntsman и Prometheus , за вториов немам сомнеж дека е ОДЛИЧЕН, тоа ми го потврдија доверливи извори.

    За чудо го немам гледано филмот со кој најмногу се прослави и зема оскар - Monster.
    Дефинитвно ми е следен на листата за гледање заедно со North Country. :)
    Сјајна актерка. :)
     
    На 1209 и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Шарлиз Терон

    Една од најубавите, најприродните и најдобрите актерки.
    Не ми е нешто посебно омилена, или да сум и фан, али сметам дека е многу добра актерка, затоа ја ценам.

    The Devil's Advocate - Јас и мајка ми во малце работи се сложуваме, али една од нив е дека филм со Ал Пачино е лош филм. Самиот ми е многу агресивен и воопшто не го сакам, ме иритира и живцира. Али филмов ми се допадна, иако не сакам такви филмови, пред се ради Шарлиз и Киану Ривс, предобар пар се.

    Sweet November - Уште еден филм со Киану, само многу различна приказна. Не сакам такви краеви ко што имаше филмот, иако е добар, а овие двајцата се пак супер пар.

    The Italian Job - Една од подобрите акции што ми се гледани, па и со кражба и такви ствари, одличнооо.

    North Country - Многу убава драма, потресна. Одлично одглумено од Терон, мислам оти и според вистинска приказна е снимен филмов, али за тоа не сум најсигурна.

    Æon Flux - Случајно го фатив на тв, ич не ми се допадна, и го изгасив по 20 минути.

    Hancock - Малце глупо филмче со уште поглуп крај, али онака, да се тепа време за досада ...

    Не ми е гледан Оскаровскиот Monster, а и не ми е во план. Такви драми ретко поднесува мојот желудник и ментален склоп. На листата за симнување е Snow White and the Huntsman, иако има лоши критики, би сакала да го погледнам.
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.002
    Пол:
    Женски
    Hедела на Шарлиз Терон

    Се извинувам за офф, ама никој го нема погледнато Head in the clouds. Според мене нејзин најдобар филм, ајде споделете импресии да ме порадувате малце :)
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Шарлиз Терон

    Шарлиз Терон е многу добра актерка, ама мислам дека нема да остане нешто долго запаметена. Не ми го има тој впечаток, ниту пак таа возбуда од типот -еј ја има Шарлиз во овој филм, морам да го глеам.
    Ги имам гледано повеќето филмови со неа, почнувајќи од That thing you do па до Hancock (кој ли го измисли филмов |( ) и некои биле добри некои просечни, во нив Шарлиз одлично си ја врши работата. Тоа е тоа, неам повеќе да кажам за неа :wasntme:
    а да...и секси е бааѓи, многу женствена и елегантна
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hедела на Шарлиз Терон

    Ha барање на SHERY оваа недела коментираме за- Ryan Gosling
     

    Прикачени фајлови:

  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Hедела на Шарлиз Терон

    Ахх од кога го чекам :)
    Идната надеж на Холивуд.

    Мојот миленик воедно

    Го засакав од Notebook. Филм за искрената љубов и за тоа како еден маж може да сака само една жена за цел живот. Глумата е одлична, со емоции кои не оставаат рамнодушен. На Рајан му личи улога на романтичар кој знае како да ја придобие девојката што ја сака, но знае и да ја врати.
    Со Рејчел МекАдамс ми се совршен спој
    А интересно е тоа што на почетокот на филмот не се сакале ич, ама потоа се јавиле чувствата и приватно биле пар подолго време.

    Ја имам читано и книгата, но повеќе ми се свиѓа филмот. Некако ми има подобро доловени емоции. Најдобро од Спаркс
    Омилен филм на сите времиња.

    Во Fracture покажува една друга страна, далеку од романтична
    Уште еден одличен спој но овој пат со маж. Не може да е лош филмот кога Ентони Хопкинс и Рајан Гослинг се во главна улога.
    Hopkins глуми убиец со брилијантен ум кој ја убива својата сопруга и го признава убиството, но сепак нема докази да се пикне во затвор. Цел филм си игра мајтап со Голинг кој го глуми јавниот обвинител. Одличен трилер!!
    Му личи таа сериозност, строгост. IT’s HOT

    За All good things некако сум скептична. Не ми се свиѓа приказната, но добра глума
    Каква преобразба значи.
    И за Drive не знам што да кажам. Човеков не кажа реченици 5 во филмот. Ова слабо

    Ides of March . Уште една одлична драма овој пат со Џорџ Клуни
    Политички филм за тоа што се кажува во јавност, а што е вистината.
    За тоа каква маска носат политичарите, а какви се всушност.
    Филм за лојалностa и искористувањето

    Lars and the real girl и Half Nelson не ми се гледани, али кај и да е, ќе дојдат и тие на ред

    И најдоброто за крај
    Crazy Stupid Love
    Задолжителен за мажите. Нека научат нешто од овој шмекер
    Одлично му стои оваа улога. А богами како изгледа во филмов АУ :o
    Сосема спротивно од Notebook, но и за женкар не е воопшто лош
    Може употребува клише фрази али него не би му рекла НЕ хахахаха


    Епа толку. Талентиран, убав, згоден. Топ 3

    Damn, you lоок like you're photoshopped :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, rossonerka и 1209 им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Шарлиз Терон

    Жално би било да се запомни Рајан Гослинг само по улогите во романтичните комедии. Уште пожално, да се запамти како уште едно добро лице, згодно тело од Холивуд (а фала богу дека е, башка сладок :D ).
    Мене Гослинг ми е страшно добар актер, има квалитет и способност да се прилагоди на секаква улога, прав професионалец. Сега видов дека сум пропуштила одлични филмови со него, морам да си го надокнадам тоа.
    Искрено, од помладите денови, ги имам гледано филмовите, ама не се сеќавам на него. Само како сладок дечко, плавуша :) Можда првиот филм кој ми доаѓа на памет е Lars and the Real Girl. Отпрвин бев као |( ама после :o дефинитивно. Филмов изгледа како дебилен и ретардиран, а исто и Гослинг, но има далеку подлабоко значење, емоции, а Гослинг до секунда совршено го портретира Ларс.
    Мене лично, од сите романтични со него, Blue Valentine ми е фаворит, еден и единствен. Плачев на филмот, ама не само што плачев, туку ми се чини и ме болеше онака, си имав грутка во грло. Ете толку добар беше Гослинг, ми се чини сите емоции успеа да ми ги пренесе мене, сите неуспеси, сета љубов и болка. Филмов каков впечаток ќе ви остави, најмногу зависи од кој аспект ќе го гледате. Или ќе сочувствувате или нема да разберете, од аспектот на гледање е.
    И преку Notebook и Crazy Stupid Love, Murder by numbers, All good things...различни ликови, различна глума, прекрасно изработено.
    Крајно нешто што гледав беше Drive и воопшто не отскокнува од квалитет. Можеби и плусови дополнително добива. Толку меланхоличен, бавен и крвнички. Филмот вреди и треба сите да го гледаат.
    За Гослинг само позитивни оцени. Нека продолжи да бира посериозни улоги, за да ја тргне славата од романтичните филмови. Морам да го гледам The Believer и одамна веќе во план Stay
     
    На crazylady, karmenka, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Hедела на Рајан Гослинг

    Лично го сметам за многу талентирано човече, еден од најдобрите во Холивуд од помладава генерација.
    Мислам оти му стојат секакви улоги, и на психопат, и на романтичар, се буквално оди со неговото лице.
    Прекрасен пар ми беа со Рејчел МекАдамс. И двајцата талентирани, привлечни, ма поубави и послатки ми беа и од Џоли-Пит. :D

    Немам гледано многу од неговите филмови, голем пропуст сум направила, али ќе го поправам. :!:
    Првиот филм по кој го запомнив беше Murder by Numbers со Сандра Булок. Глумеше психопат, па и другар му го тераше да лаже, ептен лош лик беше. Али предобро изглумено.
    Легендарниот The Notebook, каде што се виде и романтичната страна. Преубав филм, двајцата беа одлични во глумата, еден од моите омилени филмови.
    Crazy, Stupid, Love - Уште еден романтичен филм, али не обична лимонатка каква што јас очекував дека ќе биде, туку има нешто повеќе во филмов. Стварно е добар, вреди да се погледне. Познавајќи го од претходните два филма, тука се прашував кога се извежбал човеков така, не беше ваков бре! :D

    Други филмови, за жал, немам погледнато, али и од еден филм се заклучува неизбежното - дека е голем талент. Барем уште 2-3 филма ќе погледнам од неговиве.
     
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Hедела на Рајан Гослинг

    Мое мислење е дека Рајан буквално прска со шармантност на сите страни.
    А богами и сексоќата си ја покажа во Crazy, Stupid, Love ама мислам дека во овој филм посимпатичен за гледање ми беше Steve Carell.
    Нормално, типот има поголемо искуство во филмската индустрија.
    Прв гледан филм со Рајан ми е Murder by Numbers и уште ми е еден од поомилените крими филмови. Па јас мислам дека баш тука тој покажа дека има талент.
    Blue Valentine... :worried: е тука малку филмот ми се заеба, ама дека актерката баш и не обожавам да ја гледам.
    The Notebook , добро има ли воопшто потреба да го коментирам филмот? :D Нема женско на планетава што ќе каже дека не и се допаднал. Па и како би можела да го каже тоа кога во него our female dream comes true. Принцот на белиот коњ. Погодивте кој е принцот? :nod:
    Нареден на листата ми е The Ideas of March ( номиниран за Оскар).
    Инаку пред некое време гледав на е! дека и Рајан Гослинг потекнува од "фамилијата" на "The Mickey Mouse Club" заедно со Christina Aguilera и Britney Spears.
    Исто така слушнав дека имал понуда да биде дел од Backstreet Boys. Е тоа би било интересно да се виде.. :lol: :wasntme:

    Melting.. :mm:

    [​IMG]
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Hедела на Рајан Гослинг

    http://interesno.com.mk/showbusiness/36 ... an-gosling
    Ја додавам статијава од интересно како дел од она некој збор за Рајан ...
    Додавам дека е скромен и дека е одличен, се*и =прекрасен

    Јас лично го запознав за 1в пат во „тетратката“ Ноа беше на некој начин љубовта и солзите и сепак да кажам таа филмска љубав многу ме повредува дека не реална секаде...
    Убав филм ми е Ides of March каде со Џорџи баш супер играат..
    Најмногу му го сакам Drive ....5 збора за цел филм ( се надевам дека не го платиле на зборење)... приказната ми е супер неговата глума ми беше доста интересна .. а особено како се грижеше за Комшиката ...Топ
    Crazy Stupid Love напоменат во статијата горе
    КултнаТА сцена
    Hannah: [after kissing him passionately] Do you remember me?
    Jacob: [fazed by the kiss] Yeah.
    Hannah: Do you still find me attractive?
    Jacob: Yes.
    Hannah: Do you still want to take me home?
    Jacob: Yeah.
    Hannah: Let's go.
    Hannah: Will you take off your shirt... fuck! Seriously? It's like you're Photoshopped!
    Сенадевам дека и следните филмчиња ке му бидат топ оф тхе Топ