Hедела на Никол Кидман Никол Кидман е добра актерка, ми се свиѓа најпрвин нејзиниот изглед, има 45 години, а изгледа ептен убаво. Имам неколку филмови гледано со нејзе и можам да кажам дека во сите тие филмови таа одлично има изглумено. Нејзин прв филм што го имам изгледано е Flirting од 1991 година, каде што Никол Кидман глуми како споредна улога, но има ептен напнат лик. После тоа ги имам гледано To Die For, Batman Forever, The Peacemaker, The Others (кој е еден од моите поомилени филмови воопшто и мислам дека во овој филм Никол Кидман одлично ја улови својата улога), Bewitched и Just Go with It. Инаку нејзини филмови што сакам да ги гледам се Rabbit Hole, Australia и The Hours .
Hедела на Никол Кидман Не ми е омилена, али една од поомилените. Да не споменувам дека ми е препреубава, порано имав читано едно интервју со Милчо Манчевски, и човеков кажа дека кога ја запознал Кидман бил воодушевен од неа, не бил сигурен дека некогаш видел поубава жена од неа. Тенот и баш ко мојов, блед или пребел, али мислам дека баш тој ја прави толку посебна во делот на лепотата, се разбира. Имам гледано многу нејзини филмови, скоро од секој жанр има филм, сегде е застапена, и да, косата во секој, али секој филм и е различна, значи трпи многу транформации. Првиот филм е Far and Away. Значи, преубав филм со неа и со Том Круз. Знам дека три филмови имаат заедно снимено, другите два не ми се погледнати, сепак се оценети ко најлоши филмови во нејзината кариера оние со Том, али овој ми е многу добар. И двајцата се овде млади, убави, а и приказната е стварно добра. Морам да кажам дека ко пар си одговараат, иако она е 10 цм повисока од Круз. To Die For - филмот којшто ја лансирал ко идна голема ѕвезда. Јас го гледав колку да видам крајот каков ќе биде, ама воопшто не ми се допадна нешто посебно, секако не и е најдобар филм, тоа гарант. Во Batman Forever ми е преубава. Томи Ли Џонс ми беше сјаен, али Џим Кери ужасно ме живцираше во филмов, не знам зошто. The Peacemaker - онака, интересна акција, не нешто особено. Имаше добра фризура во филмов инаку. Practical Magic - во филмов заедно со Сандра Булок глумат сестри - вештерки. Али добри вештерки. Интересно е филмчето, нејзината улога е малце луда, али не ми остави филмов никаков посебен впечаток, слично ко и Birthday Girl. Овој па посебно не ми беше по ќејф. Moulin Rouge! ми е најдобар мјузикл на сите времиња дефинитивно! Не претпочитам такви филмови, али филмов е гром! Се ми допадна во него. Глумата, музиката беше извонредна, костимите, шминката, приказната одлична. Еден од омилените филмови. The Others не е мој тип на филм. Не гледам никакви хорори, или пострашни филмови, се ужаснувам од нив, фобија бр.1 ми се. Али овој го загледав на ТВ, одамна беше, не се ни сеќавам многу на него, али знам дека не го догледав до крај, од страв. The Hours - заслужен Оскар за изведбава! Филмов ми беше депримирачки, али она беше фантастична овде. Ликот не и се познаваше, да не знаев дека таа глуми, немаше да ја познаам. The Stepford Wives ми е преинтересно филмче, никогаш нема да ми здосади. Малце морничава тема обработува, али многу интересно. The Golden Compass и Australia не ми се допаднаа. Првиот е океј за оние што сакаат научно-фантастични ствари, јас не сум една од нив. Инаку, глумата и беше како и секаде, сјајна. Вториов е за мене, многу долг и досаден филм. Се некако изнафрлано, единствена светла точка ми беше нејзината љубов со Хју Џекман. Тоа вредеше да се погледне. Just Go with It - не игра главна улога, али сепак ја има во филмов. Интересно филмче, лимонатка. Најдобри филмови од овие што сум ги погледнала ми се Far and Away, Moulin Rouge! и The Stepford Wives. Bewitched ми е симнат, деновиве треба да се погледне. Сакам да ги погледнам и Cold Mountain, не ми е гледан, а сметам дека е стварно добар филм. Исто така и The Paperboy, овој ако ништо друго, бар ради екипата во филмот.
Hедела на Никол Кидман Ако сакате длабоко-психички драми, погледнете го филмот Birth со Никол Кидман се разбира
Hедела на Никол Кидман Леле сте имале недела на Рајан Гослинг без мене???? Скар Имам еден долг пост во темата Последен филм што го гледав, каде изгледав 8 филма со Рајан за еден викенд Дел ми беа гледани, дел ги гледав прв пат, дел по втор пат, дури некои и трет. Еве го постот за филмовите, а тука ќе си кажам пак нешто слично. film-i-tv/posleden-film-sto-go-gledav-e-i-kratka-recenzija-t851/7610.html#p954740 Младичов го запознав во The Notebook (2004). Младо момченце, навидум невино, но така снажно ја одигра улогата да ме освои, на прв поглед. Да да љубов на прв поглед беше тоа Филмот е убав, за мене секогаш книгата ја има предноста, ама тука добар е и филмот. Со Рејчел ми беа прекрасни, совршени, жал ми беше дури и што раскинаа Пред 2004та немам изгледано негови филмови, од тогаш до сега само на листата неизгледани ми се Stay и пред се планирам Half Nelson. Fracture (2007) е еден фантастичен трилер, кој мене премногу ме бендиса, а во комбинација на Рајан и Ентони е уште подобар. Одигра тука одлично, многу посигурно од The Notebook. Најшлаки филм дефинитивно е Lars and the Real Girl (2007) . Чукната сторија каде Рајан е перфектно ретардирано момченце, а така е сладок, да го изедеш бре. Филмов ми е на листа на најчудни филмови, ама секоја му чест на Рајан што одигра толку добро една ваква улога. И следи период на 3 годишна апстиненција од филмски улоги, за карање е знам. И оп ете го Blue Valentine (2010) во една улога на грижлив сопруг кој се труди да го задржи бракот, реална улога, чиста вистина. Мишел Вилијам ми е една од омилените актерки, така да тука ми доаѓаше да ја забоксирам што не го сака Рајан. Ама тоа е за љубов се потребни двајца. Уште еден филм истата година All Good Things (2010) повторно со одлична глумица покрај себе, филм кој ме воодушеви, а Рајан беспрекорен како и секогаш. Кога ќе размислам тој не ни има некоја грешка во својата глума. Може е момченце и детуленце во The Notebook, може е шлаки како Ларс ама тој пак е совршен. Следи Drive (2011) можам да кажам едно скалило погоре во неговата кариера се отвара од овој филм. Јас кажав филмов или го сакаш или воопшто не го сакаш. Јас сум во вторите, ама филмот, а Рајан има толку малку реплики, а толку забележителна улога. Рајан е едноставно Drive и го прави филмот. Crazy, Stupid, Love. (2011) и тука за прв пат имав оргазмично гледање на филм Романтика, комедија, воздишки, ах бре, тука ми го сврте паметот скрос на скрос Колку фина сторија со Ема, да го изеде човек. Не бе не, посебен е. Има посебен шарм. И јас паѓам на него како и сите девојки во филмот. Незаменлив е. Единствен! И последниот негов филм е The Ides of March (2011) . Можеби најдобрата улога на Рајан, бар според мене бидејки не сум љубител на Drive, a тоа е филмот за кои многумина велат дека заслужува Оскар. А за жал го немам гледано филмот кај што е номиниран за Оскар, за карање сум. И да се навратам со Џорџ Клини ми беа одлични, улога која ја изигра без мана. Кога би се навратила на севкупното негово филмско минато би рекла дека е еден од најсексипилните и најшармантните актери евр! А е и повеќе од квалитетен, млад е има да се докажува. Скарана сум што цела 2012та ќе нема филм, но следнава година очекувам неколку премиери. Неможе добар актер да е некој без шарм, а овој е посебен, а и начинот на говор, толку е едноставен од една страна, а толку талентиран од друга. За мене еден од омилените, да не речам омилен па низа други актери да ми се налутат, пред се Џејсон Статхам А ако приметите во сите негови филмови покрај себе има фантастични глумци, сеедно дал од машки род или женски кои му биле партнерки. Секогаш се тоа холивудски прочуени ѕвезди. А тој најчесто е главна или евентуално споредна улога покрај такви глумци кои имаат многу поголемо искуство од него. НО тој никогаш не е во сенка на тие глумци, секогаш е оној кој е најзабележителен. Не велам дека Џорџ Клуни или Ентони се во позади, но се на рамниште на Рајан кој споредните улоги ги игра како главни. Предобар е бре! И сеуште се молам да се ожени со мене инаку
Hедела на Никол Кидман Порано ми беше ужасно антипатична, ладна и фригидна, но денес ја гледам со задоволство во филмовите во кои ја носи главната улога. Мислам дека е фантастична, таа нејзина ладнокрвна мистичност и леденост ми се допаѓа, поседува сјајни актерски способности и ја има моќта за трансформација. Многу ми стана мила некако. Од нејзините филмови омилени ми се следниве, воедно ги препорачувам за гледање нели: Practical Magic со Сандра Булок, само затоа што е неодливо слатка и привлечна, некако со оваа улога се отвори и покажа дека умее да биде слатка, насмеана и шармантна; Moulin Rouge! еден од ретките мјузикли кои добро ги поднесувам, песните се феноменални, изведбата беспрекорна, а костимите и шминката ќе ве зашеметат. The Interpreter брз и одличен трилер со Шон Пен, некаква чудна привлечност се случува во овој филм, притаена воздржана хемија помеѓу двајцата главни ликови. Fur: An Imaginary Portrait of Diane Arbus овој филм не достигна којзнае каква слава помеѓу публиката, ама е толку содржаен и различен од сите останати. Поени плус за неговата креативност и нејзината изведба. The Invasion уште еден одличен трилер. The Stepford Wives иако е римејк, забавен е, интересен и одржува внимание. Кидман нормално е перфектна во изгледот и доловување на улогата. Rabbit Hole тешка, моќна драма за загубата на едно дете, и соочувањето со реалноста. Кидман ги надминува сите. Филмови кои ме разочарале, не поради нејзината изведба, туку поради содржината, затоа што ми биле глупави или досадни се - Bewitched (премногу детски, малоумен, просто ретардиран и неинтересен филм), Australia (очајно напоредн, долг и досаден филм без поента), Trespass (исклучително слаба и неинвентивна акција, заедно со Николас Кејџ кој како да е проколнат со последните филмови, ете дотолку му се лоши), Margot at the Wedding (еден од поужасните филмови кои сум ги погледнала воопшто во животот. Не вреди ни нејзината одлична изведба, џабе е. филмот е УЖАСЕН). Останува да ги погледнам Cold Mountain и Birth. Во меѓувреме, од постарите филмови ги препорачувам To Die For и Flirting чисто за забава, не очекувајте нешто спектакуларно или премногу, сепак се работи за нејзините почетоци како актерка. http://www.imdb.com/title/tt0107630/ My Life (1993) Ова е постар, но многу тажен филм. Мајкл Китон глуми човек кој се соочува со смртна болест, а Никол Кидман е неговата сопруга која мора да се соочи со реалноста и последиците после неа. За Eyes Wide Shut на Кјубрик, кадешто глумеше со тогашниот сопруг Том Круз не можам да дадам мислење. Го имам гледано 2 пати, ја имам прочитано и книгата Новела за сонот на која е базиран филмот и - се' уште не можам да се решам дали е брилијантен или тотално глупав.
Hедела на Никол Кидман Доцнам со коментирање, па да си надокнадам. Charlize Theron Не ја можам. Најискрено, одвратна ми е. Ни физички ми е којзнае колку убава, ниту ми оставила некој впечаток. Само Sweet November сама се наканив да го гледам, ама пак не ме бендиса она. Еден другар често бира да гледаме филмови со неа и во ниту еден не ми оставила впечаток на одлична актерка. Знам, има и Оскар и се, ама не ја можам. Ич, ич не ја сакам. Ryan Gosling Потенцијал има момакот до небото и назад. Сите филмови со него ме држеле до крај и неверојатно е како успева како млад актер да се истакне меѓу група на поискусни глумци. Секоја чест, и се надевам ќе се изнагледаме уште од него. Без маица. Nicole Kidman Порано воопшто не ја сакав, и во Practical Magic секогаш бев за Сандра Булок. Ама после гледав доста филмови со неа и уствари и не е така лоша. Moulen Rouge, Hours, Eyes wide shut, The Invasion, Margot at a wedding во сите си се истакнува. Ама некако еден ист стил има, и секогаш има чувство дека е онаква како да сака да се наметне и да се покаже види ме, види ме. Може мислам вака зш е висока.
Hедела на Никол Кидман Никол ми е многу отмена, нежна и женствена, а сепак се снаоѓа одлично и во некои поакицони филмови. Одлична актерка е, неодамна читав дека поради многу пластични операции на лицето скоро и да нема емоции па затоа и не била многу барана, но ја гледав скоро во Hemingway & Gellhorn и не би рекла дека е така. Одлична глума. Искрено, Кејт Хадсон мислам дека не ни заслужила цела недела само за неа Просечни филмови, просечна глума, нејзините улоги и јас би можела да ги одиграм со повеќе труд. Чарлиз Терон во Италијанска работа ми остави впечаток, а од друга страна пак мислам дека Young Adult не и требаше баш. Џуд Ло го гледам само зашто ми е многу секси Рајан Гослинг за кратко време многу се прослави, но мислам дека има уште многу да се докажува. Немојте да ги заборавите Кејт Винслет, Џулија Робертс, Пачино, Де Ниро, Едвард Нортон, Мет Дејмон, Мајкл Даглас, Лиам Нисон...И така
Hедела на Антонио Бандерас хм . пред се морам да искоментирам за Ентони кој ми е врвот од глумците . да не го тупам пошо помина неговиот ред ке кажам дека е еден единствен и незаменлив . Шарлиз Терон - ептен ми е антипатик жена /глумица ., едино во Snow White and the Huntsman ја бендисав ,и лежеше улогата и нормално во Monster - за таа глума свака и част . што се тиче за Антонио дефинитвно се прослови со улогата на Зоро ,харизматичен глумец ,со најсексапилниот глас ( и акцент ) уффф Во Мачорот во чизми ( еден од поомилените цртичи ) и цртичите со Шрек ми се свиѓа како го доловува мачорчето супер си ја заврши работата . како добри филмови со него би ги издвоила Original Sin со Анџелика - убаво филмче ,убави глумци нормално и можам да кажам дека во филмов посебно се истакнува некаква хемија меѓу Џоли и него,посебно во секс - сцените - фантастично одглумено . можда причата не е нешто спешл али изборот на глумциве си го напраи своето . Истотака и Once Upon a Time in Mexico е екстра филмче со ептен ДОБАР избор на глумци Антонио ,Селма Хајек ,Џони Деп ,се појавуваат и Мики Рурк ,Ева Мендез ...треба ли нешто појше да се каже микс од акција,трилер,вестерн филм ! Desperado како постаро нешто исто со Селма би му дала добра оценка 9/10 . Задњи филм што го гледав со него е The Big Bang ,не се имресионирав ама не е ни за бацање ... филмот е сниман во студио цело време ,со доста добри ефекти (само што јас не сум мн мн љубител на ефектите) па не не сум нешо ваууу ...како и во повеќето филмови одлично си ја завршува работата и он го прави филмот тоа што е . и то дигам два прста за следеќи да биде ДЕНЗЕЛ ВАШИНГТОН ммм ?
Hедела на Антонио Бандерас Со него почна темата За Бандерас само пофални зборови... би ги издвоила Original sin , The Mambo Kings ,Desperado и Zoro, филмови во кои според мене најмногу остави впечаток
Hедела на Антонио Бандерас малце оф-топик ... не сум видела прочепкав само неколку страници уназад . ама пошто ми е ал тајм фаворит заедно со Ентони Хопкинс и Николас Кејџ морам да го искоментирам . значи црњава нема промашено филм почнувајки од The Hurricane , American Gangster ,Inside Man ,Training Day , The Bone Collector , John Q , Deja Vu , Man on Fire итн ... секој жанр му лежи ,феноменален е,крајно харизматичен ГО ОБОЖАВАМ !!! ондак нека биде Николас Кејџ ? шо велите ?
Hедела на Антонио Бандерас Лудо фала ти Ах Антонио, на мајка ми е голема љубов, платонска(може затоа го нашла татко ми, поради името ) , за мене тој е совршен маж.Убав и згоден, па и одличен актер, а се држи ако еве веќе старее.И ми се допаѓа што нема многу скандали, со Мелани се во долг брак, не е како новиве актери, се држи на страна.Скромно. Oмилем филм Original Sin.Знам дека некои не ја сакаат Ангелина, мене таа ми е совршена, посебно во овој филм, а со него направија, моќна и прекрасна љубовна приказна.Филмот ми е на листата омилени, токму поради нив како пар. Femme Fatale Уште еден прекрасен пар во филмов.Антонио има улога на фотографер, кој случајно се запознава со девојката, која во филмот е фатална жена, буквално.Започнуваат приказна, на бркање, карање, љубење...многу сцени во филмот се за 18+, како и да е одлична приказна и одлична глума од негова страна. Thick as Thieves Во тандем со Морган.Ова е криминалистичко филмче, интересно и забавно,Антонио и Морган се крадци и се трудат да украдат една вредна работа.Кој го гледал знае што, кој не, па некљ го погледне, вистински одлично филмче со одлични актери. Desperado 1 и 2 Мене многу ми е тажен филмов(и двата дела),целата приказна е потресна, а како го доловува моментот Бандерас, не се опишува.Со Салма Хајек ми се најдобар пар на филмското платно. Воедно во овој филм ми е и најубав и најзгоден, а секс сцените со Салма Once Upon a Time in Mexico Мене ми е супер филмче.Исто со Салма и Џони Деп.Мислам дека нема што повеќе да коментирам. И покрај ниската оценка на имдб Never Talk to Strangers е добар филм.Постар и сигурно некој од вас го има гледно.Носи добра порака.Овде Антонио е лошко, одлично се снаоѓа во улогата, ама не толку многу како добар дечко. The Legend of Zorro и The Mask of Zorro Е што да кажам, сите ги имате гледно.Одличен е како Зоро, а акцентот најмногу ја доловува сликата.Плус едниот е со Ентони. The Skin I Live In Мене ми беше премногу морбиден и одбивен.Генијален е, ама премногу за мојот желудник.Како и да е Антонио знае како да биде фрик.Многу, многу добра го одигра своето во филмов. Ај доста се,знам дека има уште многу, ама овие ми се така меѓу подобрите кои ми оставиле впечаток.
Hедела на Антонио Бандерас Иако лично јас не го сакам Антонио Бандерас, неговите филмови ми се едни од поомилените што зборува доволно за неговиот актерски талент. Едноставно човеков нема улога во која не се снашол дали глуми loverboy, badass или е the villain, секако е убедлив. Од неговите дефинитивно на прво место ми десперадо трилогијата т.е El Mariachi Desperado и Once Upon a Time in Mexico едноставно заедно со Селма Хаек ми се многу добра двојка. Знам дека велат кога се прави продолжение на филм се губи приказната, но верувајте овие филмови се исклучок на правилото. Исто така не филмовите се интересни и ако не се гледаат по ред. На пример јас го гледав првен 2риот десперадо, па третиот беше еднаш во мексико и на крај Маријачи. Исто би го издвоила и Шрек каде неговиот лик комплетно го украде шоуто па дури и си грабна самостоен анимиран филм Puss in Boots, цртанчето не беше кој знае што, ама сепак е добар за опуштање. Да не ги заборавам моите поомилени филмчиња од детството Spy KIds првите два дела и Зоро само првиот кој да бидеме реални со актерската екипа што ја понуди Зоро 2 немаше шанси, мислам уште кога ќе прочитате Ентони Хопкинс се знае колку е саатот. И за малце ке го заборавев Take the Lead многу добар филм, мене ми се допадна бидејки сакам филмови во тилот на Step up, а од кога го изгледав одма си го симнав саундтракот...едноставно совршен филм, кој го нема гледано одма да го гледа нема да зажали Доколку ми текне уште некој ќе дополнам
Hедела на Антонио Бандерас Ќе ме извинете за оф-топик ама ептен сте и го погодиле глумецот на Гордана. Само треба да ја види темата.
Hедела на Антонио Бандерас Banderas како помлад ми беше убав, ама за него дефинитивно не важи правилото - како старее, така е се' подобар. Жими мајка не е, стасува како зелка, скиселен, не како добро вино. Мислам дека таа женичката го упропасти доста во приватниот живот, дерман си нема од неа. Да имаше некоја како Пенелопе Круз или Моника Белучи да го одржува во форма, ќе цветаше човекот. Мое мислење. Најмногу ми оставил впечаток со изведбите во - Original Sin, Femme Fatale, The Mask of Zorro. Како помала на телевизија нон стоп го вртеа овој филм, па ми беше страшно интересен во улогата на негативец. http://www.imdb.com/title/tt0112401/ Неговиот најпрославен филм Desperado во режија на Роберт Родригез мене ми е тотално без врска, едноставно не ми се допаѓа и ден денес не сфатив зошто се крева толкава фама токму околу овој филм. Еден од ретките кои што сум ги оценила на имдб со двојче. Сакам да ги погледнам Evita и Frida, мислам дека нема да останам разочарана. Не знам зошто човекот зема улога во Spy Kids, сфаќам дека се потребни и семејни филмови, за родители и дечиња, ама ова ми е тотално без врска. Robert Rodriguez strikes again! You Will Meet a Tall Dark Stranger е едно свежо и убаво изненадување, а гласот на Puss во Puss in Boots и сите делови на Шрек легендарен. Мислам дека е мошне мил и пријатен човек, ама сметам дека е полн со страст што некој треба да ја исцеди од него , а човекот закржлави покрај онаа подвижно пано за пластични операции. Ми се допаѓа неговата моќ за трансформација, но сметам дека покрај егзотичниот изглед во младоста, најсилен адут му е гласот.
Hедела на Антонио Бандерас Бандерас никогаш посебно не сум го сакала, ниту пак ми бил симпатичен. Битно, таа жена му, Мелани, ми била отсекогаш прелигава со тој гласот, го влече, го тегне зборувањето ко 2 годишно дете. Сум погледнала неколку филмови со него. Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles - Филмов отсекогаш сум сакала да го гледам, ми имаат кажувано дека е добар, а и актерската екипа е супер. Али ако сакам мирно да спијам, ќе си се држам подалеку од него, за жал. Desperado - Мене и не ми беше нешто посебно филмов. Што знам. Интересен да, али просечен. Со Селма Хајек многу си одговараат. Assassins и Never Talk to Strangers ми се добри филмови. Сметам дека му одговараат лоши ликови, негативци повеќе, ко во првиов филм. А за вториот, иако има ниска оценка, сепак мене ми беше доста добар трилер. Two Much - Е, ко мала многу го сакав филмов, не знам зошто. Изгледа овде ја сретнал Мелани, па се запуштил кутриот со неа. Требало со Дерил Хана, ко што е и во филмот, таа каде, каде поарно изгледаше и тогаш, а и сега богами. The Mask of Zorro и The Legend of Zorro - Првиов милионски години подобар од вториов. Мислам, за некои филмови не треба продолжение, зошто да се расипува впечатокот? Spy Kids и Spy Kids 2: Island of Lost Dreams ми беа интересни кога имав 12-3 години. Сега, не би седнала да ги гледам во никој случај, затоа и третиот дел не ми е гледан. Once Upon a Time in Mexico - Првиот ај, некако се џвакаше, али вториов дел ми беше многу поглуп од првиот. Уште еден пример оти на секој филм не треба продолжение да се прави. Од поновиве филмови, ништо немам гледано. Не ми се гледани, а сакам да ги погледнам The Mambo Kings (повеќе бидејќи ја обожавам песната од филмот ) и Original Sin со Џоли, дека бил многу добар трилер.
Hедела на Антонио Бандерас Hамерно ставив повеќе слики, луѓе дали сте приметиле дека на девојкава Kоја било боја на коса и стои и која било фризура, значи буквално се! Jа обожавам, дефинитивно ми е најубава Aктерка во Xоливуд Mој омилен филм и не, не ме интересира дали е папучарски, лигав ваков таков, филмот си е прекрасен!!! и да е уште поубаво, Pејчел, да била најголемата љубов на Pајан и во приватниот живот.абре души Jа имам гледано во Red Eye, Mean Girls, Sherlock Holmes и двата дела,The Time Traveler's Wife, The Hot Chick...(така ми се чини се викаше филмот) треба да го гледам THE VOW ви се молам минутка молк, за најпрекрасниот пар Pејчел ми е поим за лепота, за природна, нежна, мистериозна, елегантна а сепак толку едноставна... убавина
Hедела на Антонио Бандерас Ја ќе си почекам за Николас Кејџ,Робин Вилијамс,Клинт Иствуд и Киану Ривс кога ќе заврши романтичната сезона