1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hедела на Џејмс Вуд

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од ludoto19, 26 мај 2012.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Hедела на Џон Кјузак

    Ама убаво старее бе, јас и стар би си го прибрала. А го имате гледано Must love dogs??? И тој романтичен ама мене ептен ми беше забавен.
     
    На Lunaria и kravce им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Hедела на Џон Кјузак

    Да ти кажам касно видов дека поминал :D Ме насмеа :D Да мор, ми го погодиле глумецот :emo: Ах страшно ми е убав Антонио Бандерас :inlove: :$ :angel: Имам гледано негови филмови, ми се допадна неговиот филм со жената му негова Двајца се премногу, каде играл двојна улога, филмот е комедија, позитивен впечаток ми остави.Следните негови филмови Маријачи, продолжението на филмот Once upon a time in Mexico, неговиот филм Интервју со вампирот и други филмови.Во сите сметам дека премногу добро ја одиграл улогата која му била дадена.
    Во врска со последното што го кажав за него, исто ќе кажам за Џони Деп, Николас Кејџ, Џон Кјузак, феноменални се, професионалци, а се дел од актерите кои ми имаат оставено доста добар впечаток.Затоа и се доминантни во филмската индустрија.
    Ете така, накратко да си кажам :)
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џон Кјузак

    Бидејќи денов навршува, еве го 7ми, да го туриме и новиот актер, а новиот актер е

    [​IMG]

    jason statham

    [​IMG]
    Hа барање на Kравче :) :)
    и да не се буните што се само мажи :!: Tие ми се предлозите, жени слабо слабо предлагате ]:)
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Hедела на Џејсон Стетам

    Џејсоннннннннннннннн.... МММММММММММММММММММММММММммм

    Значи незнам што ме возбудува повеќе кај него, дали неговиот физички изглед и тие големи мускулести рачишта (да те фати да те зграби, Боже мој, би платила дури!) или па неговиот најсекси глас на цела планета!
    ЗНачи после ќе зборуваме за глумата :D

    Озбилно, маж ми е во права смисла на зборот.
    Ме полудува со изгледот и гласот, а и предобро ми глуми.
    Според мене, пошо скоро сите филмови му се со слична содржина, мислам дека подобри улоги не можел да најде.
    Па кога ќе те погледне, ле ле ле ле, и ќе каже нешто со тој сексе глас мамасита...(ретко збори ама шо ќе каже, кажано е! :lol:

    Омилен филм немам, сите му ги имам гледано, и сите ми се допаѓаат.
    Џејсон љубов моја бацки рој ти праќам и влажни гаќи :lol:
     
    На JuLleE, marama, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Hедела на Џејсон Стетам

    За Џон Кјузак немам лош збор, исто како и за неговата постара сестра.
    Он ми е дури симпатичен, она за мој вкус реално грдичка, ама имаат харизма, некое топло и фино присуство на екраните.
    Се сеќавам гледав едно интервју со Џон Кјузак, новинарката беше изгледа новајлија, плус трема еден тон, и со цел памет му вика - I loved your role in American beauty.
    - I wasn't in American beauty.
    - You weren't??!!
    У несвест ќе паднеше девојчево, он само слатко се насмевна. Да беше некој друг ќе си заминеше, он не е воопшто суетен.

    Поголемиот дел добри филмови веќе сте ги споменале, јас само би ги додала одличниот Runaway Jury, мислам дека не го прочитав никаде, со Рејчел Вајс во главната улога. Филмот е се' што може да посакате од еден трилер.
    Ги позајмува гласовите на Игор и Димитри во два преслатки цртани - истоимениот Igor и познатиот Anastasia.
    Незаменлив ми е во Say Anything... и една од најзапаметените филмски сцени во историјата.
    Срце е човекот.
    [​IMG]

    Џејсон Статам е роден за акции. Друг жанр и не верувам дека би му одговарал искрено, и филмската индустрија треба да е среќна поради неговото постоење во овој тип на филмови, затоа што си ја врши задачката беспрекорно.
    Ми се допаднале сите три делови на Transporter, римејкот на The Mechanic, првиот дел на Crank ми беше посебно добар, вториот се' уште не сум го изгледала.

    Би ги препорачала Death Race - иако и ова е римејк на добропознатиот оригинал со Дејвид Карадин и Силвестер Сталоне, овој ми се допадна повеќе. Музиката, глумците и визијата на Пол Андерсон беа супер за мој вкус.

    Моја најтопла препорака за филм со Џејсон Статам е The Bank Job.

    Cellular со Ким Бесинџер е исто интересен филм, Safe од поновите искрено ме разочара. Беше брз, сувопарен и направен туку-така, скоро без поента.
    War ми е следен на списокот за гледање.

    Ок тип, нека си се држи само до неговиот жанр.
    ;)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џејсон Стетам

    Mене малиов физички не ми е убав, не ме привлекува, јез да е шармантен, има шарм и се ок, ама не ми е убав :)
    Kако и да е, да за акции е измислен, тука нема збор.
    Tранспортерот ми се гледани сите дела, од мене :up: :up: :up:

    The Bank Job и Killer Elite ми се онака, не некои уау филмчиња, ама ајде за едно гледање ги бива :)

    In the Name of the King: A Dungeon Siege Tale исто.

    Mене малку ми е чукнат Crank: High Voltage Aли ок е.
    E сега јас си го поштувам The Expendables и The Expendables 2 ова за мене веќе си е Aкција и пол. итересен доста, си го сакам овој мини-серијал

    Eте се сетив дека беше и во пинк пантерот

    [​IMG]

    Tоа е тоа, воглавно ок актер, јас не му го сакам оној британски акцент, мене коса ми се крева од тој акцент, воопшто не сум љубител :D :D
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Џејсон Стетам

    :emo: Едно 10 лајка ако може на Анушка да и ставам, ако сакаш да делиме поштарина во исто плико гаќите да ги ставиме :rofl:
    Џејсон ми е акција тип, може и да се проба во посериозни драматични улоги, ама овие едноставно совршено му лежат. Тонот и бојата на гласот, телото, фацата, главата едноставно му препишуваат ваков тип на улоги. А и одлично си ја врши работата.
    Повеќето го памтат по Транспортер, ама мене најголем впечаток ми остави во Crank. Филмот е забеган, брз, комичен, насилен...Ептен добро си ја изигра улогата.
    Од постарите британски филмови Snatch и Mean machine по малку го памтам, тогаш сеуште не ми беше познат, а и Вини Џоунс со таа негова психо фаца го заземаше првото место на екран.
    Revolver ми беше доста чуден филм, премногу психо анализа ама и доста добри квотации. Имаше карактер на итар ум и знаеше да ја игра играта.
    Во London ми се допадна. Иако демек романтичен филм, некако си остана достоен на претходните улоги. Ептен беше рефрешмент во филмот и стандард, во сако :D
    I'll tell you why, because I'm an impotent man! Motherfucker, that's pain! That's fucking pain! When your wife wants to fuck you four times a night and you fucking can't! You know that some fucker before you could. And you know that some fucker after you will! Well, I couldn't cope with that, could I? That sense of ruination. That insolvency that burns in your soul. I couldn't fuck my wife! Do know what that fucking means, mate? Do you understand what impotent rage really is?
    good one :D
    Во 13 ми немаше некој голем дел, иако филмот го гледав на делчиња, ама финализираше со него. И пак беше во костум :D
    Се на се, некако тешко иде да се заклучи за нечија улога кога се одвива само во еден жанр или пак кога улогите му се слични еден на друг, ама мене не ми смета :wasntme: Убаво му лежат, одлично ги игра и секси ми е :wasntme: ептен :wasntme: Го предложив за малце да разбиеме од прити фејс на секси боди :D
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џејсон Стетам

    Леле сега ми текна дека има глумено и во 13, од коментарот на Кравче. Дефинитивно тоа му е најслаб филм, барем според мене, премногу глупав ми се виде, јас не го препорачувам воошто :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Hедела на Џејсон Стетам

    Stathaaaaaaam.
    Мама миа :mm:
    Значи не да не е убав, дури е и грдичок, ама така ме привлекува, така е шармантен, да паѓам како крушка на него :D
    Многу го сакам, во топ 3 глумци ми е. И среќа дечко ми многу го почитува па така да кога зборам пофални зборови за Статхам се заборавам.
    Прво нешто кај Статaм што бендисувам е неговиот начин на говор, со неговиот англиски акцент. 8)
    Шармот и таа негова енергија што ја шири е мамец за љубителите на добри акции.
    Во која секој филм е ужасно забележителен.

    Најдобар филм со негоTransporter. Јас сум фан на оваа трилогија, со желба за 4ти дел, ама не сум информирана дали ќе има наскоро, бар за следниве 2 години јок. Не знам што зборам тука, освен да го испофалам за одличните 3 филмови кои со задоволство си ги гледам.
    Многу ми е мило што во двата дела на The Expendables тој покрај толку акциони глумци е да не речам ја има главната споредна улога, втор човек после Сталоне. А какви дружина, какви момци само има во филмов, да чест е што глуми, а уште поголема што има голем удел во филмов.
    The Mechanic е фино филмче, Blitz е добар филм ради него иначе не ме бендиса нешто посебно.
    Killer Elite е интересно но испомешано за мој вкус филмче, сепак има фина актерска екипа и базирано е на вистинита приказна.
    Оваа година за жал има само два филма и освен Платенициве вториот е крш филм, најлошиот можеби од него, Safe мене речиси и да не ми се допадна, а да не глуми Статам дури мислам дека филмов никој не би го ни гледал.
    Затоа едно негово постаро филмче The Bank Job е предобро, акција, заплети, љубов се во едно, толку добро склопено со сценарио во Лондон.
    Глуми и во The Italian Job, еден од поинтересните филмови, кој баш често го забележувам на телевизија и секогаш си го гледам со мерак.
    Death Race мене не ме бендиса многу.
    А Crank неможам да се сетам дал ми е гледан.

    Се на се Статам нема утнато улога, апсолутен акционен херој, којшто секоја улога ја игра одлична, јас не сум го видела тој да направи утка во некој филм, мене ми е секаде ист.
    Кога ги гледам неговите филмови како да гледам продолженија на филмови, сите ми се акции навидум слични. Секаде е тој херој, секогаш спасува, секогаш згодни девојки се вљубуваат во него.
    И јас се вљубувам во него :D
    А и каква женска шета покрај него, преубав пар ми се со Rosie Huntington.
    Баш вчера читав снима филм со Џеј Ло и се лапка со неа во секси сцени. Љубоморна сум :lol:
    [​IMG]
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Hедела на Џејсон Стетам

    Не ја ни посетив темава, а им навалив на филмовиве со негова глума, како лично да му навалив. :wasntme:
    Jason Statham! [​IMG]
    Еден од малкумината кино-ликови кои секогаш можам да ги поднесам. :D

    Lock Stock and Two Smoking Barrels, Snatch, Revolver.
    Пишав и во соодветната тема за гледан филм, уште да ги додадам во Европски филмови.
    Човекот е создаден за акција, особено со назначени криминални елементи.
    Cellular сум го гледала претходно, а следен е Crank. Ги симнав сите во кои глуми, ви се пофалив? :$

    Отсекогаш ме привлекувала атипична среденост, строг поглед и дефинирани движења. Кај него особено акцентот, секако.
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џејсон Стетам

    Hа барање на Mун грл 55, оваа недела коментираме за

    Richard Gere
     

    Прикачени фајлови:

  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Џејсон Стетам

    Aј јас прва ќе си пишам
    Hе ми е меѓу омилените, ама фин е, добро глуми, има некои добри филмчиња :)

    број 1. филм од Pичард ми е дефинитивно

    [​IMG] -Hеговиот врв!

    број 2.

    [​IMG]

    број 3.
    [​IMG]

    убавата жена му е култот, лимонатка, онака, нерелано филмче, не дека е лошо, добро е за еднаш, само немој ептен романтични души да не се расплакаат :D

    An Officer and a Gentleman му е исто така доста фино филмче,


    Autumn in New York
    го немам гледано, а баш ме интересира мислење :)
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Hедела на Ричард Гир

    Мене Ричард Гир никогаш не ми се сфиѓал :| и филмовите во кои игра се добри ради приказната, а не поради него. Не ми е шармантен, не ми е сладок, нема некој посебен стил на глумење...не ми се сфиѓа. Монотон ми е :^)
    Ќе ги земам на лудо филмовите, Неверна беше добар поради Даен Лејн и Оливие М., хачико поради кучето, a во Есен во Њујорк радо би го заменила со некој друг.
    Можеби ете, ќе се согласам дека ми е добар во Невестата бегалка. :?:
    немам што да додадам друго за неговата глума, добар си е, ама мене не ми се сфиѓа :wasntme:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    654
    Hедела на Ричард Гир

    Ричард Гир еден од актерите кои биле многу споменувани, фалени, важеше за еден од најшармантините, најпривлечните актери со многу слава, особено беше актуелен, популарен во 80 те и 90 те години со неколку филмски проекти кои беа доста актуелни во тој временски период.
    Неговата кариера а особено популарност ја стекна со филмот Американски Жиголо на Пол Шредер и од тој филм па натаму стана миленик на женската популација и го доби епитетот плејбој.
    Плејбојот кој беше и сеуште е омилен помеѓу женската популација и покрај својата слава и популарност не успеа да се закити со статуетката наречена оскар.
    Имаше неколку успешни филмски проекти како филмот Офицер и Џентлмен за кој сметам дека му е еден од најдобрите филмови во неговата кариера и барем заслужи да добие номинација за оскар, покрај одличниот Луис Госет кој го освои оскарот за споредна машка улога и феноменалната Дебра Вингер која беше номинирана за оскар за главна женска улога. Филмот Офицер и Џентлмен е еден од подобрите филмови кои сум ги гледал и ми е еден од омилените кој би го вброил во листата на најдобри 100 филмови.
    Филмот Primal Fear е одличен трилер еден од поквалитетните трилери кои сум ги гледал воопшто каде Ричард Гир доста добро ја одигрува улогата покрај одличните Лора Лини и Едвард Нортон топла препорака да го гледаат филмов до сите вистински љубители на добри, напнати и квалитетни трилери.
    Филмот Hachi: A Dog's Tale ми еден од омилените филмови особено поради тоа што приказната е вистинска и поради приврзаноста, пријателството помеѓу човекот и кучето, доста емотивна филмска приказна која ќе ве трогне и нема да останете рамнодушни. Филмов го препорачувам да го гледаат сите а особено љубителите на животни.
    Филмот Unfaithful - Неверна е еден одличен филм еден од ретките филмови каде може да се почуствува вистинска страст, еротски набој, каде одлично функционира хемијата помеѓу главните протагонисти Дајен Лејн и Оливер Мартинез вистински погодени како пар кој му даваат посебен квалитет на филмот. Ричард Гир тука има занемарлива улога.
    Мјузиклот Чикаго е добар филм но како и во Неверна Ригард Гир и тука има споредна незабележлива улога
    Есен во Њу Јорк романтична драма со просечни улоги од страна на Ричард Гир и Винона Рајдер.
    Последен филм кој ми оставил впечаток како филм во кој има играно Ричард е филмот Brooklyn's Finest кој топло го препорачувам до сите љубители на крими драми и трилери.
    Се надевам дека во наредниов период ќе добие улога каде ќе дојдат до израз неговите квалитети како актер и каде ќе го даде најдоброто од себе и конечно ќе се закити со оскар или во најмала рака номинација која ја заслужува во својата долгогодишна актерска кариера.
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Ричард Гир

    Oваа недела да се разбие монотонија, јас одлучив да ставам жена, по мој избор, ете ми текна на Aнџелинка.
    Tака да, оваа недела е нејзина, а од следната недела пак одиме со предлозите, кои се само мужиња, ќе ве карам :D

    Angelina Jolie Aлиас Aнѓа

    [​IMG]
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Hедела на Ричард Гир

    Искрено, Анѓа никогаш не ми се свиѓала, не ја сакам, и не ми е лепотица!

    Анѓа да, знае да глуми страшно, за тоа не може да речам не, со неа филмови имам гледано многу, скоро секаде нејзината улога е супержена, шо малку и ме нервира...

    Нај добар нејзин филм е ЏИА!
    Значи таму улогата и е потполно погодена, сцените и целиот контекст ми се свиѓаат премногу и од мене добива едно 10че.

    И сакам уште нешто да кажам, значи сега каква костур е направена, ич не ми е допаѓа, шпагета, костур, чачкалица!

    Бред не го сакам најмногу, ама поубав од неа ми е каде каде.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Hедела на Ричард Гир

    Анѓа не ми се допаѓа како личност,не ми е од омилените ,но е многу добра актерка,ми се допаѓа нејзината глума.На секоја улога знае да и даде душа и на посебен начин ја доловува личноста која што ја игра.Најмногу впечаток ми остави во филмот со Антонио Бандерас во Original Sin.Истовремено овде игра две улоги,на заљубена жена и жена која што во се гледа интерес и да извлече корист.Филмот го прави да е напнат цело време и се од неа можеме да очекуваме.
    Како што кажа и Анушка моментално вопшто не ми се допаѓа тоа што е направена кожа и коски,воопшто не изгледа здраво.Нека клај некое килце пак поуба ќе биди :D
     
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Hедела на Анџелина Џоли

    Според мене Анџелина Џоли е една од најдобрите актерки во холивуд. Нејзината глума е безпрекорна без разлика дали се работи за акција или пак за некоја драма, и тоа веќе го има многу пати покажано.
    За прв пат ја гледав во филмот Girl Interrupted каде Анџелона глуми ментално пореметена личност и за која улога има добиено оскар.
    Во Lara Croft:Tomb Raider и во двата дела ми е солидна иако повеќе ми се допаѓа во Gone in Sixty Seconds. Во Mr. & Mrs. Smith со Бред Пит ми се совршен пар, а и филмот е еден според кој многумина ја препознаваат. Други нејзини акции кои ги обожавам се Wanted и Salt, во кои што Анџелина навистина глуми безпрекорно, без ниедна грешка. Во The Tourist исто така ми е прекрасна. Според мене најмногу и лежат вакви улоги, а во Changelling и во A Mighty Heart Анџелина ме остави без зборови и докажа дека може да глуми секаква улога без ниту една грешка :clap: . Сега со душа го чекам Maleficent кој излегува дури на 14ти Март 2014 година.Исто така се согласувам дека треба да качи некое килце затоа што вака на костур наликува.Тоа е моето мислење за Анџелина Џоли во кратки црти :)
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hедела на Анџелина Џоли

    Mојот омилен нејзин филм, крими, со сериски убиец, таа е полицаец и го бара :) :)


    [​IMG]

    Hеизвесност до самиот крај, јас го препорачувам,ептен е добар ;)
     
    На Micheleljubov, JuLleE, Cataleya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Hедела на Анџелина Џоли

    епа за разлика од вас јас ја обожавам Eнџи ,одлично глуми и има боженствена убавина но и покрај тоа останува приземјена и скромна ,не лета у облаци као повеќето селебритис ...

    на врвот од сите нејзини филмови ми е ЏИА ,неможам да го преболам филмов :lol: милион пати сум го глеала и пак би го гледала никогаш нема да ми здосади толку добро ја има доловено улогата на една напатена бунтовна душа која се издвојува од толпата и нажалост запаѓа во светот на пороците и тука доаѓа до самоуништување нормално од врвен топ модел до џанкерка која полека и несвесно губи све ,вистинска прича .
    GIRL INTERRUPTED истотака и тука глуми девојка со пореметување у буквален превод на насловот од филмот и оваа улога и лежи најверојатно поради тоа што и во приватен живот е малку поинаква ма да сега веќе и годините си го прават своето ама затоа младоста и беше доста бурна .во филмов ја засени Винона Рајдер иако она беше главна улога .И за двата филма има добиено оскар нали што потврдува дека филмовите се чиста 10ка .
    GONE IN SIXTY SECONDS уффф каква убавина е со тоа растите :x ,TOMB RAIDER мислам декA ниедна друга глумица неможеше боље да го одглуми ,само на нејзе и личи да биде лејди крофт 8)
    ORIGINAL SIN со Антонио Бандерас кажав и во претходниот пост кога кометирав за антонио дека причата не е лоша ама не е ни нешо вауу ама енџи и тонка си го напраија своето .
    BONE COLLECTOR со Дензелчо супер филмче базирано на книгата . TAKING LIFES исто незивесен до самиот крајјј !
    АЛЕКСАНДАР каква убавина каков став ,заљубена сум во женава :$
    Mr. & Mrs. Smith не ме воодушеви ама ич најдосадниот филм со нејзе .
    SALT - и тука одглуми фантастично ептен и личеше улогата на руски шпион ,наспроти ваква акција и во Changelling ,A Mighty HearT , Beyond Borders истотака со Kлив Oвен - како што рекоа погоре знае да остави без зборови да внесе толку емоции што просто те тера да се внесеш и да сочуствуваш со ликот .