Замислувам луѓе да кампуваат пред влезот на East Gate, па после тепачка за влез, па кубење коси... хаха се зезам се надевам нема да дојде до тоа. Ама јас сигурно ќе ги прескокнам првите 10 дена.
Не се нормални со акцијава, се надевам само нема да предизвикаат некоја незгода! Ќе биде интересно, прво кога прочитав не ми се веруваше, мислев некоја заебанција е како што знаат да направат по нетов! И јас ќе ја прескокнам продавницава првите 10 дена сигурно!
Значи првиот ден гратис пазарење. И 1000 доста е. Да прашам без да ми се смеете и без да се лутите. Зошто е толку галамата? Сум влегла во Софија мислам, а сега отворив на веб страната и облека ко облека, нема вака нешто посебно, за квалитет не знам. Во Ист Гејт има и подобри брендови, и поевтини и поскапи...
Па, ко секогаш дека нов дуќан се отвора и љубопитноста на најјако. Евроазија имаше нивни парчиња со ок цени.Ако се умислат овие, пак таму ќе се гледа ко ќе има.
Го делам истото мислење Детски работи купувам ,има интересни и доста квалитетни се покажаа. За мене ништо не сум купила, не се пронаоѓам воопшто во тој стил, освен можда бижутерија и долен веш...
Незнам кај нас дали ќе донесат се ама имаат оддел за plus sizes до 4xl и оддел за трудници. Дали се ќе донесат кај нас останува да дознаеме. Мислам дека не носат се во сите земји. @Ugly Duckling не е дека е некаков wow бренд или пак квалитет ама цените им се баш достапни за нашиот џеб. Посебно за време на попусти е навистина ефтино. Нешто помеѓу Зара и Ваикики ми е.
Конечно се сетија да отворат. Незнам ова со подароциве колку им е паметно. Луѓево ќе се испотепаат. Се уште ми е во сеќавање отварањето на Нептун во BricoLage, побарајте на нет, има сигурно клип. :/ Сепак секако сум планирала да го посетам два-три дена по отварањето.
Јас се радувам за долната и спортската облека, цело време си купував во Солун. И има добри бејзикс, цените им се исто океј.
Да продаваат поголеми броеви, е сега во овој објект дали ќе имаат на залиха останува да се види. Ама со оглед дека некаде прочитав ќе биде огромен претпоставувам ќе имаат по нешто. Е да, долната и спортската облека им се супер, јас деновиве и преубави костими за капење си купив на попуст.
Не е ниту за смеење, ниту за лутење, на место ти е муабетот. Како и во секоја продавница, секој ќе си најде нешто што му се допаѓа. Цените не се превисоки, а квалитетот е солиден. Облека ко облека, една плус продавница за шетање.
Многу ретко нешто да ми се допаднало од HM , ептен нешто фармерки, долна облека до сега што сум купувала за мене од таму. Единствено за децава што наоѓам супер работи и тоа баш за евтини пари (пред две недели земав за помалата ќерка чизми поставени внатре за 6 евра, фустанчиња за 2 евра по долги ракави...) 95% од алиштата им се од ХМ А мислам стварно нема зошто да се испотепаат луѓето многу галама се крена навистина