Има ли некоја информација дали ќе има и H&M Home оддел? H&M се доста поефтини од Зара, имаат и квалитетни пижами, купачи и долна облека кои ги носам со години. Последно купив куп ствари за дома од декорации, чинивчиња, до крпи за доста добри цени. Се надевам нема да има драстична разлика во цените како што е случајот со Зара и Манго.
За некаде странство зборуваш ? Дека овде во мк испод 30€ чизми за деца неможиш да најдиш и сигурно не ист квалитет
За син ми ептен типски работи имам земано од H&m, од странство до сега. Добро е што и тука ќе отворат, се надевам ќе може онлајн да се порачува. Овде некои што донесуваат за деца од оваа марка дупло, тродупло ги даваат. Полани дуксер за деца во Бугарија беше 10 евра, тука го продаваа 1800 денари, што е многу разлика.
Шо е форава со наградиве за прво второ трето место? И без ваучериве луѓе ќе навалеа у продавницава само шо ќе се отвори, не знам шо имаат потреба да праат будали од луѓето искрено..
За тие што прашувавте за онлајн нарачки, на инстаграм профилот во коментар прочитав дека немало онлајн туку само физички од продавницата ќе може да се купи.
Јас па не знам како им се оди на отварања кога секогаш има гужва. Или попусти. Еднаш бев на црн п Ајј штета, мене ми е далеку, па и не сакам по гужви да се акам, па и баш во Ист Гејт, штета..
Јас ја гледав онлајн страната ама како земја ја немаше Малта и не можев да порачам. Па и реков на мајка да оди
Од толкава гужва можеби ќе пише некој Некако и на странава нема ништо , чисто да ги разгледав цените… И онлајн нарачки ќе има ли? Така би било супер. Јас се токмам во недела да појдам , имам 3 родендени следната недела, ама маж ми вика тоа кога ќе навалат баш у недела од цела Македонија , мајка бараш таму И искрено незнам кога да одам
Видов видео кај што чекаат редици пред H&M и баш си реков, што чекаат божем нема друг ден да влезат, оно ете што било работата.
Јас пред некој ден излозите им ги гледав, дур редеа роба. Искрено, ништо посебно не видов или да речеш да ме привлече. Уште една извикана Зара. Имам парчиња од нив, ама дефинитивно не ми се прв избор.
jas kje ıdam za kratko, ako uspeam da vlezam kje pısam shto kako e ne ıdam samo za toa tuku aj uz pat..
Зашто мизерија? Претпоставувам биле повеќе тинејџери, зашто да не си добијат 1000че за шопинг. Имало редица, немало бутканици и влегувале со помош на редари, не се буткале како стока.
Јас бев пред малку искрено ништо не ми се допадна, прво П од попусти немаше на вкупно 10 парчиња имаше попуст и тоа или некои ептен зимски џемпери ископани од бог знае кој магацин или на некои обични маички ко за тинејџери, имаше некои убави фустани и уште неколку убави работи ама се на се ужас, очекував поубава роба и повеќе попусти буквално се си бееше со редовна цена
Не, мислам имаше на неколку парчиња ама генерално сите си беа со редовна цена слично како во Страдивариус, Бершка цените