Навистина не го разбрав хајпот со H&M. Кога се отвори неколку дена нон-стоп имало гужва, па затоа и го избегнував, еднаш влегов кога стивна навалата и еднаш пред некој ден. Делот за машки, пак со оскуден избор и како застанат во времето, ништо не ме бендиса, а цените соленки дури и на попуст.
Cenite im se izgor a nemaat nisto posebno, imav eden dzemper zemeno crn obicen cropped bese namalen na 600 ete go cel se naprai so upki i se toa a samo nekolku pati nosen …
Вчера бев, партали. Робата изгледаше како претходно да седела во некој магацин 2 години. Мирисаше на прашина. Се фатив за едни детски боксерици ×5 пара, на каса видов дека петиот пар фали, други за замена немаа. Немаат врска со H&M во други градови, пример најблиску во Солун.
Малку нешто што останало имаше претходна недела. Инаку се со редовни цени. H&M општо годинава нема ништо. Не само кај нас туку секаде. Се нешто чудни работи за возрасни. Детскиот дел сеуште се држи.
Неколку пати влегувам и ништо не наоѓам. Очигледно е дека најголемите партали се донесени кај нас. А и цените се доста високи.
Вчера првпат влегов во H&M во Македонија и има прек-рас-ни работи. Не знам зошто слушнав толку лоши коментари на форумов и избегнував, кога најубави парчиња таму најдов. Плус 10 пати подобра роба од H&M во други држави.
Јас можам да кажам за одделот за мажи. 1. Мал избор 2. Од тој мал избиршо го има, 90% е катастрофа. Ете ден денес е така, не само на почеток, кога се отвори. Можеби во одделот за жени е различна состојбата.
Не е. Секогаш имам чувство како кај нас да се продава она што останало од минатите колекции во други држави. Стално барам некои модели кои ги има по инстаграм и на нивните онлајн страни од други држави и кај нас нема.Можеби капутот лани што го барав ќе се појави оваа сезона