1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

H&M

Дискусија во 'Мода и стил' започната од guitar, 20 јуни 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    И мене голем дел од гардеробата ми е од H&M, особено кошулите. Речиси сите кошули ми се од кај нив или од C&A. Имаат избор, имаат броеви и што е најважно - едно кошулче од обичните што ги носам на работа кога немам некоја битна дешавка е 10-тина евра.

    На малата летово и изнакупив фустани по околу 7-8 евра, жива среќна беше. А на малиот маички со апликации од неговите омилени - Енгри Брдс и Супер Марио :D

    Јас од кај нив купувам само гардероба, а чевли, ташни и други додатоци немам пракса да купувам - тие работи вообичаено од Македонија ги купувам. Летово купив два пара пантолани, кои за волја на вистината не се покажаа за многу квалитетни, што малку ме изненади. До скоро носев едни сомотски фармерки од кај нив, купени 2005-та година, ама ги утепав од носење, ништо во животов немам носено повеќе од нив. Никаде не беа оштетени, само на крај веќе бојата како да им избледе некаде, па со тешко срце ги фрлив. Морав да ги фрлам инаку никогаш немаше да престанам да ги носам :D А овие новиве вднаш ми направија топчиња на задникот. Плус купив два пара ист модел, а различна боја, и некако се разликуваат, едните стојат многу поубаво.

    Јас можеби и не би купувала толку, кога одам во странство ич не сакам да шетам по продавници, сакам да го видам местото што го посетувам. Ама за беља носам гардероба бр.42, што во Македонија не се наоѓа, како сите да се манекенски градени и да носат 36, 38 или 40. И да најдам нешто 42, нема да ми се допадне бојата, или моделот, или нема да ми стои, а вака купувам каде што имам избор и каде што јас ќе ја бирам облеката, а не таа мене.

    Веќе знам што каде да најдам, па си имам разработена шема - кошули од H&M и C&A, џемперчиња од M&S, а сакоа, сукњи и пантолани за на работа од Македонија. Ако отидам во странство, се упатувам во продавниците што ги нема кај нас, барам тоа што го купувам од кај нив, и после сум слободна :D

    Сега следна можност за шопинг ми е почеток на септември и се надевам дека ќе имаат есенска колекција, затоа што слабо стојам со кошули по долги, ми се амортизираа сите.
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас го сакам највеќе ејч енд ем кога има попуст - тогаш и настојувам да им ги посетувам продавничните воглавно, затоа што најголемиот дел од работите им се со најреална цена што може да им биде ставена, приуштива за скоро секого. Какви блузи само, џемперчиња есенски/зимски имам наоѓано за ич пари, да му е мерак на човек да ги носи. Последниот пат бев во оној во Германија, изнакупував блузи по 2,3 евра, купаќи за 7 евра, тракатанци од типот прстени/алки, исто за ич пари. Балетанки по 5 евра имаше, штета што немаше бројчиња, се беа останати мали.

    Панталони/фармерки никогаш немам купено од овдека, не знам со квалитет како стојат.
    Патики имам купувано, додуша платнени, за 10 евра(сега ги гледам на попуст ставени се за 5 евра), се покажаа одлични! Ги утепав од носење, штета само што се бели, и одма губат од боја.

    Јас се надевав на еден H&M и кај нас паралелно со градењево на Сити Мол, штета што нема, фали дефинитивно, у редот на сите тие продавници жалосно е да не се бутне и брендов, само нормално да не се изгубат со цените како што знаат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    не знам зошто сите ја обожавате фирмава?? :fubar: ја си купив сина туника и по прво пререње се појавија бели дамки и ипки, едни шарени хеланки по 2 недели носење ипки меѓѕ нозете и веќе не купувам. моделите се убави, ама квалитетот слабо! :worried:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^Јас имам неколку парчиња од H&M и навистина испаднаа многу квалитетни,а што се вика се утепав од носење.
    Незнам ,како се жалиш дека се неквалитетни,ете се погодило парчињата твои да се оштетат,можеби е до материјалот или што знам.Ако не ти се погодиле 2 парчиња не значи дека фирмава е лоша...Но добро и до вкусот и стилот е... :)
     
  5. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Аriel, ист број носиме. Жити се кажувај кај купуваш облека. Може во ЛП. :) И уште едно прашање, што е C & A?
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ме разочараа овие H&M. Вчера бев во еден дуќан, скапав пола саат и само едено џемперче од стадардните купив. Утре-задутре пак ќе рагледам што имаат по други нивни дуќани, може ќе се изненадам пријатно, а може и не. Штета.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.598
    Пол:
    Женски
    колку се отпилика џемперите ама од нова колекција?Pрасувам заради тоа што гледав сега на страната купи од амерка на фб и продават роба од HM ,при што еден џемпер најобицен е 4000 ден :o Jас сум мислела дека се со мн попристапни цени овие а вака испагја дека се во ранг на зара.ILи пак овие на големо краддат од фб? :^)
     
  8. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Дали стварно се отвара H&M во Македонија или? Ако некој има некакви информации нека ги сподели :D

    Еве линкче кај што прочитав. http://www.fakulteti.mk/news/13-09-23/h ... onija.aspx
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Да ќе се отвара слушнав и на телевизија кажаа. :inlove: :inlove: :inlove:
    Фала Богу
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ау Дај Боже да е вистина!! :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо од маркава,брат ми има едно шеширче и онака као модел е топ. :)
    Што сум ги гледала по нет,не им се лоши моделите,ама не и толку добри.За квалитет,секако,неможам да судам. :)

    И да,штета што го нема брендов во Сити мол. :|
     
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    За мене дали имам една работа од кај нив, ама за децава купувам во странство и супер ни се погодени. Материјалот е добар, памучен, со убави дезени, пријатен е за носење, издржлив (нема гајле од перење и сл. ) а цените им се супер, нај,најнормални, дури и за наш стандард.
     
  13. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Мислам дека не е вистина дека ке се отвора тука, зошто некој им се имаше обратено преку меил и тие вратиле на пораката дека не планираат во скоро да се отвара продавница тука.
     
  14. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
  15. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ова стварно е или...?
     
  17. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Многу би сакала во Македонија да имаме H&M..:inlove: Дај боже ова да е вистинааа
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Два поста над вас сања има постирано одговор од Х&М од нивна меил адреса. Прочитајте што пишува.
     
    На sesilija и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  19. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Фала ти Хипстер, обично сите се залетуваат да пишат мислење, не гледаат над нив :?:

    Кога сме веќе кај H&M - сега отворија продавница во Белград, за чиешто отварање се рекламираше и спремаше 3 месеци пред тоа, беа повикани само одредени луѓе ексклузивно да ја разгледаат новата колекција и слично.

    Сакам да кажам дека ако навистина има отварање - ќе има многу поголема помпа, отколку плакати што залепиле зашто немале други :) :)
    Бар јас така мислам, освен ако нејќат surprise surprise да ни направат :lol: :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Мене па баш жал ми е за газдата на Мега фешн или кои и да се... :( Не дека наше, ама непромислено изиграл без да знае како одат тие работи, но можам само да си замислам колку ќе го опељушат. Срце го стега сигурно...
    А рака на срце ме нервираат коментари од големите фешнисти кои викаат амин на ова, демек немало сега секој да го носи овој бренд. Абе ај... извинете вие божества на модата, самопрогласени фешнисти и слични ми ти зевзеци. Од таму гледам колку сме злобна нација која со причини пропаѓа оддавајќи се на погрешни вредности и работи кои се материјални и без никакво значење за ничија вредност.
    Ма нека се носи народ како сака ич не ми смета. ИЧ!
     
    На mode-kristina и rainlover им се допаѓа ова.