1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

H&M

Дискусија во 'Мода и стил' започната од guitar, 20 јуни 2012.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    Ауу супер..дали случајно забележа морнарски чевли на платформа .со бело тегет риги се.Јас во пон ке одам и се надевам ке ги најдам
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Неееееееееееее се надевам немало, затоа што секаде барам низ Скопјево и немам видено , па се надевам не сум имала таков ксмет ,да имало, а да не сум ги видела :?: :!:
     
  3. Aleksandra-Kukla

    Aleksandra-Kukla Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Има доста убави работи во H&M, стално си купувам од таму
     
  4. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Како мала братучедка ми од Шведска ми носеше облека од H&M, бидејки таму најмногу се трошат и нормално потеклото, и од тогаш сум заљубена во H&M..Пола гардероба ми е H&M, имаше еднаш и кај нас еден голем бутик во кој се продаваше H&M гардероба и обувки ама веќе го нема.. кога нешто ќе ми се допадне си порачувам од братучедка ми, дефинитивно 90% од нивната гардероба е баш по мој вкус :) Чанти, фустани, маички безброј, обувки... совршени се :inlove: Иначе таму имаат многу попусти, многу поефтино е, кога се продаваа тука многу беа скапи.. :)

    Oмилената :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • page.jpg
      page.jpg
      Големина на фајлот:
      255,2 KB
      Прегледи:
      248
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    H&M е според мене еден од најдостапните брендови, кои има навистина одлични парчиња облекa, a немаат огромни цени.Кога одам на шопинг во странство прва продавница во која влагам е H&M, и најчесто скоро сите пари ги оставам таму.Долг период се нема случено да излезам без ништо да немам купено.Best buy ми се jeggings-от http://www.hm.com/bg/product/28707?arti ... ge_picture, имам 6 пара, ги носам постојано и се осеќам како да носам хеланки кои се пригодни за надвор :D Башка цената им е ептен ефтина, барем според мене за 700 денари се одлични, и не губат форма за брзо време.Исто многу задоволна сум од basics маичките, имам неколку пара и се буквално народски речено пери носи :D Имам и неколку ташни, квалитет неверојатно добар, а цените се нели сепак поприфатливи.Имам и кондури и аксесорис купувано и од се сум била задоволна.Криво ми е што H&M го нема кај нас, зошто сметам дека навистина ќе имаше голема побарувачка, единствено да се надеваме дека во блиска иднина ќе се отвори и кај нас :)
     
    На Elena69221 и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Омилена продавница ми е. Стално кога одам во Грција или Бугарија си купувам нешто од таму. Цените се таман, не се скапи. Има многу добра облека.
     
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.426
    Пол:
    Женски
    Да изборот е голем.Годинава јакна за поголемата од таму зедовме.Летово мм беше и купи некои ситници за бебето абе пери носи се буквално.За тие пари топ се
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Секогаш кога одам Солун право влегувам во H&M и сум презадоволна сум од нив и никогаш немам излезено од продавница без да си купам нешто!
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пола облека ми е од H&M, предобар квалитет за реални достапни цени. Уште па кога има попуст се заборавам таму. Ама попуст вистински попуст, кога ќе ги смалат цените и под 10 евра, џемперчиња, кошулчиња. Фустани од по 20 евра имам еден куп од таму.
    Последно оваа година си купив прекрасна тексас кошула од дебел тексас, мириса баш на вистински тексас, материјалот е предобар, беше околу 30 евра ама дефинитивно си вреди за парите. Фармерките па беа поефтини летото од 10 евра па нагоре. Свилена кошула која е пренежна, а материјалот ептен разладува, си ја обожавам исто така малку скапо ко за кошулче по кратки ракави ја земав ама воопшто не жалам.
    Во Австрија има огромна продавница на спратови и има буквално се, машка, женска, детска гардероба и долна облека и обувки. Балетанките им се исто супер издржливи и квалитетни, а по 5-8 евра им се движат цените на попусти. Накитот од едно евро нагоре. Тука во Австрија цените се многу пониски одколку кога има попуст во Грција Космос да речеме.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Извини што ти упаѓам вака на постов, но можеби знаеш да ми кажеш кога им се попустите? Деновиве прошетав по некои продавници и немаше попуст како што знаат да прават а по цели денови дремам на страните да видам да не објават. Знам два-три пати годишно имаат огромни попусти но се ги промашувам. :)
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Обавезно имаат периодот околу католички Божиќ, тоа е кон крајот на Декември и попустот трае и после Нова Година. Кон грајот на Јануари е најголемото снижување ама тогаш и изборот е слаб, во лето имаат попуст од средина на Август до крај на Септември. Ова за Австрија.
    Во Солун попустите им почнуваат од 15ти Јануари до почеток на Февруари негде, а летните исто од 15ти Август до Септември негде.
    Најпрво почнуваат со минимални попусти, а после една недела веќе на 50% попуст е се. :)
    Обично сегде низ Европа е вака.
     
  12. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Имам доста гардероба од H&M и се покажала како супер квалитетна. Најблиску купувам од Солун нормално, а имам влезено во H&M во Австрија и Унгарија, и последно во Шведска тоа таму е мал рај луѓе :D попустите неможат ни да се споредат со Солун. Се изнакупував еден куп алишта за смешни пари.
     
  13. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    ајде бе македончиња отворете ни едно H&M , ама знам зашто не отвараат , зашто во Македонија и да сакаш нема за таа цена добар квалитет...и страв ке им е дека другиве ке намалат со работа ради што све ке е фул таму
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа H&M затоа што мислам дека се за нијанса поквалитетни од Бершка/Страдивариус, имаат поголем избор а цените им се ниски. Ама штета што нема кај нас.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Море не се нијанси во прашање само...Страдивариус е горе-долу Ок, ама Бершка е лош квалитетот...Све што сум купила не издржало повеќе од една сезона. H&M е дааааалеку пред нив, имам стварчиња стари по 14-15 години и уште се читави и во плакар :)
     
    На joy1, crimson и Waka-waka им се допаѓа ова.
  16. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас мислам и да отворат тука продавница, нашиве ќе плеткаат прсти и ќе држат цени незнам дали би пуштале попусти какви што има во другите земји на пр. Зошто да, таква е нашата алчна Македонија. Ако и само Ако отворат.
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    И пред година дена требаше да отворат спроти Рамстор и ете ги не отворија. А нема ни сега. Тие одат само на големи пазари.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.879
    Допаѓања:
    102.903
    Пол:
    Женски
    Јaс купувaм вo ХМ нo искренo oблекaтa зa вoзрaсни не ми се дoпaѓa кoгa oдaм ништo не ми фaќa oкo:) зa децa oблекaтa е преубaвa пoгoтoвo зa бебињa, и честo нa ќеркa ми купувaм oдoвде ;)
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Неизбежлив шопинг во секој случај.
    Умешност во трговија и врвен квалитет во достапни и привлечни цени.
    Еден и единствен лично за мене.

    Имаат секогаш примамливи цени, квалитетност во гардеробата и големи попусти.
     
    На N.Kety, CameliaMiller, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Leichka

    Leichka Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8

    Детската облека е и поквалитетна :)

    И мене пола облека ми е од H&M а имаат реално многу пристојни цени, друи и ако начекаш попуст можеш многу ефтини а убави парчиња да најдеш :)
     
    На joy1 и koritsaki им се допаѓа ова.