Баш ми е жал што немаат кај нас отворено дуќан. А баш се надевав дека ќе отворат при толку нови трговски центри. Мислам има се за секого, по прифатливи цени.
Еден од ретките дуќани каде знам дека сигурно ќе се најде нешто. За мене се безвременска класика која лесно се прилагодува кон повеќе стилови. Буквално 5 лица со 5 сосема различни стилови на облекување би се облекле од глава до пети. За секого по нешто по прифатливи цени за сечиј џеб и солиден квалитет.
Баш ми е жал што ја немаат никаде во Македонија, во Охрид не ни очекувам, но во Скопје покрај толку многу нови трговски и пак ја нема.. Имаат многу добра облека, а и не е скапа Скоро цела облека ми е од H&M бидејќи летото бев Германија, и многу сум задоволна. А исто и пред 4 години бев во Германија и купував облека од H&M и сега е како нова, ниту обеле, ниту се рашири..
Колку сте задоволни од обувките? Намерачив едни чизми до глужд баш како што барам, а не ми се ни скапи, ама никогаш не сум имала било каква обувка од тука па не знам што да очекувам. Од другите работи сум многу задоволна, не верувам дека би потфрлиле за ова, ама ај да си прашам, не е на одмет
Многу се квлитетни, барем мене сите ми се погодиле, се што имам купувано од H&M се е прекваитетно, и од обувки се имам испробано од чизми до апостолки Со здравје да си ги носиш.
Фала ви многу девојки за брзите одговори сега уште да ми дојдат во раце и супер ќе биде. Планирам да одам до Солун нареден месец, па се надевам ќе ми се посреќи. Инаку овие ги сакам http://www.hm.com/gr/product/31970?article=31970-A
Имам недоумица околу еден производ, конкретно се работи за капут кој не е баш ефтин и не ми се ризикува да го земам на невидено и потоа да не го облечам ниту еднаш, Впрочем, од една страна спремна сум да ризикувам, со тоа што капутот ќе го порачам по роднина која живее во Германија, па да ми го донесе некој од роднините наваму. Дали кога би им пишала на службата Customer Service (или како и да е) да ми испратат некоја дополнителна фотографија, би ми излегле во пресрет, или воопшто да не се глупирам ЕДИТ инаку имам доста работи на овој начин порачувано, и за мене и за синко и досега сите работи биле како што треба.
Нема потреба да се двоумиш, јас милон пати така сум нарачувала и од H&M, и една друга германска продвница C&A, секогаш се било како што треба, бројот кој го носиш, S, M, L... секогаш е ист, нема таму како кај нас една блуза S, една XXL, инаку мислам дека би ти пуштиле кога би им пишала, но јас да сум, не би, затоа што мислам дека нема потреба, според моето досегашно искуство со H&M , зависи дали имаш до сега нарачувано, и какво ти е досегашното искуство, со нарачките, ако имаш нарачувано.
H&M ми е една од омилените марки..Скоро се ми е од таму Многу сум задоволна од облеката и не е скапа..Во Барселона начекав плус и на попуст, си го наполнив плакарот
Ако треба да отвораат, прво во Скопје би отвориле па после во Тетово. Мене не ми се верува дека ова е вистина.
Mене ова ми е пресомнително, претпоставувам дека ќе е или нешто како Mega Fashion во Скопје, или некаков аутлет. А на официјалната страна на H&M ја нема Македонија на листата на земји, така да искрено не верувам.
@Lollipop7 ќе се отвара на почеток на март, а ако можеби и на крај на месецов. Од гардероба мислам дека ќе ги има старите колекции. Иначе @crimson Mega fashion ќе го отвараат.