Ги изгледав сите три сезони и искрено сакам да има и уште неколку сезони Инаку барајќи ги епизодите на јутуб наидов на слична серија Mako Mermaids (Mako: Island Of Secrets). Мислам дека дејствието се случува после оваа. Исто така 3 девојки паѓаат во месечевиот базен на островот Мако и се претвараат во сирени, а меѓу нив е машко сирена Најверојатно ако најдам торент ќе ја гледам и оваа како продолжение на х2о
Морав да се цитирам, сега гледав трејлер и всушност трите девојки се вистински сирени па се претвараат во луѓе, обртно од девојките во х2о
^^ Па би требало да ја даваат, само не знам кое време игра Серијата за тепање време ми е поќе од одлична, приказната му е супер, би сакала да има поќе сезони, јас сум прикрај на 2 сезона. Вие докај сте?
Ех кога си бев малечка и си ја гледав седната пред телевизор, пуштено на Дизни каналот Иначе читам дека ја даваат на Сител? Ја немам гледано со години па ако можи да кажите кога игра, кои денови и време да ја видам еднаш- два пати онака ме фаќа носталгија И воглавно омилена сезона ми беше третата зошто сериозно многу ја сакав Индиана Еванс (Бела)
и јас ја имам гледано кога бев помала ..ми беше ептен интересен а најмногу го гледав заради таа Рики,пошо скроз сме исти и сите ме нарекуваа рики Ја обожавам,коа ќе ја видам се расположувам..позитивна личност ми е..Си го вклучувам на јутуб по некад ми ги буди сеќавањата од детските фантазии со другарките.Па како за чудо сите три личевме како тие три од филмот...Едната од моите другарки абре истата Ема Копија(така плава и права коса и баш такво лице и очи),втората баш истата Клио(темно кафеава коса иисто лице)..и последната бев јас Рики која стварно си личам со неа(мало топчесто лице средно крупни сини очи,исти усни тенки,плава густа и виткана коса)хахха се зачудев коа ја видов сум имала дупликат ..И памтам коа заедно ќе чекавме да почне и да го гледаме,преубаво ни беше забавно..Ми фалат тие мигови а и тоа друштво кое ни се растури,Ема ни замина не напушти (се пресели девојчето,мојата најверна другарка до ден денес ја неам видено од тогаш)...
Јас пак исто со тогашната најдобра другарка се глупиравме, бегавме од вода, демек во сирени ќе се претвориме Исто и јас бев Рики, a таа Ема и ги имитиравме хаха. Секогаш кога се потсетуваме со тоа чупе, се смееме до солзи. :') Ех шо убаво ни беше.