1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hachi (A Dog's Tale) [2009]

Дискусија во 'Филмови' започната од BoaVista, 2 септември 2010.

  1. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    леле кученцево срце...мислам дека нема некој а да не плачел на филмов :(

    бтв се заљубив во расава пре слатки сеее :inlove:
     
  2. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Филмот го гледав заедно со две другарки - во темница ... не се погледнувавме една со друга за да не се видиме дека липаме ... на крај не се издржуваше веќе и почнавме гласно да плачеме, подавајќи си палома. :D

    Филмот е прекрасен, базиран е врз вистинита приказна ... вреди да се погледне (особено за љубителите на кучиња).
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.062
    Допаѓања:
    246.066
    Преубав е филмот, предобар, се утепав од плачење.
    Овие денови стално плачам на филмови.
    Многу сакам кучиња, и јас имам едно, кое моментално е болно и не се знае дали ќе преживее, па згора и филмот и удрив на плачење.
    Ме погоди, ме трогна!
    Втор пат не би го гледала, ту мач фор ми, не би издржала!
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кога ќе се сетам колку само плачев на филмов!
    И намерно го гледав сама, непријатно ми беше цело друштво да ме гледа како плачам како мало дете.
    Трогната бев... Прекрасен филм! :l:
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    Синоќа го гледав филмов. И плачев ко кишна година. Многу ме растажи. Од 1 до 10, му давам оценка 10.5 :)
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Просечен, жалозлив филм. Дечко ми го сака филмов, јас не бев нешто импресионирана, само натажена од реакцијата на Хачи кога умира Ричард Гир во филмот. Кучето е многу убаво и мило.
     
  7. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Прекрасен филм се изнаплакав ;( ;( ;(
     
  8. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Куче да седи на едно место 9 години, па тоа е неописливо....и сето тоа поради неговиот најверен пријател - човекот. Филмов ако треба ќе го гледам милион пати ама никогаш нема да ми здосади. Неверојатен филм, како голем љубител на животни, не останав рамнодушна па заплакав. Колку трогателна сторија и тоа базирана на вистинска приказна...прекрасен филм, најдобар!!! :inlove:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Mногу ме растажи филмов. ;( Прекрасен е.


    Види го бе срцка е :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  10. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Филмов е немам зборови.. 20 минути плачев, -Плачев? - Не, липав... и неможев да се смирам.. ;( ;( ;( :doh:
    Ме потресе фактот што едно куче 10 години го чекаше својот пријател - на истото место во истото време , ме потресе неговата лојалност, верност истрајност, ме потресе фактот што на кучето никако не може да му се објасни, тоа никако не може да сфати дека залудно чека!!!
    ;( ;( ;(
    Го пишувам ова и повторно ми доаѓа истото чувство ;( ;( ;(
     
    На Alesii и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  11. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Извонреден филм.Се изнаплакав...На други филмови жал ти е ама ај само филм е,а тука бе според вистинска приказна...Жално,многу жално.... ;(
     
    На BlackAndWhiteSwan и Alesii им се допаѓа ова.
  12. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    На Dog-lover, Cacuvche и Hopeful им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Девојки каде можам да го гледам со превод филмот...се одлучив по вашите пофалби :lol: ако сакате кажете ми каде го има со превод
     
  14. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Синоќа го гледав по вторпат со сестрами. И повторно се изнаплачав ко луда. Мислев нема, ќе издржам зошто веќе знам што се случува, ама пак неможев да издржам. Буквално грлото ми се гушеше кога му ја гледав таа тажна фацичка. Ахх, срценце верно.
    Гледајте го, прекрасен е филмот.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    На Едо го даваат стално, го имам гледано 2-3 пати. :)
    Преубав филм, стварно, секогаш успева да ме разнежни и трогне.
    Доказ дека кучето е најдобриот пријател на човекот.
     
  16. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Немам никогаш толку плачено на некој филм,буквално цел филм плачев. Немаше за мене посебна сцена,абе целиот 1 саат и 28 минути не прекинав да плачам. Немам коментар,подобар филм не сум погледнала. Вреди да се одвои време за него :)
     
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Го гледав пред некое време.Убав е,посебно затоа што е вистинска приказна
     
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Прекрасен филм.
    Го имав подолго време симнато и конечно го гледав. Пукнав од плачење.
    Колку што можев трпев да не се расплачам ама не можев да издржам, а кога дојде сцената
    кога после 10 години жената го виде Хачи на станицата
    не можев повеќе да се возрджувам и на глас се расплакав, залипав.

    Многу ме трогна филмов и тешко дека ќе го заборавам.
    Филмов уште еднаш докажа дека љубовта и приврзаноста на животните (особено кучињата) кон човекот е поискрена и посилна од онаа помеѓу луѓето и дека тие се најискрените пријатели што некој може да ги има. Тие безрезервно им ја даваат сета своја љубов на своите сопственици и не очекуваат ништо за возврат освен малку љубов и внимание, кои кога ќе ги добијат остануваат нивни најверни пријатели засекогаш.
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Прекрасен филм!!!! Секогаш плачам кога го гледам. Прекрасна вистинска приказна.Полна со љубов и чувства.
     
  20. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ретко кој може да остане без солза на овој филм,ако е човек во прашање бидејќи има луѓе без осет за нив не се вакви филмови. ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(