Здраво на сите Брендот го открив случајно на инстаграм најверојатно преку некој Giveaway. Според нивниот опис се работи за бренд кој нуди природни производи за нега на кожа. Брендот нуди производи произведени од растителни масла и путери, боени со природен минерал - мика. Нивните производи не содржат парабени, сулфати, минерални малка и било каква синтетика која би можела да штети на кожата по долготрајна употреба, исто така не тестираат на животни. Како што можев да видам на нивниот инстаграм, нивниот асортиман содржи сапуни за лице и за тело, путери за туширање, масла за брада, маски за лице, серуми, пилинзи, балзами за усни и слично. Дали имате слушнато за овие прозводи? Дали сте пробале некои од нив? Споделете ваше искуство.
Прекрасни производи, моментално го користам серумот и сум презадоволна. Користев исто маски за лице и сапун од активен јаглен, дефинитивно вреди
Сега ја гледам темава, мене другарка ме навлече на козметикава и заљубена сум во Pura Perla, мирисите на сите работи што сум ги купила биле фантазија, а и составот им е одличен. Цените се слични како кај Lush, ама продуктите на Pura Perla мене многу повеќе ми одговараат и многу ги сакам. Најомилено нешто засекогаш: shower мусот со мирис на Јапонска цреша. Спа-третман во тегличка, фантазија е! Ми мириса целата бања после капење. Има шеќер, но во комбинација со маслата воопшто не е груб за пилинг на телото, убав е и за бричење ама мене ми е жал да си го трошам така и си правам само пилинг. Путерите за тело ми се второ омилено нешто после мусот за туширање. Многу е убав тој со круша и фрезија. Нежен, ненападен, формулата е баш таман за да се размачка убаво и да не остави бела трага, многу малку е доволно за целото тело. Лабелата се преубави, ги пробав овошните со калинка и портокал, но најубаво ми е тоа со какао. Антиперспирантот е феноменален. Од сапуните имам пробано неколку, сите ми се убави и следен за купување ми е сапунот со луфа позади.
Ги разгледувам како опција да си купам козметика од кај нив, и да тестирам, дали некој има поскоро искуство со нив и козметиката? Ја пингам @Mishela и @Momichka да споделат искуство
Путерите за тело им се одлични, мус за туширање користев долго време и мислам дека сега го нема веќе тој со цреша што го купував, но има со други мириси. Сите сапуни што ги имаат им се топ. За коса немам пробано ништо сè уште, а од производите за лице, имам пробано едно како крем со хијалуронска киселина, тоник за масна кожа - и двете солидни.
Фала ти! Можно е денес да наминам до нивното продавниче па ќе видам што ќе ми предложат од креми за лице.
Јас го користам путерот за трудници, мириса препреубаво, го мачкам по цело тело од што е преубав. Мирисот е толку добар, не можам да ви опишам колку ме опушта и смирува кога го користам производот, буквално едвај чекам да се мачкам/да го масирам мешко
Денес отидов и јас можам да ви кажам дека Бојан и Марија дечкиве што го држат ме купија со самиот муабет, толку фини, толку приступачни, Марија сѐ што ме интересираше ми објасни, дефинитивно ќе си купувам од тука. Купив крема за моево суво лице, и си купив лосион за тело шеа путер што првично планирам да го мачкам на петите бидејќи лесно ми пукаат, таква ми е кожата. Кремата одма ја испробав попладнево, се упива брзо, има убав мирис и не ме поти воопшто. Имаат попусти сега инаку, двата продукта ми излегоа околу 1300 денари.
Го отворив сајтот да разгледам, и мислам дека ќе си купам нешто, фино изгледаат производите. Дали некој ја користел ultra calming кремата, дали е лесна на лице?
@bookslover ок ми е. Реално немам користено многу козметика за лице, природни состојки, лицето добро ми ја поднесува. Потоа ќе сликам од дома.