Здраво на сите Брендот го открив случајно на инстаграм најверојатно преку некој Giveaway. Според нивниот опис се работи за бренд кој нуди природни производи за нега на кожа. Брендот нуди производи произведени од растителни масла и путери, боени со природен минерал - мика. Нивните производи не содржат парабени, сулфати, минерални малка и било каква синтетика која би можела да штети на кожата по долготрајна употреба, исто така не тестираат на животни. Како што можев да видам на нивниот инстаграм, нивниот асортиман содржи сапуни за лице и за тело, путери за туширање, масла за брада, маски за лице, серуми, пилинзи, балзами за усни и слично. Дали имате слушнато за овие прозводи? Дали сте пробале некои од нив? Споделете ваше искуство.
Прекрасни производи, моментално го користам серумот и сум презадоволна. Користев исто маски за лице и сапун од активен јаглен, дефинитивно вреди
Сега ја гледам темава, мене другарка ме навлече на козметикава и заљубена сум во Pura Perla, мирисите на сите работи што сум ги купила биле фантазија, а и составот им е одличен. Цените се слични како кај Lush, ама продуктите на Pura Perla мене многу повеќе ми одговараат и многу ги сакам. Најомилено нешто засекогаш: shower мусот со мирис на Јапонска цреша. Спа-третман во тегличка, фантазија е! Ми мириса целата бања после капење. Има шеќер, но во комбинација со маслата воопшто не е груб за пилинг на телото, убав е и за бричење ама мене ми е жал да си го трошам така и си правам само пилинг. Путерите за тело ми се второ омилено нешто после мусот за туширање. Многу е убав тој со круша и фрезија. Нежен, ненападен, формулата е баш таман за да се размачка убаво и да не остави бела трага, многу малку е доволно за целото тело. Лабелата се преубави, ги пробав овошните со калинка и портокал, но најубаво ми е тоа со какао. Антиперспирантот е феноменален. Од сапуните имам пробано неколку, сите ми се убави и следен за купување ми е сапунот со луфа позади.