HBO пакет едно време бесплатно пуштаа на 1 месец не се сеќавам по кој повод, го имав на кратко, татко ми гледаше постојано тоа и рече ептен квалитетни ствари пуштале. Немам ни едно, ни друго на претплата зошто се има да симнеш и не ми се плаќа кога и немам многу време за гледање, но Нетфликс од другарки шо имаат знам дека викаат не биле нешто задоволни, џабе плаќале. Така да јас HBO GO би избрала.
Се додека има сервиси како КОДИ или PLEX, не гледам никаква поента за плаќање на нешто кое може да е достапно бесплатно. Подобро тие 5$ да се донираат наместо да завршат во рацете на олигархистичкиве корпорации. Да живее пиратеријата!
За Disney незнам, има разнолика содржина? Или сето е детски и фамилијарни? Инаку, активирав ХБО го, и мислам дека е најдобрата ствар до сега на интернет за гледање на филмови/серии. Инаку се друго што е пиратерија е беспотребно трошење на нерви! Куп реклами, никакви преводи, да чекаш со саати да се симне.. (како и обично торентот не е како што беше порано, мал број на ,, seeders" има и тн.) Вака барем 2 кафиња нема да пијам што се вика, барем комфорно ке седам и ке гледам
Не е така. Kodi не е торент сајт и може да се користи и на Запад, туку е мултимедијален плеер со повеќе намени. Филмови, серии, па и телевизии во живо ги влече преку repositories. Преводи преку сите најпознати страници за преводи на интернет ги влече. Квалитетот на снимките е задоволителен, 1080p. 4K не знам дали има и на HBO Go и Netflix. Го има за сите платформи, буквално. Windows, Android, Linux, Raspberry Pi. Да, малку треба да се замараш додека го сетираш, да чачкаш туторијали на Јутјуб. Ама тоа е таа драж кога нешто добиваш бесплатно. И тоа бесплатно добиваш СЕ. А не како на овие платформи каде плаќаш 5$ за ХБО, па 5$ за Нетфликс, па за Дизни, па ти текнува да гледаш некој филм од 90-те и гледаш дека го нема на ниту еден од овие сервиси, па пак мора да го бараш преку торент. Ем пари трошиш, ем пак немаш се достапно.
Имам нетфликс ама се нешто ми се чини дека слабо имаат избор на филмови во однос на HBO. Децава мои, па обратно мислат. Мислам дека HBO има повеќе понови филмови/епизоди од серии, а Netflix има повеќе стари познати филмови. На HBO имаш превод на македонски, на Netflix нема што е проблем за тие што не знаат англиски. На Netflix опциите за пребарување се подобри, бидејќи можеш да пребаруваш по впишан текст (наслов, дел од наслов, клучен збор). На HBO сите наслови се преведени на македонски, што често пати се далеку од оригиналниот наслов. Така што ти останува да изиграваш детектив, да пребаруваш по категории на жанрови, а дури и тогаш може да не го препознаеш филмот што го бараш и да го одминеш зашто не си го препознал насловот или насловната слика. Се претплативме и на Глеј неодамна и морам да признаам дека се изнагледавме од новиве балкански филмови и серии и тоа се навистина со одлична снимка. Уште немам изгледано се што сакам од таму да изгледам. Има и странски филмови, исто како нетфликс, ама има плус филмови од наше поднебје кои не ги има на нетфликс и HBO.
Не е трошење на нерви туку си сака знаење да подесиш се како што треба за да ти функционира одлично, реклами немаш, а не знам од кај го извади и ова дека нема преводи кога не е така бидејќи има превод буквално за секој филм, и што е најбитно не си ограничен со содржината како кај Netflix и HBO.
Коди е друга приказна, или во превод, на крајот ти доаѓа да го фрлиш од прозор телевизорот Инаку, за стари филмови, пример имаш легални платформи како на пример Plex таму ги имаш скоро сите стари филмови БЕСПЛАТНО да ги гледаш.
Сум се замарал... П.с не ми беше муабетот за реклами на Коди.. инаку ни за Коди веќе нема ништо асално за да подесиш и да гледаш, особено во делот за филмови.
Да Gley е добар пред се за тие шо се љубители на балканска содржина бидејќи на другиве платформи ја нема, а тука е и српскиот Аполон само со многу повеќе содржина од Gley.
Не е точно и ова дека нема за Коди, пример доколку не сакаш да инсталираш поединечно разни адони го имаш BalkanGreen кој е одличен и функционален а и доста други буилди кои ти се буквално се во едно.
Имам и Нетфликс и ХБО. ХБО оди преку рисиверот и не ти треба посебен телевизор за гледање. И обичен врши работа. Пребарувањето е потешко. Сега за сега на два уреди паралелно може да тера. Ќе видиме како ќе биде со новата верзија (Макс). Има превод на македонски и детските серии се дел со синхронизација што мене ми е ептен битно за возраста на моето дете. Нетфликс е поприлагоден за таблети и такви уреди. Пребарувањето е полесно. Ама телевизорот треба да има апликација за Нетфликс. Значи постари модели отпаѓаат. Нетфликс е сега за сега подобра опција кога патуваме зашто работи и на таблет. Пак ќе кажам ќе видиме како ќе биде со ХБО Макс. Мене лично повеќе ми се допаѓаат сериите на ХБО, а филмовите се горе долу ОК на двете платформи. Јас сум можда старомодна ама за гледање содржиини сакам голем екран. Така што се што можам директно да пуштам на телевизор ми е ОК. Само стриминг па поврзување комполицирано со телевизор итн итн ми е искрено too much hassle. Сакам навечер кога ќе заспие дете да седнам да одебрам нешто и одма да пуштам. Толку.
Како и да е, сепак е малтретирање, и нерви кинење башка конкретно зборуваме за квалитет во гледањето! Инаку ако е за пиратерија има еден куп многу подобри варијанти од Коди!
За мене нетфликс е подобра опција, повеќе ми се допаѓа содржината, но исто и на hbo има добри да се разбереме,сум користела и prime video ама не ми се допадна. Не знам на првата македонска платформа gley како е, има некој што користи? Има интересна содржина?
Пак се навраќаме на истото не е малтретирање ако знаеш како да подесиш се, а за мене квалитет е содржината до која имам пристап а не платформата која ми нуди ограничена содржина. Има и други варијанти да, но Коди е една од најдобрите. Можеш да искористиш бесплатен тест период од 7 дена после активација.
Знам дека нема врска ова со Netflix или HBO, ама и овде ќе ја препорачам странава, сегде ја постирав на форумов веќе. Буквално сите филмови и серии што сум ги побарала ги имало, нема реклами воопшто и речиси секогаш има превод (англиски). Не кочи скоро никогаш, а и да закочи одма си продолжува. https://tinyzonetv.to/ И оваа страна е ок, иако можеби нема баш се, и пред да се пушти филмот или серијата малку треба да гасиш реклами. Има и превод на англиски. https://europixhd.pro/search?search=Upload
Како го активираше? Го имав јас од порано, и активно гледав еден период, ама после тоа го запоставив оти немав време. Сега не можам пак да се логирам, ме нема во систем, веројатно одново ќе треба да се регистрирам. Кодот ти го праќаат од операторот?
Може да споделиш некоја алтернатива на Коди? За Плекс знам, и за неколку веб-страни, како bflix.to која најчесто ја користам. Повеќе ми е за нешто што го има и на Андроид платформа за да можам да го користам на ТВ.
Покрај то шо сум пират, се шо можам да земам како платформа земам. Меѓу овие две, кои двете ги имам користено и користам - Netflix. HBO GO ми е супер да, ама еден месец помина и сфатив дека 1 нешто дали изгледав. Уште еден месец така и преќинав. Нетфликс го користам од моментот кога има Нетфликс кај нас. И немам преќинато ни месец. И постојано наоѓам барем нешто. Филмој не гледам многу ама серии нови, или стари, постојано има за мој вкус. Сега од кога најавија Disney+ на мојата возбуда нема крај зошто ако нешто знам е дека и то ќе земам и веројатно ќе бинџнам Хана Монатана. ОМГ ЌЕ БИНЏНАМ ХАНА МОНТАНА!
Имам едно прашање. Дали на HBO go, ima субтитли на англиски јазик? Сакам да го подобрам англискиот. Јас затоа го користам нетфликс, ама мислам дека хбо би имал подобри содржини.