Јас го имам активирано HBO Go веќе 1 месец. Се мислам дали да продолжам повторно бидејќи се на се 1 филм дали изгледав. Има добри филмови, понова година и тоа ми се допаѓа. Ме интересира и новово HBO од март што ќе биде. Имам фора да размислам дали ќе продолжам да плаќам или ќе откажам.
Хбо Го имаме ама лично јас не би коростела ни нетфликс ни хбо поради тоа што и двете платформи се ограничени со права кои филмови и серии да ги емитуваат. Најдобро ќе си симнам кој филм ме интересира или пак онлајн ќе го уклучам место да плаќам за нешто што ги нема сите серии па пак да одам и да ја гледам серијата бесплатно онлајн.
Ги имам и двете, не плаќам ни едно ни друго така да незнам што вреди повеќе за парите. Шеринг ис керинг. Но можам да кажам дека некако Нетфликс е повеќе за серии а ХБО повеќе за филмови го користам. Ако треба да плаќам никогаш не би платил ни едно ни друго во фул цена. Секогаш можете да поделите со уште некого.
Здраво, сакам да прашам како оди со нетфликс. Дали може на еден акаунт да се направат повеќе подакаунти?
Во Мк сеуште може. Јас имам Нетфликс од многу одамна, јас го плаќам, ама имам поделено пасворд со брат ми и кумашините. Некои месеци не го палам ич, некогаш секој ден гледам нешто. Ако го укинат тоа да се користи од повеќе луѓе, или ако го поскапат пак, веќе би го откажала.
Дап. Јас користам најскапиот пакет оти иди најефтино АХХАХАХАХА. Од 4 места можиш истовремено да гледаш со него и го делам со 4ца и ни иди по околу 200 месецот.
Има најава за на компјутер и телефонска апликација. Ако мислеше на ова. Сигурно и на некои телевизори можи, ама кај мене не можи.