Helpp!

Дискусија во 'Канта' започната од katallea, 9 ноември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. katallea

    katallea Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo decki!jas sum nova na ovoj sajt no sepak sakam da ja otvoram ovaa tema so nadez deka vie kje mozete da mi pomognete...
    Letovo se gledav so eden decko ne bese vrska ali licese zaso sekoj vtor den bevme zaedno.Od sto mi bese tolku interesno i ubavo so nego se zaljubiv do usi :D na krajot od letoto onamu kaj avgust mi strakna u glava da mu prekinam za da ne se zatreskam uste tolku znaejkji deka vo vrska ova nasevo nema da bidne zaso taka sakase toj ko demek nesakal vrska bla bla..odkako prekinavme nekoj period pomina so drugarki ova ona probuvav da ne mislam mn na nego no sepak ne izdrzav i mu pisav na fb da prodolzime so nasevo.Mi rece deka najbolje e vaka sto prekinavme za moe dobro..Po eden mesec doznav dekase gleda so druga i seuste e so nea..so vikendi se opivav i go barav ko nekoja ludaca mu pisav i poraki i svasta.Edna vecer dojde posle trista poraki so mu pisav i taa vecer molenje sto mu tresnav nikad ne sum molela taka no sepak seto bese gjabe kao demek kje si prodolzel so nea jas da sum probala so drug vekje zaedno nemozeme i tako dalje..toa bese posledna vecer koga go vidov i odtogas na fejs 24/7 na negov profil i se osekam tolku prazno i glupavo sto samo edna zelba imam da bidam pak sonego...Daj pomognetr kako da go zaboravam da pocnam nov zivot beznego kje poludam vaka!! ve sakam <3
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    858
    Здраво од мене.
    Знаеш како, прво еден коментар надвор од твоето прашање. Употребата на интерпукциски знаци кога нешто пишуваш е нешто што некој со љубовни проблеми требало до сега да го совлада.

    Во врска со твојата ситуација-ТАКА СЕ РАСТЕ. Не ти се случува ништо ново и нешто што на никого до сега не му се случило. А и верувај-не е ова вистинската љубов, ама тоа ке го сфатиш за некоја година.

    Мој совет ти е да поработиш малку на себе. Какво бре молење?? Што го молиш??Кој е тој за да ти го молиш??Многу јак фраер е? Ти не вредиш ништо у споредба со него?? Што постигнуваш со тоа што му се ставаш на послужавник?Мислиш ке те цени повеќе?Мислиш дека ке те почитува повеќе? Не бе душо -Не. Не е интересно кога се е на -повели! Не е забавно така.
    Можеш ти да продолжиш да се бламираш со плачење уште...ама многу ке ти е криво еден ден. Верувај не вреди. Ако ти самата не се почитуваш и се понижуваш со тоа што го прогонуваш, очекуваш тој да те цени?!
    Ајде глават горе, доста цмиздриш, млада си, уште колку пати ке се заљубиш...ехеееее ;)
     
    На Cka и katallea им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    5.648
    Пол:
    Женски
    Пред се да ти кажам да се држиш до себе и својата гордост.
    Сте имале нешто, поминало life goes on!!!
    Не смееш да го молиш, опиваш, опивањето многу грдо изгледа, а особено за женско.
    Толку бедно и јадно, не дозволувај таква да бидеш.
    Искачај, дружи се, не е се во дечко иако со тек на време ќе запознаеш некого со кого ќе ти биде убаво.
    Дечкото има девојка, а и да нема не те заслужува.
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Како што гледам имаш 16 години, а во тој период најлесно можеш да помешаш вистинска љубов со тинејџерски занес, верувај. Јас мислам дека во твојов случај е второто, можеби и ќе прераснело во нешто повеќе доколку не си се повлекла, ама кога веќе си го направила тоа значи не си спремна да се заљубиш вистински и не знам сега што бараш да се враќаш назад. Претпоставувам дека дечкото е постар неколку години од тебе, па сега можеби нашол некоја со која може да има се што бара, без потоа да се плаши таа да не се кае, да не му направи проблеми незнаејќи што сака. Остави го, било поминало. Ни некој можеш да убедиш да те сака, ни да ја остави девојката, а и дефинитивно се надевам не сакаш да бидеш една од тие девојки, растурачки на врски. Период е, ќе ти помине, размисли со ладна глава и не прави нешто за што ќе се каеш. Не моли никого, не руши принципи, за една година од сега ќе се каеш што си дозволила тинејџерските "бубачки" да владеат со тебе. Ти го кажувам ова бидејќи и јас на 16 години се плашев да се врзам и за малку ќе ја пуштев вистинската љубов да си оди, не препознавајќи дека тоа е тоа. Што значи не е точно дека не можеш да доживееш нешто вистинско на таа возраст, нешто што ќе трае и цел живот можеби, само многу треба да внимаваш да умееш да го препознаеш. А знам и обратни примери, кои мислејќи дека е вистинска љубов му се предавале целосно на дечко што сакал само да ги искористи, па токму тоа мене и ме плашеше на таа возраст, сакав да превентирам уште од таа возраст да си носам љубовни рани.
     
    На katallea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    3.918
    Kalitea, и јас мислам дека можеш да го поминеш овој период и без него. Мислиш дека си заљубена, но не си, љубовта е повеќе од тоа.
    А и што ќе ти е да си со него кога љубовта и сама гледаш дека нема да биде обострана.
    Како прво си можела да бидеш со него, но му се скарала. Сигурно немало тој вечно да те чека, па си продолжил со животот напред.
    Не ти давам совет како да го вратиш, но потруди се да го заборавиш. :)
    Позз
     
    На katallea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.410
    Пол:
    Женски
    ехее љубов ова е само една тинејџерска љубов мила моја, но како и да е и да е вистинската никогаш не дозволувај да бидеш онаа што ке моли и ке се понижува за љубов :)
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    74.153
    За болдираното, Господ здравје да ти даде :D Мерка за способност да се заљубиш, описмени се :D :D
    На темата, сите сме го преживеале тоа, на сите ни поминало. Еден ден ќе се смееш на муабетов.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.