Форумџика на годината

Hemel Cosmetics

Дискусија во 'Лице' започната од detelinkaa, 26 август 2012.

  1. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Епа девојки овде би можеле да подискутираме за козметиката на хемел.
    Пребарав и мислам дека нема ваква тема, се извинувам ако сум дуплирала поради невнимание :)
    Имате ли нешто користено од оваа козметика и кои биле резултатите?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Прекрасни се сите производи. Јас и моите најблиски ги користиме, посебно мултивитаминските креми за лице, за петици, шампони... 100% природно и вашата кожа едноставно блеска! Топло ви препорачувам да пробате.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Имам користено неколку продукти од Хемел се декларира како природна козметика,а е и прилично квалитетна.Порано ја користев кремата за лице за осетлива кожа но ставав два до три пати во неделата затоа што се тешки креми и не одговараат баш за мрсна или комбинирана кожа,во составот основни состојки им се пчелин восок,мед,екстракти од зеленчук,растителни и етерични масла.Сите продукти дали се работи за крем или масло се става во мала количина затоа што се концентрати и тоа исклучиво на влажна кожа.Сега ги користам Мултивитаминското масло Fresh наменето е за тело и лице,јас го користам најчесто за лице веднаш ја освежува кожата ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата делува како пилинг. Инаку маслото содржи екстракт од лимон,портокал,вербена,авокадо,невен,морков.
    Ја користам и мултивитаминската крема за пети, инаку нејзината намена е за оштетена кожа и е мултинаменска значи може да се користи и за лице за проблематична кожа затоа што е антибактериска.
    Го користам и сапунчето за лице со лаванда и жалфија и од него сум многу задоволна до сега имам потрошено неколку по ред,воопшто не ја суши кожата напротив ја прави многу мека.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено маслото за целулит и можам само да кажам дека е преубаво
    И не само што немав целулит туку намалив во кг, обем, но и внимавав што јадам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. laill

    laill Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој ја користел кремата против акни од хемел, колку сте задоволни и дали навистина прекинува ново излегување на акни?
     

    Прикачени фајлови:

  6. beautifullife123

    beautifullife123 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Сте користеле ли шампон против мрсна коса? Има ли некакви резултати?
     
  7. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали може да ми кажете каде можат да се набават производиве на Хемел ?
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ги има во џамбо веро, а има и дистрибутери. Членството мислам дека е безплатно. Одлични се и ви ги препорачувам.
    Јас кремата за пети ја користев и за раце.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    За жал, јас не живеам во Скопје. Друго место да не знаеш? Во Рамстор или во Тинекс да не си видела ?
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Е не знам.
    Од кој град си? Ако сакаш нареден пат ке им побарам информации за дистрибутери од твојот град па ке ти пишам.
    Инаку производиве се ефтини, ама одлични
     
  11. clarcks

    clarcks Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    И не само што немав целулит туку намалив во кг, обем, но и внимавав што јадам.
     
  12. **prcla**

    **prcla** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Koja cena e kremata za nokti za krslivost i rast ?dali koristel nekoj iskustvo da spodeli