Од денес, секоја сабота и недела на Сител во 13:15 ќе даваат Hercules - The Legendary Journeys. Лично, се работи за мојот омилен херој од детството, чии филмови на БТР и Едо не ги пропуштав, и повторно се радувам ко мало дете што ќе ја даваат серијата, има 111 епизоди (+ петте филмови што ги споменав). Она што ми се допаѓа, покрај митолошките елементи кон кои серијава се потпира, е што не се работи за класична „Оди и тепај се' пред себе“ серија; Напротив, изобилува со хумор, лекции за човечките морални одлуки и секако, убави жени покрај Херкулес. А што се однесува до вас, девојки, верувам дека самиот Кевин Сорбо ќе ви биде доволна причина да ја гледате оваа уникатна серија, една од најпопуларните во филмската историја. Добредојдени се Вашите мислења и ставови околу серијава, а јас одам да си купам пуканки и да се спремам за 45 минути уживанција. Уживајте и Вие! http://www.youtube.com/watch?v=5KbftJIY7sk *Една од најдобрите филмски песни што сум ја слушнал... Ever!
И јас видов дека ке почнаат да ја дават на Сител од викендот.. ми текнува како мала колку ги сакав, како Херкулес, така и Зина . Мислам дека се снимувани во ист период (ако не сум грешка) и се појавуваат мегусебно во сериите.
Xena ти е таканаречен „spin-off“ на Херкулес, односно се појави прво во неговата серија, и откако наиде на одличен прием кај гледачите, си доби и сопствена. И двете се еднакво прекрасни, но Херк си е Херк.
Осеќав дека ќе ја начекам темава, осеќав! Херкулес, серијата од моето детство. Од што ми е смешна ми е закон, и дефинитивно и јас ќе ја гледам. Подобро тоа отколку турскине бљувотини.
Виде на ФБ, не дека предосеќаше. И за во иднина, те молам немој во ист пост да ги спомнуваш и Херкчо наш, и тие, „алтернативните серии“... Грев е тоа. Edit: По 2 епизоди даваат наеднаш, епа закон!!!
Ја обожавав серијава порано, а и сега обавезно ја пратам. Баш вчера и Македонија ја спомнаа (демек да купи Херкулес имот таму)
Обавезно ги гледам. Отсекогаш го сакав Херкулес и не можам да си дозволам сега да не ги гледам епизодите.
HERCULERS - THE LEGENDARY JOURNEYS!! па вака серијава.. е добра.. хах и незнам шо друго да кажам освен дека добро е вака да има некоја серија како Зина и Шина исто.. како те водат низ историјата така се повеќе знаеш за некој си бог или незнам ти таму што..