1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Hip Dips - дали може да се ослободиме од нив?

Дискусија во 'Фитнес' започната од MarijaMi90, 23 април 2021.

?

Дали вие имате Hip Dips?

  1. Да

    39 глас(а)
    55,7%
  2. Не

    20 глас(а)
    28,6%
  3. Не сум забележала

    11 глас(а)
    15,7%
  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Има, m.tensor fasciae latae.Само зависи и тој како е поставен, не се сите луѓе исто градени и пак не мислам дека мускулот нешто ќе смени.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Индивидуално е кај секој...
    Ама дефинитивно да, може, ете многу убав пример си нашла со сликата.
    Реално кај повеќето фит луѓе, со развиени quads и glutes, а со низок % на телесни масти, ќе го има овој визуелен ефект
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Да не ја отворевте темава немаше да знам дека имам hips dips :D
    Толку природно ми изгледа, не знаев дека на некој му е проблем.
    Се согласувам со Ugly Duckling, колку повеќе вежбаш толку повеќе се познава. Значи вежбите за gluteus maximus треба да се одбегнуваат во широк лак :)
     
    На Guns N` Roses, Ugly Duckling и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    19.871
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека ќе одам на операција, ниту пак дека мислам дека може целосно да исчезнат. Мислам дека многу луѓе имаат малку хип дипс и тоа не ми смета. Конкретно ми смета што и кога сум во форма и кога немам вишок килограми фустани уз тело пример до колена, или како молив сукњи со висок струк не ми се допаѓа како ми стојат. Треба да носам А крој, а сакам некогаш да сменам. И не дека имам некој посебен комплекс, ама ете ми смета што многу модели кои мене ми се допаѓаат, особено такви некои поелегантни, соодветни за жени на 30 години пример, не ми стојат убаво (или јас така мислам, неважно).
    Да успеам колковите да ми изгледаат пошироко или задникот да го извежбам за да ми е потопчест нема логика, зошто таква ми е формата на телото, тоа веќе го имам. Пологично е кај мене да скинам некој килограм, но ете и така се познава. И кажав, сега откако вежбам повеќе забележувам минијатурна разлика. Другата крајност може да е од претерано вежбање, како што изгледа на сликата што ја сподели @Ugly Duckling и да се познаваат и повеќе. Ама кога се тонираат нозете, во граници на нормалата, не кога фитнесот ти е веќе професија, мислам дека може да изгледа поубаво. Се надевам :)

    Има многу девојки кои се и покрупни од мене, ама имаат убава форма во тој дел и многу поубаво ми изгледаат во тесен фустан. Тоа ми е целиот муабет.

    Инаку далеку сум од инфлуенсерски изглед, ниту па се стремам кон такви нереални форми на тело и црти на лице, секогаш сум за поприродно.
    И не, јас не го забележав тоа кога видов некој на јутуб или инста дека се жали, туку од многу оддамна, само не го знаев терминот :D Не ни следам многу инста, премногу ми е фокусирано на креирање лажни слики и глумење совршенство, кое никаде го нема, реално. Не само за тело, општо за lifestyle.
    Секако си го сакам своето тело, ме интересира само дали со конкретни вежби може да се постигне повоочлива промена. Ако не може, здравје, ќе си продолжам со пантолоните, фармерките, пошироките фустанчиња и тоа е тоа. Здравјето пред се. Сигурно дека нема да си ставам трн во здрава нога заради некои идеали за убавина.
     
    На Reina.Gitana, Ugly Duckling и Ajronmen им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Не бе општо зборев, уживај, знам дека не рече у ниеден момент операција.

    Него знам дека некои прават за да го пополнат тој дел, општ ми беше заклучокот не се однесуваше на тебе лично.

    Добро да... Само реално тој е малку понапред, и моментот каде што "се допира" со gluteus maximus прави вдлабнатина, која визуелно се пополнува единствено со масти, ако телото има ген.предиспозиција. Таму е гапот.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Имам и си ги сакам, градбата ми е како песочен часовник и хип дипс ми се must have. Не би ги вежбала јас, таму кај што има вежби за нив како кај Chloe Ting , не ги правам.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Јас немам вакви, мене телото не ми е баш slim, не сум така градена, и премногу си го сакам вакво, ама сметам дека хип дипс преубаво стојат на тие што ги имаат. Човечкото тело за мене е незаменлива уметност, секое тело претставува своја приказна.
    Убавини:inlove::inlove:
     
    На MarijaMi90 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Nemozeme site da bideme isti, nekoi imaat nekoi ne, ova e mal nedostatok na licnosta i jas mislam deka voopsto ne treba da vlijae na samodoverbata, dojde vreme da bideme site isti kukli napumpani za da se dopadneme nekomu, komu e gajle kakvi kolkovi imam, ova e samo kompleksi...
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Да така изгледа од право... Само не ми е јасно како може 27 години сум немала сега да се појават :^)
    Дали од нагло паѓање на тежината ,или дека додека зголемував бев се седната ,се раширив таму ама па од друга страна нели коски се ,коските растат до одредена возраст или се лажам ?

    Еднаш порано ми дадоа на поклон таква сукња ,значи на тој дел имаше баш како уши испакнато се чудев што е финтата ,тоа да ти било за тие што имаат вакви колкови да можат тесна суќна да ставаат :)
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    до 21 колку што знам
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.904
    Допаѓања:
    11.925
    Пол:
    Женски
    Многу големо откритие.
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Најверојатно ти е поради тоа што си изгубила тежина.
    Неможе да ги пораснеш коските од нигде никаде
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Ама не сум изгубила.
    Вака забременив на 27 години со 60 кг. До пораѓај бев 75.
    После за 5 месеци се вратив на 60 и ослебев уште два килограми за наредни два месеци. Сега имам 58 кога се вратив на 60 веќе ги имав.
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Дека погоре рече нагло паѓање на тежината затоа реков...
    Хмм епа добро, пораѓајот сепак прави промени во телото.
    Претходно телото ти чувало масти во таа регија, а сега ги потрошило и не ги враќа.
    Зависи од самиот fat distribution, очигледно телото ги складирало истата количина на масти но на различно место од телото... Можеби со тек на времето ќе ти се врати на старо и телото ќе складира масти и на колковите, а можеби и не...
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    Да не беше инстаграм немаше да се "замараме" со ова. Сите тие инфлуенсерки со "совршени" тела или "совршено" направени слики ни прават притисок да тежнееме по такви тела.
     
    На gjoker4e, Tinkerbell11 и Осе им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Па на ова и мислев бидејќи најголемиот дел од таа килажа ,8-9 кг ги изгубив првиот месец.
    Е да сега имам мали спојлери и стомакот ми е уште поголем од порано. Може и дека залежана дома ,не пешачам редовно...
    Се надевам ќе исчезнат или ќе барам сукњи со" уши" :lol::lol:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Можно е со умерена физичка активност телото подобро да ги распореди складираните масти.
    Секако движењето е корисно за телото и здравјето :)
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Искрено мислев темава е за некои кашички:) дека хип. Прв пат се среќавам со овој термин, но ете може и нешто ново да се научи од форумот.
    Мојата конституција е таква. Ми пречат фустани кои отцртуваат и општо тесна облека. Покомотно се чувствувам во нешто пошироко или фустани кои горе се тесни, а доле широки. Не сум правела некои вежби искрено, не ни знаев дека со вежби може да се направи некаква промена. Едноставно си ги прифатив такви какви што се. Само ,,благодарение" на нив сум на некој начин лимитирана во изборот на облека. Дали истото е привлечно или не, нека суди друг, но секако дека би ми било подобро без нив. А не дека немам салце, само како можеше цела педа подоле да отиде:).
    Сметам дека не треба до тој степен да си ја нарушуваш самодовербата, затоа што мислам дека освен тебе, друг многу не приметува. Што знам, би кажала да сум од спротивната страна, а вака како афектирана ги приметувам. Јас велам, барем имаш рацете кај да ги одмориш:), се шалам. Не придавај значење, барем во поглед на привлечност не сум наишла на никави негодувања за оваа појава. Башка надополнуваш со широки колкови, а тоа е безвременска убавина која плени со женственост, така да кој ти ги гледа дипсовите:)
     
    На MarijaMi90 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    19.871
    Пол:
    Женски
    Фала ти на убавите зборови :)
    Баш како што опишуваш, како сама да си се читам. И јас имам впечаток дека сум лимитирана во избор на облека, а верувај и јас не знаев до пред некое време дека имало и име за ова :D
    Ако нешо даде резултати, ќе споделам, ако не, здравје, секако и вака сме си убави :) Си тргам мозок со ова, да не мислам на др работи што ме замараат, па си реков да пробам некоја вежба. И ако не нешто друго психички добро ми доаѓа физичката активност :)
     
    На Ajronmen, Ugly Duckling и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не се замарајте со глупости. Држете си некоја пристојна килажа според висина и уживајте во самите себеси. Ниту едно машко не приметува вакви глупости.
     
    На eliesaab, Tinkerbell11 и ушко им се допаѓа ова.