Ништо, следно кога ќе сакам да облечам нешто уз тело, ќе замолам да стават некоја потпунка во тој дел хахахахха и решен проблем. Не знам како не ми имаше текнало досега И јас мислам дека е во право дечково Фала ти за видеото
Јас пред да почнам да вежбам искрено немав слушнато за терминот. Е сега не е некое откритие, то да, ама ете не знаев. Е откако го сретнав терминот почнав да си ги забележувам и на мене. Прашав дали со вежбање можи да се познаваат повеќе, бидејќи јас бев таков случај. Некои вежби ги избегнувам (најчесто вежби со абдукција на колк) иако ги имам сретнато како наменети за хип дипс. *не значи дека сум во право, не ме слушајте мене. Гледав слики од мене, сум ги имала и во времето кога имав вишок kg, и тогаш кога бев екстремно слаба, ги имам и сега, така да не е до килажата. Едно време се опседнав со нив. Не дека пратам инстаграм трендови, ниту па за да му се БЕНДИСАМ на некој маж. Мене лично ми пречеа и сметам дека секогаш има простор за напредок и работење на сопственото тело. Е сега ми се тргна таа мисла од главата, не ги забележувам.
Колкот нема врска со спојлерите. Еве на сликата под твојот коментар е прикажано, иако на таа и ставиле спојлери
Hip dips се резултат на карлицата и распоредот на мускулите на нозете и задникот. Спојлерите се резултат на вишок масти во телото складирани во долниот дел на абдоменот односно над колковите. Hip abduction вежбите најмногу ги таргетираат gluteus maximus и gluteus medius особено ако нозете се во поширок 'од' при изведувањето. TFL мускулот кај колковите второстепено се активира при повеќето вежби за нозе, но не е страшно. Всушност многу повеќе се активира кога се прават leg raises при изведување на стомачни вежби . Секако, изгледот на колковите ќе зависи од мастите во телото, така да кои вежби и да се изведуваат за нозе и задник, дефиницијата и растот на gluteus и hamstrings ќе со го направат своето Добрата вест е што кога се вежба како хоби, односно не професионално, разликата може да биде минимална и да не дојде до толку голем визуелен израз. Браво за ставот околу вежбањето. Секој може да работи на подобрување на своето тело. Ако ништо друго, ради здравјето. Да се чувствува некој убаво во свето тело значи да се сака онаков каков што е во моментот. Но тоа не значи и не треба да спречи никого физички да напредува ако тоа му е желба...
Па јас сум го имала ова. Не знаев ни дека постои, сега од темава дознав. Сум носела тесно, ама никогаш не сум приметила. Не сметам дека е нешто страшно и не треба толку да се оптоваруваме околу тоа, но ако на некој му е желба секако може да се обиде со вежби да го среди.
Ох, фала. Епа тоа е тоа, операција, поза или фустан со уши. Мајтап, да не ме натепа некој. Треба да си се сакаме секако, нормална работа се. Трендовите се менуваат, а телото не е играчка за секоја година да ги следиме истите.
Јас не знаев дека сум имала и вакво нешто. А не дека па и ми е гајле. Факт е дека некои работи подобро ми стојат некои полошо, ама на секоја градба на тело има работи што стојат подобро и полошо. Прашање на вкус е дали ни се допаѓа или не како нешто некому стои. На пример тесен фустан на ѓена без гради мене ми е исто лошо како и тесен фустан на жена со спојлери, ама ако жената убаво се чувстува во тоа шо го носи, јас не сум битна.
После скоро 3 месеци вежбање сакам да ви кажам дека кај мене се оформи делот што ми сметаше. Можеби било до тоа дека не ми било тонирано телото, не знам. Дека сеуште ги имам, ги имам, ама вакви како што се сега многу помалку ми сметаат. Дека има простор уште за подобро, има, но и вака сум задоволна од промената. Значи сепак, кај тие што се поизразени заради неоформени нозе во горниот дел, кај колковите, постои можност за подобрување. Барем кај мене е така
Баш ми е мило што ти си задоволна. Да споделиш на кој начин? Што вежбаше, на кој дел се фокусираше најмногу? Да напоменам дека сите сме различни, различни работи ни одговараат, за да не се излажи некој па да има нереални очекувања. Ама секој совет е добредојден.
Фала ти Прво да напоменам дека од многу одамна немав скоро воопшто физичка активност, освен што наместо со кола обврските со пешачење си ги завршував Па, можеби затоа кај мене се забележа разлика, што не знам дали би важело и за луѓе кои веќе редовно вежбаат, веројатно веќе се оформени сакам да кажам и не знам колку има простор за промена на тој дел. Кај мене се намали обемот на колковите, ама и ми се затегна тој дел и со тоа визуелно изгледам поинаку. Правев Side Planks, Glute Bridge, Side Lunges (иако ова поретко), Squats од оние со раширени нозе и генерално вежби за слабеење на нозете и тој дел горе кај колковите. Конкретно и вежбите ти кои ги спомна дека кај тебе па дале контра резултат. Ова сум го прочитала и на други места, дека баш тие вежби може контра да делуваат, ама ете кај мене изгледа повеќе салце имало, па на тоа мавнало хахаххаха.... Инаку вежбам јога скоро секој ден, ама малку поинтензивна, Boho Beautiful е каналот што најчесто го следам. Таа има и пилатес видеа и стварно многу ми се допаѓаат, ви ја препорачувам, иако сте повеќе ориентирани на фитнес инструктори, мислам дека и кај неа има мн видеа што би ви се допаднале. Освен тоа, вежбам како што пишав и конкретни видеа за долниот дел од телото. Некогаш Pamela Reif, Lucy Wyndham Read, getfitbyivana и др што ќе ми се виде интересно на јутуб. Е сега пак се познаваат, ама не е до толку како порано и мене тоа ми е ок