sepak ova e deformacija, isto kako i sirokite kolkovi ako poubavo poglednete (ina videotouubavo e gleda) zadnikot sekogas e spusten ,t.e delot od zadnikot (kolkovite ) pa do strukot e podolg izdolzen i nozete izgledaat (ili se) pokratki , celo telo gledano izgleda ko olniot del pokratok od gorniot prasajte bilo koj ortoped i ke vi kaze deka sepak e deformacija iako se smeta kako "normalno" , kolkovite strcat od strana i dodeka e bebe imalo dete toa moze da se koregira i ispravi ,pokasno nema sansa e sega ne e nesto tolku grdo pa da si stvarate kompleksi
Мислам дека може доста да се подобри изгледот на hip dips, до степен и речиси да не се познаваат ама за тоа сигурно би требало многу и редовно вежбање + исхрана. Ми излезе девојкава пред некое време, дека наводно се ослободила од hip dips за 6 месеци со овие 4 вежби: Но, не знам дали на видеово или на некое друго имаше спомнато дека мора постојано да го одржува тој дел со вежбање и одредена исхрана, протеини зошто кога и малку ќе престане, одма и се враќале. Јас порано не ни знаев дека имам hip dips, општо ништо не сум приметувала на моето тело а и да видам дека е поразлично нешто од на другите. Го дознав тоа мислам кога настана целиот бум со Ким Кардашиан, широки колкови, песочна фигура итн. А и не знам колку ми се изразени на мене, јас имам и пивски стомак и love handles и затоа мислам и делот кај колковите ми доаѓа уште повеќе до израз, отколку кога би имала убаво тониран стомак. Искрено би сакала да ги средам зошто не ми се допаѓа како изгледам во тесни фустани, буквално сум рамна од страните и не ми изгледа убаво. Но, не можам да се замарам со цели режими на исхрана и вежбање, протеини пиење, особено па кога си вработен со луди смени стварно немаш време, волја ни сила за се тоа да го правиш константно. И знам дека доколку малку почнам да забушавам и ги изгубам добиените резултати, ќе се изнервирам многу и после ич нема да ми се вежба. Со досегашново мое вежбање уште ми се тука, ама ај може ќе биде еден ден, кога ќе имам повеќе време да им посветам, си се тешам.
У суштина не можеш да се ослободиш, оти се генетски и зависат од поставеноста на коските во тој дел, поставеноста на различните мускулни ткива во тој дел, и генетската предиспозиција на телото за тоа каде ги складира мастите. Девојка на видеото горе, на самиот thumbnail на десната слика се гледа дека позира со повлечен задник и стапала свртени навнатре за да им даде волумен на колковите. Доколку застане исправено сигурно ќе и се познаваат повторно. Впрочем, кога прави странични подигања стоејќи, се гледа и преку тренерките дека има хип дипс. Факт е дека со вежбање и правилна исхрана може да се направат мали визуелни промени, ама никогаш не може да се "ослободи" некој.
Нема потреба да се ослободиме од hip dips. Тоа е анатомија. Секој ден за нешто ново не прават несигурни... Ова едвај некој приметува.
Шо знам за девојкава, можеби стварно позира на сликата, ама сепак според мене има голема промена меѓу двете слики. Свесна сум дека не може да се ослободиме од hip dips, тоа е градба на тело, но мислам дека со општо вежби кои ќе доведат до проширување на колковите самиот тој дел ќе изгледа поубаво. А и има еден мал мускул во тој дел, tensor fasciae latae што ако се извежба може маалку да допринесе да се пополни тој дел. Имам другарка што со редовно одење во теретана со сите салтанати, исхрана, протеини успеа да си го трансформира тој дел, имаше ептен рамни колкови со малку hip dips, сега е ептен проширена таму. Знам дека не може скроз да исчезнат, ама секое подобрување е добредојдено.
Така е. Само функцијата на овој мускул е стабилизација на тој дел на телото, и не е баш мускул кој многу ќе порасне. Најголема активација на TFL се случува при скокање и трчање, така да не може баш многу да се таргетира со вежби со цел зголемување. Всушност, со вежбање на овој дел од телото може дури и повеќе да се издефинира, а со тоа и хип дипс да се повоочливи. Впрочем сите кои професионално вежбаат и одржуваат ниски телесни масти, како резултат, имаат хип дипс. Ама да, ко што спомна и примерот, со вежбање и исхрана може визуелно да се намали со тоа што во прв план ќе бидат околните мускулни групи, особено задникот.