Форумџика на годината 2020

Hippie Look

Дискусија во 'Мода и стил' започната од LadyStyle, 5 февруари 2011.

  1. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Што мислите за овој изглед?
    Дали го носите и дали мислите дека ќе ве гледаат чудно ако го носите?

    Еве некои слики:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Hippy Look

    Јас пре би рекла дека е Bohemian , него ли хипи.
    Ми се допаѓа, имам доста bohemian парчиња. Стилот е многу весел, шаренолик, а и доста смел.


    [​IMG]


    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Angelche и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    Hippy Look

    Мислам дека не се пишува Hippy туку Hippie!
     
    На lolita97, BeYourself и starfish им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.774
    Малце контрадикторно на мојов ник, ама не се носам вака многу често. Тоа е затоа што не можам да си приуштам гардероберот комплетно вака да го опремам. Носам тоа што имам, кога купувам нешто ново знам да зачинам со нешто вакво. Иако сметам дека е повеќе Бохо (морам да се согласам со Старфиш) отколку Хипи.
    [​IMG]

    [​IMG][​IMG]
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Бохемиан ми е многу кул изглед. Многу ми се допаѓа кога ќе видам девојки кои го негуваат овој стил.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Всушност работава е мешано бохо+ винтиџ.
    Јас не се декларирам строго винтиџ, ниту строго бохемиан, зошто имам парчиња и од едните и од другите.
    Многу ми се допаѓаат маички со бохо момент, дали е тоа нешто везено, парички, и сл. Обожавам и фустани и чевли во бохемиан стил. Бохемиан шарите, т.е дезените ми се прекрасни.
    А од друга страна сакам накит, сукњи и чанти во винтиџ стил.
    Така да, претпоставувам дека ова е своевидна мешавина на двата стила, што мене многу ми се допаѓа.


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. TheMonster

    TheMonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Еве и од мене неколку слики :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    217
    Интересен стил, ми се допаѓа :) Скоро истата гардероба од винтејџ стилот, секако со малку поразлични детали-накитот. Секогаш кога ќе се спомне стилов како заштитен знак ми се траките за околу глава :)

    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
  9. friiik

    friiik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Јас скроз го обожавам хипи стилот :angel:
     

    Прикачени фајлови:

  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски
    Малку и за боемскиот :)

    Што е тоа што прави овој стил на облекување повторно да биде популарен во светот на модата и помегу ѕвездите?
    ‘Боем‘ терминот се однесува на нетрадиционален, неприлагоден начин на живот. Облеката, и облекувањето боемски значи изразување на вашата креативност и индивидуалност. Изгледот може да биде прилично неуреден со многу слоеви и додатоци. Обично се карактеризира со долги фустани, туники или здолништа во разни бои, големи кожни каиши, обетки.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На KuklickaSk и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. litllemarmaidia

    litllemarmaidia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    14
    mene licno mi se dopaga vakviot stil, i bi nosela megutoa mislam deka kaj nas seuste ne e rasprostranet ovoj stil na oblekuvanje, i site te gledaat cudno koga nosis nesto na sebe poinakvo od drugite
    bas mi se dopagaat i gi pocituvam onie retki i smeli devojki so imaat vakvi parcija na obleka vo svojot orman
    poz :)
    [mod-kirilica:71hljadw][/mod-kirilica:71hljadw]
     
  12. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    629
    Многу забегана работа мене ич не ми се допаѓа...цела партали на мене намавана....не не го сакам...браво за девојките кои го обожаваат ама јас да се носам така Никогаш!!!! :shake:
     
  13. Sextasy

    Sextasy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    46
    :rofl: :rofl: така само строго:)) искрено да си кажам коа ќе видам она “рокерки“ “металки“ трансерки раперки шнајдерки педерки и незнам што, веќе косата ми се превртува. Жена е да се облечи како жена шо е најбитно а не цела наредена партали во некој хипи-мадерфакинг-стил од 60тите коа немале луѓето пари да си купат алишта , па извадоа нова мода :))
     
    На sleepingbeauty и annnni им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.774
    [​IMG]

    [​IMG]
    * Миша

    [​IMG]

    [​IMG]срценце :)
    [​IMG][​IMG]
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.670
    Допаѓања:
    9.755
    Пол:
    Женски

    Па да, ќе ти се крева коса, ако си полн со предрасуди и со стереотипни размислувања.
    Патем, луѓето не ја измислиле оваа нова мода зошто немале пари |(
    Како и секој стил, и овој е диктиран од начинот на коишто луѓето избираат да живеат, т.е нивниот lifestyle кој во себе ги вклучува: човековите ставови за животот, музиката која ја слушаат, нивните верувања и мислења, и секако вкусовите.
    А има и едно многу старо и фино правило кое гласи: За вкусовите не се дискутира!

    И подобро да се двојам, отколку да бидам дел од простата малограѓаска маса на луѓе, која превртува очи на се што е ново и различно.
     
    На 1209, Sara123, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    11.436
    Пол:
    Женски
    Старфишче,апсолутно те подржувам.Јас лично го негувам овој стил со години и години наназад,( и готскиот го сакам), како и да е, се чувствувам своја,не поинаква,само своја.А пластичните кичерајки, кои би се вовлекле и во кондом, ако слушнат дека тоа е „шема„, не се ни трудам да ги анализирам,нека си слушаат турбо-фолк и нека си свиркаат... :music: :music: :music:
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    :rofl: Ова ти е јако со вовлекувањето во кондом поради „шема„.
    За вкусови не се дискутира,секој си има свој и готово.Ама од пусти потреби за конформизам гушите,бе луѓе ограничени.Аман веќе со овие дискриминации,предрасуди,потреби за изразување мислење за се‘ и сешто за другите луѓе.
    И сега плукаат по овој стил,ама ако стане општо прифатен ќе ли*ат-на плуканото,де.
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Во ова Македонијава најмодерно си облечен ако си како што се сите облечени, се едно исто, монотонија, досадно. Средношколките се јајце ко јајце, матурантките се јајце ко јајце, ќе искочиш во дискотека речиси се едно исто чипка, чизми над колена и црно фустанче, едно исто.
    И оп гледаш некој тера друг стил и тука јаоо оваа забегана, дрогирашка, нема пари да си купи друго бла бла.
    Научете се да ги почитувате стиловите, сите до еден од винтејџ, од хипи т.е бохемиан, од готикот, уживајте во разновидноста на Street fashion а не во едноличноста која не уништува.
    Секој стил си е посебен, си има своја историја, си има свои приврзаници, секој стил е за почит и да не се ставаат предрасуди.
    Модерен е оној кој е поразличен, не е модерен оној кој купил чипкано фустанче, чизми над коленици и сака да е модерен само да е иста ко другарките облечена.
    Дај боже да се отвараат повеќе продавници и брендови кои ќе ни даваат повеќе избор, зашто веќе почнавме да се гушиме во кинеското и турското производство :o
    Тие што не ги перципираат убавините на стиловите имаат ко коњине она само право да гледаат, не дај боже да се свртат лево-десно и да ја видат убавината и на другите стилови :wasntme:

    Бохемиа стилов ме потсеќа на лето, на плажа, на шаренилост ааах преубаво, па и косите долги пуштени разлетани со плетенчиња мх мх :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На 1209, pamelche, Sara123 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. friiik

    friiik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    И јас се сложувам со вас.
    Луѓето треба веднаш да престанат со бабинските предрасуди, како „Рокерите/Рокерките имаат долги мрсни коси и не се бањаат„ „Оние што имаат емо стил се ненормални и плачат и се сечат„ „готиците убиваат мачки и се зачленети во секта„ и сите оние кои се посебни во стил, понашање, и сл се наркомани .. доста луѓе веќе со овие срања .. секој човек за себе е своа индивидуа и има свој живот во кој сам одлучува за тоа како да живее, како да се однесува, како да се облекува... се додека со тоа не загрозува туѓ живот.. А јас мислам дека со стиловите на никој животот не му е загрозен.
    И не им се исмејувам на оние кои слушаат турбо фолк, или имаат поразличен стил од мојот. И сум доволно храбра да кажам дека слушам рок, реге.. и фурам глам-рок и хипи стил најчесто и никогаш не би сакала да сум „само уште една„.
    Фурајте си каков стил и живот сакате, само не плукајте по туѓите со тоа само покажувате дека немате свој стил и живот :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    18.666
    Пол:
    Женски