јас тотално го обожавам овој стил на облекување, како и се друго што пропагираа хипиците. би се носела постојано во хипи стил и кога не би бил модерен, доколку има довлно избор кај нас, вака да се облекувам. епа peace brothers and sisters!
Мене ми се допаѓа овој стил Само што не го практикувам А би сакала да го практикувам бидејки мислам дека е многу оргинален и разбоен
Многу симпатично ми делува. Кој си има вкус за облекување од секакви парчиња може да направи ремек дело. Плус ептен е лежарен и многу работи можaт да се искомбинираат. Е сега она за што највеќе мрчам - лентата на чело (ластичето whatever). Не е само лупни го на глава и модерен си. Коса ми се крева кога ќе видам дали во дискотека, дали на факултет, дали поима немам каде, на било која комбинација се става истото на глава без разлика дали одговара, дали е соодветно (зашто исрено на факултет на л'штави циркони а ла Жаде на чело баш не им е место ). Башка повеќето носат обични претесни ластичиња што само им го обрежуваат челенцето. Последен испад, во дискотека, минич до пич, краток црвен, без прерамки, штикла 12, мнооогу шминка и на крај оп синџирче на чело, ама не обично, туку како одкачено од некоја сукња на Шакира, со крукчиња златни, а косата пуштена под него пола лице и го крие. Real bohemian.... (ко сељак се осеќам вака кога ќе се распишам за нешто ама морав да си кажам) Ај да не сум покуса, некое сликиче
Па убаво ми е навистина некој друг како знае да искомбинира во хипи стилот ама јас тиа долгите фустанчиња за на плажа ги носам ретко комбинирам некогаш хипи но на средината измеѓу хипи и кажуал лук