Здраво, дали знаете некоја апликација или јутуб канал со HIT exercise (тренинг со висок интензитет, исто така наречен тренинг со интермитентен тренинг со висок интензитет или спринт-интервал, стратегија за кардиоваскуларни вежби наизменично кратки периоди на интензивно анаеробно вежбање со помалку интензивни периоди на опоравување)
На Памела вежбите, од тоа што имам видено не се баш вистински hiit затоа што не прави паузи, а тука би требало да има одреден интервал на вежбање и после одмор, на пр. 30s вежби, ама тоа да бидат високо интензивни и 30s одмор(или пак место целосен одмор вежба со низок интензитет).Ваков вид на тренинг е многу ефикасен за согорување вишок масти. Инаку, на јутјуб имаш многу вакви, само пребарај HIIT и разгледај си кое ти одговара.Јас би ја препорачала Natacha Oceаne, ама таа има повеќе на инстаграм најди ја.
Вчера ја најдов и го извежбав овој час: Ми дојде напорен како за прв ден, ама па интересено ми беше, динамично некако и успеав - го завршив . Малку имам денес воспаление на мускулите на нозете ама не повеќе од други пати што сум имала, се трпи . Прв пат вежбам HIIT откако малку читнав за него и не знам што да очекувам искрено. Наводно не се препорачува за секој ден да се вежба, најмногу 3-4 пати неделно и да не се предолги часовите оптимално било 20-30 минути. Овој час беше подолг - 40 мин., ама со тегнењето на крајот, пак е реално некој пола саат, па решив да пробам. Има на каналов и распоред за вежбање за цел месец Март и секој ден објавува ново видео со нови вежби, па се надевам нема да ми стане монотоно, тоа ми е најголема причина зашто се откажував од одредени типови тренинзи. За HIIT треба и некои реквизити да имаш - тегчиња, ленти за отпор, ролер од пена и сл. Јас добар дел ги имам веќе, така да ми одговара. П.С. Корегирајте го насловот на дискусијата во HIIT (со две и)