1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

House of cards (Netflix) [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 17 септември 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Сметам дека серијава заслужува посебна тема, иаку е нова со само една сезона ветува многу, навистина многу.
    Политичка драма на Нетфликс, премиерно прикажа на 1 февруари 2013, една сезона и 13 епизоди до сега, со траење од околу 50 минути. Втора сезона е најавена за 2014. Римејк е на истомената мини серија на ББС од 1990 година која имала само 4 епизоди.
    http://www.imdb.com/title/tt1856010/?ref_=ttep_ep_tt
    [​IMG]
    [​IMG]
    Кратка содржина
    Френсис Андервуд(Кевин Спејси) е конгресмен кој после победата на новиот председател му е ветено местото на државниот секретар. Но во последен момент за државен секретар е поставена сосема друга личност. Френсис сосема повреден заедно со својот тим и со голема подршка од неговата жена Клер(Робин Врајт) спрема голема одмазда проследена со многу сплетки и скандали.

    На имдв има оцена од 8.8 што според мене е сосема заслужена. Одлична политичка драма, со одлична екипа, интриганта приказна и заплети.
    Сеуште ја немам довршено до крај, уште 5 епизоди ми останаа, до сега навитина немам никаква замерка, нема да зажалите ако ја започнете, посебно за љубителите на политики сплетки и конспираси тиорис.
     
    На Bozica1980, Elena69221, Paradox и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    House of cards(Netflix)(2013)

    Штом Хипстер вика вреди да се погледне значи навистина вреди, немаш до сега направено утка во избор ма серија! :)
    Ме заинтригира и веднаш ја ставам да се спушта за да видам дали ќе ми се допадне.

    едит- ја обожавам Робин Врајт, значи уште една причина да ја гледам серијава :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се свија, серијава ми е нешто слично на Скандал, т.е Ноумленд митс Скандал, нешто измеѓу нив две.
    Реална,сурова и интригантна. Не сум ја почнала Демиџис уште, ми рекоа дека била од тој ранг, така да морам и таа да ја видам за да споредам, ама верувам дека подеднакво добра како хаус оф кардс.
    Номинирана е за 9 Еми награди годинава, ќе видиме што ќе земе, верувам дека ќе зграби доста.
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Ја гледав првата епизода од оргиналната серија. Јан Ричардсон е феноменален како Франсис Угуркхарт.
     
  5. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Плаќате на Netflix за да ги гледате новите сезони или???
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Боже не, се чека торент.
    Рано е уште, на 14ти ќе ја има новата сезона, ќе се најде брзо на торент.
    http://www.usatoday.com/story/life/tv/2 ... ds/5206943


    ЈУХУУ, 3та сезона ќе има, то 8)
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски

    Аха, ок :) . И мене ми ја фалеа, па планирам да си ја гледам во иднина!
     
  8. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Серијава е феномелна и баш ми е мило што цела сезона излезе во еден ден, во спротивно ќе пукнев од нервоза чекајќи ја следната епизода.
     
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Вчера ја симнав првата сезона и изгледав две епизоди, интересна ми изгледаше. Ќе ја догледам овие денови сезоната па ќе коментирам повеќе.
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Првата сезона ја изгледав па овие денови ќе ја почнам втората. Не можам да поверувам на што све се спремни за да стигнат до висока позиција. Едноставно да се исплаши човек.
     
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Да зачистам малку прашина од темава... ;)

    Во овој "сушен" период, серијава ми дојде ко кец на десетка...Уште имам за гледање, ама сакав да споделам впечатоци од досегашните епизоди.

    Феноменална серија (до сега) со изградени и комплексни ликови, приказна, драма, заговори, задкулисни игри, надмудрувања, неочекувани пресврти - ма, сé во едно!

    Ми се допаѓа начинот на нарација, доста нетипично за овој вид серии. Кастингот на главните ликови е ептен на место, а особено Робин е толку убедлива во улогата на Клер, што помислувам дека специјално за неа е пишувана.

    А и насловната музика (тема) е spot on.

    Немам замерки до сега во врска со серијава...Продолжувам да ја гледам.
     
    На Bozica1980 и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Последната сцена од втора сезона ми беше врв на сите времиња. Не знам зошто бев толку скептична за да ја почнам серијава. Феноменална е!
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.442
    Пол:
    Женски
    Го скролнав последниот пост пошто не сун стасала до крај на втората сезона ама баш ми е мило што има ваква тема.
    Пред некоја недела ми рекоа дека морам да ја гледаме серијата со мм. Он е обично поголем манијак за серии и почнал да глеа без мене ама му била малку спора серијата па не беше голем ентузијаст. Јас решив сама да си проценам и ептен ме бендиса. Ја изгледав првата и половина втора сезона и можам да кажам дека ме купија како фан. :)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    ПОТСЕТНИК! :lol:
    [​IMG]
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас симнав третата сезона па овие денови ќе ја изгледам. Добро е што сите епизоди одеднаш ги пуштаат. Овој Френк и женаму толку претераа што едвај чекам да гледам како ќе тонат и тие во калта.
    Некој има ли гледано од новите епизоди??
     
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 5та епизода. Кога ќе ја изгледам цела сезона ќе пишам коментар. :)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Јас до 4 епизода сум и сега
    Се чудам не верував дека до толку сите ќе му пружат отпор на претседателот, сите се против него, па кога не беше претседател му се тресеа сите. Инаку женаму што не ја одбраа за амбасадорка се мислам дали пак изглуми нешто, и тоа што ја отфрлија е уште една нивна игра за да изиграваат жртви. Кој знае, ај ќе видиме.
     
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Цела сезона добра беше.
    Мене крајот од серијата ми беше нај јак, кога го напушти Клер сега баш се мислам што ќе превземат сега еден против друг Францис и Клер. Претседателот забега мислам скрос остана без луѓе до себе сите ги зезна кој повеќе кој помалку. Му се ближи крајот мене така ми изгледа работата.
     
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ух јас одамна ја изгледав, ама сум заборавила да пишам коментар. Претходните две сезони мислам дека беа подобри. Имаше повеќе пресврти како на пример убиствата на Зои и Питер Русо кои ми беа скроз неочекувани, додека во третава сезона претпоставував дека ќе ја тргнат Рејчел.

    Одлична ми беше дебатата меѓу Францис, Џеки и Хедер, ептен мерачки ја изгледав гледајќи ги како се прават лом. :D Цело време се прашував дали ќе се појави Кристина, девојката на Питер Русо. Се си мислам дека ќе повлече некои конци во четврта сезона како одмазда за Питер, ако воопшто се појави.
    Cе фокусираа на приватната врска на Францис и Клер, што според мене беше премногу.

    Најдобро нешто за серијава е што излегува цела сезона одеднаш. (y)
    [​IMG]
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Па цела серија некако се заснова на нивниот живот и взаемен однос, заедничките интриги и сплетки и баш мислев оти никогаш нема да ги скинат конците. Ама ете и на тоа му дојде крај. Кристина ја снема и не верувам оти ќе се појави, ама како и да е мора да има разрешница со откривање на сите негови злодела.