Спојлер Една од најдобрите политички серии дефинитивно. Глумата перфектна, особено главните ликови. Третава сезона ми беше некако послаба по квалитет во споредба со првите две. Некако дејството ми се одвиваше бавно, и некако бесцелно. Ќе биде инетересно да се види четвртата сезона како ќе се одвива, со заминувањето на Клер и како тоа ќе се одрази на кампањата. Се надевам дека четвртата ќе биде последна сезона, ако завлечат многу, губат квалитет.
Ми треба торент за трета сезона проверен со превод точен и страна со пишани епизоди за сите сезони доколу има некој пронајдено
Жените се секогаш пострашни ама во случајов ќе видиме И јас сум навлечена, обично ги гледам за ден два од кога ќе излезат.
Лелее аватарооот твој, значи жената во оваа улога е Закон, ставот држењето фацата, ептен е добро изградена како силна и влијателна личност. Едвај чекам да видам што ќе биде во новата сезона, пред крајот на последната цело време ми се вртеше во главата “што би било овие ако се скараат, ама мислев дека е невозможно тоа“ е па ај останува да почекаме уште малку. Инаку добро е што наеднаш ја пуштаат серијата па за ден два се гледа.
многу добра серија посебно ми се допаѓа што ја пуштаат наеднаш а не да чекаш цела недела за една епизода, ајде се ближи март
Јас само првата епизода ја изгледав. ЛеЛее осеќам ќе биде јакоо. Не знаеш кој од кој е полош. Спојлер Овој новинарот што е во затвор се чудам кој го држи како заштитен сведок, инаку мајкаи на Клер иста како нејзе ете од кој наследила такви особини. Френк без Клер не го бива мислам.
Жени уште една епизода ми остана...ушиве ме заболеа од слушалките и куќава бара малку внимание... Намерно ја оставив последната епизода, ќе ја изглеам подоцна на раат. Можам да казам дека после првата сезона оваа е најдобра до сега.
Спојлер: шеп, шеп злото се обедини. И, јас му се радувам! Јессс. Ги сакам у пар. Ми фалеа обраќањата на Френк кон камерата. 7ма ја привршувам. Сакав да го видам Френк како тажи пред цртежот од раката на Мичел,ама, изгледа не им се игра баш на таа карта веќе или, не засега. Овој нов пар,конкуренти на Андервуд е перверзно сумљив. А,можда до мене е. ццц.. едит: а ете го,го мази ѕидот во 8ма