Јас до 5 гледав, Спојлер А знаев дека ќе го отепаат Мичам, и сеуште сум скептик дека намештаљка беше тоа убиство. А дури и ќе се заасакаа кај и да е двајцата хахаах. Оваа Клер е луда ептен ја искористи ситуацијата дури е Френк во болница. Ај ќе коментираме повеќе кога ќе ја догледам сезоната.
Серијата е прекрасна! Овие како личности ми се одвратни, посебно Клер. Робот жена, таква фригидна некоја. Не сакам да победат зашто не сакам да гледам како убијци и криминалци се извлекуваат. Френк ми е тешко да го мразам, зашто се работи за Кевин Спејси муахаха. Знаете што? Баш би било јако Клер на крај да испадне претседател. Уште толку ќе се изедат меѓу себе. Мене Конвеј ми се многу слатки. Двајцата се преубави, само не знам дали го имааат тоа што го треба. Ех, колку се внесов... како да е вистина.
Ја изгледав и 7 епизода, некако ме затупија последните две три епизоди. Ама овој кандидатот нов леле згоден
Прекрасна серија! Освежување за умот после сите оние турски и индиски серии и спорт, спорт, спорт на ТВ! Ги изгледав трите сезони, сега чекам торенти за 4тата. Кевин Спејси е супер актер, и баш му лежи улогата.
Па можеш да ја гледаш онлајн со превод 4 сезона, http://www.gledalica.com/browse-House-of-Cards-videos-1-date.html
Не можам да ја гледам кога сакам, затоа сакам да ги имам спуштено в компјутер. Фала за линкот, ќе се најде :
Ја изгледав цела сезона Спојлер Се докажа дека двајцата заедно подобро функционираат, ако не се здружеа ќе пропаднеа уште одма местејќи и правејќи сопки еден на друг. Малку тешко им одеше со конкурентите и на крај посегнаа по најлошото нешто. Алчноста за власт ги натера да направат војна, ама ете за сега им се може. Инаку овој писателот на Клер новиот мувач толку ми е безличен, без никаква енергија, шарм а бе ништо нема во човекот како дрво некое. Френк веќе е непријател со целата Бела куќа, не остана човек што го сака.Чекаме следна сезона
ми останаа уште две епизоди никако да ги изгледам, ипак го прочитав спојлерот на @Elissa не можев да се воздржам
ете конечно ја игледав цела сезона Спојлер ептен ми беше жал за Мичам, добра сезона, Клер опасно жениште нема шега со неа за малку ќе му ја упропастеше цела кампања на Френк, ја обожавам. интересено заврши кој знае како ќе се соочат со објавата во весникот мислев дека тоа ќе биде во оваа сезона а не во следнта, Даг пак си најде некој за да се грижи изгледа така си ја смирува совеста не знам друго што да пишам ептен цепкано ги гледав епизодите
Едвај ја чекам нареднава сезона... Искрено, ако сакате да разберете како функционира политиката воопшто, гледајте ја серијава и се' ќе ви биде јасно
Демек, утре сабајле да се чека епизода на Пирате беј ли? Демек, демек....Френк се враќа? https://www.facebook.com/HouseofCards/videos/1381384228551006/
Јас да се направам паметна да ви кажам дека излезе сезоната вие си знаете. Јас на солармуви ќе гледам