Имам синче со hypospadija penoskrotalna дали некој од вас го има истиот проблем, мозе да си помуабетиме, и за совет. Ние веке го опериравме две операции.
бекута отворот на пенисот на вашето синче е на долната страна,се надевам со операција се е средено.немам такво искуство ,но имам читано дека таквите деца по операцијата нормално можат да функционираат,доколку тоа се среди додека се мали. поздрав
И синчето на едни пријатели се роди со оваа вродена мана, па сега бараат каде може дур е помало да се оперира за да не му пречи утре кога ќе порасне... Кој прави вакви операции кај нас?
Фани ние бевме пред една недела во Систина, доаѓа доктор од Белград, многу стручен таму бил број еден хирург. Ние имаме фимоза ама знам дека тие пред нас што влегоа детето беше со хипоспадија рекоа дека ќе го оперираат. Искрено и мене паника ме фаќа, не сакам да завршием со операција, ама залепена му е кожичката
Др. Ѓорѓевиќ, многу фин и срдечен пристап има, знае како со деца. https://reconstructivesurgery.acibademsistina.com/mk/doctors/za-prof-d-r-miroslav-l-gorgevik/
Мојот син не мочκа κаκо што тρеба. И сκоρо увидовме оти има болест на пенисот таκанаρечена HYPOSPADIAS. Доκтоρот ни ρече ќе тρебало опеρација. Жени ајде аκо неκоја го имале овој ист пρоблем да ми пиши Спојлер
Мене ми дадоа упут за во сκопје во дρжавна болница κај Миле Петρовсκи. Ви се молам неκоја да пише κаκов е тој доκтоρ да не патуваме толκав пат за џабе, и да ми пише κога тρеба опеρација плсссссссс
Немам искуство со докторот, ама како што гледам, тој е на детска хирургија. Ве испратиле за консултација и убаво е да отидете да види што е и како е, и тој ќе ви каже дали и кога е потребна операција. Никој друг тоа не може да ви го каже.
Бевме кај докторот и ни кажа средна имаме. Една жена ми го препорача др Ристо Симонов од Систина. Ако некоја била кај овој доктор или било кој во систина нека ми пише, сакаме таму да му ја правиме операцијата.
Докторот Симеонов беше директор на Хирургија мислам, сега е во Систина и сум слушнала дека е добар. Моето од Крипторхизам (неспуштен тестис), го има оперирано Перо Петровски, тој се пензионирал од Хирургија и моментално слушнав дека и тој е во Систина, но незнам дали оперира. Кој и да одбереш, нека биде доктор со искуство, доктор од детска Хирургија што се има таму префрлено. Нас сега ни следува уште една операција од кила и ке го оперира Миле Петровски, на Хирургија. Повеќе верувам на овие доктори со поголемо искуство. Миле што ви рече, он не оперира такви работи? Закажи си и една контрола во Систина, таму најдобро ке те упатат.
Миле оперираше и таму имаше еден негов асистент или незнам што му беше и ми вика џабе ќе го чекаш миле бидејќи и тој истото ќе ти го рече. Инаку ми рекоа дека имаме средна хипоспадија и да дојдеме за 6 месеци бидејќи најдобро било да се оперира после 18 месеци. А јас како што се информирав најдобро било до 18 месеци. Една жена таму ми го кажа Симеонов и сега планирам да му се јавам
Здраво, ако може да ми кажете искуство со д-р Симеонов, во врска со хипоспадија, дали направивте операција, и на колку месеци е најдобро да се направи, ти благодарам.
Дали некоја членка го има правено бебето операција од хипоспадија во Систина кај др.Ѓорѓевиќ да ми каже која е цената отприлика за операција таму. И дали навистина тие деца со хипоспадија имаат помал пенис понатака, дали се скратува со операцијата. Синчето е 7 месеци и има хипоспадиа, отворот е на главичката на пенисот, ама не е на средина туку настрана малце. Ви благодарам однапред.