1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

I Ching (The book of changes) - И чинг (Книга на промените)

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Shia, 1 јуни 2021.

  1. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Накратко за тоа што претставува И чинг

    Книга на промените претставува древен кинески прирачник за претскажување, личен водич за справување и дејствување во различни околности и книга на мудроста за подобро разбирање на универзумот, стара илјадници години. Функционира со интерпретација на "хексаграми" кои се формираат преку фрлање на парички, давајќи одговор на поставеното прашање.

    [​IMG]

    Не наидов на ваква тема, па ме интересира дали има некои што се запознаени со истава и практикуваат, да споделат искуство. Иако сум почетник со интерпретацијата, добро се снаоѓам со книгата на James Dekorne - The Gnostic Book of Changes. Функционираат прашања од типот: како да постапам во таа и таа ситуација, што треба да направам за да го добијам посакуваниот исход; значи не се користи за да дознаеме што ќе се случи во иднината или што мисли, чувствува одредена личност за нас.

    Како се употребува?

    Се фрлаат три парички, се бележи резултатот односно дали е глава или писмо и тоа ни ја претставува првата линија од хексаграмот. Истото го повторуваме шест пати и добиениот хексаграм се идентификува од текстот.
     
    Последна измена: 1 јуни 2021
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Бесмислица.
     
  3. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Океј. Може да образложиш зошто сметаш така? Си пробала некогаш?
    Инаку би сакала да споделат мислење оние кои што се поупатени или заинтересирани да научат.
     
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Затоа што нема логичка доследност таблата. Функционира по принцип на автосугестија.
     
  5. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Очигледно немаш воопшто познавање, не би дискутирала дали има или нема смисла или логичка доследност таблата.:D
     
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Извини ако те навредив, но факт е дека било кое древно знаење доколку има кредибилитет би било применето во голем процент на различни геолошки локации. Оваа табла е само утеха за несигурни личности кои не знаат како да си ги решат дилемите во животот. Не се базира на факти, туку на филозофија. Од уметничка гледна точка е интересна, но дека содржи некоја мудрост и е корисна за практична примена, не е.
     
  7. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Не е тоа дискусијата, кажав погоре. Не ме интересира дали сметаш дека е корисна.
     
  8. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Имаш отворено тема во која не сакаш да чуеш туѓо мислење. Kaде е смислата на тоа? :drunk:
     
  9. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Форум е, кој сака може да коментира, но не би сакала темата да оди во друга насока и сакам да се почитува тоа.