Добро е, не е сега како пред 1 недела. Што беше тоа на фб?! Не ја знаат поентата на предизвикот, ама важно имат видео.
Па смртта нема никаква врска со предизвиков. Јас колку што читав, починал оној кој го започна предизвикот (имал другар болен и на овој начин нели да се дознае и донира ). Ама починал бидејќи при скокот удрил во карпа, а не од тоа што се полил со ладна вода. Првично и јас вака дознав, полагав испит и во еден момент асистентот вади телефон, се вклучува на интернет и ни кажува дека починал некој поради предизвиков. И прва реакција беше wtf како може да почине ако се полее со вода? Ама најверојатно причината за недоразбирањево е што повеќево медиуми за да привлечат внимание известуваат со ваков наслов
Да, да. Впрочем, не мора да значи дека момчето го правело предизвикот. Скокнало во езерото и се удавило, ама секако новинарите со насловиве сакаат да привлечат внимание и повеќе кликови.
дефинитивно ми е крајно глупава, бесцелна и апсолутно непотребна идеава, ако некој е хуман и сака да донира изволте во банка. Вака се губи хуманитарниот дел, се прави заради слава да речам лајкови читај или да се разладат во жешкиве денови, ама оти знаат воошто што е ALS дефинитивно не, а уште помалку за донирање-во мк ни сметна нема изгледа. Ок селебритиве да тие можат да привлечат луѓе ама некој будала од маало дефинитивно нема да привлече ни муви. Многу повеќе го ценам човеков- Charlie Sheen отколку сите други кои си ги растурија фризурите напразно. Да не ја тупам, би прифатила да донирам уредно во бака ама да се полевам тука со вода да се снимам јок.
Тоа што ни треба ваков предизвик за да донираме пари и да дознаеме за некоја болест, ни кажува во каков свет живееме.Некои стварно донираат, а некои само се поливаат за да се прчат на фејзбук, а не ни знаат дека во Македонија нема фонд за АСЛ оти не пробале да донираат. Добро е што на каков-таков начин се дозна за болеста, ама мислам дека доста пари се дадоа за истражување во америка, и не би било лошо да се донираат пари и во фондови за болести што се почести, како ракот. И ме интересира колку од донираните пари отишле во туѓи џебови и колку само заработила индустријата за мраз. А то дека се троши многу вода, додека во африка децата жеднееле, не држи вода (хеехехех ) оти можеби водата не е за пиење, а и да е, не значи дека ако се штеди водата во Америка, во Африка ќе се појави вода. Е сега ако се прави во места каде што нема многу вода, стварно е себично. Спојлер Јас незнам само како им се даваат пари онака да се поливаат со вода, па не е ефтина Еве еден предлог од мене за предизвик: Испиј едно литро вода на екс, ако успееш, испрати едно шише вода во африка и предизвикај 3 пријатели, ако не, пет шишиња испрати.
Суштината на овој предизвик, колку што разбрав од тоа што го читав, е барем за една секунда да се почувствува она што го чувствуваат заболените од ALS. Доколку не се полеваа со вода и не ги постираа видеата на социјалните мрежи, кој ќе дознаеше за ALS. Видеата се постираа за сето тоа да биде viral, да се прошири на интернетот. Можеби некои луѓе се запознаени со оваа болест, но повеќето воопшто никогаш не се ни слушнале. Сега секој втор го има направено. Друго, велат дека во Америка сите се полеваат со вода и бадијала ја трошат, додека во Африка живеат луѓе кои се без капка вода. Ако сите размислуваа така, тогаш немаше да се тушираме секојдневно и секогаш кога одиме во тоалет, немаше да пуштаме вода. Еве и едно интересно видео, кое вреди да се погледне. http://www.youtube.com/watch?v=yB8K7sVGYh4 #SaveWaterPeeInTheShower
Го правеа а не знаеја зошто. За нив тоа беше забава. Јас не се полеав со ладна вода. Нели се почна кога еден ќе покани односно ќе предизвика друг, тој ќе предизвика трет итн. Мене никој не ме предизвика па не го направив.
За заболените од ALS беше, само не се полеав со ладна вода. И незнам видеата што помогнаа,освен подршка. А пред тоа ги немаше никој од славните сам да му текне дека не е светот само околу нив.
Жaлнo е штo пoвеќетo, дa кaжaм тинејџери гледaa кaкo нa некoјa шaлa и зaбaвa вo врскa сo oвa, дoдекa зaбoлените стрaвувaa зa свoјoт живoт.