Iffet (2011)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Asja, 20 јуни 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Во серијава вејќе врти сучи пак на истото дојде не е интресна и не ја гледам вејќе... :)
     
  2. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Овој Џемил ептен нездрав !! Гускава отрча на рудникот да го најде да му објасни дека не се дупела со мажот и а тој не и верува и лупа по вратата како нездрав !! Не и се бендиса животот со Али Иксан кај што беше кралица со слуги и секој ден одеше на шопинг. И после каков живот ке живеат не ми е јасно кога му се тресе на Џемил како на незиниот нездрав татко.
    Госпожата дотерана , каков фустан такви чевли со штикла 12 см ,отрча на рудиникот да го земе Џемил кој нема куќа,нема пари, нема кола, туку има само едни смрдливи фармерки и една јакна и една болна мајка како труп која го убедуваше Џемил да си ја земе бетул и да ја батали Ифет. Е сега госпожата ке си ги облече старите блузичиња со цветчиња и теткинските сукњи а на нозете ке носи папучки од бит пазар и ке му ја бања парализираната мајка. Највеќе од сите ми е жал само за незината тетка која ја прибра, ја направи човек, ја советуваше ама се џабе, и сега после 30 год ја остави без работа башка и ја засрами.А џемил ми личи на ѓубраџијата од комуналец кој доаѓа кај нас во населба и ги чисти кантите.
     
    На PeaceLoveBasketball, soco, Ligavka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А мене па богатиот и маж ми личи на психопат.
     
  4. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Топрак јас се согласувам со тебе Али Иксан беше многу добар се додека таа не си поигра со неговите чувства, мене лично 10000000000000000000 пати ми се допаѓа Али Иксан него оној моронот Џемил. Џемил едно што ја силуваше треба да си болен во умот после да бидеш со некоја таква будала од километар се гледа дека е прос, и мене ми е жал за тетка и на Ифет жената каква принципиелна остана без работа заради она будала што ја има за внука а таа пак од убавиот живот и вниманието и љубовта што и ја пружаше Али Иксан дотрча пак во прегратките на нејзиниот љјувен '' мачо силувачот '' . Искрено јас ако сум женско али да бев на местото на Али Иксан ќе и удрев таков ќјотек што не силувањето тепањето ке го запамети цел живот. Инаку да не должам многу да го баталиме случајот за силувањето но има вакви случки и во секојдневниот живот, што глупавите ние женски род ке створи семејство со некој што ја цени почитува и има се со човекот значи не и фали ништо. Но не ја заборавила љјубовта што ја имала со бившиот и му се враќа и незнам што така да тоа од филмот го имаме и во секојдневниот живот. :!:
     
  5. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Одамна неам искоментирано на некоја тема па си реков ај и ја да споделам мое мислење за ликовите
    па вака значи:
    Ифет порасна во едно маало покрај еден многу строг и конзервативен татко со старомодни сфаќања за животот (Ја не дека сега сакам да ја бранам, само размислувам од нејзина гледна точка) Колку што сфатив девојката пораснала без мајка па нејзе и преостана улогата на мајка за својата помала сестра и воопшто како одговорна за домот во кој што живеат она и семејството (значи готвење, чистење, миење садови, перење, сушење) се од неа се очекувало. Е сега нормално да се расте покрај насилен татко и тоа си носи свои последици. Ете баш пред неколку епизоди на тетка и и кажа покрај тоа што јадела боксови и јавно понижена од татко и она него уште си го сака (и за ништо не му се лути) јас да бев на нејзино место не знам дали би размислила така. Вистина е дека Џемил многу ја повреди со тоа што ја силувал ама ете од што многу го сака му прости. Искрено јас мислам дека Ифет не е баш многу добра со психата затоа што луѓето кои ги сака (Татко и и Џемил) кога ќе се понашаат лошо со нејзе или еден ќе ја истепа друг ќе ја силува таа нивните постапки на некој начин ги поврзува со љубов :^) Нормално како и секој жив човек сака и она да биде сакана од тие што ги сака ама кај нејзе таа потреба е ептен голема и има недостиг од тоа башка и тоа дека пораснала со таков садист татко па научи да им прости на нив сметајќи дека тоа насилство и таа злоупотреба врз неа се уствари дел од нивната љубов.
    За нејзе е нормално Џемил прво да ја повреди и после она ќе му прости она веќе се навикна на тоа.
    Заклучок - Ифет е тежок мазохист кој сака или пак може да се заљуби само во садисти. Она никогаш не би можела да сака човек како што е Али Иксан. Е тоа е моето мислење за неа.
    Џемил - Човек со прости сфаќања кој мисли дека насилството е секогаш успешна алатка со кој можат да се средат сите проблеми. Премногу е прост и глупав за да тој всушност да почне да мисли со мозокот односно со рационалните мисли а не со оние веќе одамна прегорени жици кои му се дел од тоа шупливо место наречено мозок а никогаш употребено. Тој е роден да создава бељи, проблеми едноставно тој е таков човек.
    Али Иксан - Па и најпаметниот и најдобриот човек на крај е само човек го сфаќам и му ги оправдувам неговите дела. И да спобудали си има право на тоа. Не може само тој да даде а никогаш да не земе едноставно не е логички. Се заљубил во една со психички проблеми која лошото го зема како добро и криво му што не го сака него туку една проста и неписмена будала која не гледа подалеку од носот.
    Сега што и да прави малку ќе им биде. Ама голема грешка му беше што го прими Џемил дома кај себе. Сакаше нешто да постигне, не му успеа и сега бетер работите испаднаа па нормално дека ќе биде така.

    Г-динот Ариф ми е премногу шармантен и го сакам да биде заедно со Дилчето добар пар се.
     
    На mila25ve му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Али Иксан најпрвин ја зеде Ифет,ја венча без да ја праша дали таа сака.Потоа тој и го пикна дома Џемил и потоа што очекува?? |( |(
    Поидиотски човек АМИН.
     
  7. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Отпрво ја гледав, сега ми е се подосадна и подосадна некако многу ги испревртеа работите ..
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Значи серијава стана ептен глупа како долина на волците ја напраја, живи глупости.
    Таткото на Ифет многу ме нервира значи таков лош и огорчен човек немам видено одамна.
    Не ги остави ќерките на мира, само им се меша во животот, абе ми иди да го искршам телевизрот кога го гледам. :devil:
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Тие што веќе ги изгледале и др епизоди нека ми одговорат :wasntme:
    Како ќе умре Али Иксан и ме интересира што ќе се случи со Дилек, Јасемин и Нил.
     
  10. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Не ја гледам серијава,ама цело време ја слушам дека мајка ми ја гледа :lol:
    Целото семејство на Али Иксан ми е одбивно освен Нил,а одбивен ми е и татко и на Ифет.
    Господин Ариф ми е баш срце,Нил е многу добра,Ифет е ок,а Џемал е само вљубен човек кој сепак направил многу грешки,но тоа не значи дека не треба да му бидат простени.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски

    Али ихсан ќе ги киднапира Ифет и Џемил и овие некако ќе успеат да побегнат ама Али Ихсан ќе ги стигне со колата и ќе сака да ја убие Ифет..Ама Ифет ќе му зборува нешто и овеј со пиштолот ќе се убие сам а Ифет ќе почне да вреска и ќе дојде полиција и ќе мислат дека Ифет го убила и ќе ја притворат...Дилек ќе се омажи со Ариф и ќе бидат среќни.За Јасемин и Нил незнам што ќе биде.. :)
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hurrem-Aleksandra

    Hurrem-Aleksandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    413
    Ја овој Џемил понекад можам да го сфатам а понекад мислам дека е одвратен гад (едно 80%)
    Ја силуваше Ифет не можел човекот да се контролира |( некој ќе вика машко е и не можел да се воздржи ама тој изврши злоупотреба врз девојката ако ја сакаше ќе се воздржеше и ќе ја сфатеше и нејзе (барем да се обидел) Нејзината чест е нејзино најголемо богатство ама на човекот му гореше во гаќите и си ја силувал. Ама мислам дека сега се кае за тоа и ајде пак можам некако да му прогледам низ прсти се кае човекот и Ифет веќе му прости и тоа е веќе во минатото. Ама беше многу себичен што се ожени со Нил само за да има некоја која ќе се грижи за неговата мама додека тој трча по Ифет да ја моли да му се врати. И само за да биде до неа ја убеди Нил да живеат кај татко и. Од што е прост и глупав уште и мачо ќе се прави ја стварно не разбирам како сите жени се вљубија во таков сељак?
    Таквото мачо понашање и тој став ми се ептен одбивни и бегам од такви подалеку. Али Иксан беше добар колку што умот и свеста му дозволуваше ама сфати дека веќе не сака да биде будала и гордоста и достоинството не му дозволуваат еден покварен како Џемил да биде победник и да живее happily ever after со Ифет едноставно не е фер и на крај спобудале и тој.

    Ни Али Иксан ни Џемил не се саглам мажи единствениот таму кој вистински вреди е Ариф е тој си е господин на место и мило ми е што ќе си бидат заедно со Дилек ;)
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Хахахаха браво за Али Ихсан убаво ги зафркна :lol:

    А ова ороспивчето Нимет да ми е дома ќе го акам од ќотек :@ :@ :@ :devil:

    [​IMG]
     
  14. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Mеrhаbа... Многy се исплашив за Нил, ќе преживее ли, нека ми каже некој?((( златно чyџyм, греота, јаз'к. Иначе од старт се знаеше дека иФет и али иxсан нема да издржат заедно. Не се на исто интелектyално ниво. За што ќе збореа, за времето?¿ Џабе и' беа оние книгине по yметност. Со џемиљ си се баш таман. Нека е со помин!
    П.С.: кога неам време да ја гледам, ги читам тyка коментарите поинтересни ми се од серијата, да речам xyмористични, саркастични, xаризматични))) посебно оние на Toprаk.. Здравје да имаш, од срЦе ме насмеа!))
    П.П.С: прочитав дезинФормаЦија дека ми се намалyвал IQ од гледање тyрски серии, како ли ќе се вработам во Министерство за Здравство сега??@@ (над 140 IQ ¤Izedеni Qеbарi¤ според Менза)
     
  15. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Нил ќе преживее не се секирај само на крајот серијата е тажна бидејќи завршува кога ифет ќе пукне во џемил
     
  16. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Па така де !! Го мрднаа човекон и сега не знае што да прави,а златно Господин човек си беше. Колку беше културен.Ја собра од улица, ја дотера, ја научи да јаде со нож и вилушка,ја запиша на курс да биде госпоѓа и да му парира,ама на гуската и е поубаво лудакот Џемил да и се дере,да ја силува,да го џитка телевизорот низ врата, да и го уништи бракот и на крај да и се извинува и да и докажува дека многу ја сака. Тој психопат и семејството на Бетул го уништи. Им ја тупоса мајката, им го искрши бојлерот, ги уценуваше, им ги трошеше парите по кафани со Нил, го фрли таксито во море пред очите на татко и на Бетул и човекот се мрдна и се утепа со колата. И уште ке ја малтретира Бетул,Ке се ожени со Ифет а на бетул ке и го земе детето. Кога ке го видев седнат во тоа биртиите кога се пијанчеше уште чачкалица мегу заби му фалеше, исто како да си влегол во некоја кебачилница во Маџари и ги погледнеш тоа шоферите на камиони со излитени фармерки,мрсна коса,десетка со кромид една ж’та и чачкалица во уста. Како успеаје три жени до смрт да се залјубат во него и ден денес не ми е јасно.
     
    На macigv му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Ифет ќе умре на крајот ??
     
  18. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Не, ќе пука во Џемил и така ќе заврши филмот. Глупости...
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас сериозно и најодговорно тврдам дека режисеров на ова мега, ултра, ТЕРА срање треба под итно, сместа и моментално да се згрижи во психијатриската болница во Бардовци или Демир Хисар.

    Ова не се трпи веќе. Ај божем не трае долго серијата, ама дур да заврши, ќе не отупе за 10 посто.

    Не ми се праи муабет за секој посебно, тастатурава ми е драга. Само ќе кажам дека психопатов го достигна врвот на мизеријата, и ај што пукаше во ќерка си, избега како кукавица и ја остави така без свест на земја. Колку што можев да заклучам ќе ја натера Ифет во видео порака да признае дека таа пукала! :tmi:
    Таткото.
     
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Ифет е крива за се. Кога ќе дојде Џемил. таа ќе отишла да му кажела да не се враќа уште еднаш, и ги гледаш се бацуваат. Па после Џемил, ќе отиде кај Бетул да и ги потроши паричките, и да им го растури семјството, па после кај Нил, за да ја направи љубоморна, па послем фино љепо ќе си се венча со неа (Нил), да има кој да му ја гледа мајка му, и така убаво си живеат. А Алихсан испадна толку големо љубоморно животно. Што мајка бараш кај адвокатката бре? Ќе ја направел Ифет љубоморна, а уствари она го сака Џемил.

    Филмов гола вода, уште од почетокот знаев дека е глупа серијава, а уствари испадна погупа одошто очекував. |(