Еј, солзи ми надојдоа. Ццц, како ги трескаше жити се, што Ифет, што сестра и. За греота, ко бетер од стока да се. А она ни крива ни ништо.
ја кратат малце серијава требаше уште пола саат сигурно да дадат ама подобро вака отколку 30 мин да биде
Леллеел како ги тепашее ццц жално беше а посебно за сестраи на Ифет таа ништо не е крива кај што си ја брани сестраи па и таа ќотек си изеде Џемил претера ме нервира ненормално Ифет требаше да каже дека Џемил ја силувал од почетокот....а Бетул наивна наивна нема до каде!
Ццц Џемал слушна пари и одма отиде по нив. Бетуљ неподносливо ме нервира,не можам да ја трпам Убаво му кажа Ифет на Џемал,таа за него животот и честа си ги жртвувашее за тој да ја искористува.Идиот Инаку,вчера кога Ифет и кажа на сестра и дадоа реклами,па после рекламите повторно истото,па продолжија ,па пак реклама и после рекламитее скоро сите случувања ги испокажаа и крај. Катастрофа. Накратко што ке се случува. Спојлер Ифет ке се омажи за Али Иксан,и ќе роди ќерка. Но ,незнам с кого ќе има несреќа.Со Џемал мислам. Потоа мислам дека ке убие човек.Еве слики па вие самите видете.
Спојлер ифет на крај на прва сезона ке се земе со Џемал и од него ке има керка, а џемал мислам дека од бетул ке има син, на крај поаѓаат некаде со децата и џемал ке се заинаети со едни што нема да му дадат да ги престигне и тогаш ке имаат сообраќајка. Што ке се случува понатаму незнам. не најдов серии од втора сезона. Инаку многу ме нервира џемил, незам како дозволи да се продаде за пари, ја уништи Ифет па уште вели дека ја сакал. Како да не
Абе стар стар, ама го обожавам Али Иксан премногу е шармантен и баш ми се слатки со Ифет, ако не друго барем знае да се однесува со неа а не како оној таксистот СТОКА ми се згади од него те силувам а те сакам а, и потоа истрча по пари ДЕБИЛ ! Спојлер штета што нема да остане со Али Иксан до крај
Единствена турска серија која што ја загледав. Многу е убава. И тажна. Ептен ми се сладок пар Ифет и Џемал.За жал само што веројатно нема да се заедно. А и после тоа што и го направи... А за Бетуљ .... Спојлер
Приказната е повеќе од очигледна ..Ја загледав серијава заради глумецот што го глуми Џемил ... Само едно не ми е јасно , во кој временски период е сместена серијава па за да биде татко и толку заостанат ?
сега гледав неколку епизоди лелеееее каква ќе биде понатаму серијава какви пресврти ќе има да паднеш у несвест серијава е ЗАКОН!!! само се плашам да не ја скратат кај нас
Љубовта и среќата не се купуваат со пари. Лелел ептен ми падна жал за ифет и сестраи кога ги тепааа душички. Али ми е премногу е шармантен.... Таксистов е убав и згоден али е стока не видена.... За колку ефтино се продаде .. Али ифет убаво му кажа дека си ги жартвувала животот и честа а тој ја искористил. Спојлер Жал ми е што ифет нема да остане со али иксан на крајо. Дали серијава се уште се снима ?
Не го гледав делот кога му понудуваат пари за да ја остави Ифет, кој му нуди пари, татко и на Бетул или некој сосема друг?
Татко и на Бетул му нудеше пари и го убедуваше дека подобро ќе му биде со Бетул со Ифет нема да можат да живеат немале пари и т.н А мајка и на Бетул отиде кај мајка му на Џемил и даваше пари и ја убедуваше за да се ожени Џемил со Бетул.
Mене ми е одвратен актеров, не знам дали режисериве сфатиле дека овој е роден да глуми татко што си ги тепа ќерките, па во секоја серија таква улога има, ама мене црева ми се корнат кога го гледам. Kрвнички тепа со таква леснотија мислиш тенис игра. Идиот.
девојки дали знаете дали 40 епизода е последна ? сеа на турската телевизија се уклучив кај што се емитува серијава на СТАР ТВ и кажуваат финал болум пазартеси јакшам 22 45, тоа значи понеделник односно утре баш ми е жал незнам дали сум у право дај боже да грешам чудно ми е 2 сезона да бидат само 5 епизоди снимени ако има некој подобра информација нека пише или ќе го чекам делот од 41 епизода да дојде ако не,вчера неможев да се воздржам и ги изглеав сите епизоди на турски од што е убава серијата
Серијава ја загледав уште од втората епизода и многу ми се допадна Од радозлналост и последната епизода ја изгледав Инаку многу интересни настани следуваат така да на секој му препорачувам да ја гледа серијава
Кога ја гледам оваа Бетул како збори ме боли глава! Гнаса невидена. Просто девојче што мисли дека се се купува со пари. Глупачо,умри